ПОЦ овозможи плаќање паркинг со QR-код


Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи на Општина Центар“- Скопје, на ден 29.10.2025 година успешно реализираше поставување на нови информативни табли со современ дизајн и вграден QR-код кој овозможува едноставно и брзо плаќање на паркинг услугата со платежна картичка. Во рамки на напорите за дигитализација и модернизација, претпријатието денес започнува со замена на сите информативни […]

Левица бара јавно извинување: Орце ги навреди самохраните мајки


Јавноста синоќа беше сведок на навредлив однос кон самохраните мајки и нивните деца од страна на Орце, кандидатот за градоначалник на Скопје од ДПМНЕ. Орце ги омаловажи жените кои секој ден се борат сами, без ничија помош, за да им обезбедат достоинствен живот на своите деца. Навредите на Орце се насочени кон секоја мајка што […]

Постудени утра и повисока дневна температура во периодот што следи


 Постудени утра и повисока дневна температура најавија од Управата за хидрометеоролошки работи во периодот што следи. – Под влијание на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време со постудени утра, а дневната температура ќе биде во пораст, особено во деновите од викендот. Претпладне по одделни котлини и речни долини ќе има услови […]

Царина заплени речиси 3.000 парчиња шверцувана стока на повеќе премини


Царинските службеници и мобилните тимови на граничните премини Блаце, Табановце, Богородица и Ново Село во изминатиот период запленија речиси три илјади парчиња различна стока – меѓу кои алкохолни пијалоци, електронски цигари, облека со потпис на заштитени трговски марки, и автоделови пронајдени во возила, автобуси и товарни моторни возила. Против сторителите се водат посебни постапки. На […]

Андоновски: Дигитализацијата е новата енергија на управувањето


Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, се обрати на сесијата „Дигитализација на енергетските системи – Забрзување на дејствијата преку координација и иновации“ во рамки на 14. Меѓународен форум за енергија за одржлив развој, што се одржува во Скопје. Во своето обраќање, министерот ја истакна потребата од заедничко делување и координирани напори во процесот на дигитална […]

Притворениот директор на „Комунална хигиена“ поднесе оставка


За време на распитот во Кривичниот суд, директорот на ЈП „Комунална хигиена“ Сабахудин Рустеми поднел оставка од челната позиција. – Она што сакам да го изнесам јавно на барање на директорот е дека тој на записник пред судијата на претходна постапка ја депонира својата оставка. Станува збор за неотповиклива оставка од в.д. директор на јавното […]

Поранешниот директор, заменик-директор и вработени во АХВ кривично ќе се гонат – проневериле 62.530 денари


СВР Скопје до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против З.А., поранешен директор на Агенцијата за храна и ветеринарство поради сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“ по член 354 став 1 од КЗ, Ф.М., поранешен заменик директор во агенцијата поради сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“ по член 354 во врска со […]

И за вториот изборен круг во недела безбедноста ќе се следи со дронови


Директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев вчера оствари средба со раководството на сите градови каде што ќе се одржи вториот круг од локалните избори. На состанокот беа разгледани безбедносните состојби на терен, предизвиците и активностите кои полицијата ги презема во пресрет на изборниот ден. Директорот Јанев нагласи дека обврската на полицијата е јасна […]

Лажни се сите дојави за бомби во училишта во Скопје и Куманово


Лажни се сите пријави за поставени експлозивни направи во учичишта во Скопје и во Куманово, соопшти МВР по извршените проверки. – Во СВР Скопје и СВР Куманово вчера околу 18 часот пријавено е дека на емаил адресите во 30 училишта во Скопје и 17 училишта во Куманово пристигнати се пораки за наводно поставени експлозивни направи […]

Сончево со мала до умерена облачност, температура до 20 степени


Времето денеска наутро ќе биде претежно ведро и студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 4, а максималната ќе достигне од 15 до 20 степени. Во Скопје сончево со мала до умерена […]

Астрономски календар


Денеска е среда, 29 октомври 2025 година, 302-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 63  дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 3 минути, а ќе зајде во 16 часот и 32 минути. Денов трае 10 часа и 28 минути. Месечината, која е во фаза на прва четвртина ќе изгрее во […]

„Мааксим Димитриевскии…“ – хитот од кампањата го снема од Јутјуб


  Песната што ја одбележа оваа изборна кампања многу повеќе од сите предизборни спотови избришана е од Јутјуб. Песната беше снимена во чест чест на кумановскиот градоначалник и лидер на ЗНАМ, Максим Димитриевски, додека тој беше во кампања во едно ромско маало во Куманово. Порталот „4news.mk“ пишува дека не се познати официјалните причини за бришењето […]

Притвор од 30 дена за Рустеми и Саити, двајцата раководители од „Комунална хигиена“


Основниот кривичен суд Скопје го прифати предлогот на Основното јавно обвинителство Скопје и определи мерка притвор од 30 дена за двајца раководители од ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, поради основано сомнение за кривично дело „Загрозување на животната средина и природата со отпад“ од член 230 став 1 од Кривичниот законик. Притворот е изречен за Сабахадин […]

Дојави за поставени бомби во сите училишта во Аеродром, Скопје и во Куманово


Вечерва, стигнала дојава за поставени бомби во сите училишта во Општина Аеродром, па откажани се сите активности на децата во попладневните часови. Откажани се тренинзи на клубови, играорни групи и други активности за кои се изнајмуваат салите и атриумите на училиштата. Денеска (28.10.2025) околу 18 часот во СВР Скопје и СВР Куманово било пријавено дека […]

Карпош се промовира како енергетски најефикасна општина


Уште од 2008 година, Општина Карпош ја реализираше својата визија за трансформација на локалната заедница, преку примена на меѓународните регулативи и стандарди при изградба на енергетско – ефикасни објекти. Како резултат на преземените мерки и чекори, Карпош во 2009 година беше прогласен за енергетски – најефикасна општина во Република Македонија. Точно пред 17 години, Карпош […]

Димитриеска-Кочоска: Зголемување на пензиите се очекува и следната година


Министерката за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска очекува дека и следната година ќе има раст на пензиите имајќи предвид дека просечната плата природно ќе се зголемува. На денешната прес-конференција во Владата, на која беше презентиран Предлог-буџетот за 2026 година, министерката за финансии рече дека согласно сегашните пресметки се очекува во март да порастат пензиите за […]

ПОЦ собра 120 хаварисани возила


Во изминатата година, ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ успешно отстрани над 120 хаварисани возила од јавните површини на територијата на oпштина Центар. Со оваа акција, претпријатието продолжува да придонесува кон создавање на почиста, побезбедна и поурбана животна средина за сите граѓани. „Нашата цел е целосно да го ослободиме Центар од хаварисани возила кои ја нарушуваат […]

Вработените во „Паркови и зеленило“ преку демонстрации бараат плата, К-15 и други надоместоци


Денеска,  се одржа собир на крстосницата пред ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје, каде персоналот од ова претпријатие бара надоместок на септемвриската плата, надоместок на К-15, јубилеен надоместок, новогодишен додаток, надомест за работници со преостанато работно време и надоместок за помош за починат член во семејството. Демонстрации, според Независниот синдикат на „Паркови и зеленило“ – […]

СДСМ направил коалиција за победа во вториот круг во Лозово


  „Бараме поддршка за силно продолжување на тоа што беше од 2017 до 2021 година кога имавме градежна офанзива. Затоа сакаме тоа да продолжиме, да изградиме уште неколку училишта во подрачните места, уште неколку улички, останат во населените места, така да ќе останеме први во регионот, односно во државата, со 100% приклучени домаќинства во водовод, […]

Министерството за животна средина го објаснува скандалозниот отпад во Вардар


Во врска со појавата на пластичен амбалажен отпад во реката Вардар и другите поголеми и помали водотеци, Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека причините за ваквата состојба се должат на незадоволителното ниво на комунални услуги од страна на операторите, особено во руралните средини. -Во овие подрачја е евидентно присуство на помали или […]