Дождот значително ќе ги зголеми водостоите, да се избегнува движење покрај реки


Врнежите од дожд, кои наместа се очекува да надминат и 50 литри на метар квадратен се очекува да ги зголемат значително водостоите, особено на реките Радика, Сатеска, Коселска и Голема, Треска, Вардар и Црна. Од УХМР најавуваат дека во западните делови на места се очекува врнежите да надминат и 50 л/м2 и дека во тие […]

Облачно со врнежи, повремено поројни, од задутре и заладување


Времето во земјата денеска ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои пообилни ќе бидат во северните и северозападните делови каде локално се очекува да наврнат и над 30 л/м2. Врнежите повремено ќе бидат поројни, проследени со засилен ветер, кој на места ќе достигнува брзина и над 70 км/час. Минималната температура ќе биде во интервал […]

Уште 556 заболени од Ковид-19, починаа 22 пациенти


Во последните 24 часа се направени 2.953 тестирања, а регистрирани се 556 нови случаи на Kовид-19 во: -Скопје 270 -Куманово 24 -Штип 17 -Прилеп 17 -Тетово 17 -Струга 6 -Велес 23 -Битола 10 -Охрид 12 -Кавадарци 21 -Гостивар 17 -Гевгелија 6 -Струмица 22 -Крива Паланка 13 -Радовиш 10 -Кочани 14 -Пробиштип 1 -Македонски Брод 4 […]

Д-р Дoкиќ: Ивермектинот помага при Ковид-19, но мора да се препише на рецепт


Ивермектин е познат лек кој се користи кај паразитарни заболувања. Според д-р Дејан Докиќ, научниците во Австралија капнале течен ивермектин на заразено ткиво со САРС-Ков2 и тој успеал да го забави размножувањето на вирусот за 5.000 пати, во 48 часа. Тој вели дека потоа 11 студии го потврдиле дејството на лекот, а во моментот се […]

Д-р Караџовски пренесен во болница поради компликации со Ковид-19


Претседателот на Комисијата за заразни болести Жарко Караџовски заврши во болница откако пред една недела имаше позитивен тест на коронавирусот и остана дома во самоизолација. Од Клиниката за заразни болести во Скопје потврдуваат дека докторот заедно со неговата сопруга се во добра здравствена состојба и се лекуваат само со лекови, без потреба од кислородна терапија. […]

Пендаровски, Заев и Џафери на прием кај поглаварот на МПЦ-ОА, г.г. Стефан


 Претседателот на Собранието, Талат Џафери на покана на поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г.г. Стефан, присуствуваше на приемот, што се приредува редовно по повод божиќните празници и неговиот именден – празникот на архиѓакон и првомаченик Св.Стефан. На божиќната трпеза, соопштија од Кабинетот на Џафери, присуствуваше државниот врв, односно претседателот на државата, Стево […]

Шлаканица од УНЕСКО на стотици страни за односот кон Охридскиот регион


На Охрид никој ништо не може да му одземе, колку што можеме ние самите. Вака некако во кратки црти може да се протолкува обемниот извештај на УНЕСКО за состојбата со заштитеното природно и културно наследство на Охридскиот регион, кој е готов и испратен до институциите во земјава. Некои се уште не го добиле, некои само […]

УХМР: Зголемен водостојот на повеќе реки, да се избегнува движење покрај нив, вечер повторно врнежи


После синоќешните врнежи зголемен е водостојот на повеќето реки низ земјава, а на дел од нив има и значително високи водостои. Особено висок беше водостојот на река Радика кој за време на ноќта достигна висина од 177 см. на хидролошката станица Бошков Мост и бележи континуирано зголемување последните два дена (во кои има пораст од […]

На инфективните оддели во земјава се лекуваат 766 пациенти со Ковид-19


Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 426 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот, соопшти Министерството за здравство.   Во болницата во Битола се хоспитализирани 30 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 42 пациенти. На  инфективното одделение во […]

МВР не сака да дава државјанства со тројца сведоци 


Предлог-законот за државјанство што го поднесоа албанските опозициски партии не наиде на поддршка во надлежните институции, пишува „Дојче веле“. Министерството за внатрешни работи даде негативно мислење на идејата државјаните од поранешните југословенски републики, кои до независноста на 8 септември 1991 година живееле во Македонија, да можат да добијат македонско државјанство само со изјави од три […]

Речиси 4 милиони евра од судски пресуди, договорни казни и активирани банкарски гаранции во Буџетот на Општина Центар 


Општина Центар и покрај минатогодишната состојба со пандемијата на КОВИД 19, успеа врз основ на судски пресуди и активирани банкарски гаранции во буџетот да инкасира вкупно 223.973.602 денари, односно речиси 4.000.000 евра. Одделението за нормативни и правни работи при Секторот за правни и организациони работи на Општина Центар тековно ги реализираше судските постапки и спорови […]

Не очекуваме зголемување на цената на струјата, вели Бислимоски


Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) Марко Бислимоски во интервју за МИА говори за цената на струјата, кондицијата на енергетските компании, заштитата на потрошувачите од ценовните шокови, водните и комуналните услуги и плановите за Новата 2021 година. Дали се очекува зголемување на цената на електричната енергија поради намаленото производство во хидроцентралите […]

„Не се залетувај!“ – препознај го софистицираниот облик на трговија со луѓе


„Не се залетувај!“ кога аплицираш за работа преку интернет. „Не се залетувај!“ кога ти нудат нереално висока плата. „Не се залетувај!“ кога принцот веднаш ти нуди брак. „Не се залетувај!“ за живот од бајките со миграција дома или во странство. „Не се залетувај!“, внимавај на Твитер, Инстаграм, Фејсбук…. „Не се залетувај!“ е само една од […]

Ќе ја искористи ли годинава максимално Попова Шапка масовната посетеност (репортажа)


Ако во минатото важело непишаното правило дека преку работните денови на Попова Шапка има помалку посетители, оваа сезона е сосема спротивното. Сега секојдневно има можеби илјадници посетители со оглед на паѓањето на поголемата снежна покривка, новогодишните празници, но и состојбата со пандемијата која не дозволува туризам во странски држави. Снегот, чистиот воздух, сончевата топлина и […]

Епидемиолошката состојба стабилна, првите вакцини на крајот на јануари или почетокот на февруари


Епидемилошката состојба во земјава е стабилна, а прекршувањата за празниците не биле чести, оценија здравствените власти по завршувањето на новогодишните и божикните празници. Се надеваат дека ќе продолжи трендот на намален број на хоспитализирани пациенти, а за крајот на јануари или почетокот на февруари најавуваат дека ќе пристигнат и првите дози на вакцини преку Ковакс […]

Облачно и ветровито, од попладне дожд


Претежно облачно време ќе преовладува денеска, а веќе од попладне и во текот на ноќта кон недела се очекуваат врнежи од дожд кои поради продорот на постудена воздушна маса ќе преминуваат во снег на некои повисоки места во северните делови. Можна е и локална појава на замрзнат дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер, а […]

Oбилните врнежи од дожд ја загадија водата за пиење во Струга


Водата во Струга е загадена и да не се употребува за пиење, апелира јавното претпријатие „Водовод и канализација“. Според соопштението, причина за загаденоста се обилните врнежи од дожд што изминатите денови го зафатија Струшкиот регион. – Поради обилните врнежи од дожд, приливот кон изворите е зголемен, и како резултат на тоа, водата е загадена и […]

МВР постапува по случајот во кој две лица се закануваат во автобус на ЈСП


Министерството за внатрешни работи за МИА потврди дека постапува по случајот во кој две лица во автобус на Јавното сообраќајно претпријатие им се закануваат на останатите патници кои побарале од нив да ги стават заштитните маски на лицето. На социјалните мрежи денеска беше објавено видеото на кое се слуша како двете лица им се закануваат […]

Уште 100 заразени од Ковид-19, починаа 11, оздравеа 551


Во последните 24 часа се направени 764 тестирања, а регистрирани се 100 нови случаи на Ковид-19 во: -Скопје 47 -Куманово 3 -Дебар 12 -Штип 1 -Прилеп 4 -Тетово 10 -Велес 3 -Охрид 4 -Кавадарци 8 -Гостивар 3 -Крива Паланка 1 -Радовиш 1 -Кочани 2 -Кичево 1 Починати се 11 лица, тројца пациенти од Скопје (67, […]

УХМР најавува нов бран врнежи и зголемување на речните водостои


До крајот на денот и за време на ноќта се очекува нов бран врнежи да ја зафати земјава. УХМР најавува пообилни врнежи во западните делови, каде прогнозира дека е можно да наврнат и над 30 литри на метар квадратен дожд. УХМР најавува и зголемување на водостоите не реките, поради што апелира на внимателно движење покрај […]