Центарот на Мелбурн во боите на македонското знаме


Заштитниот знак на Мелбурн, настарата трамвајска станица Flinders Street Station во центариот на градот денес е осветлена во боите на македонското знаме. Со овој потег им се одава почит на настраданите од пожарот во Кочани, чиј погреб е денес. најбројната македонска заедница во Австралија живее токму во овој град.  

Таравари ќе го одликува возачот на брзата помош од Кочани кој почина ден по несреќата


Возачот на брзата помош од Кочани, кој цела ноќ пренесуваше пациенти од Кочани до Скопје, а почина откако замина дома, легнал да спие и не се разбуди, најверојатно ќе биде одликуван од државата. Одговарајќи на новнарски прашања, министерот за здравство Арбен Таравари рече дека тој завршил голема работа. Нема информации колку часа работел возачот тој […]

Десет пациенти се во потешка состојба, тројца се испратени на домашно лекување


Сите повредени од дискотеката „Пулс“ во Кочани, кои се лекуваат во низ болниците во Македонија и странство се во стабилна состојба, вели министерот за здравство, Арбен Таравари. „Сите пациенти кои се во државата и надвор, се добри и во стабилна состојба. Десет пациенти се потешки, но се надвор од животна опасност“, рече Арбен Таравари. Тој […]

Во Тетово и во Гостивар затворени два угостителски објекти


Во текот на вчерашниот ден извршени биле контроли на 16 угостителски објекти, од кои 10 во Тетово, а шест во Гостивар. Констатирани биле низа неправилности и од страна на Државен пазарен инспекторат (ДПИ) и Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци, додека од страна на ДПИ биле затворени два угостителски […]

Ангелов: На погребот во Кочани ќе бидат само најблиските, подоцна сите ќе можат да се помолат


 Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов апелира до граѓаните кои денеска во Кочани ќе оддадат почит на настраданите во пожарот, да не ја попречуваат погребната церемонија.   Денес, како што нагласува, треба да ги оставиме најблиските, за последен пат, во тишина и плач, да си ги видат своите настрадани чеда.   -Невозможно […]

Од печат излезе „Амбиент“ на Зоран Иванов


Од печат излезе „Амбиент“ – книга седма (2023–2025) („една реченица“) на Зоран Иванов, еден од бардовите на македонското новинарство. Приредувач, редактор и издавач и на оваа книга, како и на претходните „Амбиент“– 1, 2, 3, 3/1, 4, 5 и 6 е Свето Стаменов, политиколог, поранешен новинар на Македонското радио – Радио Скопје и познат македонски […]

Еден пациент во Ниш е во потешка состојба, двајцата други се стабилни


 Заменик-министерот за здравство Јовица Андовски, заедно со претставници од Министерството за здравство, го посетија Универзитетскиот клинички центар во Ниш, каде ги посетија повредените од пожарот во Кочани, сместени во таа установа. Како што соопшти МЗ, тие оствариле средби со директорот на Клиничкиот центар, проф. д-р Перишиќ, и медицинскиот тим при што биле запознаени со состојбата […]

Подобрена состојбата на еден пациент повреден во пожарот во Кочани примен на ВМА


 Кај еден пациент повреден во пожарот во Кочани кој е на лекување во Воено-медицинската академија во Белград има подобрување на здравствената состојба и тој од Интензивна нега е префрлен на Клиниката за пластична хирургија, јави дописникот на МИА од Белград.  Десет лица повредени во пожарот во дискотека во Кочани се хоспитализирани на ВМА од кои […]

Загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани денеска ќе бидат погребани


  Загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани денеска ќе бидат погребани. Во трагедијата што се случи во неделата рано наутро загинаа 59 лица, а над 150 се повредени. Погребните церемонии ќе бидат во 11 часот во Штип, во 12 часот во Кочани и во 13 часот во село Облешево, додека погребите на други […]

Основниот суд Кочани изрече краткотраен притвор во траење од уште 48 часа за сите 16 лица досега опфатени во случајот за пожарот


Основниот суд во Кочани донесе решение со кои се продолжува притворот за сите 16 лица досега опфатени во случајот со пожарот во дискотеката „Пулс“ и им изрече мерка краткотраен притвор во траење од уште 48 часа, потврдуваат од судот за МИА. ЈОРСМ, претходно информира дека Основното јавно обвинителство Кочани до надлежниот суд доставил предлози за […]

Регистрирани два земјотреси во Струмичко


Земјотрес со Рихтерова локална магнитуда ML2.8. и интензитет од III – IV степени според Европската макросеизмичка скала е почувствуван попладнево во Струмичко. – Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, попладнево во 18 часот и 33 минути регистрираше земјотрес […]

Утре неработен ден во Кочани


Владата вечерва одржа вонредна онлајн седница и донесе четири заклучоци што се однесуваат на деновите на жалост и на погребот на настраданите во пожарот во Кочани, кој ќе се одржи утре. Се задолжуваат државните институции, а се препорачува на локалната самоуправа и на работадавачите од приватниот сектор да ги ослободат од работа и работни обврски […]

МВР: Забрана за вршење операции со дронови на територија на осум општини


Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните и сите корисници на воздухоплови без екипаж (дронови) дека од страна на Агенцијата за цивилно воздухопловство е поставена забрана за вршење на било какви операции со воздухоплови без екипаж (дронови) на територијата на осум општини.  Тоа се: Кочани, вклучувајќи ги и селата Оризари, Тркање и Зрновци, Штип со […]

Од 178 повредени, 77 на лекување во земјава, останатите во странски медицински центри


Сите повредени во несреќата во Кочани се соодветно згрижени и добиваат 24-часовна врвна медицинска нега во земјава и во специјализираните медицински центри во странство. Од вкупно 178 повредени, во јавните здравствени установи во државата во моментот се третираат 64 пациенти, кои се во релативно стабилна состојба, во приватните здравствени установи се лекуваат 13 пациенти, а […]

Определен 30 дневен притвор за полициските службеници, осомничени во врска со пожарот во Кочани


Основниот кривичен суд Скопје определи притвор во траење од 30 дена за седумте службени лица во СВР Штип и ПСОН Кочани, осомничени за кривичното дело „тешки дела против општата сигурност“, поврзано со издавање согласности за функционирање на диско клубот во Кочани каде се случи пожарот во кој 59 лица го загубија животот, а околу 200 […]

Објавен безбедносен протокол и насоки за етичко известување од погребот на жртвите од Кочани


Владата во координација со Министерството за внатрешни работи (МВР) и во консултација со Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), како и со Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) изготвија протокол за безбедност при известување од погребот на жртвите од трагичниот настан што се случи на 16 март во Кочани. За претставниците на медиумите […]

Извлечени две лица од Чешка кои заглавиле во снежен нанос на Галичица


Вчера во 16.30 часот во Регионалниот центар за гранични работи Запад било пријавено дека двајца странски државјани биле заглавени во снежен нанос на подрачје на Националниот парк Галичица и барале помош. Полициски службеници од Полициската станица за граничен надзорт и гранични проверки Св.Наум, претставник од Национален парк Галичица и планинарска спасителска служба на Црвен крст […]

Началници и инспектори помогнале дискотеката „Пулс“ да работи незаконски


За седумте  полициски службеници  е покрената  постапка бидејќи помогнале дискотеката „Пулс“ да добие активна лиценца, а немала исполнета основни услови. Ова го соопшти министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски  на денешната прес конференција. Меѓу нив има главен инспектор за сообраќајни работи при СВР Штип и самостоен инспектор кои констатирале дека дискотеката „Пулс“ ги исполнила законски […]

Единаесет работници полесно повредени во пожар во неактивна германска нуклеарна централа


Единаесет работници се повредени во пожар за време на работа на уривање во деактивирана нуклеарна централа во јужна Германија, соопшти денеска локалната полиција. Инцидентот се случил во централата Графенрхајнфелд во покраината Баварија, која беше затворена во 2015 година поради постепеното исфрлање на нуклеарната енергија од страна на Германија. Полицијата во блискиот Швајнфурт соопшти дека за […]

АЦВ: Прекршувањето на правилата за користење дрон под изговор “не сме знаеле” не е прифатливо


Агенцијата за цивилно воздухопловство, за да се избегнат, како што велат натамошни непријатни ситуации и непотребни шпекулации , соопшти дека “Правилникот за воздухоплови без екипаж”, во кој во целост се имплементираат европските регулативи “Regulations (EU) 2019/945 and 2019/947”, е степен на сила од  јуни 2024 година  (Сл.Весник 115 од 31 мај 2024) со одложена примена од  […]