Огромна неприлагодена брзина, најверојатно, причина за сообраќајката кај Кичево, вели Тошковски


Според првичните информации причина за вчерашната сообраќајна несреќа во која загинаа три лица, а осум се повредени е неприлагодената брзина на патот, изјави утринава министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кој е во посета на СВР Охрид.  – Во синоќешната сообраќајка, за жал, животот го загубија три лица. Согласно првичните информации што ги добив станува […]

Сопственост на моторни возила, историјат за возило – нови услуги на националниот портал uslugi.gov.mk


Министерството за дигитална трансформација денеска информира дека достапни се две нови услуги на Националниот портал за електронски услуги – uslugi.gov.mk, кои се однесуваат на Министерството за внатрешни работи. Како што посочуваат од Министерството, станува збор за многу користени потврди за моторни возила кои се употребуваат во прометот – Потврда за моментална сопственост на моторни возила […]

Во завршна фаза рехабилитацијата на патот од Охрид до Св. Наум


 Министерството за транспорт и врски информира дека во завршна фаза е рехабилитацијата на магистралниот пат Охрид – Св. Наум во должина од 24,3 километри. Инвестиционата вредност е 11,6 милиони евра, средства обезбедени од буџетот на ЈП за државни патишта. Досега, комлетно е асфалтиран потегот од граничниот премин на Албанија до Пештани во должина од 19 […]

Православните и католичките верници годинава го слават Велигден на ист ден


Оваа година и православните и католичките верници го слават Велигден на ист ден – 20 април. Ваквото поклопување не се случува често, бидејќи источната и западната црква користат различни календари (јулијански и грегоријански), но годинава датумите се совпаѓаат. Двата најважни празници во христијанството се Божиќ и Велигден, денот на раѓањето и денот на воскресението на […]

Нов протестен марш на семејствата на настраданите во пожарот во Кочани, многу прашања се уште чекаат одговор


Во Кочани за денеска во 12:05 часот е најавен нов протестен марш на семејствата на настраданите во пожарот во дискотеката „Пулс“. Ова е трет протестен марш што го одржуваат семејствата на настраданите по последниот одржан на 12 април.  Протестниот марш ќе започне од Градскиот парк во Кочани и ќе продолжи кон Општината и Министерството за […]

Од попладне посебен сообраќаен режим во Центар, Ѓорче Петров и Аеродром поради верскиот празник Велигден


По повод верскиот празник „Воскресение Христово-Велигден” од попладне ќе биде воведен посебен сообраќаен режим на одредени сообраќајници во централното градско подрачје и во општините Ѓорче Петров и Аеродром. Како што соопшти МВР, во периодот од 18 часот во центарот на Скопје по потреба за сообраќај ќе бидат затворени бул.„Партизански Одреди” од крстосницата со ул.„Франклин Рузвелт” […]

Сончево и топло со локална облачност


Во земјава денеска ќе се задржи сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Во крајните источни планински региони ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува  слаб до умерен ветер од северозападен правец кој ќе биде поизразен долж Повардарието. Минималните температури ќе бидат во интервал од 5 до 11, а максималните ќе […]

Прекин на сообраќајот меѓу Кичево и Гостивар поради сообраќајка


Прекин на сообраќај: Поради сообраќајна незгода на магистралниот пат А2 Делница Кичево – Гостивар, во непосредна близина на „Сеферов Бунар„ меѓу Кичево и с.Трапчин Дол, сообраќајот е во прекин во двата правци за сите видови возила. Тројца загинати и осуммина повредени во сообраќајка на патот Кичево – Гостивар

Надминат проблемот со системот за хлорирање на водата во Дебар


Водата за пиење во Дебар може да се користи, откако е надминат проблемот со системот за хлорирање, информираше Јавното комунално претпријатие „Стандард” кое стопанисува со водоводот Росоки – Дебар. – Ги известуваме водокорисниците дека по максимална посветеност и со голем труд успеавме да го ставиме во функција системот за хлорирање, се е во ред и […]

Штипската модуларна болница ќе се адаптира за специјалистички амбуланти


Штипската модуларна болница, која по пандемијата Ковид 19 е празна и стои неискористена, ќе се пренамени во амбуланти за специјалистички прегледи преку „Мој термин“. Директорот на Клиничка болница-Штип, Владко Захариев вели дека постапката за преадаптација е речиси на самиот крај. Посочува дека планот е во првата фаза да се префрлат амбулантите од применото одделение, а […]

На „Табановце“ се чека до половина час, на „Богородица“ и „Дојран“ до 15 минути


 Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. Времето на чекање за излез на граничните премини „Богородица“ и „Дојран“ е од 10 до 15 минути. На граничниот премин „Табановце“ за влез и излез од државата се чека од 20 до 30 минути, информираат попладнево од АМСМ. Сообраќајот на останатите државни патишта […]

Првпат побарани мерки за претпазливост за еден осомничен за пожарот во Кочани кој до сега бил на лекување


Основното јавно обвинителство Кочани, постапувајќи во предметот во врска со пожарот во кабаре клуб „Пулс”, до Основниот суд во Кочани достави предлог за замена на претходно определената мерка куќен притвор во мерки на претпазливост за двајца осомничени во својство поранешни директори на Државниот пазарен инспекторат, а по прв пат се бараат мерки за претпазливост и […]

Протестен марш „Задоцнета реакција“ утре во Кочани на семејствата на настраданите во пожарот


В сабота, 19 април со почеток од 12:05 ч. во Кочани ќе се одржи трет протестен марш „Задоцнета реакција“ на семејствата на настраданите во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ каде животот го загубија 62 млади лица и близу 200 повредени. Маршот ќе започне од Градскит парк во Кочани кон Трговскиот центар, Општина Кочани, полицијата и […]

(Галерија) Велики петок во Соборниот храм – верниците поминуваат под масата


На Велики петок, се слават спомените од Христовото распнување на крстот, обичајот е по бакнувањето на иконите, верниците да се протнат под масата на која е поставено платно на кое е насликан Исус Христос. По некое верување се смета дека за време на протнувањето под масата, верниците треба да се помолат и да замислат желба […]

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје по повод Велигден


По повод верскиот празник „Воскресение Христово-Велигден” утре (19.04.2025), Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе воведе посебен режим на сообраќај на одредени сообраќајници во централното градско подрачје на град Скопје, како и во општините Ѓорче Петров и Аеродром.   Имено, утре во периодот од 18.00 часот па до завршувањето на настанот по […]

Амбасадата на Јапонија отвори повик за стипендии за додипломски или истражувачки студии во Јапонија


Министерството за образование, култура, спорт, наука и технологија (MEXT) на Јапонија нуди студентски стипендии за македонски граѓани кои сакаат да комплетираат додипломски студии или истражување во Јапонија. Кандидатите треба да ги поднесат своите документи најдоцна до 16 мај. Одбраните кандидати ќе бидат поканети на тестирање и интервју во јуни. Сите информации ги има на сајтот на […]

Овчи сипаници најчесто акутно заразно заболување во март, пријавени 309 заболени


Во текот на месец март, најчесто регистрирано акутно заразно заболување се овчите сипаници со вкупно 309 пријавени лица. Во однос на претходниот месец февруари, се регистрира намалување на бројот на пријавени од овчи сипаници за 15,6 отсто, додека во однос на месец март 2024, се регистрира намалување за 62,5 проценти, се наведува во најновиот извештај […]

Најмногу дожд во Охрид и на Попова Шапка


Во Охрид и на Попова Шапка во изминатите 24 часа, до 8 часот утрово, се измерени два литри на метар квадратен воден талог, а во Пожаране и Маврови Анови еден литар на метар квадратен, соопшти УХМР. Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има повремен локален дожд и услови за […]

Работно време на Управните служби на МВР за време на Велигденските празници


Министерството за внатрешни работи во пресрет на претстојните Велигденски празници, соопшти дека денеска сите Отсеци за управни работи при Одделот за управни работи на МВР, освен Одделението за управни работи Скопје, ќе работат во периодот од 08.00 до 16.00 часот. Одделението за управни работи Скопје, пак, односно неговите организациони единици денеска ќе работат со следниот […]

Дел од Аеродром без струја


Поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од Општина Аеродром, соопшти РЦУК – Скопје. Во периодот од 09:00 до 12:00 часот без струја ќе останат корисниците од Булеварот „Видое Смилевски Бато“, делот кај што се вкрстува „Фебруарски Поход“ карши „Рамстор“ во Ново Лисиче во Општина Аеродром.