Македонија единствена од регионот има пристап до 600 милиони евра за зелени проекти преку програмата #EULIFE25


 Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити денеска информира дека повиците за #EULIFE25 програмата се официјално отворени, а земјава е единствена во регионот што има пристап до овие средства, соопшти неговиот кабинет. Меџити ја повика домашната академска заедница, локалните самоуправи, научните и образовни институции, приватниот сектор и […]

Бајовски: Радиоактивниот фон во РЕК Битола не е многу поголем од природниот


Има извршено мерење на радиоактивен фон во РЕК Битола и тој „не е многу поголем“ од природниот фон на зрачење, изјави денеска в.д. директорот на Дирекцијата за радијациона сигурност Зоран Бајовски на одбележувањето 20 години од формирањето на независниот национален регулаторен орган. На новинарско прашање дали Дирекцијата има надлежност врз работењето на РЕК Битола, откако […]

Кривична пријава против поранешен директор на Здравствен дом Куманово – вработил 127 лица без согласност


СВР Куманово поднел кривична пријава против Ф.А. од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената должност и овластување“ по член 353 став 4, во врска со член 45 од Кривичниот законик. Пријавениот како директор на  Јавната здравствена установа „Здравствен дом“ Куманово, како што денеска соопшти МВР, во периодот од […]

Малолетници до рано наутро пијани во битолски клубови


БИТОЛА – Трагедијата во Кочани не ги опомена битолски угостители чии кафетерии и клубови и натаму се собиралиште за журки на малолетници во доцните ноќни часови со точење на алкохол. Се слават родендени со алкохол, а никој не проверува за возраста на славениците и гостите. За период од три недели во две контроли на битолската полицијата […]

Зградите за ФИНКИ и Факултетот за физичка култура ќе се доизградат


Меморандум за соработка потпишаа денеска министерката за образование Весна Јаневска, ректорот на УКИМ, Билјана Ангелова, деканот на Градежниот факултет професор Горан Марковски и директорот на СОЗР, Ивица Томовски, со цел да се доизградат зградите за ФИНКи и Факултетот за физичка култура, во близина на комплексот факултети при УКИМ, спроти ТЦ „Мавровска. Тие стојат неизградени од […]

Според Николоски, Бугарија е таа што раскажува приказни за Коридорот 8


Во Бугарија пак ја отвораат темата за Македонија. Не е добро што соседот е нестабилен со оглед дека повторно има политичка криза и можно е пак да има избори. Очигледно дека на тоа мислат дека ќе добијат избори. Ова е политичка изјава и не е суштинска изјава, изјави министерот за транспорт Александар Николоски по минатонеделните […]

Општина Гази Баба доделува 2.500 денари за пензионери со ниски пензии


Пензионерите жители на Општина Гази Баба имаат можност да се јават на Јавениот повик за доделување на финансиска поддршка на пензионери со ниски пензии, во насока на подобрување на нивната социјална и економска сигурност. Услови за учество на јавниот повик:  –Апликантот да биде жител на Општина Гази Баба;  –Да биде примател на старосна, семејна, инвалидска […]

Утре посебен режим на сообраќај во Скопје поради посетата на Милановиќ


СВР Скопје ги известува граѓаните дека утре (07.05.2025), поради официјална посета на претседателот на Република Хрватска, г.Зоран Милановиќ на Република Северна Македонија, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје. СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници […]

Нуркачи викендов ќе го чистат дното на Охридското Езеро од цврст отпад


 Нуркачкиот центар „Амфора“ од Охрид викендов ќе ја реализира еколошката акција „Охрид ЕКО 2025“ за чистење на дното на Охридското Езеро од цврст отпад. Десетици нуркачи од земјата и регионот в сабота на повеќе локации кај Градското пристаниште, кај Љубаништа, Заливот на коските, автокампот „Градиште“ и кај Калишта ќе го чистат езерското дно, од пластика, […]

Центар дава 10.000 денари за младите да научат да возат


Градоначалникот Горан Герасимовски информира дека во тек е јавниот повик за доделување субвенции во висина од 10 илјади денари за полагање возачки испит на сите млади лица кои годинава ќе наполнат 18 години. Тој потенцира дека полагањето возачки испит е задолжително за сите оние кои сакаат да управуваат со моторно возило, а Општина Центар им […]

Tриесет и четири години од загинувањето на Сашко Гешовски, прва жртва при распадот на Југославија


Денеска се навршуваат триесет и четири години од загинувањето на Сашко Гешовски, прва жртва при распадот на Југославијa, како припадник на ЈНА, потсетуваат утринава од Музеј галеријата во Кавадарци. Гешовски загина на шести мај 1991 година.   Гешовски беше роден  во Кавадарци на 31 октомври 1971 година, основно и средно училиште завршил во родниот град.  […]

Без струја делови од Скопје и околината


 Поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија денеска во периодот од 06:00 до 15:00 часот ќе бидат населба Економија, дел од Сингелиќ, објектите на главен пат за Арачиново, соопшти ЦУК. Струја од 09:00 до 11:00 часот ќе немаат и корисниците на булевар АСНОМ во околината на ОУ „Лазо Ангелевски“ и „Февруарски поход“ во […]

Меѓународна научна конференција по повод 80 години од кодификацијата на македонскиот јазик


Во организација на  Катедрата за македонски јазик и Катедрата за македонска книжевност и култура на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје денеска и утре ќе се одржи Меѓународна научна конференција „Македонскиот јазик – 80 години од кодификацијата“. – Шеесет научници, македонисти и слависти, од земјава и од странство заеднички […]

Без вода дел од Центар


 Поради изведување на водоводен приклучок, без вода од 09:00 часот ќе бидат корисниците на дел од улиците „Никола Тримпаре“, „Дебарца“ и „Борка Талевски“ во општина Центар, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со работните активности.

Променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд


Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, а максималната ќе достигне од 21 до 29 […]

„Репелент“ против змии ќе се поставува во скопски Карпош


Во рамки на редовните пролетни активности, општина Карпош и оваа година има ангажирано овластена фирма која се занимава со поставување на „Репелент“, односно средство за превенција и заштита од змии, соопштија од општината.  – Со оглед на моменталните временски услови (бидејќи постојат услови за врнежи од дожд), надлежните информираат дека наскоро кога се очекува да […]

Прилепските ученици со креативни активности за делото на Блаже Конески во Небрегово


По повод 5 Мај, Денот на македонскиот јазик и 80 години од создавањето на првата азбука, во организација на прилепскиот Завод и музеј, во Спомен домот на великанот Блаже Конески во Небрегово, денеска учениците од ОУ „Блаже Конески“ од Прилеп учествуваа во манифестација посветена на зачувување, негување и познавање на мајчиниот јазик и на големото […]

МОН: Стипендии за поттикнување средношколци да се запишуваат на студиски програми по македонски јазик


Заради стимулирање на учениците од IV година од средното образование за запишување на студиски програми по македонски јазик, Министерството за образование и наука за студиската 2025/2026 година ќе додели 15 стипендии на редовни студенти запишани студиски програми за изучување на македонскиот јазик во прва година на додипломски студии (прв циклус). Како што информира МОН, стипендијата […]

Конкурс за есеј за основците и средношколците по повод 80 години од усвојувањето на македонскиот како службен јазик


По повод јубилејот 80 години од усвојувањето на македонскиот јазик како службен јазик – 5 Мај, Министерството за образование и наука распиша Конкурс за есеј за учениците од основните и средните училишта. Во зависност од возраста и наставниот јазик, дадени се четири теми, а право на учество имаат сите ученици од четврто до деветто одделение […]

Политички е одговорно Коцевски да ја заврши истрагата за Кочани, вели Сиљановска


  Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во врска со одлуката на владата за смена на републичкиот обвинител, Љупчо Коцевски, изјави дека во моментов е најважно да се остави обвинителството да работи и да се справи со трагедијата која „ги засега сите граѓани“. „Мислам дека тоа е политички одговорно. Замислете ако вие после трагедија што цел живот ќе […]