Нови 404 случаи на Ковид-19, починати осум лица, оздравени 101 пациент


Нови 404 случаи на Ковид-19 се регистрирани во последните 24 часа од направени 2.727 тестирања. Починати се осум лица од кои најмладиот е на 53 -годишна возраст. Оздравени се 101 пациент.   Според податоците што попладнево ги објави Министерството за здравство, најголем број од новозаболените се од Скопје – 180 по што следува Охрид со […]

Десет години од смртта на Ханс Лотар Штепан


Македонската заедница во Германија денеска положи венец на гробот на првиот германски амбасадор во независна Македонија, Ханс Лотар Штепан кој почина на денешен ден пред 10 години. – Штепан беше еден од најголемите лобисти за вистината на Македонија и активно работеше на запознавање на европската и светската јавност со македонското прашање. Беше автор на книгата […]

Бошњаците ќе го поддржат пописот, најавуваат кампања за подигнување на свеста


Бошњаците целосно го поддржуваат пописот на населението во кој ќе се вклучат со сите свои ресурси, изјави денеска Аделаид Каришик, координатор на „Координативното тело на Бошњаците“ На денешната прес-конференција беше посочено дека невладините организации „Шадрван“, „Лилиум Боснија“, „Диван Хана“, „Едуниса“, „Диван“, Форумот на Бошњаците, Бошњачката културна заедница и „Лиљан“, пратеникот Зекир Рамчиловиќ и колумнистот и политички […]

МИА и БТА договорија зајакната соработка и заедничка борба против лажни вести


Зајакнување на соработката преку размена на сервисите, кои ги продуцираат, заедничка борба против лажните вести и придонес за засилување на новинарските стандарди во медиумската сфера договорија вчера новинските агенции на Северна Македонија и Бугарија, МИА и БТА. Во посета на БТА, вчера беа генералниот директор и главен и одговорен уредник на МИА, Драган Антоновски, заменик-директорот […]

Од следната недела пријавување за вакцинација преку интернет


Следната недела очекуваме да ја објавиме веб-страната што ќе биде од информативна природа и ќе го содржи делот за пријава, односно за изразување на интерес за вакцинација, информираше денеска на прес-конференција Жаклина Чагаровска од „Мој Термин“. Таа објасни дека кога веб-страната ќе биде достапна, пријавувањата можат да започнат веднаш. Пријавувањето ќе се одвива на начин […]

Објавена Методологијата за спроведување на пописот на населението, домаќинствата и становите 2021.


Врз основа на Законот за Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, а со цел единствена примена на методолошките основи при попишувањето, директорот на Државниот завод за статистика ја објави Методологијата за подготовка, организирање и спроведување на пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 година, соопштија од Влада. […]

Филипче: Немам резерва кон ниту една вакцина


Ќе бидеме една од ретките земји која во прв момент ќе обезбеди значајна количина на вакцини за сериозно голем процент од населението, рече денеска на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче, посочувајќи дека нема резерва кон ниту една вакцина и оти би се вакцинирал меѓу првите со која било вакцина што прва ќе пристигне во […]

Вакцинацијата почнува со кинеската вакцина, граѓаните ќе добијат сертификат


Министерот за здравство Венко Филипче рече дека Владата на вчерашната седница одлучила да набави 200.000 кинески вакцини, а договорот треба да се потпише во понеделник. Направен е делатен план за транспорт , дистрибуција до вакциналните пунктови , како и начинот на спроведување на вакцинација. – Вакцинираните ќе добијат сертификат по терк на искуството на други […]

(Во живо) Прес на Филипче, Грозданова и Чагоровска


Прес-конференција ќе одржат министерот за здравство д-р Венко Филипче, претседателката на Комитетот за имунизација д-р Александра Грозданова и Жаклина Чагоровска од електронскиот систем „Мој Термин“. Проследете ја во живо:

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 346 пациенти, слободни кревети има


Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 346 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот, соопштија од Министерството за здравство. Од МЗ информираа дека според извештаите на болниците кои пристигнуваат кај нив на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 19 пациент позитивен и […]

Сексуално образование ќе биде изборен предмет во деветто одделение


  Мила Царовска, министерката за образование и наука,најави дека ќе се изучува сексуалното образование во основните училишта, но како изборен предмет во деветто одделение. Министерката со тоа демантираше дека овој предмет ќе биде застапен во второ одделение. Таа додава дека во моментов се држи интензивна обука во четири пилот училишта. „Бидејќи е изборен предмет, наставниците […]

Концепцијата за основно образование беше предмет на јавна расправа – Општестевени науки од четврто до деветто се преименува во Историја и општество


Предметот општествени науки, од прво до трето одделение преоѓа во наслов Човек и општество, а од четврто до деветто Историја и општество. Ова синоќа го изјави министерката за образование и наука Мила Царовска во интервју за Канал 5, откако претходно денеска во собраниската Комисија за образование, наука и спорт на јавна расправа беше ставена Нацрт-концепцијата […]

Ковид биланс: Заразени 94 196, оздравени 86 634, починати 2908, активни 7 654


Вкупно 7 654 лица се активни на Ковод-19 земјава, од кои најмногу 3 872 се во Скопје, а најмалку по седум има во Валандово и Пехчево. Од почетокот на епидемијата, во Северна Македонија регистрирани се 94 196 потврдени случаи со коронавирус, оздравени се 86 634, а починати 2908. Според последниот биланс што го објави вчера […]

Сончево и натпросечно топло, температурата до 22 степена


Времето во земјава ќе биде сончево и натпросечно топло со мала до умерена облачност. Во утринските часови по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност. Ќе дува слаб до умерен претежно југозападен ветер. Утринската температура ќе се движи од минус 1 до 6, а дневната од 14 до 22 степени. Во Скопје, […]

Шекеринска: Преговараме што побрзо да ги добиеме вакцините


Покрај очекуваните количии преку механизмот Ковакс, државните институции преговараат и со Фајзер и со кинескиот производител за да се обезбедат повеќе вакцини во што е можно покус временски период. Ова вечерва го изјави министерката за одбрана Радмила Шекеринска, во емисијата Топ тема на Телевизија Телма, каде истакна дека и Фајзер и кинеската вакцина веќе ги […]

Мешовитата историска комисија е како остаток од комунистичкото време, вели белгискиот историчар Детрез


Заклучоците на македонско-бугарската комисија, какви и да се, нема да го променат мислењето на македонскиот народ за прашањата кои го тангираат. Таа изгледа како остаток од комунистичкото време, оценува познатиот белгиски историчар Рајмонд Детрез, во разговорот за „Мкд.мк“ околу недоразбирањата меѓу Софија и Скопје и бугарската блокада на почетокот на македонските преговори со ЕУ. Тој […]

Османи: Во интерес на сите нас е да имаме попис


Мислам дека е во интерес на сите нас да имаме попис, и да направиме се што треба, за тој попис да биде успешен, односно да бидат резултатите такви какви што се, да има прецизна рефлексија на демократската реалност со сите карактеристики и атрибути и тие да бидат прифатени, односно секој да им верува. Бидејќи е […]

Царовска: Новите предмети ќе се викаат „Човекот и општеството“ и „Историја и општество“


  Министерката за образование и наука, Мила Царовска, рече дека се новата интегрирана концепција за реформи во основното образование, ќе се родат два нови предмети. Како што појасни Царовска, интегрираниот предмет по општествени науки од прво до трето одделение ќе се вика „Човекот и општеството“, а од четврто до деветто „Историја и општество“. „Ова зборува […]

За и против новите реформи во образованието


Со критики и поддршка доцна попладнево во Собранието продолжи јавната расправа за Нацрт-концепцијата за основно образование. Професор д-р Петар Атанасовски во своето обраќање запраша каков е тој концепт за кој образовни институции и соодветни факултети се изјаснуваат негативно. – Тоа е проазувачки. Многу здруженија на професори од различни науки и дисциплини не дадоа поддршка за […]

Барбареев: Нашата визија со новата концепција е да се засака учењето, науката, татковината


Уште колку години треба да зборуваме, анализираме, истражуваме и констатираме дека имаме слаб образовен систем, но дека сега не е време за негова реформа, праша професорот Кирил Барбареев на денешната јавна расправа во Собранието за Концепцијата за основно образование. „Мојата визија е основното образование да биде основа на вредности и да го засакаш учењето, науката, […]