Филипче: Од утре осум лекари од приватното здравство се вклучуваат во поддршка на колегите од ЈЗУ


Од утре осум лекари од приватното здравство се вклучуваат во поддршка на колегите од јавно-здравствените установи. Клучно е да го зголемиме капацитетот и човечките ресурси во битката со овој силен бран, објави на својот фејсбук профил министерот за здравство Венко Филипче. Утрово, посочува министерот, на редовната дневна координација со директорите на клиниките работевме на реорганизација […]

Шилегов: Градот нема да дозволи тешка индустрија во Железара


  Откако вчера во Општина Гази Баба, на презентацијата на ДУП-от за блок 2,3 и 4 од С 1, дојде до напната ситуација помеѓу презентерите и граѓаните, денска градксиот татко Петре Шилегов вели дека до нив не е стигнато барање за мислење, но нема да дозволат таму да се смести тешка индустрија. Дел од жителите […]

МЗЗПР покрена иницијатива пред Уставен суд за Ковид-19 како професионално заболување за сите работници


Македонското здружение за заштита при работа (МЗЗПР) покрена иницијатива до Уставниот суд за утврдување на уставноста на точка 408 од Правилникот за професионални заболувања, односно признавање на Ковид-19 како професионално заболување со цел секој работник да може да ги оствари своите права при евентуално заболување со вирусот. Здружението бара од Уставниот суд да ја поништи […]

Проф. д-р Гривчева – Старделова: Лекарите покажаа силна истрајност и несебична грижа за пациентите


Здравјето е основно човеково право, а секоја личност заслужува да живее здрав живот без оглед на возраст, пол, етничка припадност, економска состојба. Во годината што ја оставивме зад нас во услови кога светска пандемија предизвикана од Ковид-19 ги атакуваше сите сфери на општественото живеење, повеќе од кога било стана јасно колку е важна грижата за […]

Шилегов за грчки Етнос: Добро е да постои соработка меѓу градовите


– Добро е за нашите градови да соработуваат, но за жал, не успеавме да се сретнеме во периодот на пандемијата, вели градоначалникот на Скопје Петре Шилегов за грчкиот портал „Етнос.гр“ и додава дека испратил честитки до градоначалниците на Атина и Солун кога беа избрани пред две години, јави дописничката на МИА од Атина. -Испратив писма […]

Анализа на ЕСЕ колку се транспарентни јавните институции – МФ со најмногу објавени документи


Министерството за финансии е најтранспарентна институција во 2020 година со објавени 80 отсто од потребните документи, покажува анализата на ЕСЕ за тоа колкаво е нивото на проактивна транспарентност на јавните институции во 2020 година во која се монторирани 25 институции. Но и покрај високиот број објавени документи и информации, сепак недостигаат буџетскиот календар и годишната […]

Изграден паркинг простор на местото на старата полициска станица во Ѓорче Петров


На место на поранешната полициска станица која беше срушена пред неполна година, општина Ѓорче Петров изведе нов паркинг простор со 46 паркинг места. Од нив, 42 места се наменети за моторни возила, едно паркинг место за возило на лица со попреченост и три паркинг места за мотоцикли. Изведена е атмосферска канализација и поставено е соодветно […]

„Пакомак“ со совети за полесно организирање рециклирање на стаклен отпад


Пролетта е период на промени, нови почетоци и очекувања, но и на подготвување за топлото лето кое е пред нас. Тоа значи и ослободување од непотребниот стаклен отпад насобран во текот на зимата. Иако понекогаш пролетното чистење може да изгледа како напорен и сложен процес на одбирање што треба, а што не треба да се […]

Отворен натпреварот „Зелени идеи 2021“


АРНО ги повика граѓаните кои сметаат дека имаат идеја за зелен, одржлив бизнис до 12 мај да аплицираат на натпреварот „Зелени идеи 2021“. Пријавите за натпреварот и сите информации се достапни на веб-страницата https://zeleniidei.mk/. Оваа година АРНО ќе додели 1.000 долари за бизнис концептот и по 2.000 долари за бизнис идеите кои ќе бидат избрани во […]

Шпанската полиција води истрага против фудбалерот Енис Барди за фалсификувана возачка дозвола


Ѕвездата на македонската фудбалска репрезентација била запрена при рутинска контрола во Валенсија додека го возел неговото „порше панамера“. Полицијата тврди дека неговата возачка дозвола била фалсификувана   Локалната полиција во шпанскиот град Валенсија отвори постапка за кривично дело фалсификување на документи против Енис Барди, една од ѕвездите на македонската фудбалска репрезентација. Македонскиот фудбалер кој игра […]

Светски ден на здравјето, специјална награда од МЛД за Македонското здружение на инфектолози


Специјалната награда од Македонското лекарско друштво по повод Светскиот ден на здравјето – 7 Април, ја доби Македонското здружение на инфектолози за секој поединец инфектолог  во првите борбени столбови во пандемијата со Ковид-19. Проф. д-р Елена Трајковска Докиќ, проф. д-р Сашко Јовев, прим. д-р Гордана Кузмановска и прим. д-р Елизабета Зафировска, пак, се добитници на […]

Здравствениот систем оптоварен со ковид пациенти, активни 21.265 случаи, вакцинирани 13.000 граѓани


Дополнителни рестриктивни мерки за заштита од натамошно ширење на Ковид-19 се во сила по огромниот наплив на пациенти во болниците во изминатиот период, каде  моментно се хоспитализирани 1.744. Надлежните велат дека интервенирале со ангажирање дополнителни одделенија, инсталирање кислород, екстра кадар по системот на ротација за да се одржи здравствениот систем и за секој пациент да […]

Облачно со повремени локални врнежи од дожд и снег на повисоките места


Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд, во северните делови значително постудено. Повеќе врнежи ќе има во западните делови каде на планините ќе врне снег. Кон крајот на денот во југозападните делови врнежите ќе преминуват во снег и на пониските места. Вдолж Повардарието ќе дува засилен северозападен, а во западните […]

Почна полицискиот час на територија на целата држава


 Во 20 часот вечерва почна полицискиот час на територија на целата држава, а ќе трае до 05 часот изутрина. Во текот на овој временски период, движењето ќе биде ограничено. Полицискиот час ќе трае две недели, поточно до 20 април. Одлуката вчера ја донесе Владата, со цел да се намали оптоварувањето на здравствениот систем од коронавирусот, […]

Пендаровски во посета на вакциналниот пункт во Штип


Претседателот Стево Пендаровски денеска за време на посетата вакциналниот пункт во Штип и Модуларната болница повика на што поголема вакцинација. Во вакциналниот пункт во просториите на Здравствениот дом „Панче Караѓазов“, претседателот Пендаровски беше информиран за текот на процесот на вакцинација на граѓаните, која во моментот се врши на лица над 77 години. Во овој пункт […]

Повици на МОН за парични награди за први три места на натпревари по математика и природни науки и на научни олимпијади


Министерството за образование и наука објави повик за доделување парична награда за освоено прво, второ или трето место на меѓународен натпревар од областа на математиката и природните науки одржан во учебната 2020/2021 година, на ученик во средно образование и на наставникот кој го подготвувал за натпреварот. За прво освоено место МОН ќе додели поединечно парична […]

Починаа уште 45 лица со Ковид-19, меѓу нив и 32-годишен пациент


Вкупно 45 пациенти починаа од компликации од ковид-19 во последното деноноќие, соопшти Министерството за здравство, а меѓу нив најмлад е пациент од Скопје на 32 години. Во последните 24 часа се направени 4.555 тестирања, а регистрирани се 1.259 нови случаи на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува […]

Ќе се обезбедуваат реагенси и потрошен лабораториски материјал за потребите на Институтот за имунобиологија и хумана генетика на Медицинскиот факултет во Скопје


Владата на денешната 64-та седница ја разгледа и усвои Информација за обезбедување на средства за купување на реагенси и потрошен лабораториски материјал за потребите на Институтот за имунобиологија и хумана генетика на Медицинскиот факултет при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во износ од 6.000.000,00 денари. Одобрените средства,како што информираат од владината прес-служба, се […]

Без електрична енергија утре делови од општините Аеродром, Кисела Вода и Сопшите


 Поради технички зафати во електро-системот без електрична енергија утре ќе останат дел од општините Кисела Вода, Сопиште и Аеродром.  Во период од 9 до 10 часот без струја ќе останат  сите стопански и нестопански субјекти на булевар „Борис Трајковски“ што се напојуваат од следниве трафостаници: Градинар Лозар, Типо, Електроконтакт, Дизајн Пинтија и Ник Велк во општина […]