Гори Вардариште, а Аеродром, Маџари, Хиподром, Јурумлери немаат струја


Два дена гори Вардариште, а во моментот екипи на противпожарната служба повторно го гасат пожарот. Граѓани незадоволни на официјалните Фејсбук страници на општина Аеродром и неформалните групи споделуваат фотографи и испраѓаат повици да се стави крај на оваа практика, на Вардариште да се палат кабли за да се дојде до бакарот во нив. Денеска пак, […]

ДИК: Измени на Годишниот план за јавни набавки за подготовка за претстојните локални избори


Државната изборна комисија, денеска ја одржа 125-тата седница на која членовите на комисијата ја разгледаа и усвоија одлуката за измена на Годишниот план за јавни набавки во пресрет на претстојните локални избори. Членовите на ДИК едногласно ги изгласаа и усвоија и решенијата за утврдување на пописите на избирачките места во неколку скопски општини и Радовиш. […]

Георгиј избран за митрополит дебарско-кичевски


  На денешната седница на Синодот на МПЦ, без ниту еден глас против, за нов митрополит на Дебарско-кичевската епархија го избра игуменот Георгиј. Со овој избор, завршува периодот на вакуум што траеше од ноември минатата година, кога почина митрополитот Тимотеј – еден од највлијателните архиереи во последните децении. Со тоа заврши неизвесноста дали на синодската […]

Јанев: Со дигитализацијата зголемена бројката на лица детектирани по потерници на граничните премини


Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, изјави дека интензивно се работи за воспоставување на системот „One Stop”, на граничниот премин Табановце – Прешево со Србија.  -Во делот со Република Србија работиме интензивно, тест фаза е, останува договорите да поминат во двата парламенти и набрзо ќе добиете информација дека и тој систем ќе биде […]

На Театар комедија осамна мурал за Светскиот ден на рисот


Со мурал од балкански рис и мала прослава, Македонското еколошко друштво денеска го прослави Светскиот ден на рисот. „Конечно најдовме дом за муралот, најдовме и артист кој го нацрта, и најдовме човек кој има визија и кој е отворен за соработка, а тоа е директорот на Театар Комедија – Дарко Спасов. Целта ни е со […]

Младите ќе ја водат локалната акција и ќе влијаат на глобалните климатски одлуки


Младите организираат прва Локална младинска конференција –LCOY Северна Македонија 2025 – која ќе се одржи од 12 до 14 јуни во Скопје. На конференцијата млади од целата земја ќе дискутираат за локалните климатски и еколошки предизвици, ќе споделат свои идеи за националните приоритети за животната средина и ќе придонесат кон глобалниот младински став пред Конференцијата на […]

Картел во фармацевскиот бизнис: „Д-р Пановски“ и „Фарма трејд“ казнети со 1,8 милиони евра за набавка на инсулин


  Вишиот управен суд со пресуда (УПРЖ бр.63/2024) го потврди решението на Комисијата за заштита на конкуренцијата со кое Комисијата утврди дека две големи веледрогерии АД „Д-р Пановски“ и „Фарма трејд“ ДООЕЛ Скопје склучиле забранет договор – КАРТЕЛ при учество во постапка за јавна набавка на инсулин, глукагон, инсулински игли и ленти за мерење шеќер […]

Кога ќе се намали бројот на казина? Најавен до Нова година, уште се чека на законот за игри на среќа


Бројот на автомат-клубови, коцкарници и слично треба природно да се намали, откако ќе се донесе новиот закон за игри на среќа. – Законот за игри на среќа, по неколкумесечно работење и негово усогласување е готов. Очекувам уште овој месец да ја помине владината процедура и да влезе во парламент – рече премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи […]

Арсовска до Ѓорѓиевски: На здравје да ви е кафето со Вики Ганиу – доаѓам и во Кисела Вода


  Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, во постови на поранешна новинарка на социјалните мрежи, препозна нарачка од претендентот за нејзината фотелја, Орце Ѓорѓиевски, сегашен градоначалник на Кисела Вода. Исто така, преку пост на Фејсбук Арсовска, му порачува дека штом заврши со Висар Ганиу, градоначалникот на Чаир и дивоградбите за кои обвинува дека ги гради и […]

СД „Пелагонија“ отворен за сите студенти од 1 јули


Универзитетското студентско собрание (УСС) на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) информира дека студентскиот дом „Пелагонија“ ќе биде отворен за сите студенти на кои им е потребно сместување во текот на летото, почнувајќи од 1 јули 2025 година. Од УСС-УКИМ ги објавија и цените за сместување. „Доколку ви треба сместување за неколу вечери цената е […]

Герасимовски им вети безбедни пешачки зони, хигиена и култура на дебармаалци


Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, синоќа се сретна со жителите на Дебар Маало во рамки на караванот „Се гледаме во маало“. Средбата се одржа на спомен-клупата на Горан Стефановски, каде што дебармаалци имаа можност директно да разговараат со градоначалникот, да дадат предлози и да се информираат за тековните и планирани општински активности. „Дебар Маало […]

Влада: За три дена 109 повредени лица од Кочани ги доставија своите барања и предлози, ги охрабруваме и другите


 За три дена од пуштање на телефонската линија  070/355-526,  наменета за повредените лица во пожарот во Кочани и нивните семејства директно да комуницираат со Канцеларијата на Претседателот на Владата, 109 граѓани ја искористиле можноста и доставиле свои барања и предлози. -Ова покажува дека оваа телефонска линија дава резултат и дека Владата е отворена за секаква […]

Без вода корисниците од улицата „Осло“ во Карпош


Како што информира ЈП „Водовод и канализација“, причина за прекинот е изведување водоводен приклучок од ф – 100 мм на улицата „Осло“ бр. 15б. Се очекува во текот на денот да се нормализира водоснабдувањето.

Сончево и топло со температура до 35 степени Целзиусови


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.   Во Скопје, претежно сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Температурите во утрнските часови се движат од 11 во Берово и Маврово, до 20 в0 Гевгелија, а дневните ќе достигнат вредност до […]

Правните застапници на оштетените семејства на Вања и Панче во целост ги прифаќаат завршните зборови на Обвинителството


По завршните зборови на Основното јавно обвинителство на денешното судско рочиште за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, правните застапници на оштетените семејства пред судот изјавија дека во целост го прифаќаат барањето на Обвинителството, се приклучуваат кон кривичното гонење и бараат имотно правно побарување. Полномошникот на мајката и сестрата на Вања, посочи дека се […]

УНИЦЕФ препорачува македонските татковци повеќе да си играат со децата


Во Македонија 57.2 отсто од мајките и само 5.4 отсто од татковците се вклучени во активности на учење преку игра со своите деца на возраст од 3 до 4 години. Активностите опфаќаат читање книги, раскажување приказни, пеење песни, излегување надвор со детето, играње со детето, именување на нештата, броење или цртање заедно, покажуваат податоците што […]

Субвенции за велосипед добија 197 жители на Центар


Општина Центар информира дека се исцрпени средствата за субвенционирање на велосипеди, електрични велосипеди и е-тротинети во рамки на јавниот повик „Цел Центар на точак“. „Проектот „Цел Центар на точак“ е потврда дека центарци се подготвени да направат вистински избор за поеколошки и поодржлив начин на движење низ градот. И овојпат интересот беше толку голем што […]

Наградно летување за првенците на генерација од основните училишта во општина Карпош


 Учениците од основните училишта во општина Карпош кои во изминатите девет години се стекнале со признанија и дипломи на државно и локално ниво и кои постигнале најдобар успех, наградени се со седумдневно летување во детскиот летен камп „Каливас” во  Метаморфозис, Халкидики, во Грција, заедно со најдобрите спортисти и освојувачи на пехари на училишно ниво. Како […]

Се обновиваат игралиштата низ Аеродром


Со цел да се унапреди квалитетот на урбаниот живот и да се создадат подобри услови за рекреација и забава на граѓаните, Општина Аеродром во периодов работи на реализација на неколку значајни инфраструктурни проекти. В. д. градоначалникот, Дејан Митески, денеска изврши обиколка на локациите каде што се работи, при што истакна дека овие проекти се дел […]

Мицкоски го охрабрува обвинителството да истражува дали уште некој има одговорност за пожарот во „Пулс“


Премиерот Христијан Мицкоски го охрабри Обвинителството да работи понатаму и да утврдува дали уште некој друг има одговорност во врска со пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во која животите ги загубија 62 млади луѓе и околу 200 беа повредени. По вчерашното одредување мерка притвор од 30 дена за вистинскиот сопственик на Агенцијата за обезбедување „Рубикон“, […]