ЈПДП објави повик за продажба, дистрибуција и наплата на патарина со М-ТАГ


Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) објави Јавен повик за склучување договор со правни лица за продажба, дистрибуција и наплата на патарина со уреди за електронска наплата на патарина (ТАГ). Со измените на Законот за јавни патишта изгласани во Собранието минатиот месец, беше најавено дека ќе се овозможи поширока мрежа на достапност за купување и надополнување на […]

Гази Баба собира хаварисани возила – сопствениците казнети


Општина Гази Баба започна акција за подигнување на отпадните возила оставени на јавни површини, кои подолг период ги узурпираат тротоарите, улиците и паркинг местата во општината.   Акцијата ја спроведува Инспекторатот на Општина Гази Баба и ќе трае сè до целосно отстранување на сите возила за кои се води постапка согласно Законот за постапување со […]

И најмалите во Берово научија како да спречат пожари


Во саботата, на плоштадот во Берово се одржа едукативно-информативен настан под мотото: „Огнот не простува – а шумата е живот“, со цел подигнување на јавната свест за значењето и заштитата на шумите, како и за важноста од превенција и навремена реакција при шумски пожари. Со настанот беше испратена јасна и силна порака:„Обучени и опремени професионалци […]

Полноќно враќање на Ќосето пред „Континентал“


Во текот на ноќта, на кружниот тек кај хотелот „Континентал“ во Скопје беше повторно поставен споменикот на Андон Лазов Ќосето, кој пред шест години беше отстранет од пред зградата на Врховниот суд од страна на тогашната градска власт, предводена од поранешниот градоначалник Петре Шилегов. Одлуката за враќање на споменикот беше донесена од Советот на Град […]

Ќе се испитува статиката на надземниот премин „Влајко“, од утре привремен сообраќаен режим


Од утре во 7.30 часот ќе почнат работни активности – стручни мерења за статичко испитување на надземниот премин „Влајко“ во населбата Влае и заради безбедност ќе биде воведен привремен сообраќаен режим. Се очекува да трае седум работни дена и да се реализира во две фази. Како што соопшти Општина Карпош, во првата фаза се предвидува […]

Без струја корисници од делови во Аеродром, Карпош, Петровец и Илинден


Од 8.30 до 12.30 часот денеска без електрична енергија ќе бидат корисниците од ул. „Тодор Чангов“ – крак 49 во општина Аеродром и корисниците од селата Кожле, Летевци, Бадар, Горно Блаце, Катланово и Градманци во општина Петровец. Како што соопшти РЦУК по известување добиено од ЕВН Македонија АД, без струја денеска од 9 до 12 […]

Во десет градови бесплатен и анонимен скрининг по повод Светскиот ден за борба против хепатитисот


Министерството за здравство, заедно со Хепар Центар-Битола и клиниките за гастроентерохепатологија и инфективни болести, по повод Светскиот ден за борба против хепатитисот, денеска почнуваат заедничка национална кампања за бесплатен и анонимен скрининг за хепатитис Б, хепатитис Ц и ХИВ, како и еластографија за хронични црнодробни заболувања. По тој повод, од 10 до 13 часот ќе […]

Сончево, до 37 степени


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Попладне и во вечерните часови ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен, попладне во западните делови повремено засилен ветер од западен, а долж Повардарието од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал […]

Астрономски календар


Денеска е понеделник. 28 јули 2025 година, 209-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 156 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 23 минути, а ќе зајде во 19 часот и 57 минути. Денов трае 14 часа и 33 минути. Месечината, која е во фаза на млада месечина, ќе изгрее во […]

До 18 часот вкупно 29 пожари на отворен простор, од нив 14 активни


До 18 часот вкупно 29 пожари на отворен простор, од нив 14 активни, четири под контрола и 11 изгаснати. Како што информираат од ЦУК активни пожари има во Општина Василево, Радовиш и Берово – с. Нивичино (планината Голем Готен и Малешевските планини – нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација), Општина Прилеп – с. Бешиште, […]

Затворен е преминот Меџитлија на македонско-грчката граница заради пожар


Поради пожар на стрништа затворен е преминот Меџитлија на македонско-грчката граница. Стотина патници кои попладнево од Грција влегуваат во Македонија се вратени назад и упатени на преминот Богородица.   ,,Ни беше речено дека поради пожар не работи во моментов границата и ќе мора да причекаме. Голем број на автомобили чека да влезе во државата. Застанавме […]

До 13:30 часот се евидентирани 16 пожари на отворен простор, од нив осум се активни


 До 13:30 часот на 27 јули 2025 година, на територијата на државата се евидентирани вкупно 16 пожари на отворен простор, од кои осум се активни, шест се ставени под контрола и два се целосно изгаснати. Како што информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов најтежок е пожарот на Планината Готен. -Најсериозен и […]

Корисниците од неколку улици во Скопје попладнево без вода поради улични дефекти


Дел од корисниците од ул.Славејко Арсов, ул.Рилски  Конгрес и ул.Христо Чернопеев денеска од 16:30 ќе имаат прекинато водоснабдување, поради уличен водоводен дефект Ф 80мм на ул.Славејко Арсов бр.12а, информира ЈП Водовод и канализација – Скопје. Прекинот, како што додава ЈП Водовод и канализација – Скопје, ќе трае се до остранување на дефектот. Без вода од […]

СДСМ бара да се објават имиња на потпалувачите на пожарите на отворено


Додека ВМРО-ДПМНЕ глуми опозиција, иако веќе втора година се централна, а четири години локална власт, изгоре пола Македонија, се вели во соопштението од СДСМ што МИА го објавува интегрално. Секогаш кога ВМРО-ДПМНЕ нема одговор и се обидува да избега од одговорност за катастрофалното водење на државата, вината се обидуваат да ја префрлат на опозицијата. Каде […]

Поради пожари за сообраќај затворени регионалниот пат Р1204 во правец Свети Николе – Куманово и ГП Меџитлија


Сообраќајот на регионалниот пат Р1204 во правец Свети Николе – Куманово од 13:30 часот е во прекин за сите видови на возила поради пожар покрај самиот пат, информира АМСМ.  Сите видови возила се пренасочуваат кон автопатот А-4. Поради пожар, додава АМСМ, од 14:30 часот за секаков вид сообраќај е затворен и граничниот премин Меџитлија. 

ДУИ : Скопското Кале мора да се заштити од интервенции што ја загрозуваат автентичноста


Демократската унија за интеграција ја изразува својата загриженост во врска со најавениот проект за изградба на нови објекти во просторот на Скопското Кале, кои наместо зачувување и промоција на историските вредности, претставуваат реална опасност за нарушување и изменување на архитектонскиот и културен оригиналитет на оваа локација со посебно значење за сите граѓани, се вели во […]

Во следните денови нѐ очекуваат поројни дождови, ќе се намалат и температурите


Поројни дождови со грмежи во повеќе делови од земјата нѐ очекуваат попладнево и во следните неколку денови. Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, денеска времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност, попладне, во северните делови, ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, […]

Стевче до Борко : Вие сте изгубени. Петката на премиерот ви стана единица


Градоначалникот на општина Карпош, Стевче Јакимовски не штедеше зборови и со свој фејбук статус му се обрати на Министерот за спорт, или како го нарекува Министер за спорт за светска брука, господинот Борко Ристовски и побара негова одговорност: за лошата организација на Младинскиот Олимписки фестивал што изминатиов период се одржуваше во Скопје и во Куманово.  […]

Водовод продолжува со апел за рационално користење на водата за пиење


ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје во текот на вчерашниот ден повторно констатира енормно зголемена и неконтролирана потрошувачка на водата, која на дневно ниво изнесува околу 360.000 кубни метри. Како последица на сето ова, градскиот водоводен систем функционира со намален притисок и со повремени прекини на вода во делови од градот, велат од јавното градско […]

Во изминатите 24 часа 33 пожари на отворено од кои 16 се изгаснати, а пет под контрола


Во текот на изминатото деноноќие евидентирани се вкупно 33 пожари на отворен простор, од кои 12 се активни, пет се под контрола, а 16 се изгаснати. Активни пожари има во Василево / Радовиш / Берово – с. Нивичино, планина Голем Готен и Малешевските планини (нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација); Прилеп 1 – с. […]