МОН отвора дополнителен рок за пријавување за субвенциониран студентски оброк


  Министерството за образование и наука (МОН) ќе овозможи дополнителен рок за пријавување за субвенциониран студентски оброк за сите студенти кои го пропуштија првичниот период од 1 до 5 ноември, соопшти Министерството.   Новото време за аплицирање ќе трае од 13 до 16 ноември 2025 година, а пријавувањето ќе се врши електронски преку платформата на МОН на следниот […]

Кривична за Блерим Беџети и други вработени во Град Скопје за време на Данела Арсовска


Кривична пријава против осум физички лица – поранешни функционери и службеници во Општина Сарај и Град Скопје, како и надзорен инженер, поради сомнение за злоупотреба на службената положба и овластување, несовесно работење во службата и фалсификување или уништување на деловни книги. Управата за финансиска полиција до Основното јавнообвинителство – Скопје поднесе кривична пријава противлицата Б.Б. […]

Општина водена од СДСМ најтранспарентна во Македонија


Општина Крива Паланка се најде на првото место во државата според најновата анализа на Индексот за отвореност на општините за 2024 година, кој го спроведува организацијата ЗМАИ (Здружение за истражување и анализи), информира Службата за комуникација со јавноста при Општината. Оттаму посочуваат дека ова е значаен успех што ја потврдува континуираната заложба на Општината за […]

Градот Скопје со оддавање почит и признанија го слави 13 Ноември – Денот на ослободувањето


По повод 13 Ноември – Денот на ослободување на градот Скопје, делегација од Град Скопје, предводена од градоначалникот Орце Ѓорѓиевски ќе положи цвеќе на Партизанските гробишта во Бутел, на Алејата на великаните на градските гробишта, на гробот на генералот Михајло Апостолски и на споменикот на ослободителите на Скопје пред зградата на Владата. Традиционално, вечер на […]

Дел од жителите на Центар без вода


 Дел од жителите на Општина Центар денеска поради дефект ќе бидат без водоснабдување, соопшти РЦУК по добиено известување од ЈП „Водовод и канализација“. -На ден 13.11.2025 година поради уличен дефект на ул. „8-ма Ударна Бригада“ 39, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, вклучително и објектот на Амбасадата на Италија, стои во […]

Како е ослободено Скопје – сведоштва на Михајло Апостолски


На 13 ноември 1944 година, борците од 42. и 50. Народнослободителна дивизија на македонската војска и 16. Македонска бригада го ослободија Скопје од фашистичка окупација. По неколкудневните тешки борби со припадниците на 22-та Гренадиска германска дивизија, составена од 47-от и 65-от полк и делови од 11-та воздухопловна десантна дивизија, како и со германската тврдинска бригада […]

Без струја делови од Центар и Илинден


Без електрична енергија денеска во периодот од 08:00 до 13:00 часот ќе бидат корисниците улиците 8 и 8 во општина Илинден, информира РЦУК – Скопје. Од 08:30 до 12:30 часот, струја ќе немаат хотел Буши и делови од улиците „Самоилова“, „Јоаким Крчовски“, „Прохор Пчински“ и „Алберт Станиќ“ во општина Центар.

Утрото студено, а потоа сончево со температура до 20 степени


Наутро ведро и студено, а во текот на денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер. […]

Астрономски календар


Денеска е четврток, 13 ноември 2025 година, 317-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 48 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 21 минути, а ќе зајде во 16 часот и 14 минути. Денов трае 9 часа и 53 минути. Месечината, која е во фаза на последна четвртина нема да изгрее, […]

Скопје ќе ја добие првата подземна сообраќајница – на повидок кружните текови


Градоначалникот на СКопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска ја потпишал одлуката за јавна набавка за изградба на првата фаза од првата подземна сообраќајница во Скопје – булевар „Македонија“, на потегот од под „Лимак“ до влезот на Кисела Вода. По завршувањето на правната постапка, веднаш се почнува со работа. – Ова е проект што претставува вистински пресврт за […]

Се расчистува теренот околу штипската Автобуска станица за изградба на вториот „Лидл“ маркет


Почна расчистување на теренот околу Автобуската станица во Штип, каде што треба да се гради вториот „Лидл“ маркет. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов потврдува дека на оваа локација ќе има и маркет, но и Автобуска станица со поразличен изглед од сегашниот. Дополнително во напредна фаза се активностите и за изградба на првиот Лидл маркет […]

Затвореници биле на платен список во „Комунална хигиена“


    Финансиска полиција го тресе работењето во „Комунална хигиена“ откако градоначалникот Орце Ѓорѓиевски обвини дека имало низа злоупотреба во ова јавно претпријатие од околу 300 милиони евра.   Ѓорѓиевски рече дека и самиот тој имал средба со Финансиска полиција и дека покрај исплата на плати на лица кои воопшто не се појавувале на работа […]

Ѓорѓиевски за поканата на дуел: Данела нека комуницира со други институции, не со мене, јас сум зафатен


Скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски одби да ја коментира поканата на поранешната  скопска градоначалничка Данела Арсовска за ТВ дуел и повикот да ги објави списоците со луѓето кои биле избркани од работа откако ја презел функцијата. „Што се однесува на бивши политичари коишто имале шанса дадена од граѓаните, но го потрошиле за апсолутно ништо мандатот, немам […]

Вработените во „Лукоил“ и компанијата во неизвесност, уште девет дена до санкциите


  Остануваат уште девет дена, до 21 ноември, кога ќе стапат во сила санкциите на САД против руските нафтени компании „Роснефт“ и „Лукоил“, а вработените во македонската подружница не знаат каква ќе биде нивната судбина. Барем јавно македонските власти не покажуваат заинтересираност за судбината на „Лукоил Македонија“ и 550-те вработени во компанијата. Прво се минимизираа […]

 Хуманитарен базар „Симит и погача“ во Дебар Маало кај муралот на Горан Стефановски


Општина Центар, по повод 13 Ноември – Денот на ослободување на Скопје, го организира „Фестивалот на симит и погача во срцето на Скопје“, кој ќе се одржи пред муралот на Горан Стефановски во Дебар Маало, утре во 10:30 часот. На хуманитарниот базар посетителите ќе можат да ја дегустираат познатата скопска симит погача, препознатлив симбол на […]

Прекината е исплатата на 400 илјади евра за 15 корисници на ИПАРД, но тоа е само врвот на ледената санта


  Стопирана е исплатата на петнаесет корисници на ИПАРД 3 Програмата во износ од 400 илјади евра, потврдуваат официјално од Министерството за финансии за „Независен“. Но, останува нејасно што ќе се случува со поднесените барања за исплата коишто се во процедура на одобрување во Платежната агенција и барањата кои, според договорите, треба да се поднесат […]

Започнува изградбата на мегапаркот во Бутел


Запуштениот простор по должина на булеварот „Христијан Тодоровски – Карпош“ ќе прерасне во модерен и функционален зелен простор – мегапарк со богати зелени површини, плоштад, детски катчиња, пешачки патеки и фитнес зони, со содржини наменети за сите возрасти, кој ќе се простира на површина од 8.000м2. Парковите се вистински зелени оази кои придонесуваат за поздрав […]

Посилен систем за поправедна заштита – нов проект за борба против корупцијата во здравството


Започнува имплементацијата на проектот „Посилен систем за поправедна заштита: Намалување на корупцијата во здравството“ чија главна цел е градење транспарентен и одговорен здравствен систем кој одговара на потребите на сите граѓани, особено на жените и маргинализираните групи. Станува збор за национална иницијатива која се темели на три главни активности – обуки на здравствените работници за […]

Андоновски: Следен чекор на МДТ е создавањето на владин центар за одговор на сајбер инциденти


„Следната фаза во јакнењето на националната сајбер безбедност е изградбата на новиот владин центар за одговор на сајбер инциденти – GOVCIRT“, изјави министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски на форумот „Технологии и добри практики во сајбер безбедноста. Искуства од Република Италија“, одржан денеска во Скопје. На настанот присуствуваа претставници од италијанските институции и компании, како […]

Аеродром воведува фискална едукација во основните училишта – ќе ги подучуваат едукатори од УЈП


Започнувањето на проектот „Фискална едукација“ беше одбележано денеска во основното општинско училиште „Браќа Миладиновци“. Со овој проект, како што беше нагласено, општина Аеродром станува прва општина во државата што ја воведува фискалната едукација во основните училишта. На настанот присутни беа градоначалникот на општина Аеродром, Дејан Митески, директорката на Управата за јавни приходи, Елена Петрова, како […]