Студентите од Македонија ќе можат да влезат во Бугарија без ПЦР тест
Расте бројот на случаите со нови инфекции и покрај ограничувањата. Најлоша е состојбата во Ќустендил (Од нашиот дописник) […]
Расте бројот на случаите со нови инфекции и покрај ограничувањата. Најлоша е состојбата во Ќустендил (Од нашиот дописник) […]
За сега планот е вакцинацијата да се одвива тука во Скопје, во Модуларната болница, а вработените во ковид-центрите од другите болници во текот на викендот и почетокот на следната недела ќе доаѓаат тука. Понатаму, вакцините ќе се дисперзираат низ целата држава, рече денеска министерот за здравство Венко Филипче. Министерот очекува за период од една недела […]
Не сакам да заземам место од овие првични дози на вакцини, кои се навистина броени, на колегите кои директно работат со пациентите. Ќе се вакцинирам во некоја од следните тури на вакцини, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче одговарајќи на новинарско прашање. Министерот посочи дека вакцините се безбедни, со развиени безбедни платформи, и се […]
Денеска, со почеток во 11 часот, прес-конференција ќе одржат портпаролите на Владата, Душко Арсовски и Муамет Хоџа. Проследете ја во живо:
Со вакцинација на двајца здравствени работници, денеска во 10 часот во модуларната болница во Скопје ќе почне процесот на имунизација во земјава. Добринка Наунова Јовановска, примариус доктор инфектолог и Габриела Темелковска, главна сестра на инфективна клиника се првите здравствени работници кои денеска ја примија вакцината против Ковид-19. -Безболно е и се чувствувам одлично. Препорачувам сите […]
Премиерот Зоран Заев денеска, преку видеообраќање, испрати порака до сите граѓани за важноста од донирање органи и ткива како начин за спасување нечии животи. Заев порачува дека дарувањето органи е највисок акт на човечност и хуманост. И тој лично, како што вели, е подготвен на ваков чин за што разговарал со своето семејство и оставил […]
Министерката за одбрана Радила Шекеринска, денеска и утре ќе учествува на состаноците на Северноатлантскиот совет на ниво – министри за одбрана преку заштитена видео-конференциска врска. Шекеринска заедно со министрите за одбрана на 29-те сојузници во Алијансата ќе разговараат за клучните активности на Алијансата и глобалните предизвици. Воедно, министрите за одбрана на земјите членки на НАТО […]
Најстудено изутринава е во Битола и во Берово каде што се измерени минус 22 односно минус 20 степени целзиусови. Следуваат Прилеп со -15, Тетово -14, скопски Петровец -13, а во Скопје се измерени минус седум степени. „Најтопло“ утрово е во Гевгелија и во Дојран со минус четири степени. УХМР информира дека на Попова Шапка има […]
Здружението Лидери за едукација, активизам и развој (ЛЕАР) и Фондацијата „Конрад Аденауер“ денеска преку платформата ЗУМ ќе ги презенитараат резултатите од анализата „Далечинско учење или далеку од учење? Анализа на спроведувањето на моделот на далечинско учење во средните училишта во учебата 2020/2021 година“. На презентацијата ќе се обрати официјалниот претставник на Фондацијата „Конрад Аденауер“ во […]
Времето во земјава изутринава ќе биде ведро и студено, по одделни котлини со појава на слаба магла. Преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб северозападен ветер. Во вечерните и ноќните часови облачноста ќе се зголеми и во североисточните делови ќе има повремен слаб снег. Утринската температура ќе се движи од -16 […]
Засега не треба да се размислува за други мерки и рестрикции за спречување на ширењето на британскиот сој на Ковид-19 вирусот, изјави министерот за здравство Венко Филипче во вечерашното гостување во дневникот на телевизија Сител. – Иако бројките не се ниски нема драстичен скок, нема голем кластер низ градовите. Ја следиме состојбата во Скопје и […]
Утрешниот старт на вакцинацијата против Ковид-19 во земјата е всушност почеток на последната фаза во борбата со пандемијата, истакна министерот за здравство Венко Филипче во вечерашното гостување во вестите на телевизијата Сител. – Се подготвувавме согласно сите препораки, од сите соодветни здравствени меѓународни институции, СЗО, производителите. Така го димензиониравме нашиот систем. Едноставно, го надградивме постоечкиот […]
Советот на Град Скопје на претстојната седница ќе расправа за дополнување на листата на имиња на улици, плоштади, мостови и на други инфраструктурни објекти на подрачјето на Град Скопје. Со усвојувањето на ова дополнување, постоечкиот регистар на имиња се предлага да биде дополнет со вкупно 571 име. Листата опфаќа имиња на истакнати личности од областа […]
„Главното прашање не е како се прислушувало, туку кој стои зад скандалот“, нагласи обвинителката Ленче Ристоска во завршните зборови за случајот „Таргет-Тврдина“ На крајот од завршните зборови на обвинителството Ленче Ристоска денеска побара максимална за обвинетите во случајот на масовното прислушување познат како „Таргет-тврдина“ затоа што е направена масовна злоупотреба на правата на граѓаните […]
Владата на денешната седница го разгледа и усвои Извештајот за состојбата со заштитата на природното и културното наследство на Охридскиот регион и напредокот во спроведувањето на препораките од Одлуката на Комитетот за светско наследство. Како што информира владината Прес-служба, Владата ја задолжи Националната комисија за УНЕСКО на Република Северна Македонија да го достави Извештајот за […]
Пандемијата со корона вирусот е на стабилно ниво, но не се намалува. Во последните 24 часа има 358 нови случаи на Ковид-19 од направени 2.275 тестирања, што е 15,17 отсто од тестовите. Тоа е во рамките на просекот во текот на неделата, ако се исклучат двата дена од викендот кога генерално има помалку тестирања. Починаа […]
Вкупно 50.200 граѓани досега се пријавиле за вакцинирање против Ковид-19 преку веб-страницата „vakcinacija.mk“. Преку матичните лекари пријавени се 23.808 лица, информираа за МИА од Министерството за здравство. Веб страницата беше пуштена минатата недела, а на неа може да се пријави секој граѓанин со тоа што системот ќе биде тој кој ќе генерира кои граѓани ќе […]
Подготовките за спроведување на пописот биле тема на денешиот состанок на министерот за правда Бојан Маричиќ со амбасадорите на земјите членки на Европската Унија во земјава, на кој присуствувале и директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски и заменик директорот Илми Селами. Како што соопшти Министерството за правда, по носењето на Законот и објавувањето […]
До денеска, вкупно пријавени за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk се 50.200 лица, сооптшија од Министерството за здравство за ТВ21. Утре вакцинацијата ќе почне во 10 часот, а прв ќе се вакцинира медицинскиот персонал кој работи на Инфективна клиника во Скопје. Пунктот во модуларната болница каде има 6 вакцинални позиции ќе работи во две смени […]
Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје, во периодот од 8 до 14 февруари се тестирани вкупно 16.299 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со зголемување од 13,2 отсто во однос на минатата недела, соопшти Министерството за здравство. Регистрирани сe 2.232 нови позитивни случаи […]