Во сабота на Школка ќе се слави Денот на Европа


По повод Денот на Европа, во сабота, на Школка, Градски парк, Скопје, ќе се одржи настанот „Европа низ детските очи“, со почеток во 11 часот. Настанот е во организација на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, и претставува едукативно-забавен перформанс посветен на децата, со пораки за пријателство, заедништво и европски вредности. Централната програма […]

Првата линија од „Градски воз” до крајот на годинава, во финална фаза тендерот за 120 електрични автобуси


Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски очекува првата линија на „Градскиот воз”  Зелениково – Драчево – Кисела Вода – Аеродром – Центар (Нова железничка станица) да биде во функција до крајот на годинава. Се работи, како што рече синоќа, за голема инвестиција од  педесетина милиони евра за сите три предвидени градски линии. -На владина […]

Отворање на новата детска градинка „Пролет“


 Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски денеска ќе ја отвори новата детска градинка „Пролет“, изградена по најсовремени стандарди, најавуваат од Општината. Градинката се наоѓа на улицата „Мирче Ацев“ бр. 102 во населбата Пролет, а нејзината изградба започна во 2022 година и е целосно финансирана од буџетот на Општина Центар.

Променливо облачно, попладне наместа пороен дожд, грмежи и засилен ветер


Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, а во западните делови засилен ветер од југозападен правец. Попладне ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 12, а максималната ќе достигне од 20 до 28 степени. Во […]

Астрономски календар


Денеска е четврток, 8 мај 2025 година, 127-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 238 ден. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 21 минути, а ќе зајде во 19 часот и 40 минути. Денов трае 14 часа и 19 минути.  Месечината, која е во фаза на прва четвртина, нема да изгрее, […]

Јаневска: Развиваме нова образовна квалификација – специјалист за мехатроника на камиони и тешки возила


Министерството за образование и наука и Швајцарската развојна организација Хелветас преку регионалната програма RECONOMY, финансирана од Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (Sida) ќе соработуваат во развојот на нова образовната квалификација – специјалист за мехатроника на камиони и тешки возила, на почетокот како дел од образованието за возрасни, а понатаму како дел од формално стручно […]

Амбасада на САД го менува закажувањето за визи


Американската амбасада во земјава соопшти дека поради промена на системот за закажување за визи, апликантите нема да можат да уплаќаат, закажуваат или откажуваат термини во период од една недела во втората половина од месецов. На 30 мај 2025 година, Амбасадата на САД во Скопје ќе премине на нов систем за закажување за визи. Помеѓу 19 […]

Почина Филип Аврамчев, поранешен директор на Универзална сала


Почина Филип Аврамчев, поранешен директор на Универзалната сала и долгогодишен член и активист на Либерално-демократската партија, објавија денеска од партијата на Фејсбук. Филип Аврамчев е роден во Скопје, своето образование го стекнува во родниот град, во Оклахома, Атина и во Женева. Помеѓу кариерата во приватниот сектор, беше дел од тимот во 2013 година во Општина […]

Учениците ги покажаа своите модни идеи на изложбата „Моден дизајн“ во Прилеп


Учениците од текстилно – кожарската струка од СОУ „Ѓорче Петров“ од Прилеп денеска, на свој креативен начин, создадоа изложба со наслов „Моден дизајн” на која се претставија со околу 300 свои модни скици. Изложбата се одржа во холот на училиштето под менторство на професорката Јулијана Поповска, а содржи модни илустрации – простор каде линијата се претвора […]

Кривичен го одобри во целост обвинителниот акт за случајот „Адитив“


Основниот кривичен суд Скопје донесе решение со кое се одобрува во целост обвинителниот акт за случајот „Адитив“, по што оформен е кривично – правен предмет, кој преку АКМИС системот ќе биде распределен на понатамошно постапување кај судија. Како што информираа од Кривичен, Советот за оценка на обвинителен акт постапувајќи по Обвинителниот акт во јавноста познат […]

Трошановски: Засега не назадуваме, но на добар пат сме доколку Собранието не ги донесе изготвените закони од Министерството за правда


Засега не назадуваме, но на добар пат сме да почнеме да доцниме доколку Собранието најитно не почне да работи и да се поднесат законите од страна на Министерството за правда, истакна претседателот на Институтот за демократија „Социетас Цивилис“, Марко Трошановски, по заедничката панел-дискусија со Институтот за европска политика од Берлин, која беше посветена на предизвиците […]

Краток интензивен дожд причина за делумно поплавување на улици низ Тетово


 Појавата на интензивен дожд во текот на претладневните часови на дел од улиците низ Тетово резултираше со краткотрајно поплавени коловози, а водата навлезе и во дворови од куќи и други објекти.   Екипите на Јавното претпријатие за водовод и канализација – „Шар“ интервенираа со чистење на затнати шахти со цел побрзо одлевање на насобраната вода. […]

Од локална акција до регионален ефект: Собирните центри сe клучни за ефикасен систем за управување со отпад


Денес, во Охрид се одржа работилница посветена на унапредување на регионалниот систем за управување со отпад со посебен фокус на воспоставувањето и функционирањето на собирните центри за селекција на отпад како важен дел од регионалниот систем. На работилницата земаа учество претставници од пилот општините и комуналните претпријатија од Југозападниот и Пелагонискиот регион во земјата (Битола, […]

УХМР: Април просечно топол и просечно влажен


 Согласно мерењата и набљудувањата на метеоролошките станици во Република Северна Македонија, месец април 2025 година, се карактеризира како просечно топол и просечен до влажен во однос на врнежите месец, во споредба со многугодишните просечни вредности (1991/20), соопшти УХМР. Средномесечната температура изнесуваше од 5,7°С во Лазарополе до 14,4°С во Гевгелија. Споредено со просечните априлски средномесечни температури, […]

Познат инфектолог од приватното здравство стана дел од тимот на Битолската болница


БИТОЛА – Познат лекар од приватната клиничката болница „Аџибадем Систина“ од Скопје стана дел од тимот на Битолската клиничка болница и веќе го води Инфективното одделение. Д-р Хараламбос Сидиропулос, специјалист по инфектологија е лекарот кој повторно ќе го врати во функција Инфективното одделение во Битолската болница, која остана без специјалист пред речиси две години. Директорката на […]

Јаневска: Ќе биде надминат во најбрз рок проблемот со прекинатото право на студентски оброк


Министерката за образование и наука Весна Јаневска соопшти дека во најкраток рок ќе биде надминат проблемот на студентите на кои овој месец им било прекинато правото на субвенциониран студентски оброк зашто примаат семејна пензија поради починат родител. По реакции од студенти, Јаневска изјави дека ја добила информацијата и оти се работи за 181 студент кои […]

Во Охрид 500 луѓе трчаа на хуманитарна трка за Кочани


Околу петстотини ученици од охридските средношколски центри денеска трчаа за поддршка на семејствата на жртвите во несреќата во Кочани. Трката „Од срце трчај со срце дарувај за Кочани” во должина од три километри долж Кејот на Охридското Езеро се одржа во организација на СОСУ „Св.Кирил и Методиј”, во соработка со општинското Јавно претпријатие „Билјанини извори”. […]

Невреме проследено со силен ветер и крупен град во Дојран


Дојран пладнево беше зафатен од невреме проследено со обилен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и крупен град. Како што информираат од Центарот за управување со кризи, во моментов се движи нова нестабилна маса од Гевгелија кон Дојран, по што се очекува невреме со истите појави. – Пред 20-тина минути Дојран беше зафатен од невреме проследено […]

ЈП за Државни патишта: Градежните работи на патот Прилеп-Крушево ќе завршат до 25 мај


Инвеститорот на градежните работи на регионалниот пат Прилеп-Крушево бара трпение од локалното население, зашто градежните работи на делницата на патот ќе завршат до 25 мај и тој повторно ќе биде ставен во функција. Ова по протестите на жителите и блокадата на натот кои бараат друго, прифатливо решение за да не се блокира, како што велат, […]