Нивото на ПМ 2.5 отровни честички било 37,7 пати повисоко од дозволеното пред два дена во Скопје


Скопје пред два дена беше најзагаден град во светот, и еве веќе втор ден свети на портокалово, односно табелата покажува дека воздухот е нездрав за хронично болните и децата иако се наоѓа на 29 место во светот според табелата на загаденост на „Ај кју аир“ Како што расте бројот на малигни заболувања во Македонија, делумно …

Нивото на ПМ 2.5 отровни честички било 37,7 пати повисоко од дозволеното пред два дена во Скопје Read More »

Посебен сообраќаен режим во Скопје во понеделник поради Бадниковите поворки


СВР Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека  во понеделник, по повод Христијанскиот празник Бадник ,на подрачјето на град Скопје ќе се одржи Бадникова манифестација во склоп на Бадникови Поворки и свечен собир на Кумовите бадникари на платото на Соборниот Храм Св. Климент Охридски, како и Божиќна манифестација во склоп на Бадникови Поворки со траса …

Посебен сообраќаен режим во Скопје во понеделник поради Бадниковите поворки Read More »

Град Скопје обвинува: Има 15 институции одговорни за загадувањето, реагираме само ние


Град Скопје се пожали денес дека во Скопје има 15 институции кои се одговорни за загадувањето, но освен тие, не реагира никој друг. -Во услови на зголемено загадување на амбиенталниот воздух во Град Скопје, покрај Инспекторатот на Град Скопје, во градот има уште вкупно 14 институции кои имаат надлежност и обврска да постапуваат при загадување …

Град Скопје обвинува: Има 15 институции одговорни за загадувањето, реагираме само ние Read More »

Од овој месец печатените електронски документи се признаваат како оригинални


Во синоќешното гостување на Алфа телевизија, министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски говореше за измените на Законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги, кои со најновите измени предвидуваат испечатениот електронски документ кој што ќе биде изваден од граѓанинот, да има иста важност како и оригиналниот документ. „Во Собранието, мнозинството ја изгласа измената на …

Од овој месец печатените електронски документи се признаваат како оригинални Read More »

Тони Михајловски: Дали тие што одобриле горење на нечиј отпад имаат деца?


„Дали тие што одобриле горење на нечиј отпад имаат деца и дали нивните деца дишат некој друг воздух“, прашува актерот Михајловски на социјалните мрежи Актерот Михајловски со вознемиреност и разочараност сподели фејсбук статус во кој го опишува ужасниот мирис на загаден воздух во скопската населба Козле, за време на една од редовните прошетки со кучињата. …

Тони Михајловски: Дали тие што одобриле горење на нечиј отпад имаат деца? Read More »

Скопје, Куманово и Кичево утрово најзагадени


Скопје, Куманово и Кичево утрово се најзагадени според податоците од мерните станици на Министерството за животна средина.  Тие се средно загадени, а другите градови се ниско или многу ниско загадени. Во вечерните часови аерозагадувањето се засилува. Скопје утрово на листата на air visual e 30-ти најзагаден град во светот, е претходните денови во вечерните часови …

Скопје, Куманово и Кичево утрово најзагадени Read More »

Студени утра и сончеви денови


Денес времето во Македонија ќе биде студено наутро, со услови за магла во некои котлини. Во текот на денот ќе преовладува сончево време, со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Во Скопје, утринските часови ќе бидат студени, додека преку денот ќе преовладува сончево и претежно тивко време …

Студени утра и сончеви денови Read More »

На Сашо Дранго уште пред 6 години му била одземена дозволата за оружје


  БИТОЛА – Уште пред 6 години заменик директорот на „Македонија пат“ Сашо Дранго останал без дозвола за оружје откако го прекршил законот. Ова е последната информација која ја потврдува СВР Битола, иако на објавените фотографии на Дранго со мртвата мечка се гледа дека тој покрај себе носи и пушка со снајперски дурбин. Дранго негираше …

На Сашо Дранго уште пред 6 години му била одземена дозволата за оружје Read More »

Отишле по лична карта, се вратиле со бурек и перек


  Нема повеќе метеж и чекање по цел ден доколку сакате да извадите нов пасош или лична карта, но не оди сè како подмачкано, како што уверува министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Од септември лани, за фотографирање при вадење нови лични документи, лична карта, возачка дозвола или пасош, се користи пунктот во полициската станица …

Отишле по лична карта, се вратиле со бурек и перек Read More »

Пуштен во употреба експресниот пат Страцин-Крива Паланка 


  Со големи пофалби дека новата влада завршила огромен дел од работата денеска беше официјално пуштен во употреба експресниот пат од Страцин до Крива Паланка, по што од Крива Паланка до Куманово наместо еден час ќе се патува за 40 минути.  Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски на официјалното пуштање во употреба, …

Пуштен во употреба експресниот пат Страцин-Крива Паланка  Read More »

СДСМ: Експресниот пат Страцин-Крива Паланка беше завршен 90 отсто до минатото лето


  СДСМ го поздравува завршувањето на експресниот пат Страцин-Крива Паланка и нагласува дека тој проект беше започнат од претходната влада во 2018 и беше реализиран 90 проценти до средината на минатото лето. „Станува збор за стратешки проект, стратешка инвестиција која е многу важна за развојот на североисточниот регион и значително ќе придонесе за подобрување на …

СДСМ: Експресниот пат Страцин-Крива Паланка беше завршен 90 отсто до минатото лето Read More »

Зима е, но „Бехтел и Енка“ работат без прекин на автопатот Гостивар-Букојчани


  И од далеку малку може да се забележи што се одвива на најголемото градилиште во земјава. Над илјада и петстотини вработени секојдневно и во зимски услови се на терен. Работат засилено на пробивање на делницата од автопатот од Гостивар до кичевското село Букојчани, која е дел од Коридорот 8, а на која работи конзорциумот …

Зима е, но „Бехтел и Енка“ работат без прекин на автопатот Гостивар-Букојчани Read More »

Денот започнува со облаци, ќе заврши со сонце


  Низ државата денеска ќе помине студен атмосферски фронт. Во утринските и претпладневните часови ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд и снег во пониските, а на повисоките места и планините од снег. На планините снежната покривка ќе се зголеми, а помала снежна покривка ќе се формира и на некои од повисоките места. …

Денот започнува со облаци, ќе заврши со сонце Read More »

Скопје најзагаден град во светот според IQAir


Скопје е најзагадениот град во светот вечерва. Според податоците на платформата IQAir, која ги следи нивото на загаденост, главниот град на Македонија се наоѓа на првото место по концентрацијата на штетни честички. Нивото на PM2.5 е моментално 37,7 пати повисоко од годишната дозволена вредност според Светската здравствена организација.

Замрзнат дожд ноќва во Скопје – снег низ Македонија


АКТУЕЛНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ (за 03. и 04.01.2025): Денес во ноќните часови на повеќе места ќе има врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и планините. Во крајните западни делови врнежите ќе бидат пообилни (20 л/м2). На планините снежната покривка ќе се зголеми, а помала снежна покривка ќе се формира и на …

Замрзнат дожд ноќва во Скопје – снег низ Македонија Read More »

Во понеделник ќе се формира најголемата Бадникова поворка, ќе бидат поделени 3.500 пакетчиња на плоштадот ,,Македонија”


Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски најави дека во понеделник ќе се формира најголемата Бадникова поворка од дечиња и сите оние кои сакаат да земат учество во овој настан. Тој притоа посочи дека ќе бидат поделени 3500 коледарски пакетчиња на плоштадот ,,Македонија” во Скопје. „Голема е мојата чест, што заедно со Премиерот Христијан Мицкоски …

Во понеделник ќе се формира најголемата Бадникова поворка, ќе бидат поделени 3.500 пакетчиња на плоштадот ,,Македонија” Read More »

Од сабота до вторник ЈСП со неделен возен ред


Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) денеска соопшти дека од сабота до вторник ќе работи по неделен возен ред, додека жичницата ќе функционира вообичаено од 10 до 17 часот. – На ден 4.01.2025 год. (сабота), ќе се работи по неделен возен ред. – На ден 6.01.2025 год. (понеделник) Бадник, ќе се работи по неделен возен ред. – …

Од сабота до вторник ЈСП со неделен возен ред Read More »

Забранет за сообраќај мостот на Вардар кај Башино Село на влезот на Велес


Поради влошената сотојба и конструкциите со висок ризик за што предупредија од Градежниот факултет од Скопје денеска инспектори од МВР го забранија за сообраќај мостот на Вардар кај Башино Село на еден од влезовите Велес, се додека се најде привремено решение. За сообраќај се очекува да се приспособи едната лента на мостот до изградбата на …

Забранет за сообраќај мостот на Вардар кај Башино Село на влезот на Велес Read More »

Пронајдено телото на четвртата жртва од автомобилот кој излета во Вардар кај Рашче


Од водите на Вардар попладнево околу 15 часот во близина на местото на несреќата, пронајдено е телото на четвртото починато лице во сообраќајната несреќа што вчера се случи околу 16 часот, кога патничко возило „ауди“ излета од патот Сарај-Рашче, потврди Министерството за внатрешни работи. По наредба на јавен обвинител, телото ќе биде предадено на судска …

Пронајдено телото на четвртата жртва од автомобилот кој излета во Вардар кај Рашче Read More »

Иницијативи до Уставниот суд отсега и по електронска пошта


 Од 1 јануари 2025 година секое физичко и правно лице, преку електронска пошта (e-mail) може да поднесува иницијативи, барања и предлози до Уставниот суд. Како што информираат денеска од Судот, електронското поднесување на поднесоци е овозможено преку интернет страницата на Уставниот суд, односно преку категоријата „Обраќање до Судот”, каде во поткатегоријата „Eлектронско поднесување на поднесоци” …

Иницијативи до Уставниот суд отсега и по електронска пошта Read More »