Бугарија прати авион со кој ќе превезе петмина тешко повредени


По наредба на премиерот Росен Жељазков, авион „Спартан“ на бугарското воено воздухопловство тргнал за Македонија за да до бугарските болници  превезе пет лица тешко повредени во пожарот во градот Кочани, соопшти бугарската Влада. Во авионот патуваат бугарски медицински тимови, составени од лекари за интензивна нега и специјалисти за изгореници. Повредените ќе бидат примени на специјализирани …

Бугарија прати авион со кој ќе превезе петмина тешко повредени Read More »

ДЗС: За објектот – дискотека во Кочани никогаш не е побаран елаборат за противпожарна безбедност


Објектот кој служел како дискотека во Кочани е изграден пред 26 години, а легализиран е во 2005 година, но никогаш не побарал елаборат за противпожарна безбедност, велат од Дирекцијата за заштита и спасување. Сè уште се утврдува дали воопшто легално се пренаменил во објект кој може да организира забави за голем број луѓе, информираат од …

ДЗС: За објектот – дискотека во Кочани никогаш не е побаран елаборат за противпожарна безбедност Read More »

Семејствата и блиските на повредените можат бесплатно да се сместат во скопските хотели


Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски информира дека семејствата и блиските на настраданите и повредените кои се хоспитализирани во скопските здравствени установи можат бесплатно да се сместат и да одморат во хотелите на територија на градот Скопје. „Семејствата и блиските на настраданите и повредените кои се хоспитализирани во скопските здравствени установи можат бесплатно да се …

Семејствата и блиските на повредените можат бесплатно да се сместат во скопските хотели Read More »

Во Клиничката болница во Штип почната идентификацијата на седум од починатите


Во Клиничката болница во Штип донесени се седум деца без знаци на живот, изјави денеска директорот на КБ Штип, Владко Захариев. Во моментот тече процесот на идентификација, досега четири тела на починатите се идентификувани од полицијата. Во болницата сместени се 39 пациенти, претежно со изгореници од втор степен. – Во Штипската клиничка болница донесени се …

Во Клиничката болница во Штип почната идентификацијата на седум од починатите Read More »

Тројца со изгореници од пожарот ќе бидат пренесени во болница во Солун


Три млади деца со изгореници, повредени во пожарот во дискотеката во Кочани ќе бидат пренесени во болницата „Папаниколау“ во Солун, потврди во разговор со дописничката на МИА од Атина, претседателот на грчката федерација на вработени во државните болници Михалис Јанакос. Според Јанакос, солунската болница располага со Одделение за изгореници со четири кревети, денеска биле испразнети …

Тројца со изгореници од пожарот ќе бидат пренесени во болница во Солун Read More »

Град Скопје со вонредна седница по трагедијата во Кочани


Градот Скопје изразува длабоко сочувство до семејствата на настраданите во страшната несреќа која ноќеска се случи во Кочани. Трагедијата која што се случи е огромна, нема зборови што можат да ја искажат болката и тагата за загубата на нашите сограѓани.    Сочувство до семејствата и роднините на настраданите изразија Претседателот на Советот на Град Скопје …

Град Скопје со вонредна седница по трагедијата во Кочани Read More »

ЈП „Градски паркинг“ денеска нема да наплатува паркинг на Клинички центар и другите болници


 ЈП „Градски паркинг“ – Скопје информира дека денеска нема да наплаќа паркинг на јавните паркиралишта Клинички центар Мајка Тереза, Градска општа болница и Градска општа болница 8-ми Септември. Од претпријатието изразуваат длабоко сочуство до семејствата на настраданите во синоќешниот пожар во дискотеката во Кочани, а на повредените им посакува брзо опоравување. -ЈП „Градски паркинг”- Скопје …

ЈП „Градски паркинг“ денеска нема да наплатува паркинг на Клинички центар и другите болници Read More »

(Видео) Хоспитализирани во Кочани се 12 лица и сите се стабилни


За 15 минути се мобилизирале сите во кочанската болница, по дојавата дека има пожар во дискотеката „Пулс“. Дошле сите лекари и медицински персонал кои не биле на работа. Најголем дел од пацинетите се со изгореници, но и со вдишување на јаглероден моноксид, а повеќето од починатите, загинале од стампедото кое е направено во паниката, потврди …

(Видео) Хоспитализирани во Кочани се 12 лица и сите се стабилни Read More »

Костадинов ја потврди лошата вест дека загинал член од бендот на ДНК


Градоначалникот на Струмица, костадин Костадинов, ја објави тажната вест дека меѓу загинатите има и член на музичкиот бенд ДНК. „Ах бре убаво дете, сите списоци сите болници баравме за да те најдеме, само да ни кажат дека си тука… Со неизмерна тага ја примив веста за трагичната загуба на нашиот сограѓанин, Горги Горгиев, кој го …

Костадинов ја потврди лошата вест дека загинал член од бендот на ДНК Read More »

(ВИДЕО) Таравари најави дека 20-те најзагрозени ќе се лекуваат во странство


Министерот за здравство Арбен Таравари во својата последна изјава од Штип истакна дека најтешките 18-20 повредени во трагедијата во Кочани е можно да се лекуваат во странство. Тој појасни дека сме добиле понуди за лекување од неколку држави, а тимот на анестезиолози ќе одлучат каде ќе бидат транспортирани. – Најверојатно ќе се лекуваат во Бугарија, …

(ВИДЕО) Таравари најави дека 20-те најзагрозени ќе се лекуваат во странство Read More »

Во „Св.Наум Охридски” се наоѓаат 29 пациенти, двајца на респиратор


Директорот на Универзитетската клиника по хируршки болести „Св.Наум Охридски”-Скопје, Небојша Настов во изјава за медиумите информира дека во оваа здравствена установа се хоспитализирани 29 лица од Кочани. Тој посочи дека лицата се на возраст од 17 до 45 години. – Двајца пациенти се на респиратор, уште двајца потенцијално можат да завршат на респиратор, а останатите …

Во „Св.Наум Охридски” се наоѓаат 29 пациенти, двајца на респиратор Read More »

Владата на денешната седница ќе донесе одлука за седум дена жалост


Владата на денешната седница која ќе се оддржи во 16 часот ќе донесе одлука за 7 дневна жалост поради трагедијата во Кочани. Ќе се донесе и заклучок за итна и вонредна инспекција на сите ноќни клубови, дискотеки и ресторани приредувачи на забави.

Меѓу загинатите штипјани е и директорот на Центарот за култура „Ацо Шопов“


На петмина се искачи бројот на починати Штипјани, меѓу кои и директорот на Центарот за Култура, Филип Стевановски. Според информации на Тв Стар, последното идентификувано починато лице било вработено во штипско основно училиште. Претходно потврдена е смртта на четири лица, меѓу кои и на директорот на Центарот за култура на Штип, Филип Стевановски. Веста дека …

Меѓу загинатите штипјани е и директорот на Центарот за култура „Ацо Шопов“ Read More »

Дискотеката имаше најевтина изолација, од сунѓер, вели поранешен член на обезбедувањето


  Благојчо Ѓорѓиев, поранешен член на обезбедувањето на дискотеката „Пулс“ во Кочани, вели дека таму се вградувала најевтина изолација и дека редовно се пуштале малолетници. „Внатре дискотеката, јас колку што знам, а бев присутен додека се правеше, е излепена со најевтината изолација, со сунѓер“, вели Ѓорѓиев, кочанчанец, кој задено со неговиот тим порано ја обезбедувал …

Дискотеката имаше најевтина изолација, од сунѓер, вели поранешен член на обезбедувањето Read More »

Скопјани спонтано се организираат – нудат сместување за семејствата на повредените


По големата несреќа во дискотеката во Кочани, каде загинаа 59 лица, повеќето повредени се пренесени во скопските болници, а скопјани нудат сместување. По социјалните мрежи се појавија повеќе објави во кои семејства, но и објекти кои имаат сместувачки капацитети нудат сместување за најблиските на настраданите кои се згрижени во болниците.      

Родители чии деца се наоѓаат во Штипската болница се пуштаат да ги видат повредените


 Родители чии деца се хоспитализирани во Штипската болница по пожарот во дискотеката во Кочани се пуштаат во болницата за да си ги видат децата.  Пред болницата има полиција и волонтери од Црвен крст кои им пружаат помош на семејствата.  Сите лекари и медицински пероснал се мобилизирани во Штипската клиничка болница уште во раните утрински часови. …

Родители чии деца се наоѓаат во Штипската болница се пуштаат да ги видат повредените Read More »

(Во живо) Тошковски: Бројот на загинатите стигна до 59, за четворица од инволвираните е распишана потерница


Mинистерот за внатрешни работи, Панче Тошковски на прес-конференција изјави дека со над 10 лица се извршени разговори, а за 4 лица е распишана потерница. Тошковски не даде повеќе детали за избеганите кои ќе ги бараат со потерница. Бројката на загинати во страшната трагедија во Кочани се искачи на 59 лица, соопшти министерот. Извршен е разговор …

(Во живо) Тошковски: Бројот на загинатите стигна до 59, за четворица од инволвираните е распишана потерница Read More »

Мајката на Андреј од ДНК не знае каде е син ѝ! Панчо е на кислородна поддршка


Мајката на пејачот од ДНК Андреј Ѓорѓиевски ги обиколи сите скопски болници од утрово, но нема трага од нејсиниот син.  Таа е скршена од болка и од неизвесност. Заминува дома да чека информации за синот, затоа што нема смисла повеќе да чека пред скопските болници.  Ова за „Независен“ го потврди близок член на семејството на …

Мајката на Андреј од ДНК не знае каде е син ѝ! Панчо е на кислородна поддршка Read More »

Во Клиничката болница во Штип хоспитализирани 38 пациенти, сите се стабилни со изгореници од втор степен (видео)


Во Клиничката болница во Штип во моментот се хоспитализирани 38 пациенти и сите се хемодинамски стабилни со изгореници по лицето и рацете од втор степен, изјави директорот на установата Владко Захариев. Пациентите со трет степен изгореници од пожарот кој ноќеска настана во дискотека во Кочани, според Захариев, се препратени на клиниките во Скопје за натамошен …

Во Клиничката болница во Штип хоспитализирани 38 пациенти, сите се стабилни со изгореници од втор степен (видео) Read More »

Се подготвува транспорт на најтешко повредените во странство


Се прават подготовки да се транспортираат најтешко повредените лица во пожарот во Кочани во врвни болници од оваа област во неколку европски држави, стигнаа понуди за помош од повеќе држави, рече директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов. „Во овој момент има доволно крв и нема потреба од дополнителни крводарителски акции за …

Се подготвува транспорт на најтешко повредените во странство Read More »