Наместо експресна реакција и одговорност, власта молчи за скандалот со операциите, обвинува СДСМ


Поминуваат денови од откривањето на еден од најстрашните скандали во македонското здравство со непотребни операции на срце направени во приватни клиники.  Наместо експресна реакција, наместо објавување на сите информации, наместо одговорност власта со денови молчи, се наведува во соопштението од СДСМ од прес – конференцијата на Рената Младеновска, член на Извршниот одбор на СДСМ. „Сè […]

Каква храна се продава покрај училиштата: АХВ изрече 15 забрани за вршење дејност


Петнаесет забрани за вршење дејност изрече Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) на оператори со храна во рамки на 445 инспекциски контроли кои ги спроведе во изминативе десеттина дена. Како небезбедни, АХВ заплени и нештетно уништи 696 килограми небезбедна и храна од непознати добавувачи. Акцент со контролите, како што велат од АХВ, бил ставен на […]

Панел-дискусија во Куманово за наставничката професија: „Магичниот пресврт – Што научи? или Што доби?“


Продолжува караванот на панел-дискусии во рамки на националната кампања „Магијата е во знаењето“ на Министерството за образование и наука, со која се истакнува важноста на наставничката професија и влијанието што наставниците го имаат во создавањето на идни генерации. Денешната панел-дискусија ќе се одржи во Занаетчискиот дом во Куманово. Темата на панел-дискусијата е „Магичниот пресврт – […]

Сончево со мала до умерена облачност, температурата до 20 степени


Утрово по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб, а во западните делови умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 16 до 20 степени. […]

Костадиновска Стојчевска: За 91% е намален буџетот за инспекторатот за македонски јазик


Со предлог буџетот за 2026 година има намалување на буџетот на инспекторатот за македонски јазик за 91 %, кој е заснован врз основа на законот за македонски јазик, која сите заедно го донесовме во 2024 година, истакна пратеничката на СДСМ Бисера Костадиновска Стојчевска во своето обраќање пред собраниската комисија за финансирање. Таа додаде дека и […]

Бурна седница на Советот во Крива Паланка за продажбата на Europe House


Советничката група на ВМРО–ДПМНЕ во Крива Паланка остро реагира на предлогот на градоначалникот Сашко Митовски и одлуката на советничкото мнозинство на СДСМ, на вчерашната седница на Советот, да се продаде општинскиот објект во којшто функционира Europe House. Тоа е единствениот современ младински, образовен и културен центар во Североисточениот регион. Покрај фактот дека просторот е целосно […]

Власта уште калкулира, ќе го намалува дефицитот ставајќи го на „диета“ судството


Буџетот за судството за следната година е планиран рационално, во рамки на законските лимити и во контекст на фискалната консолидација, а во моментот се прават анализи за процентот од буџетот кој што му следува во судството согласно европските практики, истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска -Кочоска во гостувањето во Дневникот на Тв Сител. „Во 2025 […]

И Дафина Стојановска ќе работи чесно и посветено за граѓаните


Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, на седницата на собраниската комисија за Предлог-буџетот за 2026 година, изјави дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со домаќинско управување и дека ќе обезбеди „реални приходи и стабилен раст“, без зголемување на даноците и без нови, вонредни давачки за граѓаните. „Владата на ВМРО-ДПМНЕ не ги покачи даноците, туку само ја […]

Лукаревска: Во Буџетот нема мерки за раст на платите


Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на комисиската расправа , предложениот буџет го оцени како неконзистентен, нереален и директно штетен за економијата и граѓаните.  Таа нагласи дека буџетот не содржи никакви политики за зголемување на платите, ниту мерки за справување со сè поголемата сиромаштија. „Цените растат, граѓаните должат повеќе, а примаат исто. Наместо да живеат подобро, […]

Во Аеродром ќе се сади дрво за секои 10 метри квадратни новоградба


  Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, најави ново правило со кое секој нов проект за изградба ќе придонесува за зголемување на зеленилото во градот. Според правилото, за секои 10 м² новоградба, на јавните површини ќе се засадува еден нов садник. „Секоја нова градба ќе носи дел од природата назад во нашиот град“, истакна Митески, […]

Охрид СОС: На власта ѝ пречи што Охридскиот Регион е на листата на светско наследство


Охрид СОС реагира на неодговорната изјава на вицепремиерот Александар Николоски неодамна кој оцени дека поради статусот на заштитено подрачје, во Охридскиот Регион не можат да се изградат хотели од висока категорија – и покрај толкуте хотели што во моментов се градат незаконски, и покрај таа заштита. Според нивна оценка, на власта и пречи очигледно што […]

Алиу: Специјализираната болница за геријатриja „13 Ноември“ е врвна установа


„Специјализираната болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ е врвна установа во нашата држава во оваа област. Со заеднички заложби со раководството во континуитет работиме на унапредување на условите за оваа специфична категорија пациенти“, порача министерот за здравство Азир Алиу на отворањето на првата меѓународна конференција за геријатриска и палијативна медицина со меѓународно учество, […]

Адеми: Извештајот на ЕК e алармантен сигнал за застојот на Македонија


Демократската унија за интеграција ја изразува својата длабока загриженост за исклучително негативната оценка што Европската комисија ѝ ја даде на Северна Македонија во својот најнов извештај за 2025 година. Овој извештај, кој е дел од Пакетот за проширување, претставува една од најслабите оценки што нашата држава ги има добиено во последните десет години, изјави на […]

Тренчевска: Владата крати пари за најранливите граѓани


Пратеничката на СДСМ, Јована Тренчевска, смета  дека предлог-буџетот за 2026 година кој го предлага Владата не само што не обезбедува фискална консолидација, туку ја продлабочува фискалната нестабилност и создава сериозни ризици за економијата и граѓаните. Наместо реални реформи и стабилност, буџетот нуди нереални проекции, енормно задолжување и директно прекршување на фискалните правила утврдени со Законот […]

Битиќи: Каматите на кредитите стануваат сериозна буџетска ставка


Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, во гостување во емисијата „Трилинг“ на ТВ 24 ја истакна сериозната состојба со новиот буџет, предупредувајќи дека со вака поставениот економско-фискален модел државата може да се соочи со сериозна криза, веќе за две години. „Веќе ги гледаме последиците од моменталниот економско-фискален модел: каматните плаќања преминуваат во сериозна буџетска ставка и […]

Продолжува комисиската расправа за Предлог-буџетот за 2026 година


Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска ќе ја продолжи седницата за Предлог-буџетот за 2026 година. Вкупните приходи во Предлог-буџетот за следната година се проектирани на 374,7 милијарди денари, расходите на 413,9 милијарди денари, а капиталните инвестиции на 40,5 милијарди денари или 650 милиони евра. Економскиот раст е проектиран на 3,8 проценти, инфлацијата на 2,5, […]

„Марш за ангелите“ денеска во Скопје


Денеска, 15 ноември, во Скопје ќе се одржи „Марш за ангелите“ – протестен марш во спомен на 63-те млади луѓе кои загинаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Настанот започнува во 12:05 часот на плоштадот „Македонија“, по што учесниците ќе се упатат кон парламентот, а финалето ќе биде пред Основниот кривичен суд. Во организација […]

Стабилно време за викендот, од вторник променливо


Утринските часови ќе донесат пониски температури и услови за појава на магла во одделни котлини, додека преку ден времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Ќе дува слаб ветер, претежно од југозападен правец. Минималните температури ќе се движат од –3 до 4 степени, а максималните ќе достигнат […]

Кренар Лога се повлекува од партиските функции во Алијансата за Албанците


Поранешниот министер за правда и партиски функционер од редовите на Алијанса за Албанците, Кренар Лога, денеска соопшти дека по подолг период на анализа се повлекува од партискиот живот и од сите функции во партијата. Лога одлуката ја објави преку својот официјален профил на Фејсбук, посочувајќи дека изминатата деценија ја поминал во политичка работа со целосна […]

Од денеска законска обврска за зимска опрема за возилата


Од денеска стапува на сила обврската за задолжително користење на зимска опрема за возилата, која ќе трае до 15 март следната година. -За да се избегнете сообраќајни казни и прекршоци, потребно е да го усогласите вашето возило со пропишаните барања: возила до 3.500 кг – потребни се зимски гуми на сите тркала со длабочина на […]