Во ковид – центрите во Скопје за 24 часа хоспитализирани 30 пациенти, вкупно се лекуваат 452


Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје хоспитализирани се 30 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 452 лица сомнителни и потврдени за Ковид -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, соопшти Министерството за здравство. Во последното деноноќие, на Интерните клиники имало вкупно 13 приеми и тројца во ковид – […]

Пораст на температурите, пообилни врнежи во недела ноќта


Во наредните денови се очекува пораст на температурите, а на крајот на неделата пообилни врнежи од дожд. Од УХМР информираат дека во следните денови ќе преовладува значително облачно време, на места со врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе бидат во пораст. Пообилни врнежи се очекуваат во недела […]

Почнува исплата на правата од социјална и детска заштита


Министерството за труд и социјална политика информира дека од утре почнува исплатата на Гарантираната минимална помош – ГМП за ноември годинава. Со цел да се избегне метеж пред банките и да се овозможи поголема заштита на корисниците на парична помош во услови на опасност од вирусот КОВИД-19, исплатата ќе се спроведе во две групи, во […]

Осми декември – неработен за сите граѓани


Денот на св. Климент Охридски – 8 декември 2020 (вторник) е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија, соопшти Министерството за труд и социјална политика. Осми декември е државен празник согласно со Законот за празниците на РМ  (Службен весник  на  РМ„ бр.21/98 и 18/07). 

Почнува пилот-програмата за сеопфатно сексуално образование


Со обука на наставници денеска официјално ќе почне пилот-програмата за сеопфатно сексуално образование (ССО) во земјава, кое го најави Министерството за образование и наука. Воведувањето  сеопфатно сексуално образование во основните училишта, според МОН, ќе значи унапредување на родовата рамноправност, но и превенција од сексуалното вознемирување и насилството. Ова образование значи знаења за начините за заштита, […]

Владата бара кризна состојба до јуни, намален притисокот врз болниците, но здравствените власти внимателни


Продолжување на рокот за кризна состојба до 30 јуни 2021 година бара Владата од Собранието. Одлуката ја донесе вчера на седница врз основа на предлогот на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи. Земјава и сега се наоѓа во 30-дневна кризна состојба која треба да заврши на 19 декември.   […]

Облачно и студено


Синоптичарите за денеска најавуваат променливо облачно време со повремени сончеви периоди. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се движи од -9 до 1, а максималната од 4 до 11 степени. Во Скопје слично време со утринска температура до -8 и дневна до 7 степени. Во следните денови […]

Бучковски за мисијата во Бугарија: Не сум чудотворец, ниту сум нечиј ас


  Не сум чудотворец ниту сум нечиј ас скриен во ракавот, ниту пак нечиј џокер. Јас сум Владо Бучковски, поранешниот премиер, кој во изминатите петнаесет години изгради доверба во бугарското општество. Верувам дека тоа ќе биде додадена вредност во напорите кои ги прави нашата Влада, да успееме да најдеме решение во духот на европските вредности, […]

Струшки хирург почина од последици од корона вирусот


Хирургот од струшката болница Владимир Кочоски почина по компликации предизвикани од корона вирусот.   Како што објави СДК, шеесетгодишниот хирург-специјалист две недели се лечел од ковид-19 на скопската Инфективна клиника, но ден пред неговото пуштање дома му се влошила состојбата. Тој итно бил префрлен на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување, но не успеал […]

Лажни кинески вакцини се продаваат на интернет


Дневниот весник од Италија, „Џорнале“, пишува дека на интернет може да се најдат лажни кинески вакцини по цена од 350 до 1.500 долари и ги предупредуваат Италијанците дека тоа е опасно и забрането. Директорот на царината Марчеко Минена за весникот „Стампа“ вели дека Италија ја зајакнала контролата на бродовите и авионите, а најмногу електронската трговија. […]

Парична награда од 30.000 денари за пиротехничарите кои ги отстранија гранатите кај стадионот во Битола


На предлог на претседателот на Владата на Северна Македонија Зоран Заев, Владата денеска донесе одлука со еднократна парична награда во висина од 30.000 денари да бидат наградени 7 пиротехничари од Дирекцијата за заштита и спасување. Наградата е поради нивниот ангажман во пронаоѓањето, отстранувањето и уништувањето на преку 7.000 парчиња, или 52 тона гранати кои беа […]

Утре ВМРО-ДПМНЕ повторно го блокира Скопје, но и 15 други градови


ВМРО-ДПМНЕ утре, во 15 часот го блокира Скопје од Влада до Министерството за надворешни работи, а протести ќе се оддржат и во 15 градови ширум државата, со почеток од 18 часот. Време е граѓаните на Куманово, Македонска Каменица, Пробиштип, Делчево, Пехчево, Берово, Виница, Радовиш, Валандово, Дојран, Велес, Кавадарци, Прилеп, Битола и Охрид да се обединат […]

Без струја утре и задутре дел од жителите на Центар, Аеродром, Бутел, Кисела Вода и Ѓорче Петров


ЕВН информира дека поради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа утре и задутре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците во општините Центар, Аеродром, Кисела Вода, Бутел и Ѓорче Петров. Утре, од 09:00 до 13:00 часот, без струја ќе бидат корисниците од ул. Тетовска бр. 38, општина Центар. Во истата општина, од 09:00 до […]

Нови 1069 случаи на Ковид-19, починати се 29 лица


Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа регистрирани се 1069 новозаразени со коронавирусот од направени 3012 тестирања, починати се 29 лица, а оздравени 1242 пациенти. Починати се 29 лица, седум пациенти од Скопје (82, 67, 78 83, 70, 66 и 56г), тројца од Куманово (63, 78 и 62г), четири од Прилеп (73, 65, […]

Од Ковид-19 почина д-р Владимир Кочоски од Струга


Почина 60-годишниот хирург специјалист д-р Владимир Кочоски како последица на компликации со корона вирусот, дознава СДК.мк. Две недели бил на лекување на Инфективната клиника во Скопје, по добиениот негативен тест неговата состојба нагло се влошила по што итно бил префрлен на КАРИЛ, но не успеал да се избори со компликациите кои ги предизвикал корона вирусот. […]

Владата бара продолжување на кризната состојба, скијачките центри ќе работат


Владата  на денешната седница го усвои предлогот да се побара од Собранието  продолжување на кризната состојба на територијата на Македонија до 30 јуни идната година.  Владата исто така го прифати мислењето на Комисијата за заразни болести дека скијачките центри може да работат согласно соодветен протокол со пропишани превентивни мерки во услови на пандемија од КОВИД-19, […]

Влада: Протокол за одржување настани со медиумско присуство во услови на пандемија


Владата на Република Северна Македонија на денешната 25-та седница го донесе Протоколот за одржување настани со медиумско присуство во услови на пандемија предизвикана од коронавирусот.   Овој протокол, како што соопшти владината прес-служба, го уредува медиумското присуство на јавни настани, односно обврските кои организаторот треба да ги преземе за да обезбеди безбедна и непречена работа […]

Царовска: Се враќаат ОТП, домаќинство и други предмети во основното образование


Се прави нов концепт за основното образование во кој сите елементи што се потребни како знаење ќе бидат воведени со тоа што се намалува бројот на предмети, а нема да има додавање на предмети, најави денеска министерката за образование и наука Мила Царовска во Штип. – Практично вештини како готвење, ОТП кое што беше укинато, […]

Расте елката во Скопје (фото)


Колку повеќе желби во Новата 2021 година, толку поголема расте елката на плоштадот на Скопје, како симбол на радост, надеж, детска смеа и дружење со семејството. Годинава, во услови на Ковид-19, кога здравјето ни е најверниот пријател(ка), кога ги губиме најблиските и се радуваме на секое новороденче, елката е тука да не потсети дека  празници […]

Бочварски: Клучен капитален проект за 2021 е железничката пруга кон Бугарија


Буџетот за 2021 година на Министерството за транспорт и врски е развоен буџет во кој најголем дел од проектираните средства или 83 проценти се расходи наменети за капитални проекти. На денешната прес-конференција министерот Благој Бочварски рече дека предлог-буџетот на Министерството е 5 милијарди и 306 милиони денари, од кои 4 милијарди и 404 милиони денари […]