Утре и вторник – магла, потоа дожд и снег


Утре и во вторник времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури и со услови за појава на магла или ниска облачност по одделни котлини. Потоа во следните денови под влијание на серија од влажни воздушни бранови времето ќе биде променливо облачно и ветровито со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет, кои на планините …

Утре и вторник – магла, потоа дожд и снег Read More »

На Меѓународниот ден на студентите: МОН најавува модернизација на програмите


 Министерката за образование и наука Весна Јаневска го честита Меѓународниот ден на студентите, 17 Ноември, потенцирајќи дека за актуелната Влада, поддршката на нивното образование и воопшто унапредувањето на студентскиот стандард се високо дефиниран приоритет. -Покажавме дека сме фокусирани на студентите во изминатите 4 месеци, а јас уверувам дека така ќе остане и во следните 4 …

На Меѓународниот ден на студентите: МОН најавува модернизација на програмите Read More »

Меѓународна ноќна атлетска трка „Низ улиците на Скопје“


По повод Денот на ослободувањето на Скопје, 13 Ноември, а во организација на Атлетската Федерација на Македонија ќе се одржи традиционалната меѓународна ноќна атлетска трка „Низ улиците на Скопје 2024”, со почеток од 16 часот. Ноќната атлетска трка е една од најстарите манифестации кај нас и една од најстарите на Балканот и се одржува традиционално …

Меѓународна ноќна атлетска трка „Низ улиците на Скопје“ Read More »

Годишен концерт на Градскиот мешан хор Вардар ,, Македонски хорски мајстори”


Градскиот мешан хор „Вардар“ од Скопје вечер ќе одржи годишен концерт со наслов „Македонски хорски мајстори“. На програмата претежно ќе бидат застапени дела од македонски хорски композитори, со што хорот ја продолжува заложбата за презентација на богатото македонско хорско творештво, стои во соопштението на организаторите. Концертот ќе се одржи во Музејот на македонската борба за …

Годишен концерт на Градскиот мешан хор Вардар ,, Македонски хорски мајстори” Read More »

Студено со појава на магла по котлините


 Времето денеска ќе биде студено со појава на магла по одделни котлини. Преку денот сончево и претежно тивко со мала до умерена локална облачност. Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени. Во Скопје наутро студено со услови за појава на магла. Преку денот …

Студено со појава на магла по котлините Read More »

Стефковски бара безбеден превоз од градоначалничката на Скопје „во заминување“


На својот Фејсбук профил  градоначаникот на Гази Баба, Бобан Стефковски вели дека  „утрово, автобус сопственост на ЈСП Скопје излетал од патот Раштак – Булачани. Согласно информациите кои ги имам за среќа нема повредени граѓани, бидејќи автобусот бил празен“. „Изразувам сериозна загриженост по однос на состојбата во која се наоѓа возниот парк на ЈСП Скопје. Барам …

Стефковски бара безбеден превоз од градоначалничката на Скопје „во заминување“ Read More »

Со специјални адитиви патот Кичево-Охрид ќе се гради и во зима


Нема да има застој во текот на зимските месеци во изградбата на патиштата кои се градат во земјава, најави денеска од Штип директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски. Градежните компании кои работат на неколку патни правци во земјава имаат набавено специјални адитиви. Во зимски услови ќе се асфалтира на делница од Страцин …

Со специјални адитиви патот Кичево-Охрид ќе се гради и во зима Read More »

Во Македонија има епидемија на дијабетис


Во Македонија има 130 илјади дијабетичари и  уште околу 70 илјади  кои не се потврдени велат, од Клиниката за ендокринологија. Директорот на клиниката Танер Хасан вели дека бројката се зголемува и дека дијабетот расте во епидемиски бројки. Потребно е редовна медицинска контрола на луѓето со дијабет, но и едукации и кампањи за целото население. Од …

Во Македонија има епидемија на дијабетис Read More »

Протест во Кисела Вода, градилиштата им ја загрозуваат безбедноста


Жителите на улицата Народни Херои во скопската општина Кисела Вода излегоа на мирен протест на крстосницата меѓу улиците Народни Херои и Борис Трајковски.Причина за протестот се нерешените инфраструктурни проблеми и законските прекршувања од страна на околните градилишта, кои, според жителите, значително ја загрозуваат безбедноста на пешаците и гo отежнуваат пристапот до нивните домови. „Се крши …

Протест во Кисела Вода, градилиштата им ја загрозуваат безбедноста Read More »

Газдарицата на фирмата што требаше да ја гради катната гаража кај Собранието владата ја постави во АЕК, тврди СДСМ


  Опозициската СДСМ денеска на прес-конференција објави дека ВМРО-ДПМНЕ продолжува со партизацијата на институциите, овој па на Агенцијата за електроснки комуникации (АЕК). „Сопственичката на фирмата што требаше да ја изгради спорната катна гаража кај Собранието, Анкица Трпковска, власта ја избра да биде член на Комисијата на АЕК со надоместок од 2.700 евра месечно. Ухлебувањето на …

Газдарицата на фирмата што требаше да ја гради катната гаража кај Собранието владата ја постави во АЕК, тврди СДСМ Read More »

Сиљановска формираше Совет за млади


  Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова донесе одлука за формирање на Совет за млади, како повремено работно тело кое ќе ги разгледува и анализира прашањата поврзани со младите, младинските политики и иницијативите кои произлегуваат од потребите на младите со цел да се унапреди нивната положба во општеството. Советот за млади, кој се формира во пресрет на 17 …

Сиљановска формираше Совет за млади Read More »

Семинар, предавање, промоции и дегустации на 9. Недела на италијанската кујна во светот


Овогодинешната тема на 9. Недела на италијанската кујна во светот! – „Медитеранската исхрана и рецептите на нашите предци: Здравје и традиција“ – ја слави врската меѓу италијанската кујна, нејзините корени и здравјето, истакнувајќи ја суштинската улога на медитеранската диета како здрав и одржлив модел на живот. Од 16 до 22 ноември, во Северна Македонија ќе …

Семинар, предавање, промоции и дегустации на 9. Недела на италијанската кујна во светот Read More »

Магла на Стража, Ѓавато, Маврово и Плетвар


Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла има на планинските превои Стража 80 м Ѓавато 100 м, Маврово 80 м, и Плетвар 80 м, соопшти ЈП Македонијапат. Сите патни правци во државата се проодни. На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е …

Магла на Стража, Ѓавато, Маврово и Плетвар Read More »

Земјотрес почувствуван утрово во Дојран


Земјотрес со Рихтерова локална магнитуда ML3.0 е регистриран изутринава во 5 часот и 31 минута во епицентралното подрачје Дојран-Кукуш, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Епицентарот бил на 80 километри југоисточно од Скопје. Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Дојран и блиската околина со интензитет од III степени …

Земјотрес почувствуван утрово во Дојран Read More »

Намалена видливост поради магла од 80 до 100 метри на планинските превои Стража, Маврово, Плетвар и Ѓавато


 Намалена видливост од 80 метри поради појава на магла има на планинските превои Стража, Маврово и на Плетвар, а на Ѓавато до 100 метри. Сообраќајот на останатите патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози, соопшти ЈП „Македонија пат“. Според извештајот од 18 часот, сите патни правци во државата се проодни, а на одредени патни …

Намалена видливост поради магла од 80 до 100 метри на планинските превои Стража, Маврово, Плетвар и Ѓавато Read More »

Арсовска го разреши директорот на „Улици и Патишта“


Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, го разреши директорот на јавното претпријатие „Улици и Патишта“, Ванчо Умлевски, објави порталот Скопје1. Причините за разрешувањето засега не се објавени. Умлевски ја извршуваше функцијата само пет месеци. Оваа одлука е дел од низата смени што ги направи Арсовска за време на својот мандат, при што досега разреши над 30 …

Арсовска го разреши директорот на „Улици и Патишта“ Read More »

Ослободени од комуналии ќе се градат училишта, болници и катни гаражи кои се 100 отсто во државна сопственост


Со измени во Законот за урбанистичко планирање и Законот за градење, во поедноставна постапка и ослободени од комуналии, ќе може да се градат училишта, градинки, амбуланти, болници и катни гаражи кои се во 100 проценти сопственост на општините и државата. Ова го изјави денеска заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николовски по …

Ослободени од комуналии ќе се градат училишта, болници и катни гаражи кои се 100 отсто во државна сопственост Read More »

МОН: Учениците задолжително ќе учествуваат во општествено корисни активности


На национална конференција за соработката помеѓу Владата и граѓанскиот сектор, министерката за образование и наука Весна Јаневска соопштила дека Министерството и Бирото за развој на образованието првпат годинава изработиле програма за учениците од седмо до деветто одделение, според која секој ученик е обврзан да учествува во општествено корисни активности со вкупно 30 часови годишно. Како …

МОН: Учениците задолжително ќе учествуваат во општествено корисни активности Read More »

Денес ќе се објават проектите на општините што ќе се финансираат од унгарскиот кредит?


  Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, се сретна со претставници на ЗЕЛС за да разговара за измена на два закони кои треба да помогнат за развој на општините: Законот за урбанистичко планирање и Законот за градење. Со овие измени ќе се овозможи градба на училишта, градинки, амбуланти, болници и катни гаражи …

Денес ќе се објават проектите на општините што ќе се финансираат од унгарскиот кредит? Read More »

Почна експертската расправа за реформа на Судскиот совет


Воведување на цензус за избор на членови на Судскиот совет од редот на судиите и формирање на независна Комисија за спроведување на изборот на кандидати за членови во Судскиот совет од страна на Собранието. При изборот на судии, се предлага членовите на Судскиот совет да гласаат поединечно за сите кандидати на ранг листата, а се …

Почна експертската расправа за реформа на Судскиот совет Read More »