Околу 60 автобуси на ЈСП ќе се вратат на скопските улици


Новиот скопски градоначалник Орце Ѓорѓиевски најави дека очекува околу 60 автобуси на ЈСП  деновиве да се вратат на скопските улици. – Веќе разговараме со дел од стручните служби на ЈСП Скопје, што не го опфаќа директорот и раководството за кои во изминатиов период видовме дека нивниот капацитет како да не постои односно, дека е деструктивен […]

Националната стратегија за образование треба да биде готова до Нова година


Новата Стратегија за образование која ќе обезбеди континуитет на започнатите реформи, се очекува да биде готова во декември, а на неа повеќе чинители работат интензивно од мај годинава. – Образованието е скапа работа. Но, вредноста на квалитетот е поголема од било која цена и затоа Владата на Македонија останува фокусирана на сите промени што мора […]

Герасимовски додели 82 стипендии до 3.500 денари месечно на најдобрите ученици


Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, во изминатите два дена додели 82 стипендии на ученици од областа на науката, техниката, посебните вештини и културата. Тој, потенцира дека овие ученици од основните општински училишта во Центар според утврдените критериуми покажале највисоки резултати и успеси на државните и меѓународните натпревари. „Доделувањето на стипендии ми е секогаш најдраг […]

Од вечерва во 20.30 часот почнува големата акција за чистење на Скопје


Орце Ѓорѓиевски го прими уверението за градоначалник на Скопје и најави дека од вечерва од 20.30 часот почнува долгонајавуваната акција за чистење на главниот град, што според него треба да тратае 72 часа.   „Денешното уверение е симбол на довербата што ми ја дадоа граѓаните на Скопје. Но, истовремено е и голема обврска да работам […]

Во Петровец почна изградбата на нов Културен дом, финансиран преку унгарскиот кредит


Премиерот Христијан Мицкоски денеска заедно со градоначалникот на Општина Петровец Борче Митевски присуствуваше на поставување камен темелник на нов Културен дом во општина Петровец. Објектот, со површина од 385 метри квадратни, ќе се гради со средства во висина од 29,5 милиони денари, обезбедени преку Владата од унгарскиот кредит. Градоначалникот Митевски истакна дека се очекува изградбата […]

Градоначалничката на Кисела Вода Стаменкоска-Трајкоска на акција за пошумување


Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска-Трајкоска, денеска учествуваше во акција за пошумување во непосредна близина на Паркот на шахот, во населбата 11 Октомври – Бараки. Како што информираат од општината, во рамките на активноста беа засадени дваесет нови дрвја, како почеток на серија акции за дополнително зазеленување и унапредување на животната средина во општината. […]

Орце Ѓорѓиевски официјално стана градоначалник, од денес течат „72-та“ часа за чистење на Скопје


По две изборни недели и неколку прегласувања, Државната изборна комисија утрово ги објави конечните резултати таму каде што до рокот не пристигна ниту една жалба – со што Орце Ѓорѓиевски и официјално е новиот градоначалник на Град Скопје. Заедно со него, уште 32 избрани градоначалници ги добиваат уверенијата и можат да отпочнат примопредавање на функциите. […]

На денешен ден во Битола е формиран најстариот македонски хор „Стив Наумов“


На денешен ден, на 6 ноември 1944 година во Битола е формиран најстариот македонски хор кој борците на Седмата македонска ударна бригада – Битолска, го именуваа според нивниот соборец, народниот херој Стив Наумов. Мешаниот аматерски хор „Стив Наумов“ почна со работа само два дена по ослободувањето на Битола, со првата музичка програма на градскиот плоштад […]

Доделување на наградата на ЕУ за истражувачко новинарство 2025


Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници, Томсон медија и Делегацијата на Европската Унија во Скопје, денеска организираат церемонија за доделување на Наградата на ЕУ за истражувачко новинарство 2025 за најдобра истражувачка сторија во Северна Македонија за изминатата година. Како што соопшти Делегацијата на ЕУ, официјално обраќање на церемонијата ќе имаат ЕУ амбасадорот Михалис Рокас […]

Преку ден облачно со сонце, од вечер повторно дожд


Синоптичарите за денеска најавуваат променливо облачно време со сончеви периоди. Во вечерните часови и во текот на ноќта во северните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд и ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени. […]

Реформите мора да стигнат до училниците – а не само на хартија


Во Скопје денеска се одржал регионален стратешки дијалог „Од податоци кон дејствување: Креирање заеднички решенија за квалитетно образование во Западен Балкан“, организиран од УНИЦЕФ за Европа и Централна Азија во соработка со ОЕЦД и Европската комисија, под покровителство на Министерството за образование и наука на Северна Македонија, на кој експерти и практичари од областа на […]

Потврден притворот на директорот и на управителот за отпад во „Комунална хигиена“ Скопје, Кривичниот совет ги одбил жалбите


Кривичниот совет ги одби жалбите и го потврди притворот на директорот и на управителот за отпад во „Комунална хигиена“ Скопје, информираат од Основниот кривичен суд Скопје.  Основниот кривичен суд Скопје на 28 октомври годинава го прифати предлогот на Основното јавно обвинителство Скопје и определи мерка притвор од 30 дена за Сабахадин Рустеми, в.д. директор на […]

Недостигот со лекари специјалисти Битолската болница го решава со преземање на кадар од приватното здравство


  БИТОЛА – Недостигот со лекари специјалисти Битолската клиничка болница го решава со преземање на доктори од приватното здравство. Четворица лекари специјалисти веќе работат во Битола, а болницата најавува превземање на хирург од приватна здравствена устанува. Од летото лекари од Државната клиника за онкологија во Скопје веќе прегледуваат еднаш неделно пацинети болни од канцер во […]

До 1 февруари забрана за риболов на сите видови риба на Мавровско Езеро, река Радика и нејзините притоки


Националниот парк „Маврово“ донесе одлука  за завршување на  сезоната на риболов во водите на подрачјето на паркот, вклучувајќи го Мавровско Езеро, реката Радика и нејзините притоки, за сезоната 2024/2025 година. -Во исто време со одлуката се воведува забрана за риболов, која стапи во сила на 1 ноември и ќе трае  до 31 јануари следната година. […]

Определени мерки на претпазливост за возачот кој го прегази Јорго Ќука


Основниот кривичен суд Скопје соопштува дека е прифатен предлогот за определување мерки на претпазливост за осомничениот во случајот на тешка сообраќајна несреќа на булевар „Гоце Делчев“ кога управувајќи автомобил „фолксваген пасат” удрил во сега починатиот Јорго Ќука, кој на велосипед се движел по обележаниот пешачки премин. Мерките на претпазливост за осомничениот кој се товари за […]

Училиштата може да аплицираат за средства за реализација на активности за заштита од насилство, пороци, дискриминација, малолетничка деликвенција


Министерството за образование и наука објави повици за  доделување средства во основните и во средните училишта за реализација на активности од програмите за заштита од насилство, злоупотреба и запуштање на ученици, програми за спречување дискриминација и програма за превенција од употреба на алкохол, пушење, учество во игри на среќа, злоупотреба на дроги и други психотропни […]

Бојан Бојкоски од ВМРО-ДПМНЕ на чело на Советот на Битола


  Бојан Бојкоски од ВМРО-ДПМНЕ е новиот претседател на Советот на Општина Битола. За Бојкоски гласаа 18 советници за, 11 беа против,  и двјаца воздржани. „Дискусијата во Советот мора да се поткрене на повисоко ниво, нема да дозволам навреди и лични пресметки. Кога има волја ќе има и резултати. Ќе успееме како обединети”, рече Бојкоски. […]

Со закон ќе се овозможи замена на македонска со словенечка возачка дозвола


Денес, на 28-та редовна седница на Комисијата за инфраструктура, животна средина и просторно планирање на Република Словенија, пратеничката со македонско потекло Сандра Газинковски како предлагач го презентираше Предлог-законот за измени и дополнувања на Законот за возачи. Ова е предлог-закон кој на прв поглед се занимава со техничко прашање – замена на возачки дозволи – но […]

Продолжи судењето за Онкологија, сведоци тврдат дека давале мито за терапија


Со сослушување на сведоци предложени од Обвинителството, денеска во Основниот кривичен суд Скопје, продолжи судењето против поранешниот директор на Клиниката за онкологија Никола Васев, кој заедно со уште двајца онколози е обвинет за несовесно лекување пациенти. Пред Судот беа сослушани повеќе оштетени сведоци, законски застапници на починати пациенти, кои зборуваа за лекувањето и конкретната терапија […]

Затвореници од битолскиот затвор чистат патишта


Во рамките на Меморандумот за соработка со Управата за извршување на санкции, денес започна првиот заеднички ангажман на лица од КПУ Затвор – Битола, кои активно учествуваат во чистење и уредување на просторите покрај магистралниот пат. „Ова претставува значаен чекор кон подигање на јавната свест, одржување на чиста животна средина, како и кон унапредување на […]