Променливо облачно со повремен дожд


Времето денеска ќе биде променливо облачно, во западните делови од државава со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви […]

Угина јагуарката Инес во скопската Зоолошка градина


Угина единствениот јагуар кој го имаше скопската Зоолошка градина. Станува збор за Инес, која според менаџерите имала канцер и тумори на повеќе органи. „Изминатиот период заедно со Факултетот за ветеринарна медицина направиме се што може за подобрување на благосостојбата на јагуарката и олеснување на здравствените проблеми преку стручни прегледи, анализи и компјутерска томографија до лекување […]

Уште четворица во притвор, меѓу нив и министерот Салиу, куќен за Сарачини и Незири


Основниот суд Кочани денеска ги прифати предложените мерки за новосомничените лица во проширената истрага за пожарот во дискотеката „Пулс“ што ги побара Обвинителството. Четворица одат зад решетки, шест во куќен притвор а за 8 мерки на претпазливост од 19-те ново осомничени во истрагата за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“. Актуелниот министер без ресор осомничен како […]

Општина Карпош ги заостри правилата за градба – нема да сметаат на соседите


Поттикнати од неверојатниот глад за остварување што е можно поголем профит на инвеститорите и добивање на што е можна поголема квадратура и непредвидено богатство за сопствениците на земјиштето општина Карпош носи трет сет на мерки за вразумување на сопствениците и изведувачите, објави денеска градоначалникот на Карпош, Стевче Јакимовски.  Овие мерки се во насока на подобрување […]

Од 19 новоосомничени за пожарот во Кочани, за 10 се бара ефективен и домашен притвор, за осум мерки на претпазливост


Основното јавно обвинителство Кочани ја прошири истрагата за пожарот во кочанскиот клуб „Пулс“ за нови 19 лица. Сите, како и претходните за кои беше поведена истрага, се осомничени за „Тешки дела против општата сигурност“ од член 292 во врска со член 288 од Кривичниот законик. Од нив, за четири осомничени е предложена мерка притвор, за […]

Времето кога беа криви пајакот и кабелот заврши, вели Тошковски


Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, денеска (13.04.2025) на заедничка прес конференција со Јавниот обвинител Љупчо Коцевски потврди дека текот на вчерашниот ден Основното јавно обвинителство Кочани во соработка со МВР ја прошири истрагата за пожарот во кочанскиот клуб „Пулс“ за нови 19 лица. Тој нагласи дека сите, како и претходните за кои беше поведена […]

Околу 3000 учеснички на 13. „Авицена женска трка“, најбрза Теа Божиновска


Приближно 3000 учеснички беа дел од 13. „Авицена женска трка“ што претпладнево се одржа по булеварот „Илинден“ во Скопје, во организација на Сојузот на спортови на Скопје, под покровителство на Град Скопје. Најбрза на трката беше Теа Божиновска од Атлетскиот клуб „Скопски маратон“, која прва ја помина целта со време од 10 минути и 29 […]

Коцевски откри зошто актуелниот министер за економија не е опфатен со истрагата за Кочани


Актуелниот министер за економија Бесар Дурмииши не е опфатен со истрагата, бидејќи досега нема ниту еден доказ дека од него било побарано продолжување на лиценцата на објектот на клубот „Пулс“ во Кочани, информира државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски на денешната заедничка прес-конференција со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Тој прецизира дека досега е поведена […]

Жртвите каснати од куче доживуваат траума, преку едукација до намалување на ризикот од напади


Љубовта кон кучињата се негува од мали нозе, но, колку и да е таа љубов голема, за жал, понекогаш, доаѓа до каснување кое остава последици. Дневно може да се случат и по неколку каснувања од домашни или улични кучиња, за што граѓаните се обештетуваат од страна на општините или сопственикот на кучето. Дел од експертската […]

Најстудено во Берово, најтопло во Гевгелија


Најниска температура од -3 степени утрово е измерена во Берово, а најтопло беше во Гевгелија каде се измерени 6 степени Целзиусови. Во Лазарополе е регистрирана температура од -2 стпепени, -1 се измерени на Попова Шапка и во Маврови Анови, 0 беше во  Скопје-Петровец, Крива Паланка и Битола, 1 степен во Тетово, Велес и Претор, 2 […]

Двајца повредени од „Пулс“ пуштени на домашно лекување, нема планирани исписи за викендов


За викендов не се планирани исписи од странски медицински центри и во моментов надвор од државата се лекуваат 48 пациенти повредени во пожарот во клубот „Пулс“ во Кочани, информираат од Министерството за здравство (МЗ). – Состојбата на пациентите останува непромената, односно остануваат во критична состојба пациентите за кои и претходно информиравме, додека останатите пациенти се […]

Поради одржување улична трка, посебен режим на сообраќај околу бул. „Илинден“


Поради одржување улична трка (Авицена женска трка), претпладнево ќе има посебен режим на сообраќај околу бул. „Илинден“ во Скопје.  Како што соопшти СВР Скопје, трасата на движење ќе почне од бул.„Илинден“ пред фонтаната Лотус (старт и цел), ќе продолжи право по должина на бул.„Илинден“ до крстосница со бул.„8 Септември“ каде се врти полукружно назад по […]

Без вода делови од Чаир, вклучително и гинеколошката болница


Поради санација на дефект на водоводна мрежа, без вода денеска ќе бидат корисниците од неколку улици во општина Чаир, вклучително и Гинеколошко-акушерска болница „Чаир“. Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиено известување од ЈП Водовод и канализација, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците „Неџат Аголи“, „Коста Абрашевиќ“ […]

Сончево со мала до умерена облачност


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5, а максималната ќе достигне од 15 до 22 степени. Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен […]

Денеска е Цветници


Православните христијани денеска го слават празникот Цветници познат уште и како Цветоносна недела и Врбица. Овој празник ја одбележува последната недела пред почетокот на Исусовите страдања, смртта и Воскресението. Цветници се празнува ден по Лазарева сабота – чудесното воскресение на четиридневно упокоениот Лазар извршено од Исус Христос, шестата недела од Великиот пост, една недела пред […]

„Авицена женска трка“ на бул. „Илинден“ во Скопје


Сојузот на спортови на Скопје, под покровителство на Град Скопје, денеска ќе ја организира 13. „Авицена женска трка“, која од 9 до 11 часот ќе се одржи на булевар „Илинден“ во Скопје.  -Стартот на кружната трка во должина од три километри ќе биде во 10 часот од бул. „Илинден“, во близина на фонтана „Лотос“. Пред […]

Без струја дел од ул. „Христо Татарчев“ во Кисела Вода


Поради планирани зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија денеска ќе бидат корисниците од дел од ул. „Христо Татарчев“, во околината на „Кам маркет“ и фирмата „Дизајн фантазија“ во општина Кисела Вода. Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиено известување од ЕВН, прекинот во напојувањето со струја ќе […]

Уапсени поранешните министри за економија Сарачини и Незири, како и сегашниот министер без ресор Салиу


  Нови апсења и нови осомничени има денеска во истрагата за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани во која загинаа 61 лице. Јавното обвинителство и МВР соопштија дека  во тек е приведување на повеќе лица, но не соопштија детали, најавувајќи го тоа за подоцна во денот. Но некои медиуми веќе објавија за кого станува збор […]

„Крива Река не ви е крива“: Протест за загадувањето од рудникот Тораница


  „Крива Река не ви е крива“ порачаа денеска еко-активистите на протестот во врска со загадувањето на Крива Река, кое се случи по хаварија во рудникот Тораница, управуван од компанијата „Булмак 2016“. Пред Министерството за животна средина и просторно планирање присутните побараа одговорност, увид во анализите на водите како и мерки за заштита на водоснабдувањето […]