Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд во попладневните часови


 Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне по одделни котлини со појава на магла. Попладне и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд и услови за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 8, а максималната ќе достигне […]

Митески се заблагодари за довербата во Аеродром: „Од утре почнуваме со работа!“


Актиелниот градоначалник на Аеродром останува во градоначалничката фотелја, и прогласи голема победа со 18.000 гласа.   „Благодарам за можноста што ми ја дадовте! Ова за мене е голема одговорност и ве уверувам дека ќе ја оправдам вашата доверба! Уште утре почнуваме со работа да го направиме Аеродром место на кое сите ќе се гордееме!“, ветува […]

Сотир Лукровски слави во Карпош (видео)


Сотир Лукровски, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на општина Карпош, слави. -Драги мои карпошани, сакам да ви се заблагодарам на сите на огромната поддршка и да ја објавам историската поддршка на ВМРО-ДПМНЕ во Карпош, изјави вечерва Лукровски. „Драги мои карпошани, вечерва зборувам со срце полно гордост и благодарност. Во оваа кампања не се борев за […]

Дејан Митески останува градоначалник на Аеродром?


По пребројани гласови од 71 гласачко место во Аеродром, во двојно водство е актуелниот градоначалник Дејан Митески, од ВМРО-ДПМНЕ. Тој има псвоено 59,64 отсто од гласовите или 13.626 гласале за него, наспроти Александар Трајановски поддржан од СДСМ, кој има 30,29 отсто од гласовите или за него гласале 6.921. Остануваат да се сумираат и гласовите од […]

Ќе го „даде“ ли Јакимовски Карпош? Лукровски води со 800 гласови предност


По пребројани речиси 58 отсто од гласовите во скопски Карпош во водство е кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ Сотир Лукровски. Досегашниот градоначалник Стевче Јакимовски во неколку мандати, заостанува зад својот противкандидат за 800 гласови. Сепак, засега пребројани се 46 од 74 гласачки места, односно  35.375 од 56.856 гласачи.

Во Струга ќе одлучува фото-финишот


Осумдесетина гласови ги делат кандидатие за избор на градоначалник на Струга. Таму води независниот кандидат Менди Ќира, поддржан од „Вреди“, со 10.425 гласови пред Арсим Далипи од националната алијанса за интеграција со 10.304.  Остануваат да се пребројат уште 13 гласачки места. Овие резултати се од избројани 87,13 отсто од гласовите.

Во Куманово е тесно, Димитриевски е во предност од неколку стотици гласови


Независниот кандидат Горан Стојковски има извонреден пораст на гласовите во вториот круг на изборите за градоначалник на Куманово и таму трката е неизвесна, барем според пребројаните 64 отсто од гласовите. Градоначалникот Максим Димитриевски (ЗНАМ) се бори за трет мандат. Тој води со 49,99 отсто од гласовите (8.762), додека Стојковски освоил 45,99 (8.062).  За броење остануваат […]

Во Брвеница кандидатот на ВЛЕН во голема предност пред ривалот од ВМРО-ДПМНЕ


  Со избројани 75 отсто од гласовите кандидатот на ВЛЕН, Хаќим Рамадани е во голема предност пред кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и досегашен градоначалник Јовица Илиевски. Рамадани досега има освоено 60,7 отсто од гласовите (3.207), додека Илиевски 37,35 проценти (1.973). За пребројување остануваат уште гласовите од шест избирачки места.

ДИК почна со објавување на резултатите во живо


Државната изборна комисија почна да ги објавува резултатите од вториот круг на локалните избори во кои се гласа за градоначалник во 32 општини и во Градот Скопје.  Во моментот во во Скопје двојна е предноста на Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ, спрема противкандидатот Амар Мециновиќ, во Аеродром води кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Дејан Митески, во Центар е […]

Обвинителство: Изборниот ден помина без поголеми нарушувања


По затворањето на избирачките места во вториот круг од локалните избори во Северна Македонија, Јавното обвинителство излезе со оценка дека изборниот дел поминал „без поголеми нарушувања на изборниот процес“. „До јавното обвинителство во текот на денешниот ден е доставено само едно известување на подрачјето на Шуто Оризари за фотографирање на гласачко ливче. Итно се дадени […]

Заврши гласањето на осмите локални избори во вториот круг, почнува броењето


Во 19 часот затворени се избирачките места на кои граѓаните денеска можеа да гласаат во вториот круг од oсмите локални избори, за градоначалници во 32 општини и во Градот Скопје, како и на три избирачки места во Шуто Оризари за советници. Денеска не се гласаше за градоначалици во Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и во Маврово, […]

Излезноста до 18:30 часот е 40,45%


Државната изборна комисија го соопшти последниот пресек на излезност за денешниот ден до 18:30 часот за вториот круг локални избори во 2025 година. На половина час пред затворањето на избирачките места, излезноста на територијата на цела Македонија е 40,45%, соопштија од ДИК. Од вкупно 1.013.357 избирачи кои имаат право на глас, и обработени 987,174 гласачи, […]

Излезноста во Брвеница и Кичево до 15 часот е зголемена во однос на првиот круг


  Во двете општини каде се водат неизвесни битки за градоначалник во вториот круг излезноста е прилично зголемена. Во Брвеница, општина покрај Тетово, таа е зголемена за 10 отсто. Пред две недели излезноста до 15 часот изнесуваше 30, 55 отсто, а денеска 40,83 проценти. Во Кичево на 19 октомври излезноста до 15 часот беше 36,22, […]

Крушево со над 50 отсто излезност во 15 часот – Скопје се буди


Во попладневните часови излезноста во сите општини каде се гласа во втор круг на локалните избори, вклучително и Град Скопје, се зголемува, но Чаир и Сарај уште покажуваат комплетна незаинтересираност за избор на татко на градот. До 15 часот излезеноста за локалните избори во земјава е 30,26 проценти, а за Скопје 29,94 отсто, соопшти Државната […]

ДИК им ги одзеде акредитациите на осуммина домашни набљудувачи поради агитирање пред гласачко место


Државната изборна комисија денеска во рамки на 151. седница расправаше по два приговори за остварување на право на глас, при што во двата случаи утврди дека лицата се запишани во Избирачкиот список и до 19 часот можат да го остварат своето право и донесе одлука за одземање на акредитациите на осуммина домашни набљудувачи поради постапување […]

Утре наутро – магла, попладне – дожд


Времето утре ќе биде променливо облачно, претпладне по одделни котлини со појава на магла. Попладне и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд и услови за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.   Во Скопје, променливо облачно, претпладне во делови од котлината со појава на слаба […]

До 13 часот излезеноста 19,96 проценти, за Скопје 15,28 отсто


Излезноста во вториот круг од локалните избори е 19,96 отсто на територија на целата држава, додека најмала е излезноста во скопските општини Чаир и Сарај, каде излезноста е околу 5 односно 3 отсто до 13 часот.  За Скопје излезноста е 15,28 отсто, додека во другите скопски општини се движи од 13,3 отсто во Бутел до […]

Предизборниот молк нарушен во Охрид, Тетово, Битола и Штип


За време на предизборниот молк, во текот на 01.11.2025 до 07:00 часот на 02.11.2025, односно до отворање на избирачките места, регистрирани се 10 пријави за нарушување на изборниот молк од кои по три на подрачје на СВР Скопје и СВР Охрид, две на подрачје на СВР Штип и по една на подрачје на СВР Тетово […]

До 11 часот гласале 10, 1 проценти од гласачите на вториот круг од локалните избори


 Излезеноста на гласачите до 11 часот на вториот круг од гласањето за градоначалници, како што соопшти Државната изборна комисија, изнесува 10,1 проценти согласно податоците добиени од 1276 избирачки места или 92, 94 проценти. Излезеноста на гласачите во Град Скопје до 11 часот изнесува 8,30 проценти, а податоци се добиени од 611 избирачки места или 89,20 […]