Петровска: Инспектори за животна средина или нема или немаат лиценца


Најмалку една третина од општините немаат овластени инспектори за животна средина, а таму каде што ги има – немаат лиценца. Локални инспектори коишто немаат лиценца, практично, не можат да постапуваат на суд, ќе им паднат предметите. Локалните надлежности во овој момент се сериозен проблем и во многу блиска иднина треба да се решат, изјави директорката […]

Во Дебар не почна најавената вакцинација


Најавената вакцинација на лицата на над 77-годишна возраст денеска не отпочна во Дебар, поради проблемот кој настанал во системот за упатување и пријавување. Според директорот на Општата болница со проширена дејност, Баки Алили, каде во службата за вакцинација требаше да почне имунизацијата против Ковид-19, се било подготвено за почеток, но проблемот настанал на релација со матичните лекари […]

Дожд и ретки грмежи попладне, од недела и пониски температури


Локални врнежи проследени со ретки грмежи се очекуваат попладнево во земјава. Ќе дува и слаб умерен ветер од западен и северозападен правец. Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, ќе има и утре особено попладне и во текот на ноќта. На места врнежите ќе бидат поројни и пообилни со над 20л/м2 проследени со локална појава […]

Советот за македонски јазик ја поздрави иницијативата две скопски улици да ги носат имињата на Блаже Конески и Славко Јаневски  


Советот за македонски јазик (СМЈ) соопшти денеска дека на својата 42. седница одржана на 31 март 2021 година, едногласно ја поддржа и ја поздрави иницијативата на Советот на Градот Скопје да именува две улици според имињата на нашите истакнати културни и научни дејци од 20 век: акад. Блаже Конески и акад. Славко Јаневски. – Блаже […]

Отворена модуларната болница во Прилеп со 35 легла


Модуларната болница тука во Прилеп е еден од 19-те објекти кои ги поставивме за рекордно кратко време, нешто помалку од три месеци во 16 општини и е дел од вкупно 10.000 квадрати, со вкупно 600 болнички кревети повеќе со кои сега располага нашиот здрвствен систем, рече министерот за здравство Венко Филишпче при денешното пуштање во […]

Филипче: Ќе ја чекаме потврдата од ЕМА за „Астра Зенека“, продолжува вакцинацијата на постарите групи граѓани


Девојката кај која се појави тромбоцитна реакција по вакцинацијата со „АстраЗенека“ се чувствува добро, има добра клиничка слика, стабилна е и вон животна опасност, соопшти денеска министерот за здравство, Венко Филипче. Засега, потврди, нема друг ваков случај во земјава. Министерот повтори и дека за „Астра Зенека“ ќе се чека официјалниот став на Европската агенција за […]

Бочварски: Проектот за автопатот Битола-Прилеп е транспарентен, а ќе се најде и пред пратениците


Пред два дена потпишавме меморандум за изградба на автопат Битола-Прилеп. Очекуваме оваа година да се почне со градба, а дотогаш да бидат завршени сите технички детали, изјави министерот за транспорт и врски Благој Бочварски на прес-конференција во Битола. Министерот посочи на отворена и транспрантна постапка за како што рече еден од најзначајните капитални проекти за […]

Филипче: Се соочуваме со пикот, нема потреба од дополнителни рестриктивни мерки


Министерот за здравство, Венко Филипче денеска уште еднаш повтори дека засега нема потреба од воведување дополнителни рестриктивни мерки поради КОВИД-панедмијата. Како што рече по отворањето на модуларната болница во Прилеп, нема знаци дека има ризик од некаков експлозивен раст што би било знак дека треба да се воведат такви мерки. Сепак, предупреди, здравствениот систем е […]

Познатиот лингвист Трајко Стаматоски почина од ковид на 96 години


Последниот од генерацијата на големите македонски лингвисти и воопшто научници, Трајко Стаматоски, почина од компликации од корона вирус додека се лечеше во болницата „8 Септември“. Имаше 96 години.  Стаматоски беше веројатно најголемиот македонски ономастичар и како врвен научник беше долги години директор на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“. Последниве години беше претседател на Градскиот […]

Заев: Сите да ја примиме вакцината, само така ќе ја победиме пандемијата


Премиерот Зоран Заев денеска од Прилеп уште еднаш апелира сите граѓани да се вакцинираат против КОВИД. Ова е, рече, важна работа зашто само на тој начин ќе го заштитиме нашето здравје и ќе ја победиме пандемијата. До сега, исткна Заев, вакцинацијата тече со предвидената динамика, но, како што бил информиран од министерот Филипче, 20 отсто […]

Заев: Си го попишуваме целиот народ, дома или надвор


– Може секој да си дозволува да игра за политички причини со бројките. Не е во ред да нѝ треба дијаспората кога треба да не гласаат, а да не ни треба кога ни дава пари, кога треба да ја попишеме, кога помага на домаќинствата. Дијаспората е нашиот народ. Денеска е надвор, утре ќе е тука. […]

Анкета: Педесет проценти од граѓаните би се вакцинирале, најголем дел ја преферираат вакцината Фајзер


Педесет проценти од граѓаните изјавиле дека би се вакцинирале, додека 34 отсто од испитаниците одговориле дека не би се вакцинирале, од друга страна 16 отсто од граѓаните сè уште се двоумат, покажуваат резултатите од анкетата, која ја спроведе Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ (ИДСЦС) во рамки на Програмата за парламентарна поддршка. Прашањата за вакцините се […]

Пендаровски ќе ја ангажира Армијата во обезбедувањето на јужната и северната граница


Претседателот Стево Пендаровски донесе одлука за ангажирање на Армијата, која заедно со граничната полиција, ќе го врши обезбедувањето на јужната и северната граница. Од Кабинетот на Пендаровски соопштуваат дека одлуката е донесена врз основа на Одлуката на Владата за постоење на кризна состојба на дел од територијата на Северна Македонија, заради висок ризик од зголемен […]

Спасовски: Безбедносната состојба на јужната граница е стабилна, нема посериозен предизвик со миграцијата


Безбедносната состојба на границата кон Грција и граничниот премин Дојран е мирна и стабилна. Состојбата е под контрола и нема некој посериозен предизвик ниту со миграцијата, ниту со загрозуврањето на безбедноста на нашата државата, порача министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски по денешната посета на реконструираниот објект на Полициското одделение Дојран. Во однос на илегалната […]

Прилеп добива нова градинка во Точила


Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев заедно со министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска и со градоначалникот на Општина Прилеп Илија Јованоски, денеска го означија стартот на работите на нова градинка во Прилеп, во населбата „Точила“, како прв ваков објект после 40 години.  Заев во својата изјава за медиумите истакна […]

ЈСП со важно известување: Поради протест голем дел од автобуските линии со изменети траси


  Поради најавен протест и блокада на повеќе сообраќајници од 13.30 часот, голем дел од автобуските линии ќе имаат изменет режим на сообраќање од вообичаениот. По изменети траси ќе возат: ЛИНИИИ 2 и 2А (Сарај – Автокоманда/Железара) Автобусите ќе се движат по траса по булевар „Партизански одреди“ до Соборен храм, потоа преку Рекорд, Работнички дом, […]

Во болница се лекуваат 1.720 пациенти со Ковид-19, нови 87 хоспитализирани за еден ден во Скопје


Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 87 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 686 лица сомнителни и потврдени за Ковид -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град. Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град […]

Словачкиот амбасадор Маркуш: Поддршка за земјата на патот кон членството во ЕУ, преку соработка со Народната банка


Словачка е силен поддржувач на евроинтеграциските стратегиски цели на вашата земја. Оттука, предвидена е можност за воспоставување соработка во повеќе сегменти, меѓу другото и во доменот на централнобанкарското работење. Народната банка е силен партнер за остварување на овие предвидени активности, преку размена на искуства и стекнување нови знаења во соработката со централната банка на Словачка […]

Шрамаер: Креатурите од минатото нема да исчезнат по изборите во Бугарија


Клаус Шрамаер, поранешен заменик-амбасадор на Германија во Бугарија и експерт по уставно право, изјави за бугарската редакција на Дојче веле дека единствената реална политичка промена по изборите ќе биде одлуката на Софија да го укине ветото против Скопје, а се друго ќе остане исто, вклучувајќи го беззаконието и корупцијата. „Оваа антимакедонска фарса, која всушност се […]

Велигденска порака на бискупот скопски и струмичко-скопски епарх, Киро Стојанов


Бискупот скопски и струмичко-скопски епарх, Киро Стојанов по повод Христовото Воскресение-Велигден до верниците од католичка вероисповед упати порака. Драги браќа и сестри! Помина една година откако на светско ниво се справуваме со опасната пандемија Ковид-19. Да се присетиме како беше минатата година за време на постот и Страсната седмица, кога слушавме пораки од експерти и […]