Фабрикувани дипломи, а многу малку знење – Пешев повикува да се оценува вистинскиот квалитет


На светот во годините што следуваат ќе му требаат многу повеќе луѓе кои имаат практични вештини, отколку луѓе кои завршиле универзитет, а Македонија во моментот фабрификува диплпоми, но студентите излегуваат од факултетите со многу малку знаење, смета Антони Пешев од Стопанската комора.  Денеска, се одржува конференцијата на тема „Градење иднина: Практични вештини за новата генерација“, […]

Лошото време во Скопје ја сопре жичницата на Водно


Жичницата на Водно денеска нема да биде во функција поради невреме, информираа од ЈСП „Скопје“. Како што велат оттаму, најавата од УХМР е дека во текот на денот во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, краткотрајно во форма на невреме, а јачината на ветрот ги надминува дозволените граници […]

Колку се платени македонските судии во однос на европските?


Прашањето за платите на судиите стана централна тема во овие денови. Според Здружението на македонските судии, значаен дел од судиите во основните судови земаат плата од 86.000 денари месечно, но состојбата не е таква во апелационите судови и Врховниот суд, па платите стигнуваат до 120.000 денари, што е 2,7 пати повеќе од просечната македонска плата, […]

МОН објави резултати од конкурсот за доделување ученички стипендии за учебната 2025-2026 година


Министерството за образование и наука ги објави резултатите од конкурсот за доделување  ученички стипендии за учебната 2025-2026 година. МОН информира дека сите апликанти ќе добијат решение преку електронскиот портал e-uslugi.mon.gov.mk во делот „Мои апликации“ во колоната „Документ за одлука“ и дека незадоволните апликанти не треба да поднесуваат приговори или жалби пред да добијат решение. -По добивањето на […]

Почнува националната кампања „1 од 5 – Стоп за сексуалното насилство врз деца“


Националната кампања „1 од 5 – Стоп за сексуалното насилство врз деца“ почнува денеска на Светскиот ден за превенција од сексуална експлоатација, злоупотреба и насилство врз деца, со настан, кој ќе се одржи во „Europe House“. Настанот е организан во рамки на проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“, во партнерство со Комисијата за […]

Без струја дел од село Буковиќ и ул. „Струшка“ во Карпош


 Корисниците на ул. „Струшка“ во општина Карпош денеска од 9 до 12 часот ќе немаат електрична енергија. Како што соопшти РЦУК-Скопје по известување добиено од ЕВН Македонија АД, од 9 до 14 часот денеска струја ќе немаат и корисниците од горниот дел на село Буковиќ во општина Сарај. 

Локални врнежи од дожд со услови за невреме


 Времето денеска во земјава ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 30 литри на квадратен метар за 24 часа), локално со услови за невреме со засилен ветер (над 60 километри на час) и појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. […]

Пожари во пехчевските села Чифлик и Црник


Доброволното противпожарно друштво (ДПД) Пехчево денеска реализираше две интервенции на територијата на општината, соопштија од друштвото. Првата интервенција, како што информираат пехчевските пожарникари, била во селото Чифлик, по добиен повик околу 15 часот. -На терен интервенираа тројца пожарникари со едно возило, при што пожарот беше локализиран и спречено е неговото ширење, информираа од ДПД Пехчево. […]

Два авиони од скопскиот аеродром пренасочени во Приштина: Не можат да слетаат од силен ветар


Поради силниот јужен ветер што ја зафати Скопската област, два авиона беа пренасочени да слетаат на Меѓународниот аеродром во Приштина, соопшти вечерва Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). Од ДЗС истакнуваат дека два други авиона сѐ уште кружат над скопскиот аеродром и чекаат инструкции за слетување. Надлежните постојано ја следат состојбата и апелираат патниците да […]

СДСМ ќе го исклучи од членство советникот во Карпош кој ја смени страната и му помогна на ВМРО-ДПМНЕ


  На денешната седница Извршниот одбор на СДСМ донесе одлука да започне постапка за исклучување од членство Радослав Трошановски, член на Советот на општина Карпош, заради непочитување на одлуките и ставовите на СДСМ и работење спротивно на интересите на партијата. Трошановски и еден член на ГРОМ му помогнаа на ВМРО-ДПМНЕ, иако нема мнозинство во Советот […]

Даниела Иротова-Лазарева е нова директорка на Платежната агенција


  Даниела Иротова-Лазарева е новата директорка во Платежната агенција на Македонија, потврди министерот  за земјоделие Цветан Трипуновски. Даниела Иротова-Лазарева се смета за  добар познавач на состојбите во земјоделието, како поранешен државен секретар во МЗШВ, а била и претседавач на Комитетот за следење на ИПАРД програмата 2021-2027 година, назначена во ноември лани. Таа била и пратеник […]

Земјотрес крај Благоевград, почувствуван во Делчево и Виница


Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес во 15 часот и 48 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар потекнува од пограничното епицентрално подрачје Благоевград, на 124 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.2. Според досегашните податоци со […]

Случај „Онкологија“: Конечната одлука за терапија ја носел директорот, а конзилиум за таргет-терапија немало


Во Основен кривичен суд Скопје денеска во врска со случајот „Онкологија“, пред Судот сведочеа двајца лекари-специјалисти и застапници на оштетени пациенти. Даниела Попоска, онколог и радиотерапевт, која долги години работела на клиниката, појаснуваше во врска со тоа со кои лекови може да се комбинира лекот палбоциклит. Таа посочи дека тој не се комбинира со хемотерапија […]

Димитар Богески, нов директор на Државниот архив на Македонија


Новиот директор на Државниот архив на Македонија, м-р Димитар Богески денеска официјално ја презел функцијата од неговата претходничка Наташа Котлар-Трајкова. Од Државниот архив информираат дека за директорот Богески, оваа функција не претставува привилегија, туку обврска – со јасна цел работата на Архивот да биде транспарентна, отворена, отчетна и достапна за сите граѓани. Тој упатил благодарност […]

Пропустите на факултетите ги оставија студентите без оброк


За жал, неколку факултети не ги пријавија сите редовни студенти и за тој пропуст враќање назад нема. Но, за следниот месец тие ќе си ги добијат средствата, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска по реакции од студенти дека поради неажурност на некои факултети не можеле да аплицираат за субвенциониран студентски оброк и да […]

„Роботика – иновации кои го менуваат светот“: Имаме многу талентирани млади луѓе, да ги задржиме во Македонија


Промоција на иновациите, роботиката и технолошкиот развој предвидува настанот „Роботика – иновации кои го менуваат светот“ што беше отворен денеска во рамки на Глобалната недела на претприемништво 2025. Го организира Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво (ИНОВА), а учествуваат претприемачи, компании, институции и млади иноватори. -Македонија, посебно младите луѓе, имаат навистина добри бизнис идеи […]

Одложени судски рочишта против Мерко и за родилката од Дебар, парична казна за адвокатот на првообвинетите


 Во Основниот суд во Струга денеска повторно беа одложени судските рочишта против поранешниот градоначалник Рамис Мерко за незаконско поставување спомен обележје – плоча на влезот на општинската зграда и за склучен договор за осветлување на дел од речното корито на Црн Дрим, како и за случајот со родилката Јилдиз Веапоска од Дебар, на која по […]

Направена е дератизација во домот „Пелагонија“, реконструкцијата на „Кузман“ доцни


Знаете каква беше состојбата во Скопје, глувци не се појавија само во студентските домови, туку и на други места. Со оглед на тоа што се случуваше, не можам да речам дека е добро, но и очекувано е – изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска во врска со појавата на глувци во студентскиот дом […]

Нивото на водата во Охридското Езеро осум сантиметри под просекот за ноември


Нивото на водата во Охридското Езеро денеска се наоѓа на котата 693.21 метри надморска височина или осум сантиметри под месечниот просек. Според последните мерења на водостојот спроведени од Управата за хидрометеоролошки работи нивото на водата во езерото е 11 сантиметри над дозволениот минимум утврден на котата 693,1 метри надморска височина. Температурата на водата денеска изнесува […]

Започна целосна реконструкција на „Фрањо Клуз“ во Аеродром


Во насока на унапредување на инфраструктурата и подобрување на условите за движење на граѓаните, Град Скопје започнува со реализација на целосната реконструкција на улицата „Фрањо Клуз“ во општина Аеродром. „После неколку децении, започнуваме со целосна реконструкција на улицата „Фрањо Клуз“ (Црвена Вода 7) во Аеродром. Денес, заедно со градоначалникот Дејан Митески и новиот директор на […]