Службено возило на Општина Аеродром одземено од гаража, пронајдено на улица „Перо Наков“


Патничко моторно возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Општина Аеродром, било одземено од гаража на булевар „Јане Сандански“. Случајот синоќа во полиција го пријавил в. д. градоначалникот на Општина Аеродром Дејан Митески. Како што се наведува во денешниот МВР-билтен, според пријавата, возилото било одземено во период од 15:30 часот на 4 април 2025 […]

Јавните претпријатија во Битола во големи загуби, за директорите причината е во зголемените плати


  БИТОЛА – Дел од јавните претпријатија во Битола се во загуба во вкупен износ од 150 милиони денари. Тоа е загубата за „Водовод“, „Комуналец“, „Нискоградба“, „Пазари“ и „Паркинзи“ од Битола. На седницата на Советот на Битола СДСМ побара разрешување на управните органи во јавните претпријатија, мнозинство ја прифати точката, допрва ќе следи исходот.  „Како […]

Филков за пресудата за Теодора: Тие два отсто доверба во судството не се џабе


Во одговор на новинарско прашање поврзано со вчерашната пресуда, министерот за правда Игор Филков посочи дека Судскиот совет е повикан да реагира по реакцијата во јавноста. – Јас ниту смеам, ниту можам да ја коментирам пресудата, но она што секако сакам да го искоментирам е реакцијата на јавноста, а реакцијата на јавноста е оној глас […]

„Преспанските Турци – историско – демографска студија“, нова книга на публицистот Салим Кадри Керими


Во издание на самиот автор, неодамна беше објавена новата книга на историчарот – дипломат во пензија, истражувач и публицист Салим Кадри Керими, под наслов: „Преспанските Турци – историско – демографска студија“, чиј рецензенти се историчарот проф. д-р Борче Илиевски и географот м-р Фејзула Абдулаи.  Централната тема на овој научно–истражувачки труд претставува турското население во Преспанскиот […]

Рокас: Корупцијата е голем предизвик за земјата


Амбасадорот на ЕУ, Михалис Рокас, на конститутивната седница на Меѓуресорското тело за координација на активностите против корупцијата, истакна дека корупцијата е голем предизвик за државата и дека е потребна забрзана промена за постигнување на реформите. Заменик амбасадорката на САД, Никол Варнес, нагласи дека борбата против корупцијата е суштинска за економскиот развој и социјалната доверба, додека […]

Мицкоски ги нарече „полноглавци“ тие што ќе го критикувале


  Употребувајќи го градскиот скопски жаргон за недоветни луѓе, премиерот Христијан Мицкоски, денеска ги нарече „полноглавци“ оние што ќе му забележат на неговата реакција по пресудата од две години за човекот што ја прегази 22-годишната Теодора Ристевска. Според транскриптот што го испрати прес-службата на Владата Мицкоски денес, меѓу другото, го кажа и ова: „Ова не […]

Битолчани не запираат со протестите против депонијата


  БИТОЛА – Битолчаните кои се против депонија во Пелагонија најавија протест за денес додека трае седницата на Советот на Општина Битола. Протестот е најавен за во 15 часот.  Во меѓувреме, на расправата во Советот на Општина Битола, од Левица побараа повторно гласање за точките кои советниците едногласно ги донесоа на 50 седница, околу проектот […]

Директорот на Геријатрија зел мито за да смести пациент во клиниката


Директор на здравствената установа е уапсен поради сомнение дека примил поткуп. ТВ21 дознава дека станува збор за директорот на специјализираната болница за Геријатриска и палијативна медицина Скопје, Мухсин Арифи. Арифи заедно со посредник, барале и примиле поткуп во износ од 20.000 евра за болно и неподвижно лице да биде сместено во геријатриска установа. Од обвинителството […]

Само седум пациенти од Кочани се лекуваат во земјава, 64 се во странство


Во болниците во земјава во моментот се хоспитализирани вкупно седум пациенти од повредените лица во трагедијата во Кочани, од кои четири пациенти се хоспитализирани во Хируршка клиника „Св.Наум Охридски“, еден пациент на Клиника за токсикологија и двајца пациенти во приватната болница „Систина“.    Во странски медицински центри остануваат хоспитализирани 64 пациенти.    За денеска во […]

По 7 години запуштеност, „Македонско село“ повторно ќе заживее


Комплексот „Македонско село“ повторно ќе стане центар на културата, автентичната архитектура и македонска традиција, наскоро ќе се врати на туристичката и културната мапа на Македонија. Директорот на Службата за општи и заеднички работи, Ивица Томовски, денеска ја потпиша одлуката за избор на концесионер на комплексот, кој се избра на законски и транспарентен начин, по пат […]

Ревизија на ДЗР: Дури 67 отсто од градинките работат со преоптоварени капацитети


Пополнетиот капацитет за згрижување на деца од предучилишна возраст го надминува расположливиот капацитет, така што 67 отсто од градинките во мај лани работеле со преоптоварени капацитети, покажуваат резултатите од извршената ревизија за успешност што ја спроведе Државниот завод за ревизија (ДЗР). Во периодот од 2020 до 2024 година се изградени седум детски градинки за кои […]

Од еколошката такса на возилата ќе се распределат 229 милиони денари за еколошки проекти


Околу 4 милиони евра ќе подели Министерството за животна средина преку Јавниот конкурс за распределба на средства од Програмата за инвестирање во животната средина за 2025 година, кој е отворен следните три недели. Овој конкурс се спореведува секоја година, согласно член 174 од Законот за животна средина. Овие пари доаѓаат од еколошката такса која се […]

Во наредните денови стабилно и потопло време


Следува период на стабилно и потопло време, освен во четврток кога ќе има локални врнежи од дожд, а на планините снег. Утринските температури до среда на повеќе места ќе бидат негативни, а потоа ќе бидат во постепен пораст, соопшти УХМР. Минималните утрински температури ќе бидат во интервал од нула до осум, а максималната дневна ќе […]

Судијата Ферати нема да биде гонет од Обвинителството за поправените оценки


Одлуката на судијата Ељведин Ферати од Основниот суд во Тетово да изрече казна од само две години затвор за прегазување на девојка, предизвика бурни реакции во јавноста. Особено поради фактот што на претходното судење за истиот случај, обвинетиот доби 3,5 години затвор.   Дополнителен сомнеж за интегритетот на судијата се јави откако медиумите објавија дека Ферати, […]

Лажни дојави за бомби во две училишта во Скопје


Во две училишта во Скопје утрово се добиени дојави за поставени бомби, но по утврдената проверка е утврдено дека се работи за лажни дојави.  – На 08.04.2025 во СВР Скопје од две училишта во Скопје е пријавено дека на електронските адреси добиле дојава за наводно поставена експлозивна направа. Веднаш се преземени соодветни мерки и активности, […]

Четворица од повредените во Кочани денеска ќе бидат отпуштени од софиската болница „Пирогов“


Четворица од повредените во пожарот во Кочани кои беа хоспитализирани во болницата „Пирогов“ во Софија денеска ќе бидат пуштени на домашно лекување. Раководителката на Клиниката за изгореници и пластична хирургија во болницата Маја Аргирова, за БТА изјави дека сите четворица се во добра состојба. Дадени се инструкции за натамошен третман, во тек е лабораториско следење […]

Активна забраната за тешки товарни возила на патот Тетово – Попова Шапка


На патниот правец Тетово – Попова Шапка се уште е активна забраната за тешки товарни возила, а за останатите видови на возила задолжителна е употреба на зимска опрема (ланци), соопшти АМСМ. Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива по наместа влажни коловози.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните […]

Сончево и студено, температурата до 13 степени


Времето денеска наутро ќе биде ведро и студено, а во текот на денот сончево со мала до умерена облачност, се вели во прогнозата од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во текот на денот ќе дува и умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Температурата наутро ќе биде од минус 10 до 0 Целзиусови степени, а […]

Без струја денеска дел од Аеродром и Карпош, без вода дел од општините Центар и Кисела Вода


Поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од Општина Аеродром и Карпош, соопшти РЦУК – Скопје. Во периодот од 09:00 до 11:00 часот без струја ќе останат корисниците од Горно Лисиче во делот од „биолеб“ до половни Автоделови „VOLKSWAGEN АЛЕК“ во Општина Аеродром. Во периодот од 09:30 […]

Прва седница на новиот состав на Меѓуресорското тело за координација на борбата против корупцијата


Во свечената сала на Владата денеска ќе се одржи првата седница на новиот состав на Меѓуресорското тело за координација на борбата против корупцијата. На настанот поздравни обраќања ќе имаат премиерот Христијан Мицкоски и вицепремиерот задолжен за политики на добро владеење, Арбен Фетаи, кој вооедно раководи со Меѓуресорското тело. Како што соопшти владината прес-служба, обраќања ќе […]