Во болницата во Велес се пополни еден крак на Интерното одделение со пациенти од Ковид


 Во болницата во Велес, покрај Инфективното одделение, неделава се наполни и еден крак на Интерното одделение со пациенти од Ковид-19. – На Инфективното одделение, кое е засебна зграда од велешката Општа болница,  моментално се хоспитализирани 52 пациенти, а дополнетиот капацитет е 54 легла. Од нив, 47 пациенти се потврдени на Ковид-19, а пет се сомнителни […]

ДЗСИ: Ако ви доцнат решенијата за изолација, пратете меил


Државниот санитарен и здравствен инспекторат информира дека граѓаните на кои им доцнат решенијата за изолација може да се обратат до нив преку електронска пошта. „Граѓаните кои од било која причина сè уште не добиле решение за изолација, може да испратат e -mail, на следнава адреса: [email protected], со точни лични податоци и информации за адресата и […]

Дванаесет лекари, медицински сестри и техничари од болницата во Струмица позитивни на Ковид-19


Девет лекари и медицински сестри и тројца техничари од Општата болница во Струмица моментнално се во изолација откако било потврдено дека се позитивни на коронавирусот. Заради тоа неизвесно е кога ќе биде отворен дополнителниот оддел за прием на ковид-пациенти во новото болничко крило. Ова го соопшти директорот на болницата, д-р Наќе Гогов, кој информира дека […]

Вардариште ги „труе“ Лисиче и Ново Лисиче, но за санација се потребни 26 милиони евра


Градоначалникот на Град Скопје денеска истакна дека Вардариште генерира и смрдеа и загаденост во скопските населби Лисиче и Ново Лисиче, посочувајќи дека за санација на депонијата се потребни 26 милиони евра. Тој, одговарајќи на новинарско прашање околу сериозноста на проблемот со реата и загаденоста во Лисиче и Ново Лисиче, со кој се соочуваат жителите, рече […]

Царовска: Реформираното стручно образование ќе обезбеди квалитетeн кадaр што го бара пазарот на трудот


Средното стручно образование треба целосно да се реформира и да се приспособи на најновите трендови во производството, со што ќе се обезбеди стручен кадар кој веднаш по завршувањето на образованието ќе може да одговори на пазарот на трудот, истакна министерката за образование и наука Мила Царовска на дебатата „Премостување на јазот кај вештините за создавање […]

Вакцинацијата против сезонски грип почнува идната недела


Вакцините против сезонски грип денеска пристигнуваат во државава и ќе бидат распределени по центрите за јавно здравје, а вакцинацијата, како што информираа од Центарот за јавно здравје Скопје, ќе почне на стартот на идната недела. Ова за МИА го потврдија од Министерството за здравство. Вакцините се производ на француската фармацевтска компанија „Санофи Пастер“. Вкупно се […]

Штипските институции со намален број на вработени поради ширењето на коронавирусот


Работници во неколку штипски конфекции, двајца наставници од училиштата „Гоце Делчев“ и „Димитар Влахов“ се позитивни на коронавирусот, со што од денеска во изолација се 45 ученици од вторите одделенија во овие две училишта. Вршителот на должност градоначалник на Општина Штип, Јане Миланов вели дека вирусот се шири и меѓу вработени во државните и локалните […]

Во два дена од Ковид-19 починаа двајца браќа од Кавадарци


Двајца браќа од Кавадарци на возраст од 26 и 21 година за два дена починаа од Ковид-19. „Драги сограѓани, Ова е тажен ден за нашето Кавадарци. За жал, денес изгубивме уште еден млад човек кој не успеа да се избори со оваа страшна пандемија. Пред два дена го изгубивме Марјан Ѓерѓев на 26-годишна возраст, денес […]

Шилегов: Инсистирам да имаме дефиниција на работното место пожарникар


Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов денеска истакна дека е потребно системско решение за пожарникарите и изедначување на професијата пожарникар на ниво на цела држава. – Јас инсистирам сега да имаме дефиниција на работното место пожарникар. Тоа во моментов законски го немаме и токму заради тоа се различните диспаритети и токму заради тоа се различните […]

Четворица позитивни на Ковид-19 на Радиологија меѓу кои и директорот


На Универзитетската клиника за радиологија позитивни на Ковид-19 се четворица вработени меѓу кои и директорот Даниел Ѓурчинов. Сите се во добра состојба и на домашно лекување, потврдија за МИА од Министерството за здравство. Посочуваат дека на Клиниката нема застој во работењето, бидејќи од четворицата заболени, двајца се вработени во администрација, а еден е техничар.

Пендаровски потпиша наредба за ангажман на Армијата во обезбедување на болниците


Претседателот и врховен командант на вооружените сили Стево Пендаровски, врз основа на член 18 , став 1, точка 5 и член 28, од Законот за одбрана, како и генералната наредба за ангажирање на дел од Армијата на Република Северна Македонија во мирновремени услови, односно во услови кога не е прогласена кризна, вонредна или воена состојба, […]

Се уредува зелена површина во Аеродром


Денеска започнува уредувањето  на  последната од вкупно четирите локации кои се дел од иницијативата на Центарот за иновации Скопје Лаб, со чија помош Градот Скопје директно ги вклучува граѓаните во редизајнирањето на постојните зелени површини согласно со нивните потреби за одмор, релаксација, дружење и сл. – Станува збор за  редизајн на постојна зелена површина од […]

Ќе се зајакне легислатива за заштита на новинарите


 Министерството за правда и јас како министер досега повеќе пати ги имаме осудено сите напади или каков било тип на заплашување и застрашување кон медиумите и кон новинарите. Затоа ги поканувам медиумските здруженија да продолжиме да разговараме на оваа тема и да најдеме соодветно решение во Кривичниот законик, рече министерот за правда Бојан Маричиќ на […]

Маричиќ: Од денеска судските такси се значително намалени


Од денеска во сила стапува Законот за изменување и дополнување на Законот за судски такси, со кој граѓаните конечно добиваат големо намалување на трошоците кои ги имаат во судовите. -Судските такси се значително намалени. Ако во минатото тие можеа да изнесуваат и до 48.000 денари, сега нема да платите повеќе од 6.000. Трошоците за судските […]

Истрага за злоупотреби околу софтверот против четири члена на ДИК


По спроведена севкупна предистражна постапка, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување, при вршење на јавни набавки,  надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување истражна постапка против четири члена на Државната изборна комисија и еден управител […]

Милошоски го нарече Димитров „размазен министер“


Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски му возврати на вицепремиерот Никола Димитров за неговата изјава дека не дошол на седницата на Комисијата за надворешни работи за да не си го загрози своето здравје, како и на другите. „Размазениот министер не сакал да го загрозува своето здравје, за да си ја работел работата. Колку лицемерно, кога се […]

Сите надежи во маските, граѓаните масовно ги одбегнуваат


 По однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 641 прекршок  во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија. Министерството за внатрешни работи во денешното соопштение апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата, со цел справување со ковид-19.

Напладне ќе продолжи собраниската расправа за предлогот Добрила Кацарска да биде нов судија во Уставниот суд


Собранието денеска втор ден ќе расправа за предлогот Добрила Кацарска да биде избрана за судија во Уставниот суд. Претседателот на Собранието Талат Џафери за напладне го закажа продолжението на 20. седница. Со свирежи во салата и транспарент „Кацарска извршител на мафијата“, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ вчера изразија револт против предлогот на Судскиот совет, Кацарска да биде […]

Облачно со повремен локален дожд


Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд, особено претпладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се движи од 7 до 12 степени, а дневната од 13 до 17 степени, информира Управата за хидрометеоролошки работи. Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со повремен локален […]