Пријавете се за второто Државно квиз првенство – прашањата ги правеше минатогодишниот победник


Македонската квиз асоцијација (МКА) го организира второто Државно квиз првенство на Македонија кое што ќе се одржи на 14 септември, во Работничкиот Универзитет “Кочо Рацин“ во Скопје, отворено за сите љубители на квизот, во индивидуални натпреварувања и во двојки. По тој повод, од МКА велат: „ги покануваме сите заинтересирани да ни се придружат на ова […]

Дождот нема да го запре чадењето од Дрисла, пожарот ќе се затрупува со земја


Дождот што од утрово врне во Скопје нема да помогне многу за гаснење на пожарите на депонијата Дрисла и на Вардариште, што траат веќе неколу дена, оценува директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов. Тој вели дека во претходните денови биле фрлени тони и тони вода, но чадењето продолжува. Бидејќи гаснењето со вода […]

ДОМ за загадениот воздух во Скопје: Со лаги власта ја сведува катастрофата на „визуелна“ грешка


Зелената партија ДОМ во соопштение до медиумите најостро ја осудува, како што наведува „неодговорната и срамна изјава“ на премиерот Христијан Мицкоски дека загадениот воздух „само изгледа алармантно“. ДОМ предупредува: кога градот е прекриен од чад и два дена смрди на изгорена гума, таквите лаги не се само некомпетентни, туку претставуваат крајно нехумано однесување кон сопствените […]

МАНУ прв пат домаќин на 13. Конгрес на Меѓународната асоцијација за проучување на Југоисточна Европа (AIESЕE)


13. Конгрес на Меѓународната асоцијација за проучување на Југоисточна Европа (AIESЕE), ќе се одржи од 15 – 19 септември 2025 година во просториите на Македонската академија на науките и уметностите. Седиштето на оваа Асоцијација се наоѓа во Париз и функционира под покровителство на УНЕСКО, а во неа членуваат сите држави од Југоисточна Европа со свои […]

Без вода дел од Аеродром


Поради изведување водоводен приклучок од Ф-100мм, без вода од 08:00 часот се корисниците на ул. „Пандил Шишков“ во населба Аеродром, на високата зона од број 1 до бр.49, како и дел од корисниците на улиците „Вангел Тодоровски“, „Руди Чајавец“ и „Коста Новаковиќ“, информира ЈП Водовод и каналзиација – Скопје. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирање […]

Без струја корисници во село Бањани


 Корисниците лоцирани кон манастирот „Свети Илија“ во село Бањани во општина Чучер Сандево денеска ќе немаат електрична енергија.  Центарот за управување со кризи, по известување добиено од  ЕВН Македонија АД, соопшти дека струја ќе немаат од 9 до 15 часот. 

Облачно со пороен дожд, наместа изолирана појава на невреме


Променливо облачно време, попладне нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, најавуваат синоптичарите за денеска. Наместа ќе има услови за изолирана појава на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време (над 15л/м2) и засилен ветер (над 60км/ч). Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 26 до […]

Астрономски календар


Денеска е четврток, 11 септември 2025 година, 254-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 111 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 10 минути, а ќе зајде во 18 часот и 50 минути. Денов трае 12 часа и 40 минути. Месечината, која е во фаза на полна месечина, нема да изгрее, […]

Карпош доби нова општинска зграда


Со свеченост,  вечерва беше пуштен во употреба новиот објект во кој ќе биде сместена целата администрација на Општина Карпош. Зградата која зафаќа вкупна површина од 4.500 м 2 претставува еден од најсовремените административни објекти во нашата држава, за чија финална изградба беше потребно нешто повеќе од една деценија. Вратите на „новиот дом за карпошани“ како […]

Во делови од Скопје се чувствува силен непријатен мирис, депонијата Дрисла се затрупува


  Вечерва ветрот го смени правецот и дува од депонијата Дрисла во насока на Скопје поради што во делови од Скопје се чувствува силен непријатен мирис. И вечерва продолжуваат активностите за затрупување на депонијата Дрисла, а активностите за затрупување ќе бидат дополнително засилени рано наутро, информира вечерва директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче […]

Формиран Национален совет за финансиски истраги и конфискација на имот, со кој ќе раководи вицепремиерот Фетаи


Со новоформираниот Национален совет за финансиски истраги и конфискација на имот ќе раководи заменик претседателот на Владата за политики за добро владеење Арбен Фетаи, а членови ќе бидат: министерот за внатрешни работи, министерот за правда, министерот за финансии, јавниот обвинител, претседателот на Врховниот суд, раководителот на Канцеларијата за поврат на имот, директорот на Бирото за […]

Млади од седум држави ќе ја раскажат приказната на Стоби користејќи дигитални алатки


Археолошкиот локалитет Стоби оваа недела е домаќин на DIGI Heritage Hub 2025, настан кој ги поврзува културното наследство и современата технологија. Млади професионалци и студенти од 7 европски земји од областа на археологијата, историјата, музеологијата, анимацијата, дизајнот и дигиталните технологии ќе истражуваат како новите технологии можат да го претворат Стоби во живо културно искуство, инспирирано […]

Само Шукова најави стратегија за вода, ќе ја собира и дождовницата


Кандидатката за градоначалник на Скопје, Каја Шукова од СДСМ, е единствената која има стратегија за недостигот на вода, поширока од затворање на дивите приклучоци. Според неа, кризата со водоснабдувањето во Скопје е директен удар врз квалитетот на живот и го нарушува основното човеково право на пристап до вода, а населбите Ѓорче Петров, Гази Баба и […]

Алиу: Се формира Здравствениот совет, здравствените политики ќе добијат стручна и научна поддршка


Денеска во Министерството за здравство се одржа првата конститутивна седница на Здравствениот совет, на која присуствуваше и министерот за здравство, Азир Алиу. Здравствениот совет, како советодавно тело на министерот за здравство согласно Законот за здравствена заштита е составен од девет члена – еминентни професори, доктори на науки во различни специјалности, од кои дел се и […]

Загадувањето од Вардариште е само визуелно, тврди Мицкоски


  Депонијата Вардариште со денови ги труе скопјани. Тоа редовно се случува повеќе од триесет години, но деновиве, откако на 31 август се запали, секојдневно група аеродромци протестираат и ја блокираат крстосницата кај мостот „Киро Глигоров“ и бараат надлежните да го решат проблемот со Вардариште пред локалните избори закажани за 19 октомври.  Денеска, прашањето за […]

Сведоци за односот на д-р Нино Васев: Кога сака да си ја тргне одговорноста прави шеги и за некоја „плавуша од Драчево“


Во Основниот кривичен суд Скопје, денеска, со сведоци на Основното јавно обвинителство продолжи судењето против поранешниот директор на Клиниката за радиотерапија и онкологија Скопје, Нино Васев и тројца онколози обвинети за несовесно лекување пациенти. Сведокот Јулија Мациевска, мајка на починатата Адријана Начевска, одговарајќи на прашања од страна на Обвинителството ја раскажа голготата која нејзината ќерка […]

„Егзит“ веќе четири години се одржува во Струмица


  Во политичката расправа имало ли намера или немало да се оствари идејата на кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, фестивалот „Егзит“ да се донесе во главниот град, тој веќе четврта година се одржува во Струмица. Годинава настапите на Џекс Џонс, Бејби Лазања, Бајага и „Инструктори“, Александра Јанева и БДМ, ја донесоа одличната „Get […]

Голем бесплатен концерт во сабота со Дарио и Миг-21, Елена Ристеска, Викторија Лоба, Кристина Арнаудова, Барбара Поповиќ и „2 Бона“


Во сабота, 13 септември, со почеток во 19.30 часот по трет пат ќе се одржи големиот музички хепенинг „Нешто што ќе остане“ во Паркот на Франкфонија. На овој музички хепенинг којшто ќе биде бесплатен за сите граѓани ќе настапат едни од најпознатите македонски изведувачи Дарио и Миг-21, Елена Ристеска, Викторија Лоба, Кристина Арнаудова, Барбара Поповиќ и групата „2 […]

(Видео) Забрана за движење во Вардариште – „Дрисла“ ја презема Главниот штаб за управување со кризи


Пожарот во депонијата „Дрисла“ ќе се обидат да го сузбијат со затрупување со земја, бидејќи гасењето со вода не дало резултати. – Скопските пожарникари, во текот на целата ноќ се обидуваа да го изгаснат пожарот којшто вчера попладне изби на депонијата „Дрисла“ во Скопје. За жал, гаснењето со вода не даваше резултати, поради што  се […]

Свечено одбележан Денот на независноста на Македонија во Загреб


Амбасадата на Република Македонија во Хрватска и македонскиот Културно-информативен центар во Загреб во соработка со Кинотеката на Македонија, Советот на македонското национално малцинство на Град Загреб, и Македонската православна црква во Република Хрватска, свечено го одбележаа Денот на независноста на Република Македонија со што уште еднаш се потврди меката моќ на културната дипломатија во градењето […]