Струмица сама ќе си бара негувателки за градинките – надлежните министерства не даваат согласност


Поради недостаток на негувателки во градинките под надлежност на општина Струмица, градоначалникот Костадин Костадинов упати силна порака до јавноста: „Бидејќи дечињата згрижени во градинките под надлежност на општина Струмица имаат потреба од негувателки, а Министерството за финансии на Гордана Димитриевска-Кочовска и Министерството за труд и демографски политики на Фатмир Лимани одбија да ни дадат согласност […]

На Онкологија 29 пациенти примале несоодветна терапија: обвинет д-р Нино Васев и други доктори


Поранешниот директор на Онкологија, Нино Васев е првообвинет во случајот за злоупотреба на терапијата на Клиниката за онколошки пациенти.  Обвинети се уште тројца онколози, како и економскиот директор Нехат Нухи, кои во клиниката работеле во 2018 година.  Поднесени се две обвиненија за случајот „Онкологија“, откри денеска шефот на скопските обвинители, Гаврил Бубевски, а  се гонат лицата […]

ОЈО со прес-конференција за предметот „Онкологија“ (видео)


Прес конференција  за предметот „Онкологија“ на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, Основниот јавен обвинител на ОЈО Скопје Гаврил Бубевски и предметната обвинителка Ана Гоговска Јакимовска.    

Мицкоски се видел со најголемиот дел родители на настраданите од Кочани – ќе продолжи да помага


Премиерот Христијан Мицкоски со најголем дел од родителите на загинатите во дискотеката „Пулс“ во Кочани се има видено и како што рече ќе продолжи да се гледа, разговара и ќе им се помогне на семејствата на повредните. -Апсолутно имаме организиран пристап и со родителите се видов, најголемиот дел од родителите и ќе продолжам да се […]

Деребан: Одлуката на Управниот суд е конечна и правосилна, по неа треба да постапат Собранието и Судскиот совет


Одлуката која ја донесе Управниот суд е конечна, правосилна и по напатствијата од истата треба да постапат Собранието и Судскиот совет, изјави денеска заменик министерот за правда Ален Деребан, одговорајќи на новинарско прашање како ќе се рефлектира одлуката на Управниот суд за поништување на изборот на Елизабета Дуковска за уставна судијка. Тој потенцира дека нема […]

Мицкоски до Арсовска за дивоградбите во Чаир: Таа има ингеренции


Премиерот Христијан Мицкоски ја повика градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, да постапи за градилиштето во Чаир за кое тврди дека е без градежна дозвола. „Таа има ингеренции. Ако навистина мисли дека е така, тогаш треба да постапува затоа што од филозофирање и гола реторика народот нема фајде“, кусо рече денес премиерот Мицкоски одговарајќи на новинарски […]

Синоќа, гром запали куќа во Велес, нема повредени


Во Територијалната противпожарна единица во Велес синоќа во 20.35 часот имало дојава за пожар на куќа од удар на  гром на улица „Крали Марко“ бр. 17 во стариот дел од градот попознат како „Карпа Маале“, во близина на центарот на градот. Противпожарната единица веднаш интервенирала, а пожарот бил изгаснат во 21.55 часот.

ДЗР со неповолно мислење за финансиското работење на Клиниката за хематологија за 2023 година


Државниот завод за ревизија (ДЗР) по извршената ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизијата на усогласеност на Јавната здравствена установа Универзитетска клиника за хематологија на сметката за средства од Фондот (737) за 2023 година изразува неповолно мислење во однос на вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи и мислење со резерва за усогласеноста на финансиските трансакции […]

„Макпетрол“ со трета по ред награда за општествено одговорната кампања „Крени Глас“


Општествено одговорната кампања на „Макпетрол“, „Крени глас против врсничко насилство“, се закити со бронза на неодамнешниот фестивал на креативноста, BalCannes. На регионалниот собир, што се одржа од 15 до 18 мај во Ровињ, Словенија, македонската компанија освои признание во категоријата за корпоративни комуникации. Манифестацијата е меѓу најголемите во југоисточна Европа, а годинава беа пријавени рекордни […]

Вработените во пералната на Клиничкиот центар не зеле плата од декември


Вработените во пералната на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, кои велат дека не зеле плата од декември, во знак на револт прекинаа со работа, објави „Канал 5“. „Од декември немаме земено плата, чекаме секој ден. Денеска протестираме и не примаме чаршафи, само зелени зошто тоа треба за операции и не можеме така да оставиме“, велат вработени […]

Општината ќе прави лабораториски анализи на распуканиот асфалт во Битола


  БИТОЛА – Општина Битола најави лабораториски анализи за распуканиот асфалт на битолската обиколница во индустрискиот дел од градот, улицата „Бурса“. Асфалтот распука неполн месец по поставувањето, а по крајот на коловозот лесно се корнат и поголеми парчиња од новиот асфалт. Ситуацијата со распуканиот нов асфалт наиде на бура од реакции во јавноста, кои бараа […]

Утрово без вода дел од Центар, кај МНР


 Утрово  од 08:20 часот вода нема да имаат корисниците од булеварот „Филип Втори Македонски“, информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. Причина е водоводен дефект од ф 150 мм на булеварот „Филип Втори Македонски“ бб во Центар, а прекинот ќе трае до завршување на интервенцијата.

Партија на пензионери: Да се прошири можноста за работно ангажирање на студентите и пензионерите во сите приватни дејности


Партијата на пензионери го поздравИ донесувањето на Законот за работно ангажирање на лица, со кој ќе се регулира работното ангажирање на студентите и пензионерите во формалната економија на државата. „Напоменуваме дека Партијата на пензионери во повеќе наврати досега предлагала овакво решение, со кое ќе биде регулиран работниот однос на лицата кои се пензионери и студенти“, […]

„Пет фест“ на 1 јуни во Скопје


На 1 јуни во Паркот на Франкофонијата во Скопје ќе се одржи „Пет фестивал“ посветен на домашните миленици, одговорното сопствеништво и благосостојбата на животните. Организаторите најавуваат учество на повеќе од 60 професионалци кои ќе ја презентираат својата работа во Пет индустријата. Кинолошкиот сојуз првпат ќе ги претстави меѓународните шампиони во неколку раси, нивните карактеристики и […]

Продолжува надзорната расправа за аерозагадувањето


На седница на собраниската Комисија за здравство денеска треба да се одржи продолжение на надзорната расправа на тема „Ефектите од аерозагадувањето во Скопје и во другите градови врз здравјето на луѓето и мерките што се преземаат за заштита на јавното здравје”. Надзорната расправа почна завчера, а продолженија се најавени и за утре и за 26 […]

Македонското научно здружение за аутизам слави 25 години постоење


Македонското научно здружение за аутизам (МНЗА) денеска го одбележува  јубилејот – 25 години од основањето, круна на четврт век исполнет со посветена работа, истражувања, едукација и поддршка за лицата со аутизам и нивните семејства. Во 2000 година група истакнати професионалци ја иницираа идејата за создавање здружение што ќе работи на унапредување на условите за живот, […]

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ одбележува 76 години од основањето


Најстарата и најголема високообразовна институција во земјава, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје годинава одбележува 76 години од своето основање. По тој повод, Универзитетот организира тридневна програма на настани кои ќе се одржат денеска, на 23 и 30 мај, како дел од чествувањето на јубилејот и патрониот празник – Денот на светите Кирил и […]

Конференција за одговорноста за човековите права и за нивното унапредување


 Конференција на тема „Одговорност за човековите права: Националните одговори на препораките на Народниот правобранител и Универзалниот периодичен преглед за унапредување на човековите права“ денеска ќе се одржи во Скопје во организација на народниот правобранител, со финансиска поддршка од норвешкото Министерство за надворешни работи, во соработка со Програмата за развој на Обединетите нации – УНДП и […]

Променливо облачно и топло, попладне можен пороен дожд


Времето денеска ќе биде променливо облачно и топло со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Попладне наместа ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, а максималната ќе достигне од 23 до 29 степени Целзиусови. И во Скопје ќе […]

За пет месеци Клиниката за гинекологија ќе добие нов лик


Од денеска почна комплетното реновирање и реконструкција на амбулантите, лабораториите и специјалистичките кабинети на Клинички центар „Мајка Тереза“ ЈЗУ УК Гинекологија и акушерство во Скопје. Реконструкцијата е во износ од 29 милиони денари со што, се очекува, да се создадат услови за поефикасна дијагностика и лекување на пациентите. Директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство, […]