Верските лидери потпишаа дека ќе соработуваат за превенција и спречување на насилен екстремизам


Лидерите на верските заедници од земјава, денеска, по иницијатива на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОЗРГ), потпишаа Декларација на верските лидери во Република Северна Македонија против насилен екстремезам. На потпишувањето беше посочено дека верските заедници се меѓу клучните чинители за превенција и спречување на […]

Траеше 20 дена: Се раскопа свежиот асфалт на индустриската обиколница во Битола


  БИТОЛА – Неполн месец по асфалтирањето се раскопа асфалтот на новата обиколница во индустрискиот дел на Битола – улицата „Бурса“. По оваа сообраќајница најчесто минуваат тешки товарни возила кои разнесуваат стоки од локалните фабрики. На видео советникот на независната група „Поинаку“, Иван Чулакоски, ја прикажа состојбата кревајќи ги делчињата асфалт в рака додека автомобили […]

Состанок на ЗЕЛС за иницијативата центрите за социјална работа да преминат под надлежност на локалната самоуправа


Состанок посветен на разгледување на можностите за децентрализација на социјалните услуги се одржал денеска во просториите на Заедницата на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС). Се дискутирало за иницијативата центрите за социјална работа да преминат под надлежност на локалната самоуправа. Овој чекор, според ЗЕЛС, се гледа како клучен во насока на подобрување на пристапот и квалитетот […]

Затворени 13 научни институти, уште 13 под силен мониторинг


Вкупно 13 научни институти се затворени, а уште 13 се под силен мониторинг и допрва треба да се види колку од нив ќе бидат затворени. Затворена е и една медицинска струка, ќе се затвори и уште една, информира денеска министерката за образование и наука Весна Јасневска. Одговорајќи на новинарски прашања по панелот во рамки на […]

И Панче Тошковски се прошета до Дубаи


  И министерот за внатрешни работи Панче Тошковски се прошета до Дубаи. Деновиве тој е во посета на ОАЕ кое станува преферирана дестинација на нашите политичари. Тој сподели информација и видео од неговата посета. „Деновиве на покана на министерот за внатрешни работи присуствувам во Обединетите Арапски Емирати, каде што учествувам на Светскиот полициски самит во […]

Во Кочани не се откажуваат од дивоградбите, место да ги урнат му се закануваат на градоначалникот


„Некои угостители во Кочани свесно ја злоупотребуваат довербата на јавноста. Без никакво одобрение, уплаќаат средства на јавно достапни сметки на општината само за да создадат лажна слика дека имаат дозвола за користење на јавен простор. Во реалноста, никоја од дивоградбите во трговскиот центар нема добиено легално одобрение ниту за април, ниту за мај. Овие објекти […]

Општина Центар распишува Јавен повик за реализација на проектот „Нож и вилушка на европска чинија“


По повод Меѓународниот ден на семејството 15 Мај, Општина Центар распишува Јавен повик за реализација на проектот „Нож и виљушка на европска чинија“, како дел од Годишната програма за култура на општината. Во рамките на овој проект, планирано е претставување на карактеристични производи од традиционалната македонска и европска храна. „Ги повикувам сите заинтересирани да се […]

За смртта на Фросина, Васил доби 12 години затвор – таткото излета од судницата


  По изрекувањето на пресудата за Васил Јованов од 12 години затвор за тоа што ја прегази и ја усмрти Фросина Кулакова на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје, на пешачки премин, под дејство на алкохол, со пребрзо возење и без воопшто да има возачка дозвола, таткото на загинатата ја напушти судницата уште пред да биде […]

На спорното земјиште на ул. „Киро Крстевски-Платник“ ќе никне простор по мерка на граѓаните


Општина Центар ја расчисти спорната парцела зад зградата на улицата „Киро Крстевски – Платник”, каде што претходно беше лоцирана диво изградена конструкција. „Имавме неколку средби со жителите од околните згради и ќе излеземе во пресрет на нивните барања. Просторот ќе добие намена која ќе биде во функција на граѓаните и по нивна мерка”, изјави градоначалникот […]

МВР со апел до граѓаните да внимаваат на лажни е-пораки – фишинг линкови


Секторот за компјутерски криминал при Бирото за јавна безбедност на Министерството за внатрешни работи периодов констатираше зачестена појава на така наречени фишинг напади преку електронска пошта во која се злоупотребуваат имињата на повеќе македонски компании со цел неовластено прибавување на податоци од нив. Овие пораки лажно тврдат дека сте сториле повреда на авторски права и […]

Зелен катастар имаат само три општини од 80, стратегии за развој на зеленилото само две


Од 34 општини со седиште во град 29 општини не преземале активности за воведување Зелен катастар, со што, според Државниот завод за ревизија (ДЗР) не ги обезбедиле предусловите за правилно планирање и одржување на зелените површини.  ДЗР во денеска објавената Ревизија на успешност „Урбанистичко планирање на зелената инфраструктура во градовите“, наведува дека Зелен катастар во […]

(Во живо) Пресуда за Васил Јованов за прегазувањето на Фросина Кулакова


 Во Основниот кривичен суд Скопје се изрекува пресудата за случајот со прегазувањето на Фросина Кулакова, откако на судењето што почна на 9 овој месец обвинетиот Васил Јованов призна вина за делото „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ за сообраќајката што се случи во јануари годинава на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје.

Крис Павловски ќе го бара гробот на Александар Македонски во Македонија


Канадскиот бизнисмен со македонско потекло, Крис Павловски, најави дека ќе финансира истражувања во археологијата со цел да се пронајде гробот на Александар Македонски.   Во гостување во „Тема на денот“ на Сител ТВ, на прашање во врска со неговата објава на социјалната мрежа Икс дека слетал во „земјата на Александар Велики“ и дека ќе го […]

Покачено е нивото на водата во хидроакумулациите во струмичко


Покачено е нивото на хидроакумулациите во струмичко во споредба од пред три месеци, посебно на поголемите, информира за МИA од АД „Водостопанство на Македонија“-Подружница „Струмичко Поле“ Струмица. Во најголемата акумулација „Турија“, од која со вода за пиење се снабдуваат општините Струмица и Василево, до вчера се собрани 20 милиони метри кубни вода од вкупно 50 […]

ДЗР: Тетово нема парк – Чаир и Кисела Вода имаат само 3 отсто од зеленилото на Скопје


Од 34 општини со седиште во град, ГУП-овите на 22 општини не го исполнуваат препорачаниот стандард за озеленетост од 25 м2 по глава на жител, констатираат државните ревизори, во последниот извештај. Масовната урбанизација на просторот, долгите постапки за донесување урбанистички планови, недонесените годишни програми за подигање и одржување на зеленилото, финансирањето на урбанистички планови од […]

Без струја делови од Кисела Вода и Сарај


 Поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без струја ќе бидат делови од општините Кисела Вода и Сарај.  Како што информира утринава Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, повикувајќи се на информации од ЕВН Македонија, во периодот од 08:15  до 14:00 часот без електрична енергија ќе бидат дел од селото Кондово пред […]

Измените на законите за основно, средно и високо образование пред матичната собраниска комисија


Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за образование, наука и спорт, за земјоделство, шумарство и водостопанство, како и Законодавно-правната комисија. На дневен ред на Комисијата за образование, наука и спорт се Предлог-измените на законите за основно образование, средно образование и за високо образование, сите во прво читање.  Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе […]

Облачно со повремен локален дожд, наместа пороен со грмежи и силен ветер


Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд. Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на краткотрајно невреме. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11, а максималната ќе достигне од 15 до 23 степени. Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно со […]

Велешани претстојното лето ќе имаат доволни количества на вода за пиење од ХС „Лисиче“


Жителите на Велес и околните населени места кои со вода за пиење се снабдуваат преку Хидросистемот„Лисиче“ ќе имаат доволно количества на вода во претстојното лето,но и до крајот на годинава. Моментално максималната кота на езерото „Лисиче“ е 421,01 метри надморска височина, кои пресметано во акумулација се 21 милион 209 илјади и 600 метри кубни метри, […]

Полицискиот синдикат излезе на протест, бара основната плата да биде колку минималната


  Независниот синдикат на полицијата (НСП) денеска одржа протест во Скопје на кој беше побарано да се почитува Законот за минимална плата и основната плата во полицијата да биде најмалку колку минималната плата. Се бара и воедначување на судската пракса на целата територија на државата и спроведување на судските постапки во законски предвидените рокови. „Денеска […]