Приведен директорот на „Комунална хигиена“ Сабахудин Рустеми


Единицата за економски криминал при СВР Скопје денес го приведе директорот на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, Сабахудин Рустеми, и одзеде дополнителна документација поврзана со постапувањето на претпријатието. Според првичните информации, лишени од слобода се две лица, а по комплетирање на материјалите се очекува поднесување кривична пријава до обвинителството. Приведувањето следи по повеќемесечни контроверзии околу […]

По локалните избори кредити за болниците во Штип, Тетово и Кичево, а за Клинички центар Мицкоски ја мерка ГОБ „8 Септември“


Премиерот Христијан Мицкоски чека да завршат локалните избори за да распише повик за финансиски институции што ќе понудат кредити за болниците во Штип, Тетово и во Кичево, а веднаш потоа како следен чекор најави дека со партнерите од Обединетото Кралство ќе работат на нов клинички центар во Скопје. Локацијата на Градската општа болница „8 Септември“, […]

УХМР: Од утре, температура под нулата и магла во некои котлини


Под влијание на стабилна воздушна маса, следува период на суво и стабилно време. Како што прогнозира Управата за хидрометеоролошки работи, од утре утринската температура ќе се спушти под нулата, а во одредени котлини ќе има појава на магла. Врнежите што ја зафатија земјава, денеска попладне насекаде ќе престанат, а облачноста ќе се намали. Во западните […]

Јаневска: Експанзијата на академскиот простор донесе квантитет, но не и квалитет


Важно е да разговараме за квалитетот на нашето високо образование, но и да преземаме конкретни активности за негово континуирано подобрување, усогласување со европските стандарди и приближување кон реалните потреби на пазарот на труд и општеството во целина, рече министерката Весна Јаневска во обраќањето на Првиот годишен форум за квалитет во високото образование, што го организираше […]

Интересна разврска со ѓубрето, најавува Мицкоски


Ѓубрето нема да биде вест, откако Орце Ѓорѓиевски ќе седне во градоначалничката фотелја во Скопје, смета премиерот Христијан Мицкоски, кој најави интересна разврска со овој неколкунеделен проблем кој го имаат жителите на главниот град со преполните контејнери.  Ќе има интересна разврска за ѓубрето во Скопје, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање дали […]

ГОБ „8 Септември“ доби хипербарна комора за лекување хронични рани, изгореници, но и за спортисти


На Одделот за физикална медицина и рехабилитација во ГОБ „8 Септември“ во Скопје наскоро ќе биде во функција хипербарна комора за лекување на пациенти со хронични рани, дијабетично стопало, изгореници, но и спортисти.  Новата услуга е овозможена како проектна активност на болницата со донација од компанијата „Зегин“. – Услугата најчесто ќе ја користат пациентите со […]

Врнежите добредојдени за земјоделството, времето поволно за сеидба на есенските култури


Врнежите од дожд се добредојдени во овој период, ја надополнуваат влагата во почвата и ги снабдуваaт земјоделските култури со потребното количество вода, велат агрометеоролозите. Овие временски услови, нагласуваат, се поволни за сеидба на есенските култури која е во тек. -Многу е важно да се запазат оптималните услови за сеидба: избор на сорта, квалитет на семе, […]

Паднаа дрва врз оградата на ОУ „Киро Глигоров“ – за среќа, нема повредени


  Утрово, во близина на ОУ „Киро Глигоров“ во скопски Центар, падна едно многу високо дрво и уште едно помало, но за среќа нема повредени. Паѓањето на дрвата веројатно е резултат на обилните врнежи на дожд во последните 24 часа. Сообраќајот во тој дел од градот, по улицата „Васил Ѓоргов“ е во колапс. Екипи на […]

Најстудено и најмногу дожд на Попова Шапка


Утрово е најстудено на Попова Шапка, три степени, каде наврнал и најмногу дожд во изминатите 24 часа 86 литри на метар квадратен. Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи, до 8:30 часот измерени се 7 степени во Маврови Анови, Лазарополе и Крушево, 8 во Струмица, 9 во Берово и Крива Паланка, 10 во Куманово, Тетово, […]

Прв годишен форум за квалитет во високото образование во Скопје


 Во Ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје денеска ќе се одржи Првиот годишен форум за квалитет во високото образование на којшто е најавено обраќање на министерката за образование и наука Весна Јаневска.  -Форумот е организиран со цел споделување на досегашните активности на Универзитетот за имплементирање нов систем за следење на квалитет и […]

Одрон на автопатот Скопје – Велес и две сообраќајки, сообраќајот по една лента


На автопатот Скопје – Велес, по патарина Сопот, пред тунелите на Башино село, поради одрон на левата коловозна лента сообраќајот се одвива по десната коловозна лента се.  АМСМ информира дека во меѓу време на истото место се случиле две сообраќајни несреќи со материјална штета.  Повредени нема, а сообраќајот се одвива по една коловозна лента. На […]

Претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд, попладне облачноста ќе се намали


Времето денеска претпладне ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд, наместа пообилни и поројни со услови за појава на ретки грмежи. Попладне врнежите ќе престанат, а облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен и северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 13, а […]

Астрономски календар


 Денеска е понеделник, 27 октомври 2025 година, 300-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 65  дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот, а ќе зајде во 16 часот и 34 минути. Денов трае 10 часа и 33 минути. Месечината, која е во фаза на млада месечина ќе изгрее во 11 часот и […]

Досега наврнаа до 55 литри дожд на метар квадратен


Денешниот ден (недела 26 октомври) во нашаМакедонија помина во знакот на променливо и врнежливо време на повеќе места. Најмногу дожд до 16 часот попладнево наврна на Попова Шапка  и тоа 55  литри дожд на метар квадратен. Од градовите пак најмногу дожд наврна во Тетово и тоа 31 литри на метар квадратен до 16 часот попладнево. […]

Герасимовски најави уредување на просторот од Зелено пазарче до улица Македонија


  Кандидатот за втор градоначалнички мандат за Центар Горан Герасимовски, најави дека во вториот мандат се почнува со хортикултурно и партерно уредување на потегот од Зеленото пазарче до ул. „Македонија“. „Поставуваме нова изолација за спречување на течење на вода во подземните гаражи, а целата површина ќе добие нови плочки, зеленило на 2.400 квадратни метри, модерно […]

(ВИДЕО) Герасимовски: На 13 декември во новата сала на Работнички ќе го победиме МЗТ


Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, информира дека реконструкцијата на легендарната сала „Работнички“ е во завршна фаза и дека на 13 декември ќе се одигра натпреварот против МЗТ, кадешто „Работнички“ ќе издвојува голема победа.  „Ова е нашата сала „Работнички“, нашиот храм за победи. Во моментов е во завршна фаза нашата реконструкција според ФИБА стандарди, со […]

Грипот зема замав: 188 случаи и две жртви


Грипот веќе е тука. Според најновите податоци на Институтот за јавно здравје, од почетокот на сезоната 2025/2026 се регистрирани 188 случаи на грип во земјата, што претставува зголемување од 77 проценти во споредба со истиот период минатата година и 36 проценти повеќе од просекот на последните 14 сезони. Најмногу заболени има во Гостивар, каде што […]

Младите во Македонија пушат и пијат се помалку


Според најновото истражување ESPAD 2024, тинејџерите во Македонија и во Европа го менуваат својот однос кон пушењето и алкохолот. Во земјава, младите пушат многу помалку од своите врсници во другите европски земји, но расте употребата на електронски цигари, што е причина за загриженост. Истражувањето ги опфати навиките на над 113.000 ученици од 37 европски земји. […]

МЖСПП: Нема истекување на линдан во ОХИС


Министерството за животна средина и просторно планирање ја информира јавноста дека нема никакво истекување на линданот во ОХИС, а истовремено континуирано го спроведува процесот на чистење. -МЖСПП континуирано работи на решавање на еден од најголемите еколошки предизвици во земјата, чистењето на линданот во поранешниот индустриски комплекс ОХИС. Дополнително, во средата, на 22 октомври 2025 година, […]

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд


Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, најпрвин во западните делови каде ќе бидат пообилни и поројни со услови за појава на грмежи. Ќе дува умерен југоисточен, а во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе […]