Седница на Главниот штаб за управување со кризи


Главниот штаб за управување со кризи при ЦУК денеска ќе одржи седница на која ќе биде разгледан планот на Министерството за здравство, кои објекти треба да се обезбедуваат. Како што изјави за МИА в.д. директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, Армијата при обезбедувањето само ќе и асистира на полицијата и ќе биде на своите позиции без […]

И приватните болници на помош за Ковид-19, обезбедени дополнителни 100 кревети


Министерството за здравство и трите најголеми приватни болници, „Систина“, „Жан Митрев“ и „Ре-медика“, синоќа се договорија да соработуваат во борбата против Ковид-19. До крајот на неделава старата гинеколошка болница на „Систина“, поранешна „Мала богородица“, ќе биде пренаменета во инфективно одделение каде ќе може да се лекуваат 100 пациенти. Лекувањето ќе биде бесплатно, на трошок на […]

Утрово студено, -8, во текот на денот до 15 степени


Времето утрово ќе биде студено, по одделни котлини со појава на магла, а во текот на денот сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се движи од -8 до 3, а максималната од 9 до 15 степени. Во Скопје ќе биде претежно сончево со слаб […]

Од Ковид-19 починаа уште 24 пациенти, дури шестмина се од 40 до 48 години


Според денешната статистика, во изминатите 24 часа со Ковид-19 биле заразени 1.112 граѓани, а регистрирани се и 24 починати. Загрижува фактот што дури шестмина од починатоте се на возраст од 40 до 48 години. -Починати се 24 лица, четири пациенти од Скопје (76, 62, 67 и 70г), еден од Куманово (64г), еден од Штип (87г), […]

Утре претпладне седница на Главниот штаб за управување со кризи


Главниот штаб за управување со кризи при ЦУК утре претпладне, во 10 часот, ќе одржи седница на која ќе биде разгледан планот на Министерството за здравство, кои објекти треба да се обезбедуваат. Како што изјави за МИА в.д. директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, Армијата при обезбедувањето само ќе и асистира на полицијата и ќе биде […]

Нови 1.112 случаи со Ковид-19, оздравени 709, починати 24 лица


Во последните 24 часа се регистрирани 1.112 нови случаи на Ковид-19, вкупната бројка на дијагностицирани е 54.743, оздравени се 709 пациенти, а починале 24 лица. Како што соопшти Министерството за здравство, направени се 2.553 тестирања, а регистрирани се 1.112 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-321, Куманово-69, Дебар-10, Штип-38, Прилеп-77, Тетово-79, Струга-44, Велес-44, Битола-65, Охрид-36, Кавадарци-26, […]

Договорено – Болницата „Мала Богородица“ станува Ковид центар


  Сопствениците на приватните болници „Систина“, „Жан Митрев“ и „Ре-медика“, вечерва беа на состанок со министерот Венко Филипче, во Министерството за здравство. Ова е втор состанок, на кој одлучувале околу начинот на кој приватните болници ќе се вклучат со лекување на пациенти заразени со Ковид-19. Вечерва постигнавме договор и постигнавме капацитет од 100 кревети. Заеднички […]

Делови од Скопје, утре и другиден, без струја


ЕВН информира дека заради  технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, без електрична енергија ќе останат следните корисници:    на ден 23.11.2020 година ( понеделник), од 08:30 до 15:00 часот,  повремени прекини ќе имаат корисниците од дел од ул. Козара.  ( Општина Центар ) од 09:00 до 11:00 часот и од 12:00 до 14:00 часот, без  електрична […]

Утре наутро -8, во текот на денот до 15 степени


Времето утре наутро ќе биде студено, по одделни котлини со појава на магла, а во текот на денот сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се движи од -8 до 3, а максималната од 9 до 15 степени. Во Скопје ќе биде претежно сончево со […]

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 824 пациенти, слободни кревети има


Во изминатите 24 часа во КОВИД-центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 824 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 73 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се […]

Жителите на Пржино побараа мораториум на градби


Жителите на Пржино денеска излегоа на протест поради менувањето на населбата од корен и никнувањето на новите згради кои не ги посакува никој. Тие на протестот истакнаа дека не сакаат да живеат со уште позагаден воздух и со затскриено сонце попречено од сите згради кои ќе никнат во иднина. „Зарем ќе дозволиме и на потегот […]

На хируршките клиники неделава ќе бидат отворени дополнителни болнички кревети за ковид-пациенти


Поставеноста на системот на интерните клиники во Скопје покажа дека добро функционира, дава резултати во поголем број оздравени пациенти и доволен број слободни кревети. Капацитетите брзо се пополнуваат, но скоро воопшто не се чека за хоспитализација, не само на пациенти од Скопје, туку од секаде низ државата, рече денеска министерот за здравство, Венко Филипче. Тој […]

Шахпаска: Во собраниска процедура закон кој ќе биде основа за борба против насилството врз жената и семејството


Предлог законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство кој е во собраниска процедура е темелот, основата во борбата против сите форми на насилство врз жената и семејството, напиша министерката за труд и социјална политика Јахода Шахпаска на својот Фејсбук-профил. Поддршката што ја обезбедуваме во делот на информирањето, советувањето и привремениот […]

(Видео) Жугиќ му „подари“ лампиони на Шилегов за да се откаже од новогодишното украсување


Јелена Жугиќ,како советник во Советот на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, порача дека градоначалникот Петре Шилегов треба да се откаже од новогодишното украсување на главниот град и парите да се пренаменат за борбата против коронавирусот. ВМРО-ДПМНЕ, по тој повод, симболично постави лампиони на кои стои вредноста од 200 илјади евра или, како што рече Жугиќ, 15 […]

Во ковид-центрите во Скопје се лекуваат 474 лица


Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје хоспитализрани се 35 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 474 лица сомнителни и потврдени за Ковид -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град. Како што соопшти Министерството за здравство, во последното деноноќие на интерните клиники имало вкупно 20 приеми и тоа еден пациент бил […]

Изречени 685 казни за неносење маска


Во текот на изминатото деноноќие на територијата на државата, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 685 прекршоци. Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид-19.

Засадени нови дрвја во Карпош 3


Општина Карпош засади нови висококвалитетни дрвја и зеленило во рамки на Спортско – рекреативниот центар во ООУ „Лазо Трповски“ во Карпош 3. Покрај пешачката патека се засадија зимзелени садници – туи, а дворот е облагороден и со нови листопадни дрвја: липи, јасени и јавори.   Во должина на заштитната ограда на овој рекреативен центар се […]

Нова година со Ковид: Најголем интерес за Копаоник, Белград и Турција


Состојбата и препораките се менуваат од ден во ден, но сепак има интерес за патувања надвор од земјава за новогодишните празници – велат од повеќе познати туристички агенции во земјава. И покрај лошата состојба со корона вирусот и преполните болници, голем број на граѓани не се откажуваат од дочекот на новата година во хотели во […]

Земјотресите не го оштетија хидро-енергетскиот систем Маврово


Серијата земјотреси кои минатата недела беа регистрирани на мавровското подрачје засега не предизвикале оштетувања на објектите и структурата на најзначајниот хидро-енергетски систем во Македонија ХЕС Маврово. Наскоро се очекува и двете најголеми хидроцентрали Вруток и Равен да почнат со производство на струја. Од АД Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) информираа дека непосредно по првиот потрес, […]

Во Берово измерени минус 7 степени, најтопло во Гевгелија и Дојран


Најниски температури утрово се измерени во Берово -7 степени, во Крушево и Струмица – 3 степени и во Тетово, Штип и Демир Капија – 2 степени целзиусови. Во Скопје се измерени 0 степени на мерното место кај Петровец и 1 степен кај Зајчев Рид. Највисока утринска температура од 5 степени целзиусови е измерена во Гевгелија […]