(Во живо) Изјава на министерот Филипче
Проследете ја во живо изјавата на министерот за здравство Венко Филипче.
Проследете ја во живо изјавата на министерот за здравство Венко Филипче.
Закон за евтаназија стапи на сила во Шпанија денеска, со што стана четврта земја во Европа што им овозможува на пациентите со неизлечива болест доброволно да изберат смрт за да стават крај на страдање. Законот беше еден од приоритетите на владата на социјалистичкиот премиер Педро Санчез. Долниот дом на Парламентот го усвои законот во март. […]
Над 15 штипски здравствени работници од Клиничка болница-Штип кои во битката со коронавирусот се вклучија по 6 декември 2020 година сѐ уште ја немаат добиено заслужената награда од 30.000 денари. Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев денеска потврди дека дополнителниот список со овие вработени е испратен до Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување. […]
Општина Аеродром ја доби првата станица за собирање кабаст отпад, која е лоцирана на булевар АСНОМ, односно во непосредна близина на поранешната слаткарница „Стела“. Станува збор за ограден и заштитен простор каде што граѓаните ќе можат во секое време бесплатно да го оставаат својот стар мебел и дотраена бела техника. Ова е прва станица од […]
Во организација на Центарот за напредни истражувања од Скопје, а со партнерство на Академската мрежа за соработка во Југоисточна Европа, денеска во Скопје, ќе се одржи хибридна (со физичко и on-line присуство) меѓународна конференција „Духот и сенките на Југославија: рефлексии и процеси, 30 години од распадот на СФРЈ“. Како што стои во соопштението од Центарот […]
Пред членовите на собраниската Комисија за труд и социјална политика денеска на дневен ред е Предлог-законот за изменување на Законот за социјалната заштита, кој има за цел да се овозможи услугата лична асистенција да ја користат и деца од шест годишна возраст со намален функционален капацитет. Целта на овие измени е да се овозможи индивидуална […]
Земјава и денеска ќе биде под влијание на топол бран со високи температури од портокалова (алертна) фаза. Надлежните апелираат да се почитуваат општите мерки за заштита на здравјето, да се ослободат од работните обврски најранливите групи, вклучувајќи ги бремените жени, како и лицата на возраст над 60 години, а децата од градинките да не се […]
Mинистерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска на ТВ Телма најави промени во времетраењето на договорите за работа на определено време, кои досега траеја 5 години пред да се трансформираат во договори на неопределено време и можност за нивно намалување. „Работниците бараат 1 година, а работодавачите 3 години. За ова решение ќе престои широка […]
Извештајот на УНЕСКО за Охридското езеро треба да се прими како силен аларм за состојбата. УНЕСКО нема да дојде тука и да ни води грижа за целиот охридски регион, туку тоа е наша обврска, на институциите, на централните, на локалните и на граѓаните. Ќе продолжиме понатаму со сите активности како што се отстанување на бесправно […]
Во тетовско Теарце беше промовирана мобилна библиотека, дел од проектот Регионална мрежа за културна разновидност (РЕАД), која ќе патува низ нашата и други држави за да промовира повеќе вештини за читање меѓу рaзличните култури и демократски вредности преку зголемување на интересот за читање особено кај младите, ставајќи на располагање висококвалитетни книжевни дела од регионот. Проектот […]
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.302 тестирања, а регистрирани се 10 нови случаи на КОВИД-19. Случаите се регистрирани во Скопје и Куманово – по 2, Тетово, Велес, Кавадарци, Охрид, Свети Николе и Крива Паланка – по 1. Во исто време регистрирани се 17 оздравени пациенти и тоа во Скопје […]
На вечерашната програма на 42. издание на манифестацијата „Скопско лето“ ќе се одржат два концерта во Музејот на македонската борба. Концертот е во соработка со уметничкиот центар „Полифонија“. Првиот концерт, со почеток во 20 часот, насловен „Моцарт и кларинетот“ ќе биде изведен од страна на Бранко Павловски – кларинет, co ансамблoт на „Полифонија” кој се […]
Во текот на изминатата недела со „пајак“ се подигнати 165 возила од јавните површини, информираат од Град Скопје. Како што стои во соопштението, од вкупниот број непрописно паркирани и подигнати возила, 13 се отстранети од зонските паркиралишта, а другите 152 возила по налог на сообраќајната полиција по основ на сторени прекршоци: паркирање на коловоз, велосипедска […]
Се врши миграција на податоци на новиот надграден систем, по што од понеделник започнуваме повторно со подготовка на издавање на сите документи, кои што ќе бидат усогласени со Уставот, во делот на новото уставно име и со другите законски податоци, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, одговарајќи на пратеничко прашање во Собранието. На […]
Еден пожарникар е полесно повреден во Тетово при гаснење пожар во текот на вчерашниот ден, а противпожарната единица морала да интервенира на десетина места во периодот од 8 часот па се до 3 часот рано изутринава. -Вчера имавме пожар кај Спортскиот центар во Тетово каде беше повреден пожарникарот. Освен таму на отворено имавме пожари во […]
Минатата година смртноста се зголемила за 26 отсто во споредба со 2019 година. Но, највеќе граѓани починале од болести од циркулаторниот систем и од неоплазми. Минатата година е забележан рекорден број на починати лица во Северна Македонија од 1995 година навака. Бројот на починати лица лани е зголемен за 26 отсто во однос на 2019 […]
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и претседателот на Македонскиот полициски синдикат Марјан Кицев, денеска во Клубор на пратеници го потпишаа новиот Колективен договор на Министерството за внатрешни работи, кој претставува производ од меѓусебните разговори и дијалог, со цел понатамошно квалитативно надградување на сите социјални и професионални, нормативни и други стандарди неопходни за подобрување на […]
Конкурсот за изработка на идејно архитектонско-урбанистичко решение за локалитетот фабрика Треска од денеска е објавен на Електронскиот систем за јавни набавки и на официјалната веб-страница на Општина Центар, линк http://www.centar.gov.mk/?page_id=12249 Програмската задача што е креирана од стручната Комисија ангажирана за изготвување на задачата, има цел да обезбеди комбинирани содржини, односно станбен и деловен фонд во […]
На Клиниката за ортопедија при ТОАРИЛУЦ денеска е пуштен во употреба нов лабораториски фрижидер за презервација на коски и коскени ткива. Фрижидерот чија вредност е 414.156 денари е добиен преку програмата Мали Проекти на Амбасадата на Германија и ќе биде дел од Банката за коскени ткива на Одделот за трансплантација на Клиниката за ортопедија. […]
Претседателот на Собранието Талат Џафери на крајот на јули или почетокот на август ќе ги распише локалните избори што треба да се одржат во втората половина на октомври. Тоа, како што истакна, ќе зависи од информациите кога завршуваат мандатите на градоначалниците. На средбата со новинарите, претседателот на Собранието рече дека нема да остави простор некој […]