Магла го зароби источниот дел на Скопје – лисичани не можат да видат што прават комшиите


Македонците најмногу мразат магла затоа што не можат да видат што прават комшиите! Вака некако оди нашата досетка, а лисичани и новолисичани утрово не може да видат кој доцнел за на работа, дали децата заминале в училиште или кога некој се прибрал од корпорациската предновогодишна забава. Маглата го имаше заробено овој дел на Скопје, утрово […]

Најстудено во Скопје, Битола, Струмица и Берово со измерени – 4


Изутринава најстудено било во Скопје-Петровец, Битола, Струмица и Берово, каде е измерена минимална температура од-4 степени Целзиусови, а најтопло во Крушево со измерени 4 степени Целзиусови, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Во Тетово, Велес и Демир Капија изутринава се измерени-3, во Скопје – Зајчев Рид, Куманово, Штип, Кавадарци и Прилеп-2, во Претор и Маврови […]

АХВ: Спроведени 262 контроли на безбедноста на новогодишните пакетчиња, утврдени се минимални недоследности


Во пресрет на новогодишните празници, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведе 262 вонредни инспекциски надзори за контрола на безбедноста на детските новогодишни пакетчиња. Надзорите, како што информираат од АХВ, биле спроведени во магацини за пакување на пакетчиња, маркети и продавници кои вршат промет со овој вид призводи, при што утврдени се минимални недоследности. По […]

Магла на патните правци Неготино – Градско и Неготино – Демир Капија


Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Поради појава на магла се бележи намалена видливост од 50 – 60 м. има на патните правци Неготино – Градско и Неготино – Демир Капија, информираат од АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од […]

Промоција на изданија на Институтот за етнологија и антропологија


Институтот за етнологија и антропологија при Природно-математичкиот факултет на УКИМ денеска ќе промовира три нови изданија: „Етнографски материјали“ од проф. Ѓорги Здравев во уредништво на проф. Инес Црвенковска Ристеска, „Долно Дупени: етнолошки белешки од животот и обичаите на една населба во Долна Преспа“ од Бранислав Русиќ, во транскрипција и превод од српски на проф. Љупчо […]

Нов наставен кабинет на Градежниот факултет на УКИМ


На Градежниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје денеска ќе биде промовиран нов наставен кабинет, донација од ТИТАН Усје, во рамките на соработката на проектот „Знаење + CO₂ – со знаење и иновативност до помалку CO₂“. Како што е најавено, на настанот ќе се обратат министерката за образование и наука  Весна Јаневска […]

Поради дефект без вода дел од населба Драчево


Поради уличен водоводен дефект од Ф100мм на ул. „Партизански Пат“ – 2 населба Драчево (кај резерварот) со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од оваа и од улицата „Илија Ристовски“. Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ Скопје прекинот во снабдувањето со вода ќе биде од 09:30 часот до завршување на санацијата на дефектот. 

Променливо облачно со сончеви периоди


Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне наместа ќе има појава на магла. Во југоисточниот дел од земјата ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно и тивко. […]

Промоција на Националната стратегија СМАРТ/МК 2030


Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе се обрати на промоција на Националната стратегија за развој на ИКТ – СМАРТ/МК 2030, документ усогласен со Европската дигитална декада и Агенда за развој. Стратегијата се базира на четири столба: ИКТ инфраструктура и поврзливост – развој на безбедна, достапна и одржлива дигитална инфраструктура како основа за дигитална трансформација, Дигитални компетенции […]

Ѓорѓиевски уште се правда со Арсовска, не ветувал чуда


  Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, вечерва во емисијата „Click Plus“ на ТВ21 порача дека  третирањето на контејнерите во Кисела Вода и во другите општини од страна на Комунална хигиена било удар кон градоначалниците. „Граѓаните не треба да ги интересира чија надлежност е контејнерот, тука ќе има сериозни постапувања, гледам дека има сериозни заложби […]

Изменет режим на сообраќај на патниот правец Охрид – Кичево


Полицијата ги известува граѓаните дека наредниве десет дена сообраќајот на магистралниот патен правец од Охрид кон Кичево ќе се одвива по изменет режим. Според СВР- Охрид, во сила ќе бидат измени на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца. На тој патен потег сообраќајот ќе се одвива […]

Истражување на ИЈЗ: Дел од младите почнуваат со пушење на 9 години, на 13 прво искуство со алкохол


Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари, а првото искуство со алкохол го имале на 13 години. Ова се дел од наодите од последниот извештај  од Европскиот проект за истражување во училиштата за алкохол и други дроги – ЕСПАД 2024, што го презентираше денеска Институтот за јавно здравје на Република Македонија. ЕСПАД е најстарата […]

Тешките телесни повреди намалени за 20 отсто: Тошковски за ефектите на „Безбеден град“


Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски очекува поддршка од пратениците за измените на Законот за прекршоци и на Кривичниот законик, коишто се последните од пакетот законски измени за  официјалната примена на системот „Безбеден град“, што од почетокот на месецов е во пробна функција.   Тошковски вечерва во гостување на ТВ Канал 5 рече дека останува […]

ЈСП до пензионерите: Заверете ги билетите, по 31 јануари ќе ви бидат блокирани


ЈСП Скопје ги информира корисниците на билети за возрасни лица од „старосна група – над 62/64 години“, дека заверката на истите за 2026 година, може да се прави во сите центри за персонализација. Заверката започна од 15.12.2025 година. „Заверката се реализира исклучиво лично од страна на корисникот, со приложување на документ за лична идентификација. Сите […]

Затвореничките во Идризово учат занает за да не се враќаат на криминалот


Торбички шиени и везени, несесери и други шарени дребулии шијат затвореничките во затворот Идризово во Скопје. Учат, трпеливо наведнати над машините за шиење, а од нивните раце, кои некогаш сториле зло, сега излегуваат производи кои сите ги користиме во секојдневниот живот.  Тоа е само еден чекор кон надежта, кога ќе излезат да можат да работат […]

Комисијата на бугарското собрание го ратификува договорот за тунелот на Деве Баир


  Договорот за изградба на тунел на железничката линија на Коридорот 8 е тест за Бугарија, но е уште поголем тест за Македонија, која е кандидат за членство во ЕУ. Се очекува проектот да биде готов до 2028 година. Ова го изјави бугарскиот вицепремиер и министер за транспорт Гроздан Караџов за Бгнес. Тој тоа го […]

Филков како сменетиот Коцевски, тврди дека има алармантен недостиг на кадри во судството


 Надзорот спроведен од Министерството за правда покажа алармантни податоци: пополнетост на судиски места од 67 проценти (432 од 636) и судска служба со само 36 проценти пополнетост, што директно влијае врз ефикасноста и должината на судските постапки, соопштил министерот за правда Игор Филков на 9-от состанок на Секторската работна група за правда, нагласувајќи дека кадровското […]

Зајкова за судството: Место европски напредок, се враќаме во времето на Маневски


Лидерката на Либерално демократската партија Моника Зајкова реагира на најавите дека до крајот на месецов ќе се донесат измени на Кривичниот законик со кои ќе се повлечат претходните кои доведоа до застарување и амнестирање на високата корупција во државата.    „Па нели се ветуваше целосно нов Кривичен закон? Ова можеше да се направи уште лани, […]

Годишно умираат 4.000 пушачи – мора да ги заштитиме најмладите


Четири илјади пушачи годишно умираат, неопходно е ефикасно спроведување на законите Македонија губи околу 4.000 животи годишно како последица од пушењето тутун или тутунски производи. Според податок од СЗО, 40 проценти од младите на возраст од 14 години веќе пушат. Сеопфатните закони за средини без чад, нивно ефикасно спроведување, достапни услуги за откажување од пушењето, […]

СДСМ ќе поднесе претставка до Уставниот суд за мигрантската резолуција на власта


  Опозициската СДСМ и со претставка пред Уставниот суд ќе се бори против реозлуцијата за мигрантите и заканите што ја донесе парламентарното мнозинство. „Предавничката резолуција е спротивна на Уставот. ДПМНЕ–ЗНАМ усвоија неуставна резолуција со која директно се загрозуваат слободата на говорот и слободата на политичко дејствување на опозицијата. СДСМ нема да дозволи гушење на демократијата […]