Фестивал на улична храна и музика во паркот „Авионче“


Во паркот „Авионче“ од 5 до 8 септември ќе се одржи првиот фестивал на улична храна во Општина Аеродром (AERO Street Food Festival), при што ќе биде понудено уникатно гастрономско и музичко доживување за сите генерации. Фестивалот се очекува да обедини 12 познати брендови за храна (Jojo’s BBQ, Oljo’s, Fat Kitchen, Sorelle Focaccia, Lora’s Sushi, […]

Заврши рехабилитацијата на повредените од кочанската дискотека „Пулс“ во одмаралиштето на Поникв


Пред неколку дена заврши рехабилитацијата на повредените во кочанската дискотека „Пулс“ во одмаралиштето на Министерството за внатрешни работи на планината Пониква, потврди началникот на Одделението за физикална терапија во Клиничка болница-Штип, Никола Костадинов. Физијатарот Костадинов беше дел од тимот на лекари специајлисти, кои изминатите месеци работеа на рехабилитацијата на повредените млади луѓе во одмаралиштето на […]

Кино на отворено во Домот на културата „Билјана Беличанец“ во Кисела Вода


 Во паркот „Македонија“ кај Домот на култура „Билјана Беличанец“ синоќа почна со работа киното на отворено, што Општина Кисела Вода го организира во соработка со „Киноверзум“, Кинотека и Францускиот институт.  На првата вечер беше прикажан детскиот филм „Бунтовната принцеза“, синхронизиран на македонски јазик, а потоа и „Марија“, посветен на оперската уметница Марија Калас. Како што […]

Паркингoт за 120 возила ќе го олесни пристапот до Музејот на Македонија и Старата скопска чаршија, најавуваат Меџити и Љутков


Посетителите и вработените во Музејот на Македонија и Националниот конзерваторскиот центар, како и еснафот на Старата скопска чаршија, за 10 дена ќе добијат паркинг простор за 120 возила. Ова денеска го најавија првиот вицепремиер и министер  за животна средина Изет Меџити и  министерот за култура и туризам Зоран Љутков при посетата на Националниот Музејот во […]

Со фотоволтаици на хидросистемот „Ѓавато“ ќе се штеди на струја – сега се санираат цевките и пумпите


Поправка и замена на пукнатите цевки на хидросистемот „Ѓавато“, преку кој се врши полнење со вода на Дојранското Езеро, ставање во функција на сите пумпи, како и заштеда на електрична енергија со поставување на фотоволтаици, најавија денеска надлежните од Дојран. – Пристапуваме кон системско санирање на хидросистемот „Ѓавато“ и тој во најскоро време ќе биде […]

Лажна ФБ страница на ЈСП нуди бесплатен јавен превоз


ЈСП Скопје ги известува граѓаните дека лажна Фејсбук страница се претставува како Јавен превоз во Скопје и го злоупотребува името на ЈСП Скопје. „Јавно сообраќајно претпријатие – Скопје нема никаква поврзаност со оваа Фејсбук страница ниту, пак, со активностите што таа ги спроведува иако во некои случаи споделува наши содржини за да манифестира поврзаност со […]

МЗ ја достави целокупната документација за надзор на Стоматолошката комора до ЈО за натамошно постапување


 Целокупната документација и наодите од извештаите на комисиите во врска со работењето на Стоматолошката комора, се доставени до Јавното обвинителство за натамошно рагледување и постапување, согласно законските надлежности, потврдија за МИА од Министерството за здравство. Доставени се трите извештаи за работа на комисијата за вршење надзор над законитоста на работата во вршење на јавното овластување […]

Поместени граници во ортопедска трансплантација – извршена најсложена трансплантација на коска на Клиника за ортопедија 


На Универзитетската клиника за ортопедија успешно е изведена најсложената трансплантација досега, со што се поместени границите на современата ортопедска хирургија кај нас.    Пациент, маж на 64-годишна возраст, со втор рецидив на миксоиден липосарком на левата натколеница, беше подложен на ресекција на средишниот дел од бутната коска, реконструкција со графт од кадавер и фиксација со […]

За викендот променливо време со повремен дожд и грмежи


В сабота во западните делови од земјава ќе има локален пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен северен ветер кој ќе продолжи и во недела и ќе услови опаѓање на дневната температура, соопшти УХМР. Потоа времето ќе биде претежно стабилно со благ пораст на дневната температура.

Поставени висококвалитетни прочистувачи на воздух во детските градинки во Аеродром


За побезбедна и поздрава средина на најмалите, во сите детски градинки во Аеродром („Срничка“, „Калинка“, „Црвенкапа“, „Лале“, „Чекорче“, „Бамби“, „Буба Мара“, „Пчелка“ 1 и 2 и „Лавче“) поставени се  прочистувачи на воздух со највисоки стандарди на заштита. Општина Аеродром прочистувачите за градинките ги доби како донација од Владата на Република Македонија, информираше утрово градоначалникот на […]

Дождот го изгасна пожарот во „Јасен“


Дождот што заврна пред седум часот утрово и врнеше нешто повеќе од два часа на подрачјето на ловиштето „Јасен“, помогна пожарот што трае повеќе од десетина дена, да биде изгаснат, соопштија денеска од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).  – Но и покрај поголемата количина на заврнат дожд, на некои места од пожарната линија сè […]

Училиштата во Карпош се подготвени за учебната година, ќе има 608 првачиња


Во својот кабинет, градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски оствари работна средба со директорките на сите основни училишта кои функционираат на територија на општината. Во рамки на координативниот состанок со директорките се констатираше дека училиштата се во целост подготвени за почеток на новата учебна 2025/2026 година. – Овој 1 септември во училиштата за прв пат […]

Осум активни пожари низ државата


Изминатото деноноќие, до седум часот утрово, на територија на државава има регистрирано вкупно 27 пожари на отворен простор. Од нив, осум се активни, информираат денеска од Центарот за управување со кризи. Активните пожари се на територија на општините Македонски Брод, Прилеп, Долнени, Росоман, Кичево, Студеничани, Велес, Сопиште. Во „Јасен“ гори мешана шума. На територија на […]

ДОМ: Безбедноста на карпошани не смее да биде предмет на заткулисни дилови


Демократска обнова на Македонија (ДОМ) изразува длабоко разочарување кон вчерашниот обид одредени политички субјекти да си играат играчки со безбедноста на граѓаните и граѓанките. ДОМ ја осудува неодговорноста што доведе до големиот пожар во магацинскиот простор до мостот „Обединети нации“ и четирите кули во Карпош 4, момент што повторно ја отвора старата рана на пожари […]

Општина Карпош: Третата вечер на „Карпошовото културно лето 2025“ одбележана со бурни емоции


Третата вечер на „Карпошовото културно лето 2025“, одбележана со бурни емоции, аплаузи, воздишки и воодушевувања од грандиозниот настап на Академското културно-уметничко друштво „Мирче Ацев“, што наметна несовладлив интензитет и енергија, помеѓу изведувачите и присутната публика. Се чини дека плоштадот „Млечен“ со крајни напори ги рашири своите прегратки, за да ги прими сите љубители на фолклорот […]

Променливо облачно и ветровито со локален дожд и грмежи


Времето денеска ќе биде променливо облачно, ветровито и нестабилно со локален дожд и грмежи. Ќе дува засилен, наместа силен западен ветер (над 70км/ч.) во форма на невреме. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 29 до 37 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Во делови […]

(Видео) Силниот ветер ја влоши состојбата со пожарот во „Јасен“


Состојбата со пожарот во ловиштето „Јасен“ пред неколку часа почна да се влошува поради силниот ветер кој почна да дува во попладневните часови. Постепено неговата брзина се зголемуваше, предизвика голема непријатност, пожарот се движеше со исклучително голема брзина, горејќи ги боровите стебла, создавајќи висока температира и густ црн чад, кој удираше на гребенот, изјави директорот на Дирекцијата […]

Одлуката на УНЕСКО за статусот на Охридскиот регион да се сфати како обврска, а не како одложување, вели Љутков


Одлуката на Комитетот за светско наследствона УНЕСКО со која на Македонија и на Албанија и беше даден рок до идната година да преземе активности за одбрана на статусот на Охридскиот регион како светско културно и природно наследство, не смее да се сфати како одложување туку како обврска за забрзана акција. Тоа денеска од Охрид го […]

Комисија со експерти од три различни земји ќе проверува дали имало непотребни операции за профит


Од наредниот месец, приватните здравствени установи ќе мора задолжително да ги отворат базите со информации, за таа цел Комисија во Министерството работи на отстранување на евентуални законски пречки, истакна министерот за здравство Азир Алиу на денешната прес-конференција. -Веќе работи комисија кај нас, ако има законски пречки да се отстранат веднаш, наредната недела и ќе пуштиме […]

Ќе се набавуваат 100 нови модерно опремени амбуланти возила


Амбулнатни возила, ќе набавува Владата во следниот период, најави денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање со оглед дека сегашните се застарени. Тој рече дека на последната седница на Владата е донесена одлука за почнување набавка за купување 100 нови модерно опремени амбулантни возила. – Наш главен приоритет е обновата на овој тип на […]