Андоновски: Реформите се добри само ако го олеснуваат животот на граѓаните


Поврзувањето на институциите носи резултати, нуди побрзи услуги за граѓаните и тој начин на работа ја доближува државата до граѓаните и податоците зборуваат дека поврзувањето на институциите е клуч за давање на соодветни услуги за граѓаните. Граѓаните во центарот на реформите – тоа треба да биде принципот од којшто ја реформираме и јавната администрација, но […]

Кандидатите за градоначалници ги добија редните броеви на гласачките ливчиња за претстојните избори во овие четири општини


Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница го утврди редоследот на гласачкото ливче за повторените локални избори во општините Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и Маврово Ростуше. На претстојните локални избори кои ќе се одржат на 11 јануари, идната година ВРЕДИ ќе биде под реден број 1, коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ под реден број […]

Измени во сообраќајот на два воза до крајот на февруари поради реконструкција на пругата Скопје-Зелениково


Поради реконструкција на пругата на делницата Скопје-Зелениково, од 2 јануари 2026 година до крајот на февруари 2026 година ќе има измени во сообраќајот на два воза, информираат од Железници Транспорт АД-Скопје. Како што се наведува во соопштението, возот број 642 кој ќе сообраќа на релација Битола-Велес време на тргнување предвидено со возниот ред (време на […]

Јаневска: Од година во година сé поголеми средства кон наука и истражувања


Јавните ресурси се ограничени. Нашата определба, како Министерство и како Влада, да насочуваме од година во година сé поголеми средства кон наука и истражувања, ја покажува решеноста да градиме општество засновано на знаење, иновации и одржлив развој, рече министерката за образование и наука Весна Јаневска на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, каде беа презентирани […]

Новиот план за просторно планирање на државата е во нацрт-верзија, ќе важи до 2040 година


Наредната година се планира да биде донесен Предлог-планот за просторно планирање на ниво на држава. Во моментот, тој е во фаза на Нацрт-план кој е предаден на доработка во Министерството за животна средина и просторно планирање. Новиот план за просторно планирање ќе биде за период до 2040 година.  Директорот на Агенцијата за планирање на просторот […]

За еден ден 47 пријави за корупцијата на платформата МИЦКО, објави СДСМ


  Опозициската СДСМ објави дека само за еден ден имало 47 пријави за корупција на платформата МИЦКО што тие ја креираа. „47 различни пријави за само еден ден на платформата МИЦКО. Македонија се крена против корупцијата. Им благодариме на сите граѓани кои се приклучија и доставија информации и документи на нашата дигитална платформа за борба […]

И ДСЗИ истражува дали имало пропуст кај починатото новороденче


Колабирано белодробно крило, отежнато дишење, прекумерна акумулација на течност (едем) во интрацелуларните или екстрацелуларните простори на мозокот и кардиореспираторна инсуфисиенција е причина за смртта на новороденчето на В.И. од Арачиново, според медицинската документација која ја обезбеди Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Ова денеска го истакна директорот на ДСЗИ, Кирил Лазов, кој рече дека до министерот […]

ДКСК: 35 поранешни и 19 новоизбрани градоначалници не ја пријавиле имотната состојба – меѓу нив и Орце Ѓорѓиевски


Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) откри дека вкупно 54 градоначалници (поранешни и новоизбрани) не ја исполниле законската обврска за пријавување на својот имот по Локалните избори 2025 година. 35 поранешни градоначалници не поднеле изјава по престанокот на функцијата. 19 новоизбрани градоначалници не пријавиле имот во законскиот рок од 30 дена по изборот. ДКСК […]

Од Католички Божик и за Нова година доаѓа  вистинската зима


Конечно од Католички Божик 25 декември се гледа крајот на натпросечно топлото време за декември и конечно доаѓање на вистинската зима, снегот  и на многу ладното време во Европа, Балканот  и во Македонија, предвидува метереологот Славчо Попоски. И годинава нема најава за снег за Нова година. туку исклучиво студено време, особено во утрата, и со […]

До понеделник стабилно време, од вторник локален дожд


 До понеделник ќе се задржи стабилно и претежно тивко време. Наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност. Во вторник се очекуваат локални врнежи од дожд. Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи, утре минималните температури ќе се движат во интервал од -5 до 2 степени Целзиусови, додека максималните ќе достигнат од 6 до […]

МЖСПП и преку апликација за мобилен ни го покажува (не)квалитетот на воздухот


Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) денеска соопшти дека во функција е нов веб портал за квалитет на воздухот, на кој може да се пристапи преку постоечката адреса https://air.moepp.gov.mk. – Податоците од сите мониторинг станици како и досега може да ги гледате во реално време. Новитет е тоа што се споредуваат со новиот индекс, […]

За Љупчо Пецов-Ѓаволот определен куќен притвор со 24-часовен надзор


Основниот кривичен суд Скопје соопшти дека во текот на вчерашниот ден пред судија на претходна постапка бил спроведен Љупчо Пецов-Ѓаволот, за кого од претходно била определена мерка притвор од моментот на негово пронаоѓање, односно лишување од слобода, во предметот за јавноста познат како „Синџир“. Како што информира Судот, имајќи предвид дека обвинетиот доброволно се пријавил […]

Скопје на второ место во Европа по загаденост на воздухот


Скопје утрово повторно се најде високо на листата на најзагадени градови во светот, покажуваат податоците на швајцарската платформа IQAir. Околу 10 часот, главниот град на Македонија беше рангиран на 19. место глобално и на второ место во Европа според загаденоста на воздухот. Индексот на квалитет на воздухот во Скопје достигна 154, што го сместува во […]

Членови на ДЛС „Св. Кирил Методиј“-Битола освоија 15 награди на ликовен натпревар во Германија


Членови на Детското ликовно студио „Св. Кирил и Методиј“-Битола освоија 15 високи признанија на меѓународниот ликовен натревар по цртање што се одржа во германскиот град Шведт. Во конкуренција на илјада селектирани дела чии автори се деца и млади од целиот свет, членовите на ДЛС „Св. Кирил и Методиј“ како единствени македонски учесници со 25 цртежи […]

Најстудено во Берово -6 степени


Најстудено утрово е во Берово -6 степени, во скопски Петровец, Битола, Демир Капија и Струмица се измерени -4, во Тетово, Штип, Куманово, Велес и Кавадарци -3, во Охрид 0, а највисоки 3 степни се регистрирани во Kрушево, информира УХМР. Променливо облачно со сончеви периоди и претежно тивко. Во утринските часови по одделни котлини и речни […]

Сообраќајот без застои, магла кај Демир Капија


Појава на магла и намалена видливост до 60 метри утрово има во околината на Демир Капија. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ […]

Македонија со два автобуса на 1.000 жители над европскиот просек од 1,6


Во 2024 година, во ЕУ имало 737 142 автобуси и моторни автобуси (вклучувајќи тролејбуси, минибуси и минибуси), т.е. 1,6 автобуси и моторни автобуси на 1000 жители. Северна Македонија со 3 690 автобуси или по 2 автобуси на 1 000 жители е нешто над европскиот просек. Најголем број автобуси и моторни автобуси на 1000 луѓе е […]

Ратификацијата на Договорот за меѓуграничниот железнички тунел со Бугарија пред пратениците


Собранието денеска на продолжение на 76-та седница треба да гласа за Предлог законот за ратификација на Договорот помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Бугарија во врска со подготовката, изградбата и оперативноста на меѓуграничниот железнички тунел.  Договорот беше потпишна во Ѓуешево на 6 ноември  од страна на вицепремиерот и министер за транспорт […]

Отворен шалтер за „Безбеден град“


Министерството за внатрешни работи извести дека од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има […]

Собранието ја изгласа потребата од носење Предлог закон за Судски совет


Со мнозинство гласови, пратениците во Собранието денеска ја изгласаа потребата од носење Предлог-закон за Судски совет, кој се проследува на второ читање. Министерот за правда Игор Филков во своето обраќање рече дека со овој закон е започната нова ера на работа и функционирање, во која што секој важен и суштински закон за граѓаните на Република […]