Неделен возен ред на 1 јануари, билетарниците ќе бидат затворени, жичарницата ќе работи од 11 до 17 часот


Јавното сообраќајно претпријатие Скопје денеска ќе сообраќа по неделен возен ред, билетарниците ќе бидат затворени, а жичарницата ќе работи од 11 до 17 часот. Првите вклучувања на возилата на ЈСП Скопје и на приватните превозници, како што се наведува во соопштението, ќе бидат подоцна од воообичаеното, а останатите согласно неделниот возен ред. Од утре (2 …

Неделен возен ред на 1 јануари, билетарниците ќе бидат затворени, жичарницата ќе работи од 11 до 17 часот Read More »

Од денеска возачки дозволи со новото уставно име на државата, регистарските таблички со ознака НМК


Од денеска возачките дозволи со старото име на државата престануваат да важат. Граѓаните кои ќе бидат затекнати со стара возачка ќе бидат санкционирани со парична казна од 100 евра. Досега се издадени повеќе од 800 илјади возачки со новото уставно име на државата.  Согласно Преспанскиот договор, по промената на уставното име на државата, граѓаните имаа …

Од денеска возачки дозволи со новото уставно име на државата, регистарските таблички со ознака НМК Read More »

Во 2025 година пет продолжени викенди


Во 2025 година македонските граѓани ќе имаат пет продолжени викенди. Од вкупно 11 неработни денови за сите граѓани, пет се или се во петок или понеделник и се поврзуваат со викендот, или пак се во недела и согласно Законот неработните денови се префрлаат во понеделник.  Првиот продолжен викенд ќе биде за време на божикните празници, …

Во 2025 година пет продолжени викенди Read More »

На првиот ден од Новата година сончево со температура до 15 степени


На првиот ден од Новата година утрото ќе биде студено со услови за појава на магла по одделни котлини. Преку ден ќе биде сончево со мала локална облачност. Минималната температура ќе биде во интервал од -7 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 15 степени. Во Скопје, наутро ќе биде ведро и студено со …

На првиот ден од Новата година сончево со температура до 15 степени Read More »

Првото бебе во 2025 година е машко


 На Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство  во Скопје во 00.01 часот се роди првото бебе во Македонија. – Се роди здраво машко бебе, тешко 3190 грама и долго 50 сантиметри, информираат од  Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство.  Мајката на новороденчето е Сања Талевски.

Клиника за ТОАРИЛУЦ: Доволен број дежурни екипи во пресрет на новогодишната ноќ


Во пресрет на новогодишната ноќ, Клиниката за ТОАРИЛУЦ информира дека е организирана со зголемен број дежурни екипи за обезбедување на потребната здравствена заштита за граѓаните. – Подготвени сме за обезбедување на неопходната здравствена услуга кај итни и неодложни пациенти, вклучувајќи и пациенти со евентуални несакани последици при прославата на новогодишната ноќ. На сите граѓани им …

Клиника за ТОАРИЛУЦ: Доволен број дежурни екипи во пресрет на новогодишната ноќ Read More »

Претседателката Сиљановска-Давкова по повод новогодишните празници помилува седум осудени лица


Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод новогодишните празници донесе одлука за помилување на седум осудени лица, од кои едно потполно, а шест лица делумно се ослободуваат од понатамошно извршување на казната затвор. Како што соопшти попладнево Кабинетот на претседателката, шестемина осудени лица се помилувани во траење од три месеци, а едно лице три месеци и четири …

Претседателката Сиљановска-Давкова по повод новогодишните празници помилува седум осудени лица Read More »

ИЈЗ: Не јадете сè на гозбите и забавите, одберете овошје наместо грицки


Од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) попладнево советуваат за здрава исхрана за време на празниците, избегнување алкохол и засладени пијалаци, физички активност, доволно сон и да не се користат пиротехнички средства. Да не се јаде сè на гозбите и забавите, е уште еден совет од експертите, како и јадење овошје, наместо грицки. – Можеби во …

ИЈЗ: Не јадете сè на гозбите и забавите, одберете овошје наместо грицки Read More »

Нови 221 случај на грип пријавени минатата недела во државава


Во текот на 52. недела од 2024 година – од 23 до 29 декември, во Република Северна Македонија има 221 случај на групни пријави за заболени од грип – заболувања слични на грипот – 59,0 проценти повеќе во споредба со претходната недела, соопштија попладнево од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Во однос на возрасната дистрибуција, …

Нови 221 случај на грип пријавени минатата недела во државава Read More »

„СОС Детско село“ со новогодишна песна


СОС Детско Село со гордост ја претставува новогодишната песна која носи силна порака за љубов, надеж и припадност. Песната е создадена како посебена инспирација на нашите пријатели Мишел Трајковски и Јана Стојановска, со поддршка на многу наши познати личности и е вистински доказ дека заедно можеме да создадеме магија, се наведува во денешното соопштение на …

„СОС Детско село“ со новогодишна песна Read More »

Јана и Лука најпопуларни имиња во 2024 година


Јана е најчестото женско, а Лука најчестото машко име што им се давани на новороденчињата во земјава во 2024-та година. Според податоците на Управата за водење матични книги, меѓу најчестите имиња годинава кај новородените женски бебиња се и Хана, Софија, Дуа, Ана, Мила, Јована и Миа. Кај машкит деца, пак, најчести имиња покрај Лука се …

Јана и Лука најпопуларни имиња во 2024 година Read More »

Автобусите на ЈСП нема да возат попладнево? Мицкоски вели – проблемот е административен


  Авотбусите на ЈСП се паркираат во гаражите затоа што наводно, според Синдикатот останале без нафта, но премиерот Христијан Мицкоски, уверува дека проблемот е административен. „Вработените во ЈСП не доаѓаат на работа, административен е проблемот, не е проблемот дека нема количини на нафта. Апелирам и до раководството на ЈСП и до раководството на Градот Скопје, …

Автобусите на ЈСП нема да возат попладнево? Мицкоски вели – проблемот е административен Read More »

Четворица ученици од штипското училиште „Тошо Арсов“ спасија човечки живот


Четвртооделенците, Марко Ташков, Ристе Димитров, Михаил Трајчев и Давид Илиев од штипското Општинско основно училиште (ООУ) „Тошо Арсов“ се  млади херои кои покажаа дека вистинското знаење се мери не само со училишните успеси, туку и со неговата примена во најважните моменти од животот. Овие деветгодишни деца пред три дена во паркот во населбата Осми Ноември …

Четворица ученици од штипското училиште „Тошо Арсов“ спасија човечки живот Read More »

Во земјава минатата година се доселиле вкупно 3.176, а се отселиле 2.377 лица


Во земјава минатата година се доселиле вкупно 3 176, од кои 2 654 странци, а се отселиле 2 377 лица, од кои 2 034 македонски граѓани, покажува Статистичкиот годишник на Република Северна Македонија за 2024 на Државниот завод за статистика. Најмногу од доселените странци се од Европа – 2 527, од кои 2 049 од …

Во земјава минатата година се доселиле вкупно 3.176, а се отселиле 2.377 лица Read More »

Продолжува бесплатниот превоз за студентите, Владата ќе префрли 120 милиони денари на ЈСП-Скопје


Бесплатениот автобуски превоз за студентите во Скопје ќе продолжи и во 2025 година, откако Владата денеска на седница одлучи да му префрли 120 милиони денари на Јавното сообраќајно претпријатие ЈСП – Скопје обезбедени со релоцирање од буџетот на Министерството за образование и наука. – Претходната Влада три години не обезбедуваше средства за оваа намена и …

Продолжува бесплатниот превоз за студентите, Владата ќе префрли 120 милиони денари на ЈСП-Скопје Read More »

(Во живо) Мицкоски и Јаневска за бесплатниот превоз на студентите


Владата на денешната седница, донесе одлука бесплатниот јавен превоз на студентите да продолжи и следната учебна година, за што префрлени се 120 милиони денари на Градот Скопје, односно на ЈСП, за да може оваа мерка непречено да се одвива и следната учебна година. Според премиерот Христијан Мицкоси превозот за студентите е една од поголемите ставки …

(Во живо) Мицкоски и Јаневска за бесплатниот превоз на студентите Read More »

Толкуте напади против Груби ќе му помогнат да добие азил, вели професорот Калајџиев


  Откако во понеделникот побара оставки на ДКСК поради предметот со деиректорот на АНБ, Бојан Христовски, професорот на Правниот факултет Гордан Калајџиев денеска преку социјалните мрежи порача дека прфетераното зборување за Артан Груби од владините структрури може да му помогне на поранешниот вицепремиер да добие азил. Каде и да се наоѓа. „Нѐ удавија со Груби! …

Толкуте напади против Груби ќе му помогнат да добие азил, вели професорот Калајџиев Read More »

Зимски распуст за учениците, второто полугодие од 20 јанаури


За учениците во основните и средните училишта почнува зимскиот  распуст од учебната 2024-2025 година. Наставата од второто полугодие ќе продолжи на 20 јануари.  Учебната 2024-2025 ќе заврши традиционално на 10 јуни. Нема да биде продолжена како минатата учебна година, кога за основците заврши на 17 јуни,  бидејќи ќе нема пролетен распуст кој беше воведен лани …

Зимски распуст за учениците, второто полугодие од 20 јанаури Read More »

Огништа од „Брако“ за вечерните забави на „Винтерфест“ во Велес


Фабриката БРАКО обезбеди огништа за забавите во вечерните часови на манифестацијата Винтерфест, која во изминатите денови се одржува во Младинскиот парк во Велес, во организација на општината, како дел од предновогодишната атмосфера во градот. Одличната забава на велешани БРАКО годинава ја направи потопла, преку специјално изработени огништа кои општинските служби соодветно ги распоредија низ паркот, …

Огништа од „Брако“ за вечерните забави на „Винтерфест“ во Велес Read More »

Бесплатен паркинг во центар за новогодишните и божиќните празници


Паркирањето во Општина Центар за време на новогодишните и божиќни празници ќе биде без наплата за сите граѓани. Согласно Одлуката на претпријатието, на 01.01.2025 година (среда) сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП ПОЦ ќе бидат без наплата за сите граѓани. Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавање на договори во Дирекцијата на ЈП ПОЦ …

Бесплатен паркинг во центар за новогодишните и божиќните празници Read More »