ФЗО и УЈП со контроли кај матични гинеколози, кај 26 од 49 немало никакви неправилности


Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) и Управата за јавни приходи (УЈП) извршија контроли кај приватни здравствени установи, матични гинеколози при што утврдиле дека кај 26 од 49 немало никакви неправилности. Клучните наоди покажале дека неуредност, (збирно утврдени неправилности од ФЗО и/или УЈП), имало кај  23, само од ФЗО кај 3, само од УЈП кај 11 […]

Град Скопје ќе го субвенционира ЈСП „Скопје“ со 920 милиони денари


Град Скопје во претстојната календарска година ќе одвои рекордни 920 милиони денари субвенции за ЈСП Скопје. Со оглед дека јавниот превоз во главниот град веќе подолго време функционира со потешкотии, во Буџетот на Град Скопје за 2026 година се предвидени рекордни средтва за субвенции. Ова го потврди градоначалникот Орце Ѓорѓиевски на вчерашната седница на Советот […]

Договорот за тунелот кон Бугарија помина во собраниската комисија


  Собраниската комисија за надворешна политика и надворешна трговија денеска едногласно го прифати предлогот на закон за ратификација на Договорот меѓу двладите на Македонија и Бугарија во врска со изградбата на меѓуграничниот железнички тунел и го достави предложеното законско решение на усвојување на Собранието. Според Крум Ефремов, директор во Министерството за надворешни работи и надворешна […]

Ако имате текстилен отпад, фрлајте го во посебните контејнери!


Жителите на Општина Кисела Вода добиja можност правилно да го одлагаат текстилниот отпад, откакo беа поставени контејнери за текстилен отпад пред сите месни заедници. Со ова, Кисела Вода воспоставува функционален и одржлив систем за селектирање и рециклирање на текстилен отпад, во соработка со лиценцираната компанија ЕКО-ТЕКС ГРУП ДОО Скопје, овозможувајќи правилно одлагање на употребената облека […]

ДОМ: Дислокација на УСЈЕ би траела со години – на Скопје му треба чист воздух веднаш


ДОМ, како одговорна зелена партија, предупреди на реалноста: дислокацијата на капацитет како „Усје“ е исклучително сложена правно-финансиска операција која дури и да започне веднаш би траела со години, се наведува во партиското соопштение. Демократска обнова на Македонија (ДОМ) ја поздрави Одлуката на Советот на Град Скопје за поднесување иницијатива за дислокација на тешката индустрија, но […]

На 40.000 денари се зголеми посмртнината за трошоци за погребни услуги


  Управниот одбор на Фондот на ПИОМ донесе одлука за зголемување на посмртнината од 35.000 на 40.000 денари. Оваа промена е проследена со раст на месечната задршка за солидарниот фонд на 150 денари, со цел одржување на финансиската стабилност на системот за социјална поддршка на пензионерите. Оваа мерка, иницирана од Регистрираната организација за Солидарен фонд, предвидува […]

Советот на Град Скопје изгласа иницијатива за дислокација на цементарницата „Усје“ надвор од Скопската котлина


На иницијатива на советниците на „Зелен хуман град“ (ЗХГ), Советот на Град Скопје на вчерашната седница едногласно усвои заклучок за отпочнување постапка за дислокација на цементарницата „Усје“ и сите големи индустриски загадувачи надвор од Скопската Котлина. Со заклучокот, кој беше изгласан од советниците со мнозинство од 41 глас „за“, градоначалникот на Град Скопје се задолжува […]

Празнични попусти на ексклузивни брендови за совршен стил само во Рамстор Мол


Празничниот дух веќе се чувствува, а Рамстор Мол и оваа година е централната дестинација за сите кои сакаат да ја пречекаат Новата година со стил. Без разлика дали сте во потрага по совршениот изглед за празничната вечер или сакате да ги изненадите вашите најблиски со уникатен подарок, нашите продавници нудат врвна селекција на светски брендови, […]

Минусни температури утрово на Попова Шапка, во Маврови Анови и Крушево


Најстудено утрово е на Попова Шапка со -4 степени. Минусни температури се измерени и во Mаврови Анови и Крушево, -1 степен. Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи, 0 степени е утрово во Берово и Лазарополе, 1 во Крива Паланка, 2 степена во Скопје-Зајчев Рид, Штип и Виница, 3 во Тетово, Прилеп, Битола, Велес, Кавадарци, […]

(ВИДЕО) Импровизирани легла за кога ќе ги фати дремка – вака „работеле“ отпуштените работници од Министерството за односи со заедниците


Министерот за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ во објава на Фејсбук сподели видео на кое се гледа како изгледаат канцделариите на седуммина избркани Албанци од работа во тоа министерство. Објавата следуваше откако ДУИ обвини за дискриминација поради тоа што од министерството се отпуштени „седуммина Албанци“. Стоилковиќ објави снимка од канцеларија во неговото министерство, онака како што ја […]

Без вода корисниците од улицата „Ванчо Мицков“ во Карпош


 Без вода денеска од 9 часот ќе бидат корисниците од улицата „Ванчо Мицков“ во Општина Карпош. Како што информира Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот со водоснабдување е поради водоводен приклучок на ф 90 мм на ул. „Ванчо Мицков“ бр.39. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со работните активности.

Променливо облачно, дожд и снег во југозападните делови од државата


Синоптирачарите за утрово најавуават облачно време, во крајните југозападни делови од државата со услови за слаби врнежи од дожд и снег. Во текот на денот ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.  Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5, а максималната ќе […]

Астрономски календар


 Денеска е петок, 26 декември 2025 година, 360-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 5 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 7 часот и 1 минутa, а ќе зајде во 16 часот и 8 минути. Денов трае 9 часа и 7 минути. Месечината, која е во фаза на млада месечина ќе изгрее во […]

Изгласан буџетот на Скопје, никој не гласаше против!


Советот на Град Скопје денеска едногласно го усвои буџетот за 2026 година. Скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски соопшти дека буџетот е усвоен без ниту еден глас против, што е доказ дека кога има ред, визија и работа, има и резултати.Најав и засилен инвестициски циклус во следниот период. „Им се заблагодарувам на сите советници што го поддржаа. […]

Протест против загадувањето, се бара дислокација на „Усје“


Во организација на Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ вечерва се одржа протест со блокада на крстосницата на булеварите „Борис Трајковски“ и булевар „Србија“ во Скопје. Учесниците на блокадата бараат надлежните институции да најдат решение на проблемот со загадувањето на воздухот во Скопје, како што велат, предизвикано од работењето на Цементара Усје со нејзина дислокација. „Воздухот […]

Здравствените услуги ќе поскапат за 50 отсто и повеќе, за Клековски тоа е симболично


Директорот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), Сашо Клековски, најави дека од 1 јануари ќе има „симболично зголемување“ на партиципацијата за здравствени услуги. За услуга за која сега се наплаќа 40 денари, како што рече Клековски, отсега ќе се наплаќа 60 денари, што значи дека „симболичното зголемување“ е дури 50 отсто. Меѓудругото, специјалистички преглед со […]

Магла на премините Стража-Маврово и Крушево


Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Намалена видливост поради магла до 100 метри има на планинските премини Стража-Маврово и Крушево, информира диспечерскиот центар на ЈП „Македонијапат“. На одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони. ЈП Македонијапат апелира на внимателно управување со возилата, почитување […]

По магистратурата Тошковски запиша и докторат на тема од ресорот


Министерите Панче Тошковски и Игор Филков и директорот на АНБ, Бојан Христовски, напредуваа(т) во академските звања на теми од ресори од функциите што ги вршат. И додека експертите го отвораат прашањето на етиката за академски напредок, функционерите не гледаат никаква правна, ниту етичка дилема, пишува Радио Слободна Европа. Откако во октомври ја одбрани магистерската ,  […]

Клековски: Матичните лекари ќе бидат казнети ако претераат со препишување антибиотици и анксиолитици


Минатата година го зголемивме нашето вреднување на матичните лекари, сега очекуваме зголемена одговорност од нивна страна. Тоа значи придржување до казнената политика доколку се надминат квотите за пропишување антибиотици и анксиолитици. Имаме само за тие две групи ограничување за препишување, изјави генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски. Втората мерка која ја планираме, […]

Позитивната листа на лекови ќе биде проширена и во 2026 година


Три пати ќе биде проширена позитивната листа на лекови во 2026 година, а фокусот ќе биде на лековите за кардиоваскуларни заболувања. Ова денеска го истакна генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, кој рече дека според нивна проценка, има голема потценетост на кардиоваскуларните заболувања од кои е најголема смртноста. Во врска со проширувањето […]