Полицијата бркаше диви таксисти низ Скопје: Нелегалните превозници ќе останат без возила


Град Скопје започна широка и засилена акција против дивите превозници во главниот град, со која, според градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, конечно треба да се воспостави ред во дејноста на јавниот превоз. Инспекторатот денес излезе на терен, а фокусот е насочен кон нелегалните такси-возила, комбиња и автобуси кои со години работат без лиценци и без каква било […]

По околу два часа отворен граничниот премин Евзони – можна нова блокада попладнево


По околу двочасовна блокада, граничниот премин Евзони за влез и излез од Грција, повторно е отворен, но не е исклучена можноста, како и во изминатите два дена, така и попладнево одново да биде затворен на неколку часа, јави дописничката на МИА од Атина. На грчката страна од границата кон нашата земја, паркирани се околу 150 […]

Доделени решенија за вработување на 28 специјализанти во Клиничката болница Тетово


 Во Клиничка болница Тетово денес 28 доктори кои завршиле специјализација во оваа здравствена установа добија решенија за вработување на неопределено време. Потпишувањето на решенијата беше направено на церемонија на која присуствуваа директорот на тетовската болница Ерзен Елези и министерот за здравство, Азир Алиу. Директорот Ерзен Елези потоа на прес-конференција за медиумите истакна дека овој е […]

Побаран притвор за сопственикот на кравите во Крива Паланка и две негови ќерки


  Основното јавно обвинителство Крива Паланка поведе постапка против три лица за кривично дело – Спречување службено лице во вршење службено дејствие од член 382 став 3 во врска со ставовите 1 и 2 од Кривичниот законик. Осомничените, татко и две негови ќерки, како соизвршители на 2 декември, со сила и сериозна закана спречиле службени […]

Собранието ја формираше Анкетната комисија за трагедијата во Кочани и другите несреќи


Денес, со 84 гласа „за“, без ниту еден против или воздржан, на предлог на ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ, Собранието ја формираше Анкетната комисија за утврдување на околностите за трагедијата во Кочани и другите несреќи и трагедии во Македонија, извести Бране Петрушевски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. „Целта е јасна: расветлување на пропустите, утврдување одговорност каде […]

„Летал“ со 209 километри на час: „Безбеден град“ вчера регистрирал нови 50.652 прекршоци, за половина помалку од претходниот ден


Системот „Безбеден град“ во првиот тест период за 24 часа на 1 декември регистрирал 110 илјади прекршоци, додека според информациите од МВР на 2 декември регистрирани се вкупно 50.652 прекршоци, што претставува преполовување на бројот на регистрирани прекршоци. Од нив 48.861 се прекршоци за брзина, 1.366 за црвено светло и 425 за нерегистрирани возила.  „Безбеден […]

Законот за правична застапеност на 12 и 13 декември на расправа во Венецијанската комисија


Владата го овласти заменик-претседателот Арбен Фетаи да ја претставува  на пленарната седница на Венецијанската комисија, која ќе се одржи на 12 и 13 декември  во Венеција, на која на дневен ред ќе биде   Предлог-законот за правична и адекватна застапеност. Според соопштението, овој закон претставува системски и институционален акт од особено значење, бидејќи за првпат јасно […]

Судскиот совет проверува пропуст кај судиите кои го одложуваат затворот на газдата на „Дурмо турс“


Судскиот совет презема потребните дејствија да утврди дали има некаков пропуст кај судот за случајот „Дурмо турс“, вели претседателот на Судскиот совет Александар Камбовски. – Ако имаме нешто конкретно овде веќе ќе имавме постапка. Ние сме во тек, ја испитуваме работата, проверуваме. Не е оставено во смисла дека Судскиот совет ништо не прави. Ние мора […]

Адем Чучуљ едногласно изгласан за нов претседател на ДКСК


Собранието на денешната седница го избра Адем Чучуљ за нов претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК). Од вкупно 82 пратеници кои гласаа, Чучуљ доби едногласна поддршка со 82 гласа.   Пратеникот Ѓорѓија Сајкоски од ВМРО-ДПМНЕ, повикувајќи ги колегите да го поддржат кандидатот, истакна дека „Чучуљ навистина може да ги зајакне капацитетите и […]

СДСМ ќе ја повика европската обвинителка Ковеши да ја посети Македонија за скандалот со ИПАРД


  СДСМ ќе ја повика главната европска обвинителка, Лаура Ковеши, да ја посети Македонија и лично да се запознае со малверзациите што ДПМНЕ ги прави со европските фондови, меѓу кои и ИПАРД програмата. Во соопштението на СДСМ се вели дека не сакаат државата да остане без финансиска поддршка поради злоупотребите на ВМРО-ДПМНЕ. „Немаме доверба во […]

Герасимовски поставува апарати за мерење бучава, џамиите никој не ги спомнува


Околу угостителски објекти, високо фреквентни улици и на јавни простори, односно онаму каде има најмногу поплаки од граѓаните во Центар, Општината ќе постави дигитални апарати за мерење на бучавата. Имплементацијата на паметен систем за следење на бучавата, веќе е започнат и веќе се поставени повеќе од половината предвидени уреди. Новиот систем овозможува континуирано мерење на […]

ИТ секторот има огромен потенцијал – постои дигитален јаз помеѓу училиштата во различни региони


ИТ секторот има огромен потенцијал за раст, но и значајна општествена моќ да придонесе за унапредување на образовниот систем и подготовка на идните генерации. Ова го истакна министерката за образование и наука, проф. д-р Весна Јаневска на панел дискусијата „Кој ќе ја кодира иднината? – Едукација, кадар и потребите на ИКТ индустријата“, што се одржа […]

„Дрисла“ и „Градски паркинг“ добија нови директори – еве кого назначи Ѓорѓиевски


Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, изврши кадровски промени во дел од градските јавни претпријатија, со назначување нови в.д. директори на „Дрисла“ и „Градски паркинг“. На чело на „Дрисла“ од вчера седна Стевче Трпковски, поранешен градоначалник на општина Сопиште во три мандати. Тој доаѓа на местото на Самир Хусени, кој ја извршуваше функцијата во периодот […]

Герасимовски: Започна поставувањето на 30 дигитални уреди за бучава, 19 веќе се инсталирани во Центар


Општина Центар започна со имплементација на паметен систем за следење на бучавата, преку поставување на дигитални индикативни уреди на местата со најмногу поплаки од граѓаните – околу угостителски објекти, високо фреквентни улици и јавни простори. Новиот систем овозможува континуирано мерење на бучавата во реално време и алармирање секогаш кога ќе се надмине дозволеното ниво. „Во […]

Симпозиум на млади лекари во Скопје: Вештачката интелигенција постепено ја менува дијагностиката


Глобалните трансформации и трендови во медицината, поттикнати од улогата на вештачката интелигенција, како и најновите препораки за третман на болестите и идните предизвици во здравството, ќе бидат главен фокус на Симпозиумот на млади лекари што во петок и сабота (5 и 6 декември) ќе се одржува во Скопје во организација на Здружението на лекари специјализанти […]

ВМРО-ДПМНЕ бара истрага за отписот на 2.000 тони жито, СДСМ за тендерот од 9 милиони евра


Дали Заев и Филипче потпишале отпис на 2.000 тони жито, само затоа што Љупчо Николовски имал грант во фиока за Мамас на Заеви?-прашува ВМРО-ДПМНЕ барајќи од обвинителството да покрене истрага за овие случаи. -Дека станува збор за корупција, се јавува фактот што по отписот на 2.000 тони жито од стоковите резерви на државата во вредност […]

Ванковска прашува кога МВР распишало тендер за „Сејф сити“


Професорката Билјана Ванковска отвори повеќе дилеми околу проектот „Сејф сити“, а пред се околу тоа кога бил распишан тендер за него и  кој го обезбедил. -Сите зборуваме за ефектите од пробниот и од јануари ефективниот проект Safe City. Но, не чув некој да го постави ова многу важно прашање: од кого е набавен софтверот и […]

Отстранети 1.500 м3 отпад – угостителите ќе добијат посебен систем за смет


Во текот на месец ноември 2025 година, екопатролата при ЈП „Комунална хигиена“-Скопје реализираше вкупно 179 едукативни разговори со претставници на стопанските субјекти, како и со лица коишто биле затекнати при неправилно одлагање на отпадот. Претставниците на екопатролата ги информираа и едуцираа граѓаните на кој начин, каде и во кои термини, согласно законските одредби, треба да […]

Апелација ја поништи забраната за штрајк на контролорите на летање!


Скопскиот Апелациски суд ја поништи забраната за штрајк на контролорите на летање во претпријатието во државна сопственост М-НАВ. Синдикатот на контролорите на летање може да го реализира штрајкот кој беше закажан за 20 октомври, меѓу двата изборни круга. Судијка од Граѓанскиот суд донела времена мерка „забрана за штрајк“, без некој во тужбата да го побара […]

Судскиот совет веројатно до крајот на годината ќе предложи нов уставен судија на местото на Дабовиќ-Анастасовска


Претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски, се надева дека до крајот на годината Судскиот совет ќе има предлог за нов член на Уставниот суд од редот на судиите. Одговарајќи на новинарски прашања пред почетокот на денешната 532. Седница на Судскиот совет, Камбовски посочи дека местото во каде што беше колешката Елизабета Дуковска е место коешто […]