Градското собрание на Лос Анџелес ќе биде осветлено во боите на македонското знаме во сеќавање на жртвите од трагедијата во Кочани


 Градското Собрание на Лос Анџелес во американската сојузна држава Калифорнија ќе биде осветлено во црвена и жолта боја, боите на македонското знаме, од вечер во 20:00 часот, до вторник наутро во 6:00 часот, по локално време, во чест и сеќавање на жртвите од трагедијата во Кочани. Во објавата споделена на фејсбук профилот на македонската православна […]

Угина мајмунка од редок вид во ЗОО, се бара одговорност


Од Зоолошката градина во Скопје информираат дека угинала женка од загрозениот вид сијаманг. Смртта на животното се случила неодамна, а причините ќе бидат официјално соопштени веднаш по добивањето на резултатите од обдукцијата, која е извршена од стручњаци од Факултетот за ветеринарна медицина. „Со цел поголема транспарентност, како што тоа е пракса и од минатото, јавноста […]

Електронскиот упис во средно бара прво внесување на сите оценки рачно, но и свидетелствата да се однесат лично


За да се пријавите за упис во средно училиште, потребно е да одите на е-uslugi.mon.gov.mk, па со корисничко име и лозинка на schools.mk (кои ги има секој деветтоодделенец), да се логирате на вашиот профил. За да аплицирате, потребно е да внесете лични податоци, а потоа, секоја оценка по секој предмет, впишана во секое свидетелство од […]

Ѓорѓиевски: Бесплатно летување за најуспешните спортисти


И оваа година, продолжуваме со успешната пракса на наградување на младите спортски таленти со бесплатно летување како дел од стратегијата за поддршка на спортот и здравиот начин на живот. Победниците во Лигата на училишен спорт, која опфаќа натпревари во кошарка, фудбал, одбојка и ракомет во машка и женска конкуренција, ќе имаат можност да летуваат во […]

Скопје домаќин на форум за енергетската транзиција на Западен Балкан – МЕФ25


– Под мотото „Мапирање на енергетската иднина на Западен Балкан“ во Скопје денеска започнува осмото издание на Македонскиот енергетски форум – MEF25, регионален настан посветен на енергетската транзиција и одржливиот развој на Западен Балкан. Форумот ќе ги обедини водечките имиња од политиката, индустријата, науката и граѓанскиот сектор, со цел да се поттикне дијалог и соработка […]

За следната учебна 2025/2026 година ќе се доделат 1.570 стипендии за дуалното образование


Преку Министерството за образование и наука за следната учебна 2025/2026 година ќе се доделат најголем број на стипендии за дуалното образование досега, односно 1.570 стипендии за учениците кои ќе се запишат во дуални паралелки во средните стручни училишта, соопшти владината прес-служба. -За тоа дека вложуваме во дуалното образование и ги стимулираме и компаниите за нивна […]

Почнува Петровденскиот (Апостолски) пост


За православните христијански верници кои се водат според Јулијанскиот календар денеска почнува Петровденскиот пост во чест на светите апостоли Петар и Павле и му претходи на празникот Петровден, кој секогаш се одбележува на 12 јули. Должината на Петровденскиот пост зависи од празникот Велигден. Овој пост, еден од четирите повеќедневни пости во текот на годината (Велигденски, […]

Сончево и топло со мала локална облачност


Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 18, а максималната ќе достигне од 27 до 34 степени. Во Скопје ќе биде претежно сончево и топло со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната […]

Земјотрес рано утрово почувствуван во Охрид


Краткотраен, но силен земјотрес утрово во 04:35 часот е почувствуван во Охрид и регионот. Според првичните информации земјотресот бил со магнитуда од 3,8 степени на длабочина од 10 километри, со епицентар на 9 километри североисточно од Охрид. Покрај во Охрид, земјотресот го почувствуваа и жителите на околните населени места, како и во пограничните места во […]

МВР: Одобренија за патување во странство за малолетни лица ќе се издаваат од 8 до 18 часот


Поради зголемен обем на барања, шалтерот во Одделението за управни работи – Скопје (во зградата на МРТВ) за издавање на „Одобрение за патување во странство за малолетни лица“ (деца до 14 години), ќе работи од 08.00 до 18.00 часот,  соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.  Целта, како што појаснуваат од МВР, е да се одговори […]

Досега 22 лица побарале помош да се вратат од Израел во Северна Македонија


До овој момент вкупно 22 лица побарале асистенција од македонските органи за да ја напуштат територијата на Израел и да се вратат во Северна Македонија, информираше Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. Станува збор за државјани на Северна Македонија, како и членови на нивните потесни семејства. „Во тек се активности за нивна скорешна евакуација […]

Комплексот „Македонско село“ ќе ги пречека првите посетители на 19 јуни


Комплексот „Македонско село“, лоциран на падините на Водно кај селото Нерези, официјално ќе биде предаден на новиот концесионер „Ла Тераца“ на 19 јуни во 11:00 часот. Ова го потврди директорот на Службата за општи и заеднички работи, Ивица Томовски. Примопредавањето ќе се одвива во присуство на владини претставници. Големото отворање на „Македонско село“ е најавено […]

Алиу: Ќе ги дисперзираме услугите за онколошките пациенти онаму каде што има услови


Министерот за здравство Азир Алиу, на денешната прес-конференција најави дека ќе се дисперзираат базичните услуги за онколошките пациенти низ државава, онаму каде што и со закон можат да се дозволат. -Ќе ги дисперзираме услугите, тие што се базични и што можат со закон да се дозволуваат ќе бидат достапни за граѓаните за најблиску каде што […]

Герасимовски: Центар со финансиска помош за Кочани, кога е најтешко да си подадеме рака


Општина Центар ќе помогне со финансиски средства на Општина Кочани. Ова вчера беше договорено во Кочани на средбата помеѓу градоначалникот на Центар Горан Герасимовски и В.Д градоначалникот на Кочани Венко Крстевски. „На вчерашната средба договоривме да му помогнеме на Кочани со финансиски средства што ќе искористат онаму кадешто е најпотребно. Кога е најтешко мора да […]

Во МНР формиран кризен штаб достапен 24 часа за македонските државјани од Израел и Иран доколку им е потребна конзуларна помош


 Согласно влошената безбедносна состојба на Блискиот Исток, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до сите државјани на Република Северна Македонија кои се наоѓаат на територијата на Израел и Иран, доколку им е потребна конзуларна помош, веднаш да стапат во контакт со надлежните институции преку дежурните (СОС) телефонски броеви. Воедно, како што стои во […]

Алиу: Јас нема да оперирам срце – ќе креирам систем за лекарите да можат да работат


Креирање систем за да може лекарите да ја вршат својата работа, а пациентите да имаат квалитетна услуга, најави новиот министер за здравство Азир Алиу, како и решавање на наталожените проблеми од изминатите години, проблеми што биле оставени, одложувани или вложени секогаш на сметка на пациентите. Тој вели дека без разлика што не е лекар, може […]

Пречистителната станица во Скопје во напредна фаза од изградбата


Град Скопје кој започна во исто време со градовите во регионот како Подгорица, Приштина и Бања Лука, е во најнапредна фаза на изградба на новата пречистителна станица за отпадни води, најголемиот еко-капитален проект во регионот. Проектот го имплементира ЈП „Водовод и канализација“ Скопје, со силна поддршка од Европската Унија преку Европската банка за обнова и […]

Базар на користена уникатна облека и предмети „Artisan Sunday“ со над 30 изложувачи повторно во „Лабораториум“


Во Културно- едукативниот центар „Лабораториум“ денеска од 12 до 18 часот ќе се одржи ново издание на „Artisan Sunday“, во организација на Re:store маркет. „Artisan Sunday“ е уникатно искуство за креативци и љубителите на одржливата мода со тоа што го комбинира духот на бувјак со современи базари и цели кон создавање на инклузивна, креативна и […]

На „Богородица“ и „Табановце“ се чека околу половина час за влез и излез од државава


На граничните премини „Табановце“ и „Богородица“, времето на чекање за влез и излез од државата изнесува околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини […]