Облачно и студено со повремен слаб снег


Времето денеска ќе биде претежно облачно и студено со повремени врнежи од снег со слаб до умерен интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -1, а максималната ќе достигне од -3 до 3 степени Целзиусови. Во Скопје претежно облачно и студено со повремен …

Облачно и студено со повремен слаб снег Read More »

Нормализиран сообраќајот на автопатот Демир Капија – Смоквица


Од 22.45ч сообраќајот на патниот правец А1 Демир – Капија – Смоквица е целосно нормализиран. Претходно јавивме дека на патот има камион кој се излизгал и го блокирал сообраќајот потполно. Возилата беа пренасочени по стариот пат. Камион се излизгал на автопатот „Пријателство“ – во прекин сообраќајот Демир Капија – Смоквица

Карпош остана без електрична енергија, екипи на ЕВН работат на поправка на дефектот


Поради испад во трафостаница во општина Карпош, поголем дел од општината е без електрична енергија, соопштија од Општина Карпош. Во известувањето наведуваат дека без електрична енергија е поголем дел од општината, односно населбите Карпош 1, Карпош 2, Карпош 3, Карпош 4, Тафталиџе, како и делови од Влае и Злокуќани, додека во моментот веќе се излезени …

Карпош остана без електрична енергија, екипи на ЕВН работат на поправка на дефектот Read More »

Кавадарци преку конкурс избира организатор на културни настани како „Тиквешки гроздобер“


 Градоначалникот на Општина Кавадарци објави конкурс за избор на правно лице, организатор на културни настани како „Тиквешки гроздобер“. Од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев денеска информираа дека е објавен конкурс за делегирање на надлежностите на локалната самоуправа за организирање и реализирање на културните манифестации за 2025 година. Меѓу културните манифестации што ќе се организираат е …

Кавадарци преку конкурс избира организатор на културни настани како „Тиквешки гроздобер“ Read More »

Камион се излизгал на автопатот „Пријателство“ – во прекин сообраќајот Демир Капија – Смоквица


 Од 15.50 часот целосно во прекин е сообраќајот на патниот правец А1 Демир Капија – Смоквица и сообраќајот ќе се пренасочува по алтернативниот патен правец Р 1102, информираат од ЈП Македонијпат.  Камион што се излизгал, а потоа и се извртел на автопатот „Пријателство“, на делницата од Демир Капија до Смоквица, целосно го прекина сообраќајот на …

Камион се излизгал на автопатот „Пријателство“ – во прекин сообраќајот Демир Капија – Смоквица Read More »

Еуроњуз: Северна Македонија со најмногу смртни случаи во Европа како последица на загадувањето


Повикувајќи се на извештај на Европската комисија и Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), Euronews денеска пишува дека најпогодена од загадувањето на воздухот е Северна Македонија, а по неа Србија. Се посочува дека земјава има највисока стапка на смртност како последица на загадувањето на воздухот.  Албанија, Бугарија и Црна Гора исто така се наведуваат …

Еуроњуз: Северна Македонија со најмногу смртни случаи во Европа како последица на загадувањето Read More »

Снешковци го чуваат Градскиот парк


Денешниот снег во Скопје, радост за децата и возрасните. Дел од оние кои викендов останаа во главниот град, побрзаа во Градскиот парк да му се радуваат на снегот, а направија и куп снешковци. Сите со различна големина, со различен дизајн на нос, капа, раце… Весело се насмевнуваат на минувачите и будно го чуваат Градскиот парк.  …

Снешковци го чуваат Градскиот парк Read More »

Кочовски: Снегот нема да е пречка за доживувањето на Вевчанскиот карневал


Се е подготвено за годинашното издание на Вевчанскиот карневал што на 13 и 14 јануари се одржува низ улиците во Вевчани. Традиционално, манифестацијата почнува вечерва со забавна програма, а вевчанци и гостите ќе ги забавуваат „Пајак“, „Ареа“ и „Забрањено пушење“. Обилните снежните врнежи, според градоначалникот Спасе Кочовски, нема да бидат пречка за новото карневалско доживување. …

Кочовски: Снегот нема да е пречка за доживувањето на Вевчанскиот карневал Read More »

Јанчев: Интензивни врнежи од снег во Кавадарци, сите патишта проодни


 Кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев попладнево информира дека и покрај интензивните врнежи од снег на територија на општина Кавадарци, сите патишта биле проодни. -Во текот на вечерта, но и во моментов, во Кавадарци има интензивни врнежи од снег. Службите задолжени за зимско одржување на патиштата од Јавното претпријатие „Комуналец“ – Кавадарци со осум машини механизација интервенираат …

Јанчев: Интензивни врнежи од снег во Кавадарци, сите патишта проодни Read More »

ЦУК: Извлечени се децата и возрасниот што беа завеани во Рајчани


 Извлечени се завеаните пет малолетни и едно возрасно лице  од с. Рајчани и се однесени безбедно до нивните родители во Кочани, соопшти ЦУК.   Во 09.53 часот преку Единствениот телефонски повикувачки број за итни случаи   112 во ЦУК е добиена пријава за пет (5) малолетни лица и едно (1) возрасно лице дека поради обилните снежни …

ЦУК: Извлечени се децата и возрасниот што беа завеани во Рајчани Read More »

Железничкиот сообраќај се одвива непречено и без проблеми


Патничкиот железнички сообраќај се одвива нормално и без прекин, со минимални задоцнувања кои брзо се надминуваат благодарение на интервенците од дежурните екипи од ЈП „Инфраструктура“ на терен.  Посебен акцент е ставен на интервенции кај критичните точки, обезбедувајќи непречено и безбедно движење на патничките возови.   Товарниот железнички сообраќај се одвива со мали застои, кои главно се …

Железничкиот сообраќај се одвива непречено и без проблеми Read More »

Пет деца и еден возрасен се завеани во Рајчани, Кочанско


Пет малолетни лица и еден возрасен се завеани од снегот во селото Рајчани, Кочанско, а откако се јавиле на 112, организирани се надлежните да отидат и да ги извлечат, соопшти ЦУК. „Во 9:53 преку број за итни повици 112 добиена е пријава за 5 малолетни лица и 1 возрасно лице кои поради обилните снежни врнежи …

Пет деца и еден возрасен се завеани во Рајчани, Кочанско Read More »

Снежната радост стигна и во Скопје (галерија)


Скопје виде снег – првпат зимава, а и по подолго време, главниот град се разбуди под снежна прекривка. Снегот, кој од синоќа почна да паѓа во Скопје, ги прекри улиците, тревниците, дрвјата и покривите. Наликува на зимска бајка. Одличен е и тајмингот! Викенд е, а повеќето деца, кои се останати дома, се израдуваа на белилото …

Снежната радост стигна и во Скопје (галерија) Read More »

Вевчани подготвено за вековната традиција – Вевчанскиот карневал


Речиси 15 вековната традиција повторно го разбранува духот на Вевчани. Хуморот и сатирата и годинава ќе преовладува на 13 и 14 јануари, на празникот посветен на Свети Василиј Велики. Според традицијата, на автентичен начин жителите на ова под Јабланичко село ќе се пошегуваат со негативните состојби во земјава и светот и ќе испратат силна порака …

Вевчани подготвено за вековната традиција – Вевчанскиот карневал Read More »

Уште 13 тендери се во тек – до сега 3,5 милиони евра за чистење на снегот по улиците


За справување со снегот и мразот по патиштата и улиците, досега се склучени договори од 3,5 милиони евра. Оваа сума од 3,5 милиони евра допрва ќе расте бидејќи уште 13 тендери се во тек, се наведува во најновото истражување за трошоците за зимско одржување на патиштата во земјава, денеска објавено од Центарот за граѓански комуникации. …

Уште 13 тендери се во тек – до сега 3,5 милиони евра за чистење на снегот по улиците Read More »

Герасимовски: Центар подготвен за снегот, улиците се расчистуваат од ноќеска


Зимската служба започна со расчистување на снегот уште од доцна синоќа, приоритетно на најкритичните локации, како што е подножјето на планината Водно, и на најпрометните улици под надлежност на општината. Со вкупно 4 возила – 2 со плуг и соларка, како и 2 специјализирани возила за отстранување снег, тимовите се на терен од ноќеска и …

Герасимовски: Центар подготвен за снегот, улиците се расчистуваат од ноќеска Read More »

Подмрзнат автопатот „Пријателство“ – камионите по стариот пат кај Миравци


Од АМСМ известуваат дека од 08.50 часот поради заледеност на коловозот на автопатот Пријателство кај с.Миравци, тешките товарни возила ќе се пренасочуваат преку стариот пат Удово – Демир Капија. Претходно објавивме дека, забрани за движење на тешки товарни возила од превентивни причини има на следните патни правци: Крива Паланка – граничен премин Деве Баир; Гостивар …

Подмрзнат автопатот „Пријателство“ – камионите по стариот пат кај Миравци Read More »

На Попова Шапка најстудено и со најмногу снег, најтопло во Претор


 На Попова Шапка утрово е најстеудено со измерени -9 степени Целзиусови и со најмногу снег 52 сантиметри, а најтопло е во Претор со 2 степени.  Во Маврови Анови се измерени -8 степени, -6 Крушево, -3 Крива Паланка, Тетово, Берово, Прилеп и Куманово, -2 Битола, Штип, Охрид и Дебар, -1 степен во Скопје-Зајчев Рид, Виница, Велес …

На Попова Шапка најстудено и со најмногу снег, најтопло во Претор Read More »

Забрана за тешки товарни возила на повеќе патни правци


Согласно информацијата на АМСМ до ЦУК, забрани за движење на тешки товарни возила од превентивни причини има на следните патни правци: Крива Паланка – граничен премин Деве Баир; Гостивар – Маврово – Дебар; Гостивар – Стража – Кичево, како и на планиските превои Пресека и Плетвар. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената …

Забрана за тешки товарни возила на повеќе патни правци Read More »

Стручњаци од Градежниот факултет со дополнителни испитувања на мостот на Вардар кај Башино Село


Стручњаци од Градежниот факултет при УКИМ од Скопје, предводени од деканот проф д-р Горан Марковски денеска извршија наменско испитување на мостовската конструкција на мостот на реката Вардар кај Башино Село, кој поради влошената состојба на носечките столбови од 4 јануари годинава е затворен за сообраќај. Целта на ова испитување е да ги потврдат постапките кои …

Стручњаци од Градежниот факултет со дополнителни испитувања на мостот на Вардар кај Башино Село Read More »