Талат Џафери го нема на списокот за Мечкин Камен


Владата попладнево информираше за одбележувањето на Денот на Републиката 2 Август во Крушево, Пелинце и во Скопје и за составот на владините делегации кои на трите места ќе положат венци и цвеќе на спомен-обележјата. Оваа година свеченостите ќе се реализираат согласно со протоколот на Комисијата за заштита од заразни болести за одбележување државни празници. Со …

Талат Џафери го нема на списокот за Мечкин Камен Read More »

Мијалков: Мицкоски не заслужува да е лидер на ВМРО-ДПМНЕ


Ексдиректорот на УБК, како и поранешен партиски функционер, Сашо Мијалков го обвини лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски дека преку медиумите шири лаги за него и му порача да го искористи времето додека претседателот на СДСМ, Зоран Заев е на одмор, за да ги убеди партиите на Албанците да коалицираат со него.   Реакцијата на Мијалков …

Мијалков: Мицкоски не заслужува да е лидер на ВМРО-ДПМНЕ Read More »

РКЕ не донесе одлука за цената на парното


Регулаторната комисија за енергетика денеска не донесе одлука за цената на парното греење што го плаќаат скопјани. Како што истакна директорот на РКЕ Марко Бислимоски, одлуката не е донесена заради сериозните забелешки што ги имале од БЕГ кои немале време да ги разгледаат. -Согласно измените што ги направивме на правилниците на почетокот на јуни имаме …

РКЕ не донесе одлука за цената на парното Read More »

Спасовски: Очекувам наскоро да се формира Влада, нема нови избори


Премиерот и потпретседател на СДСМ Оливер Спасовски очекува наскоро да биде формирана новата Влада од страна на СДСМ. Ги оценува како небулозни обвинувањата од страна на опозицијата за купување пратеници, потенцирајќи дека ќе нема нови избори. -Наводното купување на пратеници е уште една небулоза на Мицкоски од спектарот небулози кои секојдневно ги кажува. Ние сме …

Спасовски: Очекувам наскоро да се формира Влада, нема нови избори Read More »

На 10 август ќе се знаат протоколите за училиштата


Работната група на Министерството за образование и наука ќе има средба со Комисијата за заразни болести во вторник или среда, за да се утврди конечна верзија на плановите и протоколите како да се одвива наставата од 1 септември во услови на епидемија од Ковид-19.  Заменик-министерката за образование и наука Елизабета Наумовска за МИА изјави дека …

На 10 август ќе се знаат протоколите за училиштата Read More »

Нова опрема за заштита од пожари на Водно, Сарај и Матка


Градот Скопје со набавка на опрема за справување со шумски пожари го подига нивото на заштита на природата на комплексот Водно, Сарај и Матка. Опремата која се состои од два шумски трактори (четвороцикли), рачни пумпи за гасење пожар, моторни пумпи за вода, повеќенаменски алатки за гасење пожар, дрон со термална камера и моторни пили ќе …

Нова опрема за заштита од пожари на Водно, Сарај и Матка Read More »

Температурата денеска до 41 степен, од недела заладување


Управата за хидрометеоролошки работи уште еднаш предупредува дека денеска температурата ќе достигне 41 степен. Ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засиленветер, претежно во планинските подрачја во севернитеделови. Ќе дува слаб до умерен, а попладне …

Температурата денеска до 41 степен, од недела заладување Read More »

Правните лица кои ќе донираат преку Solidarnost.gov.mk ослободени од данок и со олеснета постапка


Сите правни лица кои ќе донираат преку платформата Solidarnost.gov.mk ќе можат да остварат даночно олеснување преку Управата за јавни приходи (УЈП) и ќе имаат олеснета постапка за ослободување, односно нема да им биде потребна постапка во Министерството за правда која ќе потврди дека остварената донација е од јавен интерес. Ова го овозможува уредбата со законска …

Правните лица кои ќе донираат преку Solidarnost.gov.mk ослободени од данок и со олеснета постапка Read More »

Истече одлуката за забранет влез за наши државјани во Грција, се чека новата


Одлуката на Грција за привремено ограничување на сите авионски, железнички и копнени поврзувања со Македонија, како и забраната за влез на грчка територија на македонски државјани објавена на 15 јули истекува денеска, а засега, нема информација за нејзино продолжување или поништување, јави дописничката на МИА од Атина. Ограничувањата, „од превентивни причини за заштита на јавното …

Истече одлуката за забранет влез за наши државјани во Грција, се чека новата Read More »

За десет години 23,6 отсто помалку запишани средношколци


Во основното, средното и во високото образование од година на година се намалува бројот на влезната генерација како и на вкупниот број ученици односно студенти. Најголем пад од 23.6 проценти во период од десет години е забележан кај бројот на запишани средношколци. Во публикацијата „Северна Македонија во бројки, 2020“ која неодамна ја објави Државниот завод …

За десет години 23,6 отсто помалку запишани средношколци Read More »

Денот на Републиката неработен за сите граѓани


Денот на Републиката  2 Aвгуст (недела) е неработен ден за сите граѓани, а согласно Законот за празници на РМ неработен е и 3 август (понеделник), соопшти Министерството за труд и социјална политика. Од Министерството на сите граѓани им го честитаат Денот на Републиката.

Спасовски: Во Владата денеска разговори за изградба на водоводот во Синичани


На сите граѓани без разлика каде живеат мора да им се обезбедат еднакви услови, а чиста вода за пиење е еден од тие основни услови. Надлежност во тој дел има локалната самоуправа и манипулација со граѓаните по кој било момент или аспект што се однесува при градба од ваков вид не смее да има, изјави …

Спасовски: Во Владата денеска разговори за изградба на водоводот во Синичани Read More »

Двајца пациенти добија бубрег од починат донор


Министерството за здравство информира дека утрово на Клиниката за Урологија беа експлантирани два бубрега од 46 годишен пациент кај кој вчера беше потврдена мозочна смрт. „Во моментов, во тек е првата трансплантација на бубрег кај 35 годишна девојка која веќе неколку години е на дијализа, по што ќе следи и втората трансплантација. За жал, овој …

Двајца пациенти добија бубрег од починат донор Read More »

Одбележувањето на двата Илиндена без масовни собири


Денот на Републиката 2 Август, на кој се празнуваат двата историски Илиндена, 117 години од Илинденското востание и 76 години од Првото заседание на АСНОМ, оваа година поради епидемијата ќе бидат одбележани без масовни собири и културно-уметнички програми и со здравствени протоколи за заштита од КОВИД-19, утврдени од Комисијата за заразни болести и усвоени од …

Одбележувањето на двата Илиндена без масовни собири Read More »

Честитка од претседателот Пендаровски по повод муслиманскиот празник Курбан бајрам


Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот муслимански празник Курбан бајрам, упати честитка до в.д. поглаварот на Исламската верска заедница, реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаху и до сите граѓани од исламска вероисповед во Република Северна Македонија. Во честитката Пендаровски посакува овој голем празник да донесе среќа, радост, љубов и бериќет, и како  празник на дарувањето …

Честитка од претседателот Пендаровски по повод муслиманскиот празник Курбан бајрам Read More »

Во „Св. Наум Охридски“ во услови на КОВИД-19 од март до јули над 50 илјади прегледи и 850 операции


Од март до крајот на јули во Универзитетската клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски“ се извршени над 50 илјади прегледи и повеќе од 850 операции. Во просек, месечно, се реализирани 10 илјади прегледи, информираат од Клиниката. Оттаму потсетуваат дека по прогласената епидемија на Ковид-19 во државава, оваа установа беше определена како болница во која …

Во „Св. Наум Охридски“ во услови на КОВИД-19 од март до јули над 50 илјади прегледи и 850 операции Read More »

Надградба на здравствената инфраструктура за справување со Ковид-19, активни 4.117 случаи


Подобар одговор на предизвикот со вирусот Ковид-19  треба да овозможи предлог проект за подобрување и надградување на здравствената инфраструктура за брз одговор и справување со Ковид-19, што е прелиминарно поддржан од Светската банка и којшто според ресорниот министер Венко Филипче може да се надополни. Во пресрет на есенскиот бран се зајакнуваат и капацитетите на Клиниката …

Надградба на здравствената инфраструктура за справување со Ковид-19, активни 4.117 случаи Read More »

Верниците од исламска вероисповед го слават Курбан бајрам


Верниците од исламска вероисповед денеска го слават празникот Курбан бајрам. На првиот ден од празникот се изведува молитвата за Бајрам – Бајрам намаз, со која верниците бараат милост од Алах. Карактеристично за овој празник е принесувањето жртва – курбан, која има симболика на приближување кон Бога. Како курбан најчесто се принесуваат овни или телиња. Обичајот …

Верниците од исламска вероисповед го слават Курбан бајрам Read More »

Топлотен бран, штетни ефекти, ризици, препораки за заштита…


Земјава денеска ќе биде во жолта и алертна фаза со температури што во одредени делови ќе достигнат 40 степени. Токму затоа, надлежните апелираат граѓаните да ги почитуваат сите мерки за заштита од високите температури: да престојуваат во затворени простории, да внесуваат повеќе течности, но и да носат светла и лесна облека. Според препораките на Министерството …

Топлотен бран, штетни ефекти, ризици, препораки за заштита… Read More »

Офицерскиот дом во Битола се реконструира, го посети и Жбогар


Шефот на Делегацијата на Европската Унија, Самуел Жбогар заедно со градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска и министерот за локална самоуправа Горан Милески денеска се запознаа со градежните активности за реконструкција на Офицерскиот дом во Битола, при што разговараа за идејните решенија за понатамошна функционална употреба на објектот. Како што соопштија од општината, градоначалничката Петровска …

Офицерскиот дом во Битола се реконструира, го посети и Жбогар Read More »