Кампања на РСБСП: АкоПиешНеВози,АкоВозишНемојДаПиеш -„СЕКОЈ ЖИВОТ Е ВАЖЕН”


Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, во пресрет на новогодишните и божиќните празници апелира учесниците во сообраќајот да не управуваат возила под дејство на алкохол, бидејќи, како што нагласуваат, тоа не претставува само прекршување на сообраќајните правила и прописи, туку и сериозен безбедносен ризик кој директно ги загрозува животот и здравјето на возачите, […]

Поради немање кворум одложена седницата на Судскиот совет


Судскиот совет денеска ја одложи 534. седница поради немање кворум, бидејќи на седницата присуствуваа само шест од вкупно 15 члена. Претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски, информираше дека поради недоволниот број присутни членови не се исполнети условите за одржување на седницата, по што таа е одложена, а новиот термин дополнително ќе биде соопштен. -Дел користат […]

Власта и опозицијата во војна со соопштенија: Сега Бугарите се криви за покачувањето на струјата?


  ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ цело утро се допишуваат со соопштенија на тема – кој е крив што поскапе струјата за домаќинствата, притоа обвинувајќи се едни други за ценовниот шок што го доживуваат граѓаните во Македонија.    „Ги слушаме претставниците на ВМРО Ванчовистичка во јавните настапи како зборуваат за внесување на Бугари во Устав. Дали сега […]

Пасошот на Сингапур е најмоќен и во 2025, каде е Македонија?


Македонија се најде на 41-то место на најсилните пасоши во светот, според најновото ажурирање на индексот на пасоши Хенли (Henley Passport Index) од декември. Ова е скок на македонскиот пасош во однос на лани, кога беше рангиран на 45 позиција на оваа ранг листа. Највисоко на оваа листа македонскиот пасош беше во 2014 година, кога беше на […]

Чудна санка на Дедо Мраз низ скопските булевари – ќе дели пакетчиња


Една поинаква и поубава приказна. Дедо Мраз навистина постои. Андреј Миневски и неговите соработници решија да израдуваат многу деца и да им ги стоплат срцата. Празниците кои се ближат на секое детенце низ скопските улици ќе му донесат магични моменти кои ќе ги памети долго. Со приближувањето на Новата година, Artist3dx и соработниците, започнуваат посебна […]

Паркингот на Клинички станува државен – ќе се набават 100 амбулантни возила


Владата на вчерашната седница, донесе одлука земјиштето на паркингот во Клиничкиот центар да премине во државна сопственост, а се обезбедија и пари за набавка на 100 амбулантни возила, со што ќе се подобри возниот парки. – 100 нови амбулантни возила со медицинска опрема за јавните здравствени установи низ државата. Со оваа одлука обезбедуваме средства за […]

Пет важни одлуки и девет иницијативи на последната седница на Уставен суд за 2025


 Уставниот суд на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи 28-та и последна седница за 2025 година, на која ќе бидат разгледани девет иницијативи за оценување на уставноста и треба да се донесат конечни одлуки за пет предмети. Меѓу предметите од поголем јавен интерес се иницијативите со кои се оспоруваат измените на Законот за платите […]

Без вода делови од општините Центар и Гази Баба


Прекин во водоснабдувањето денеска од 9 часот до завршување на работите ќе имаат корисниците од улицата „13 Ноември“ во општината Центар и корисниците на дел од населбата Сингелиќ во општина Гази Баба, а од 10 часот и дел од улицата „Наум Наумовски Борче“ (потегот од „Ленинова“ до „Орце Николов“) во општината Центар. Од ЈП Водовод […]

Магла на Стража, слаб снег на Попова Шапка


Намалена видливост до 50 метри поради магла утрово има на планинскиот премин Стража, а слаб снег проверјува на Попова Шапка.  Според информациите од Авто мото сојузот на Македонија, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози.  Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна, нема […]

Облачно со повремен дожд, на планините снег


Времето денеска ќе биде облачно со повремени локални врнежи од дожд, на планините од снег. Наместа во источните делови врнежите ќе бидат пообилни (над 25 l/m² за 24 часа). Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 7, а максималната ќе достигне од 4 до […]

Астрономски календар


Денеска е среда, 24 декември 2025 година, 358-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 7 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 7 часот, а ќе зајде во 16 часот и 7 минути. Денов трае 9 часа и 7 минути. Месечината, која е во фаза на млада месечина ќе изгрее во 9 часот и […]

Пожарникарите со препораки и совети за избегнување пожар за претстојните празници


Во текот на претстојниот празничен период, ризикот од пожари во објектите се зголемува поради невнимателната употреба на празничните украси, од светла до свеќи и прскалки. Особено е важно да се нагласи дека новогодишните елки и разните пластични украси лесно горат, а огнот може брзо да се прошири на околниот мебел, соопштија денеска од ТППЕ Струмица. […]

Блокираната „Пластичарска“ го блокира цело Скопје


  Протестот на револтираните жители на скопската населба Серава кои два дена немаат струја, денес го блокира цело Скопје. Заради блокираната улица „Пластичарска“, во близина на булеварот „Никола Карев“, чиј сообраќај беше целосно пренасочен во двата правци, предизвика застој на раскрсниците низ главниот град, па сообраќајна полиција мораше да го регулира сообраќајот што предизвика револт […]

Костовски: Обезбедени прочистувачи на воздух за сите клонови на детската градинка „11 Октомври”


Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски денеска сподели дека се обезбедуваат прочистувачи на воздух за сите градинки во оваа општина. „За сите клонови на детската градинка “11 Октомври” обезбедени се прочистувачи на воздух. Во насока на подобрување на квалитетот на амбиентниот воздух, односно за намалување на последиците од аерозагадувањето, преку обезбедување на прочистувачи на воздух […]

Орце се јави, казнил некого за загадувањето без да објави кого


Нема толеранција за никого – изречени се казни на загадувачите во Скопје, објави градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски. И место да објави кои се загадувачите што ги казник, тој напиша куп пароли и фрази како ќе има ред и поредок  и дека одлучно ќе постапува.    „Изминативе денови Скопје се соочи со сериозно загадување на […]

На Ѓорѓиевски треба да му веруваме на збор: Казниле загадувачи – не кажа ниту кого, ниту колку казниле


Нема толеранција за никого – изречени се казни на загадувачите во Скопје, соопшти денеска Град Скопје, затоа што изминативе денови Скопје се соочи со сериозно загадување на воздухот, како што велат. „Според податоците од државниот мониторинг, беше пробиен дозволениот праг и состојбата бараше итна и решителна реакција. Како градоначалник на Скопје, но пред сè како […]

Костадиновски: Собранието направи непоправлива штета на правната држава


Уставниот суд беше одговорен кога во февруари ја донесе одлуката за измените на Кривичниот законик, бидејќи разгледуваше повеќе можни сценарија за да спречи правен вакуум, изјави претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, на панел дискусијата „Чекајќи го Годо… и правдата: Очекувања од новите измени на Кривичниот законик“. -Применивме новина – интерпретативна одлука, со која го […]

Со сложен хируршки зафат реконструиран нос на пациент во Клиниката за пластична хирургија


На Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија се извршени две исклучително сложени микрохируршки операции кои траеја од 6 до 12 часа и бараа највисок степен на подготовка, експертиза, прецизност и тимска координација.   Операциите се извршени под менторство на проф. д-р Јан Јерун Вранкс од Белгија, истакнат европски и светски експерт во областа на реконструктивната […]

МОН и Економскиот факултет во Скопје, ќе отвораат реални училишни компании


На дводневна работилница во Скопје, раководствата, учениците и наставниците од регионалните центри за стручно образование и обука ќе учат како да изработуваат бизнис планови за основање на реални училиштни компании, под менторство на професорите и студентите од Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Придобивките што ќе се обезбедат се бројни, а најважно е […]

Градоначалникот на Струга се заканува со нови избори за Советот


  Градоначалникот на Општина Струга Менди Ќура денеска на прес-конференција обвини дека се формирала тајна коалиција на опозицијата за да биде блокирано работењето на општината. Во таа „тајна коалиција, според Ќура биле коалицијата околу ДУИ, СДСМ и независната листа на Рамиз Мерко. Ваквата ракција доаѓа откако вчера пропадна и третиот обид за избор на претседател […]