Докторот Цоневски ќе одговара за „екстремна суровост кон животно“


Доктор Ненад Цоневски, Македонецот кој работи во Софија, е обвинет за „екстремна суровост кон животно“, откако со автомобил прегази маалско куче во бугарскиот главен град, пишува „24часа.бг“ Од Обвинителството во Софија велат дека Цоневски ќе одговара за „намерна суровост кон животно што резултирало со сериозни повреди“, но не и за убиство, бидејќи кучето било евтаназирано подоцна. […]

Мицкоски јавно повика сите што имаат докази за злоупотреби да ги достават


 Премиерот Христијан Мицкоски јавно ги повика сите што имаат докази за злоупотреба, да ги достават за да можат институциите да делуват, отфрлајќи ги шпекулациите на опозицијата дека и други луѓе од власта се вмешани во злоупотребата на финансиски средства во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.  Одговарајќи на новинарски прашања по поставување […]

Сточарот Божидар Костиќ од Марвинци си ги бара субвенциите за 300 грла овци, но пари нема


  БИТОЛА – Сточарот од валандовското село Марвинци, Божидар Костиќ, или како што е познат меѓу своите сограѓани како Дарко, е крајно разочаран што субвенциите за овците не се исплатени, пари нема, а, како што вели, се наоѓа во многу лоша финансиска состојба.  Одгледувачите на овци досега за 2024 година зедоа само 600 денари по […]

Вработените на Меѓународниот аеродром „Скопје“ даруваа крв


ТАВ Македонија во соработка со Црвен Крст и Институтот за трансфузиона медицина, денеска – 13 ноември 2025, реализираше акција за дарување крв од страна на вработените на Меѓународниот Аеродром Скопје, во просториите на аеродромот. Целта на крводарителската акција е да се зголеми свеста за значењето на крводарителството и да се поттикне хуманост, солидарност а со […]

Кривична пријава за пратеникот од ДУИ Блерим Беџети за времето додека ја водеше општина Сарај


  Финансиската полиција поднесе кривична пријава против Блерим Беџети, поранешен градоначалник на Сарај, а сега пратеник од ДУИ; потоа против шестмина вработени во општината и во Град Скопје, како и еден надзорен инженер поради сомнежи за злоупотреба на службената положба и овластување, несовесно работење во службата, и фалсификување и уништување на деловни книги. Кривичната пријава […]

Црвен крст на Град Скопје ја одбележува Неделата на грижа за старите лица


  Црвен крст на Град Скопје, во периодот од 17 до 23 ноември, ја одбележува Неделата на грижа за старите лица. Активностите се реализираат преку социјалната услуга „Центар за дневен престој за стари лица за активно стареење и Центар за давање помош во домашни услови“. Во рамките на оваа недела ќе се спроведуваат повеќе хуманитарни, […]

Целосно реконструирана улицата „21“ во Радишани


Целосно е реконструирана улицата „21“ во Радишани, во должина од 450 метри. Локалната самоуправа обезбеди дополнителни паркинг-места и го исполни барањето на жителите на улица „21“, во населеното место Расадник. Покрај тоа, наскоро ќе започне реконструкција на улиците „Бутелска 2”, „Ангел Мојсковски”, „Александар Грличков” и „Љубинка Басотова”. Локалната самоуправа реализира проекти за подобрување на патната […]

Одложено рочиштето против Дарко Каевски и Наумче Мојсоски за злоупотреба на спортски ваучери


Основниот кривичен суд – Скопје го одложи денешното судско рочиште за предметот што се однесува на злоупотребата на државните спортски ваучери, во кој се обвинети вкупно 12 лица, меѓу кои и двајцата поранешни директори на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски и Наумче Мојсовски. Како што информираа од Основниот кривичен суд, судската постапка ќе […]

По откривањето на корупцијата министерот Трипуновски се нафрли врз Љупчо Николовски, тој правел криминали


  Откако неговата позиција во владата станува неодржлива по корупција и апсењата во Платежната агенција, министерот за земјоделство најде виновник за сите негови проблеми – неговиот претходник од СДСМ, Љупчо Николовски. Од избивањето на аферата, а и пред тоа Николовски укажува на проблемите во македонското земјоделство и СДСМ преку него понуди план како да се […]

МОН отвора дополнителен рок за пријавување за субвенциониран студентски оброк


  Министерството за образование и наука (МОН) ќе овозможи дополнителен рок за пријавување за субвенциониран студентски оброк за сите студенти кои го пропуштија првичниот период од 1 до 5 ноември, соопшти Министерството.   Новото време за аплицирање ќе трае од 13 до 16 ноември 2025 година, а пријавувањето ќе се врши електронски преку платформата на МОН на следниот […]

Кривична за Блерим Беџети и други вработени во Град Скопје за време на Данела Арсовска


Кривична пријава против осум физички лица – поранешни функционери и службеници во Општина Сарај и Град Скопје, како и надзорен инженер, поради сомнение за злоупотреба на службената положба и овластување, несовесно работење во службата и фалсификување или уништување на деловни книги. Управата за финансиска полиција до Основното јавнообвинителство – Скопје поднесе кривична пријава противлицата Б.Б. […]

Општина водена од СДСМ најтранспарентна во Македонија


Општина Крива Паланка се најде на првото место во државата според најновата анализа на Индексот за отвореност на општините за 2024 година, кој го спроведува организацијата ЗМАИ (Здружение за истражување и анализи), информира Службата за комуникација со јавноста при Општината. Оттаму посочуваат дека ова е значаен успех што ја потврдува континуираната заложба на Општината за […]

Градот Скопје со оддавање почит и признанија го слави 13 Ноември – Денот на ослободувањето


По повод 13 Ноември – Денот на ослободување на градот Скопје, делегација од Град Скопје, предводена од градоначалникот Орце Ѓорѓиевски ќе положи цвеќе на Партизанските гробишта во Бутел, на Алејата на великаните на градските гробишта, на гробот на генералот Михајло Апостолски и на споменикот на ослободителите на Скопје пред зградата на Владата. Традиционално, вечер на […]

Дел од жителите на Центар без вода


 Дел од жителите на Општина Центар денеска поради дефект ќе бидат без водоснабдување, соопшти РЦУК по добиено известување од ЈП „Водовод и канализација“. -На ден 13.11.2025 година поради уличен дефект на ул. „8-ма Ударна Бригада“ 39, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, вклучително и објектот на Амбасадата на Италија, стои во […]

Како е ослободено Скопје – сведоштва на Михајло Апостолски


На 13 ноември 1944 година, борците од 42. и 50. Народнослободителна дивизија на македонската војска и 16. Македонска бригада го ослободија Скопје од фашистичка окупација. По неколкудневните тешки борби со припадниците на 22-та Гренадиска германска дивизија, составена од 47-от и 65-от полк и делови од 11-та воздухопловна десантна дивизија, како и со германската тврдинска бригада […]

Без струја делови од Центар и Илинден


Без електрична енергија денеска во периодот од 08:00 до 13:00 часот ќе бидат корисниците улиците 8 и 8 во општина Илинден, информира РЦУК – Скопје. Од 08:30 до 12:30 часот, струја ќе немаат хотел Буши и делови од улиците „Самоилова“, „Јоаким Крчовски“, „Прохор Пчински“ и „Алберт Станиќ“ во општина Центар.

Утрото студено, а потоа сончево со температура до 20 степени


Наутро ведро и студено, а во текот на денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер. […]

Астрономски календар


Денеска е четврток, 13 ноември 2025 година, 317-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 48 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 21 минути, а ќе зајде во 16 часот и 14 минути. Денов трае 9 часа и 53 минути. Месечината, која е во фаза на последна четвртина нема да изгрее, […]

Скопје ќе ја добие првата подземна сообраќајница – на повидок кружните текови


Градоначалникот на СКопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска ја потпишал одлуката за јавна набавка за изградба на првата фаза од првата подземна сообраќајница во Скопје – булевар „Македонија“, на потегот од под „Лимак“ до влезот на Кисела Вода. По завршувањето на правната постапка, веднаш се почнува со работа. – Ова е проект што претставува вистински пресврт за […]

Се расчистува теренот околу штипската Автобуска станица за изградба на вториот „Лидл“ маркет


Почна расчистување на теренот околу Автобуската станица во Штип, каде што треба да се гради вториот „Лидл“ маркет. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов потврдува дека на оваа локација ќе има и маркет, но и Автобуска станица со поразличен изглед од сегашниот. Дополнително во напредна фаза се активностите и за изградба на првиот Лидл маркет […]