ВИДЕО: Како заигра оро Грета Тунберг на Кожуф?


Грета Тунберг им даде голем поттик на македонските еко-активисти откако денеска им се придружи на блокадата против изградбата на мала хидроцентрала на реката Дошница на планината Кожуф. Една од најпознатите светски активистки заигра и оро по доаѓањето на месноста Асан Чешма, по што ги сослуша оние кои протестираат веќе со недели и разговараше со нив. […]

Големиот пожар кај Струмица под контрола


Големиот пожар кој избувна попладнево во близина на Струмица меѓу Градските гробишта и селото Баница и зафати огромна површина и со голема брзина се ширеше кон месноста Софилар и куќите во тој дел на градот е ставен под контрола, објави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДСЗ), Стојанче Ангелов. Според него, големиот и црн […]

Ќе се гради Центар за протези како помош за повредените од Кочани


Повредните во кочанската дискотека „Пулс“ ја имаат поддршката од страна на Министерството за здравство и Владата. Во наредниот период ќе се гради Центар за протези во Скопје, а повредените млади луѓе кои имаат потреба од дополнителни интервенции и третмани, коишто се скапи ќе бидат поддржани од страна на државата, истакна денеска министерот за здравство, Азир […]

Во прилепската општа болница се вработуваат над 120 здравствени работници


Директорот на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски, објави на Фејсбук дека се решава проблемот со недостиг на кадар во  Општата болница Прилеп и дека ќе се вработат 120 здравствени работници, од кои 21 доктор.  -При посетата на Општата болница Прилеп со директорот Кире Јоноски разговарав за подобрувањата во болницата. Еве дел од тоа што […]

Грета Тунберг со активистите на блокадата на Кожуф


Грета Тунберг, познатата шведска активистка за климатски права, денеска беше на блокадите на Кожуф планина, во знак на поддршка на локалните еко-активисти кои се против изградба на мала хидроелектрана на реката Дошница. Активисите од многу градови од Македонија, кои веќе втор месец по ред го блокираат патот кон локацијата на која треба да се гради […]

Со нова апликација ќе се следи здравствената состојба на пациентите, најави Алиу


Министерот за здравство, Азир Алиу, обелодени воведување на иновативно софтверско решение, кое има за цел да ја поедностави комуникацијата и преминот на пациентите низ здравствениот систем. “Апликацијата ќе овозможи пациентот во секое време да внесе здравствени индикатори, врз основа на кои матичниот лекар или специјалист ќе може веднаш да реагира – со менување на терапијата […]

Повторно енормна потрошувачка на вода, „Водовод“ повикува да се пријават дивите приклучувања


Јавното претпријатие „Водовод и канализација – Скопје“ алармира дека градот се соочува со сериозна криза поради енормно зголемената и неконтролирана дневна потрошувачка на вода, која вчера достигнала 360.000 кубни метри. Според системот за мониторинг, ова претставува сериозен ризик за водоснабдувањето, а веќе се чувствуваат последици низ делови од градот, намален притисок и повремени прекини на […]

Арсовска до Ристовски: Не посрами и сега вината ја префрлаш на нас


Град Скопје ја демантира изјава на Борко Ристовски, министер за спорт, дека не бил надлежен за организирањето на младинската олимпијада, кое се покажа како скандалозно. Според Град Скопје, токму министерот за спорт половина година работело на организацијата исклучувајќи го целосно Град Скопје. -Град Скопје помогна Македонија и Скопје да бидат домаќини на Европската младинска олимпијада […]

Политичарите за 26 јули: Никогаш да не се повтори, солидарноста нема да се заборави


Делегација на Град Скопје предводена од Градоначалничката Данела Арсовска, оддаде почит на жртвите од катастрофалниот земјотрес кој пред 62 години главниот град го остави во урнатини. Скопје се сеќава на 26 јули 1963 година, ден кој засекогаш го промени ликот на градот, трагедија која одзеде над илјада животи. Никогаш да не се повтори! Овој ден […]

Колона возила поминала без да плати патарина, ЈПДП најавува дисциплински мерки


Снимка на која се гледа како дваесетина автомобили поминуваат наплатна рампа без запирање и без очигледно да платат патарина, предизвика бурни реакции на социјалните мрежи и отвори прашања за контрола и (не)еднаквост пред законот. Видеото, снимено на патарината кај Гостивар, стана вирално, а неговиот објавувач саркастично напиша: „Патарините за едни се мајка, за други маќеа“. […]

Чибишев: Токсикологија ќе добие Ургентен интернистички центар, најсовремена лабораторија и кадровско зајакнување


Од септември ќе почне со работа првиот ургентен интернистички центар со токсикологија во државава, во рамки на кој ќе биде отворен рендген кабинет во кој ќе се прават сите рендгенски иследувања, компјутерска томографија, магнетна резонанца, а ќе има и кабинет за горна ендоскопија и ЕХО кабинет, вели во интервјуто за МИА, директорот на Универзитетската клиника […]

Беровскиот кризен штаб бара помош од населението да гаснење на пожарот на Готен


Градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски синоќа по одржаниот кризен штаб го повикува месното население и општествено одговорните компании да се вклучат во гаснење на пожарот на планината Готен. Тој во изјава за МИА вели дека три дена во планината се пожарникарите и вработени во ЈП „Национални шуми“, кои веќе се истоштени од битката со […]

Почна бегањето од одговорноста, министерот за спорт се прогласи ненадлежен за спортскиот настан


Министерството за спорт не е организатор на Европскиот младински олимписки фестивал ЕМОФ 2025. Организатори на овој спортски фестивал што се одржува деновиве во Македонија се Македонскиот олимписки комитет (МОК) и Град Скопје. Сѐ што беше побарано од нас како Влада и како Министерство за спорт во однос на логистика и финансиска поддршка, го исполнивме во […]

Скопје одбележува 62 години од катастрофалниот земјотрес


Скопје денеска ја одбележува 62. годишнина од катастрофалниот земјотрес што се случи на 26 јули 1963 година, кога животот го загубија 1.070 лица, а 3.000 беа повредени. Во знак на почит и сеќавање на жртвите во катастрофалниот земјотрес, денеска во 10 часот делегации од Собранието и од Градот Скопје ќе положат цвеќе пред Споменикот на […]

Горештините продолжуваат, денеска со температура до 43 степени Целзиусови


Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22, а максималната ќе достигне од 36 до 43 степени Целзиусови. И во Скопје че биде сончево и многу топло, попладне со мала […]

Креативни работилници за реконструкција на римски социјални игри на Стоби


На археолошкиот локалитет Стоби овие денови повторно оживува духот на античкиот свет. Под водство на м-р Василка Димитровска, археолог и сертифициран тренер за интерпретација на наследство, се реализираат креативни работилници за реконструкција на римски социјални игри и оружје. Како што информираат во „Хаемус“, центарот за научни истражувања и промоција на културата, работилниците се дел од […]

Ќе се испитува статиката на „Влајко“, „Партизанска“ ќе се затвора дел по дел


Во вторник, на 29 јули, ќе започнат работните активности за статичко испитување на надземниот премин „Влајко“ во населбата Влае. Поради изведување на стручните мерења ќе биде воведена времена измена на сообраќајниот режим, која ќе се реализира во две фази, информираат од Општина Карпош. Во првата фаза се предвидува затворање на дел од сообраќајницата, односно булеварот […]

Грета Тунберг дојде во Тетово


Шведската еко-активистка Грета Тунберг во четвртокот престојуваше во Тетово, каде што го посети Општествено-културниот центар Тетово. Според објавата на организацијата, Тунберг имала можност да се запознае со нејзините локални активности и со заедничкиот волонтерски ангажман кој се реализира со поддршка од меѓународни партнери од Белгија, Косово, Црна Гора и од Босна и Херцеговина. Во рамки […]

Мрежата за заштита од дискриминација бара стручно лице за Народен правобранител


Собранието распиша оглас за избор на нов Народен правобранител, а заинтересираните кандидати може да се пријават до 26 јули. Мрежата за заштита од дискриминација бара на оваа важна функција да биде избрано стручно и независно лице, кое ќе работи во интерес на граѓаните и ќе обезбеди ефикасна заштита на нивните права. „Потребна е силна, независна […]

Туфегџиќ за Димитровска: Не се службена тајна информации објавени на YouTube


Претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Татјана Димитровска, денеска поднесе оставка до Собранието, потврди нејзиниот адвокат Владимир Туфегџиќ за Скопје1. „Како бранител ангажиран во текот на вчерашниот ден, го советував мојот клиент дека треба да поднесе оставка, од причина што на тој начин ќе се создаде нормален амбиент за понатамошно водење на […]