Задолжителна употреба на зимска опрема на патот Тетово – Попова Шапка


Поради врнежи од снег, на патниот правец Тетово – Попова Шапка од 18.00 часот се воведува задолжителна употреба на зимска опрема (ланци) за сите видови возила, соопштија денеска од ЈП „Македонија пат“. Исто така, денеска од 15:25 часот поради врнежи од снег е воведена забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – […]

Ќе се градат девет нови згради во Козле


Пред жителите на Козле од утре на јавна анкета ќе се најде детален урбанистички план предложен за просторот што се протега помеѓу „Алумина“ и Жданец, а ја опфаќа и околината околу основното училиште „Владо Тасевски“.Со планот е предвидена изградба на девет нови згради. Јавната анкета ќе трае еден месец, односно 20 работни дена. Од Општината известија […]

Платата на просветните работници со раст од седум отсто, најави Мицкоски


Просветните работници од овој месец практично ќе добијат зголемување од седум проценти, што ќе се надодаде на она зголемување од пет проценти за октомври, односно исплатено ноември, минатата година, изјави премиерот Христијан Мицкоски при денешната посета на тетовскиот регион, одговарајќи на новинарско прашање. – Сумарно, за период помал од пет месеци, покачувањето ќе биде околу […]

Ќе се покачи капитацијата за матичните лекари


Работиме на овозможување покачување на капитацијата за матичните лекари, што би се движела помеѓу 20 и 30 проценти, соопшти премиерот Христијан Мицкоски при денешната посета на тетовскиот регион. – Да, ги слушам и јас тие реакции од страна на матичните лекари. Работиме на пријатно изненадување за нив. Очекувам дека веќе во следната недела ќе има […]

Мицкоски пушти незавршен булевар: Порано се крадеше, сега се гради!


Изграден е првиот дел од булеварот „Видое Смилевски- Бато“ од Фуштанска до село Порој. По тој повод во Тетово беше премиерот Христијан Мицкоски кој оцени дека иако досега изгледало  невозможно, со напорната работа на градоначалникот, на советниците, на администрацијата и на  пратениците- овој проект конечно доби своја димензија и форма. Инаку, по булаварот не може […]

Се утврдува потребата за долгорочно лекување надвор на настраданите во Кочани


Се утврдуваат потреби за долгорочно лекување во надворешни центри во втора фаза, информираше денеска за МИА, доктор Игор Николов, контакт – лице за состојбата на пациентите од пожарот во дискотеката во Кочани. Тој потврди дека има понуди од земји да третираат или за долгорочна рехабилитација да водат пациенти. – Во моментов, на Пластична хирургија е […]

Саниран мостот надвозник пред Визбегово, паѓале камења од него


Санирано е оштетувањето на мостот надвозник пред Визбегово, Скопје, откако граѓани пријавиле до Центарот за управување со кризи на 112. На мостот воедно била пукната и водоводна цевка, но по пријавата на совесни граѓани, штетите се санирани.   – На Единствениот телефонскиот број за итни случаи 112 во ЦУК, вчера доцна попладне (по 17.00 часот), од […]

Денес дожд, а во повисоките места и снег


Времето денеска ќе биде претежно облачно и студено со врнежи од дожд, а во повисоките места од дожд и снег. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер (наместа над 70км/ч.), информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.  Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната […]

Отстранети попречни дрва од Пена – нема опасност од излевање


Како резултат на обилните врнежи од дожд коишто го зафатија подрачјето на територија на Р.С.Македонија (уште на 28.03.2024 година) е добиена пријава за попречени, нанесени, дрва во речното корито на река Пена во атар на с.Сараќино, Општина Тетово. Поради надојдената вода на река Пена, нанесените дрвата претставуваa природна препрека за нормално течење на водата во […]

Загрижувачки раст на случаите на семејно насилство во Албанија


 Случаите на семејно насилство во Албанија, според официјалната статистика, минатата година, бележат раст од околу 20 отсто споредено со претходната години,  иако повеќе од сигурно е дека бројот е многу поголем, бидејќи дел од насилствата не се пријавуваат. Податоците од 13-те општински надлежни обвинителства, во текот на 2024 година потврдуваат дека се регистрирани над 1600 […]

Зимата се враќа: Од вечерва драстично заладување, минусите ќе траат до средината на месецот


Од вечерва, Балканот и Македонија ќе бидат зафатени од забележително заладување кое доаѓа од север и нè воведува во подолг период на потпросечно ниски температури за април. Постуденото време ќе трае најмалку до почетокот на втората декада од месецот. По претежно сончевата и топла сабота, во недела навечер се очекува да пробие студен фронт кој […]

Со пет награди македонските ученици се враќаат од Медитеранскиот СТЕМ натпревар во Атина


 Со едно прво место, со награда за најдобро решение на понуден проблем, за најдобра соработка како тим, награда за најдобра прва автоматизација и за најдобра идеја и креативност, македонските ученици се враќаат од првиот Медитерански СТЕМ натпревар што денеска се одржа во Атина, а имаа задача да наоѓаат решенија за преживување на Марс, јави дописничката […]

Бешлиовска: Имаме околу 9.200 медицински сестри, а треба да сме околу 15 илјади


Неофицијалните податоци на Институтот за јавно здравје, зборуваат дека сме 9.200, меѓутоа потребите според нашите стандарди се некаде на 14-15.000 медицински сестри, изјави на денешната прес-конференција Гордана Бешлиовска, претседател на Унијата што ја предводи Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „За нас“. Прес-конференецијата беше по повод Првата конференција на медицински сестри од […]

Жителите на Делчево, Тработивиште и Разловци ќе се снабдуваат со вода од бунарски – водоводот во дефект


Жителите на делчевските села Тработивиште и Разловци како и градот Делчево ќе се снабдуваат со вода од бунарските извори, откако утрово настана дефект на водоводната линија, поради што првично беа без вода за пиење. Како што информираат од ЈКП „Брегалница”, поради обилните врнежи во текот на изминатите деновите дојдено е до отцепување на трупот на […]

МЗ: Нема промена на состојбата на повредените во Кочани што се лекуваат во странство


На лекување во странство во моментов се наоѓаат 69 пациенти од повредените во трагедијата во т.н. кабаре „Пулс“ во Кочани, информираа денеска од Министерството за здравство (МЗ), додавајќи дека нема промена на нивната состојба во споредба со претходните денови. Непроменета, велат од Министерството, е и состојбата на критичните пациенти, кои според информациите објавени вчера се […]

Запишувањето во средно почнува на 14 јуни – догодина дигитално


На 14 јуни почнува првото електронско пријавување за упис во средно образование во учебната 2025-2026 година, и ќе трае до 17 јуни, соопшти Министерството за образование и наука МОН. Второто пријавување е закажано на 30 јуни. Конечните ранг листи по двете пријавувања училиштата ќе ги објават на 2 јули.   Како и во изминатите учебни […]

Ученици од земјава преку роботиката бараат решенија за преживување на Марс


„Можеме ли да преживееме на Марс?“, одговорот на ова прашање, ќе се обидат да го најдат, со помош на роботиката, учениците од неколку земји кои учествуваат на првиот Медитерански СТЕМ натпревар што се одржува во Атина, а меѓу нив и околу 20 ученици од македонската СТЕМ Академија, јави дописничката на МИА од Атина. Учениците во […]

Родителите на загинатите во Кочани тивко маршираат за ангелите


Со солзи во очите, црна, темна, траорна облека, родителите, роднините, пријателите на загинатите во кочанската трагедита од 16 март, кога се запали дискотеката „Пулс“ во овој град, денеска маршираа низ градот. Под називот „Марш за ангелите“ во 12 часот и 5 минути, како симбол на задоцнетата институционална реакција, семејствата на починатите во трагичниот пожар тргнаа […]

МВР со апел да не се наседнува на измами со лажни сообраќајки, да се пријават во полиција


 Од Министерството за внатрешни работи денеска апелираат граѓаните да не наседнуваат на измами со лажни сообраќајки и таквите случаи веднаш да се пријават во полиција. – Во изминатиот период во Министерството за внатрешни работи, од страна на граѓаните, пријавени се повеќе кривични дела „измама“, извршени врз повозрасни лица. Сторителите ги доведуваат во заблуда лицата на […]

Трајков: Регионалната соработка ќе ги забрза евроинтеграциските процеси


Регионалната соработка е клучна за забрзување на евроинтеграциските процеси е пораката од вчерашното обраќање на заменик-министерката за европски прашања, Викторија Трајков, на дводневната панел-дискусија на тема “Европски проекти за прекугранична соработка за унапредување на административните капацитети на институциите на македонската заедница во Србија”, која што се одржува во Белград.  Во своето обраќање, заменик-министерката за европски […]