Над 500 граѓани на Бугарија донираа крв за настраданите од Кочани


Во само два дена повеќе од 500 граѓани во Бугарија дарувале крв за настраданите во трагичниот инцидент во дискотеката во Кочани. Повикот на здравствените власти и црвениот крст во Бугарија дека е потребна крв за пациентите кои беа транспортирани во Македонија, собра голем број хумани граѓани во Бугарија од различна возраст. Крв се дарува во […]

Дискотеката во Кочани била затворена од УЈП, некој дозволил повторно да се отвори


Дискотеката „Пулс“ во Кочани била затворена  минатата година од УЈП, но , според откритијата на  КОД продолжила да работи подоцна. Фирмата „МММ Кафе ДООЕЛ Кочани“, која управувала со дискотеката, имала блокирана сметка уште од 7-ми месец 2024 година. Според информациите на КОД инспекторите на Управата за јавни приходи (УЈП), последен пат на 21 декември 2024 година […]

Манев: Причината за убиствата на Вања и Панче е прашање за Палевски


Судењето за убиството на Вања и Панче денеска во Основен Кривичен суд Скопје продолжи со испитување на обвинетиот Велибор Манев. Тој денеска одговараше на прашањата на бранителите на останатите обвинети. Манев истакна дека причината за убиството на Вања и Панче е прашање кое треба да се упати на обвинетиот Љупчо Палевски. Одговарајќи на прашањето на […]

На хируршките клиники повторно операции, денеска на онколошки пациенти, од утре според целосно планираните програми


По прекинот што настана за третман на пациентите од пожарот во Кочани на хируршките клиники во Скопје од денеска ќе продолжат операциите за онколошки пациенти, а се очекува од утре клиниките да работат со целосно планираните програми, најави денеска министерот за здравство Арбен Таравари. – Од денеска хируршките клиники ќе почнат да функционираат не со […]

Ќе се утврдува дали имало пропуст во лекувањето на кумановецот кој почина вчера по алергиска реакција од аналгетик


Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) и екипа од Министерството за здравство ќе утврдуваат дали имало пропуст во лекувањето на пациентот кој почина вчера во Општата болница Куманово, според првично објавените информации, по алергиска реакција од аналгетик. Министерот за здравство Арбен Таравари денеска изјави дека ќе има одговорност доколку има лекарски пропуст. – За пациентот […]

Таравари: Денеска е последниот транспорт на пациенти од Кочани во странство


Министерот за здравство Арбен Таравари информира дека денеска е последниот транспорт на пациенти кои ќе се лeкуваат во странство, од трагедијата во Кочани. Како што посочи, во 11:30 часот за Шведска денеска ќе бидат пренесени двајца пациенти, а после пладне уште тројца пациенти. Тој напомена дека може да се очекува во текот на следните денови […]

Утрово насекаде минусни температури, најстудено на Попова Шапка -13 степени


 Минус 13 степени се измерени утрово на Попова Шапка, -10 во Крушево и Маврови Анови, -7 Берово, Битола и Претор, -6 во Тетово, -5 во Скопје, Крива Паланка, Прилеп и Охрид, -4 во Струмица, Штип и Виница, -3 во Куманово и Демир Капија, -2 во Велес и Кавадарци, а нула Гевгелија, соопшти УХМР. Времето денска […]

Телефони за контакт од МНР за пациентите кои се лекуваат во други земји


Владата и Министерството за надворешни работи и трговија се во постојана комуникација со семејствата на повредените кои во моментот се лекуваат во други земји, но и оние кои тековно се испраќаат.   Во прилог ги испратијa броевите         Министерство за надворешни работи и надворешна трговија:         075/273-732         075/268-736         Турција-Анкара         +90 5316579200   […]

Без струја делови од Рашче, Кисела Вода и Зелениково, вода ќе нема на повеќе улици во Центар и Карпош


Во повеќе делови од Скопје денеска ќе има прекини во снабдувањето со електрична енергија и вода, според известувањата од ЕВН Македонија и ЈП Водовод и Канализација. Без струја ќе бидат делови од Рашче, Кисела Вода и Зелениково, а вода ќе нема на повеќе улици во Центар и Карпош. Од ЕВН Македонија соопштуваат дека без електрична […]

ССНМ и ЗНМ: Бараме одговори од МВР и АЦВ зошто новинари беа повикани на разговор без претходно објавена забрана за користење дронови


Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) бараат објаснување од Министерството за внатрешни работи и од Агенцијата за цивилно воздухопловство зошто забраната за користење на дронови била објавена откако започнал протестот во Скопје и зошто новинари биле повикани на информативен разговор иако Скопје не е опфатен со […]

Студентите на УКИМ нема да организираат големи собири, на ниво на факултети ќе се искажува почит кон загинатите во Кочани


Универзитетското студентско собрание при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје соопшти дека нема да се организираат големи собири, како што првично беше најавено, а активностите за искажување почит кон загинатите во Кочани ќе се организираат на ниво на факултети. – Со цел да не се создаваат поголеми гужви во моменти кога медицинската помош и […]

Во храмовите на МПЦ-ОА заупокоена литургија, парастос за упокоените и молитва за повредените


Во храмовите на Македонската православна црква – ОА денеска и во петок по литургијата на претходно осветени дарови, ќе биде отслужен парастос за жртвите во трагедијата во Кочани, а потоа и молитва за исцеление на повредените. – Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан повелува  утре, среда, 19.3.2025 и в петок, 21.3.2025 г. по […]

Сончево и студено


Времето денеска ќе биде променливо облачно со повеќе сончеви периоди во северните делови. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Во текот на ноќта ќе преовладува ведро и студено време. Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до 0, а максималната ќе достигне од 7 до 15 степени. Во Скопје, претежно сончево со слаб […]

Уште четворица повредени вечерва од Скопје ќе бидат префрлени во Атина


Со авион Ц-27 на грчкото воено воздухопловство, доцна вечерва од Скопје во Атина ќе бидат префрлени уште четворица повредени во пожарот во Кочани, јави дописничката на МИА од Атина. Според информациите на МИА, станува збор за четири лица со изгореници кои ќе бидат хоспитализирани во воена болница во Атина. Воениот авион од Атина полета околу […]

Ажурирана листата на контакти за 24/7 поддршка на граѓаните и семејствата на повредените кои се испратени на лекување во странство


Ажурирана листата на контакти за 24/7 поддршка на граѓаните и семејствата на македонските граѓани кои се испратени на лекување во странство, објави на Фејсбук страницата министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски.  Дежурни телефонски броеви во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија се: 075/273-732 и 075/268-736. Во продолжение ги објавуваме телефонските броеви […]

Кадриу: Обвинителот што штитеше некого за Модуларната болница сега е во Кочани


Обвинителката Лејла Кадриу, која на полчетокот ја водеше истрагата за трагедијата со Модуларната болница во Тетово, а потоа беше разрешена, со објава на Фејсбук ја шокираше македонската јавност. Како што открива обвинителката, истиот обвинител од ОЈО Скопје кој, според објавата, ја саботирал истрагата за Модуларната болница и штител некого, сега бил испратен како помош во […]

Да не се откажуваат часовите: Насоки за училиштата и родителите за психолошка поддршка на учениците по трагедијата во Кочани


Министерството за образование и наука во соработка со УНИЦЕФ, Институтот за психологија при Филозофскиот факултет во Скопје и Комората на психолози изготвија насоки за постапување на училиштата, наставниците и родителите во услови на кризна состојба со цел да им овозможат психолошка поддршка на учениците по трагедијата во Кочани. -Насоките имаат цел да им помогнат на […]

Коцевски: Истрагата за пожарот во Кочани ќе биде ефикасна и најпрофесионално изведена


 Јавниот обвинител Љупчо Коцевски вечерва изјави дека истрагата за пожарот во Кочани во кој загинаа 59 лица а над 155 се повредени, ќе биде брза и ефикасна и најпрофесионално изведена. Вели дека мора да се соберат сите докази и затоа обвинителскиот тим постапува многу претпазливо. -Ветив и ќе останам на тоа ветување дека истрагата ќе […]

Забрана за користење дронови на територијата на Кочани и Штип


 Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ) вовела забрана за користење воздухоплови без екипаж (дронови),  за вршење какви било операции, на територијата на градовите Кочани и Штип.  Министерството за внатрешни работи ја пренесува објавата на АЦВ дека „неовластеното, некоординирано оперирање на овие воздухоплови не само што го загрозува воздушниот сообраќај, туку може да предизвика сериозни последици по […]