За речиси три децении спроведени само три конфискации на имот


МВР има оперативен план за апсење и пронаоѓање на лица што се бараат по потерници, соопшти министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, во гостувањето на „Утрински брифинг“. Тој додаде дека во оваа насока е оформен тим од исклучителни професионалци, кој дава резултати. Министерот за внатрешни работи истакна дека веќе стотина лица се уапсени од оние […]

Инспекторат за животна средина: Зајакнати контроли за спречување опожарувања на депонијата Доброшинци


Државниот инспекторат за животна средина соопшти дека завчера спровел вонреден инспекциски надзор на депонија лоцирана во близина на селото Добрашинци што се користи за отстранување отпад од Струмица. Од Инспекторатот информираат дека депонијата во моментот на надзорот не била опожарена, но граѓаните од околината се жалат дека таа често гори. Областа зафатена со депонирање, како […]

Касарните во Петровец и Куманово ќе преминат на греење со природен гас 


Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска во изјава за медиумите ќе информира за  смената на енергенсот користен за загревање на касарните „Страшо Пинџур“ во Петровец и „Боро Менков“ во Куманово од мазут и нафта на природен гас, најави Министерството за одбрана (МО). Со промената на начинот на загревање, потенцираат од МО, се влијае на зачувувањето […]

Акцентот е на вакцинацијата, состојбата со делта сојот одреди дали ќе има рестрикции на границите


На состанокот на Комисијата за заразни болести што треба да се одржи оваа недела ќе се разговара за евентуални препораки во однос на критериумите за влез на границите, но засега нема најава за рестриктивни мерки на границите. Во моментов, здравствените експерти чекаат да излезат публикации со информациите кои им требаат во врска со тежината на […]

(Фото-репортажа) Скопје се пржи на 43 степени Целзиусови! За денеска најавен пороен дожд


Деновиве во Скопје температурата на воздухот достигнува рекорди. На некои дисплеи, покажува и 43 степени Целзиусови.  Граѓаните спас бараат во фонтаните, а се полни и шишенце плус, додека се шета по усвитените скопски улици или додека да се заврши некоја работа.   Еден пие вода, а другиот жедно ја чека својата минута, да му дојде ред, […]

Дури 50 деца и бебиња со респираторни инфекции во болницата во Гевгелија


Изминатиов месец во болницата во Гевгелија лекарска помош побарале 50 деца и бебиња со симптоми за респираторни инфекции, неспецифични за овој период од годината. Во текот на утрешниот ден тим од Клиниката за педијатрија, во состав д-р Аспазија Софијанова, д-р Весна Мицевска и д-р Валентина Јовановска Огненовиќ ќе бидат упатени во Општата болница Гевгелија за […]

ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов прави скап и неефикасен автобуски транспорт


ВМРО-ДПМНЕ реагира на најавата на градоначалникот Петре  Шилегов за воведување брз автобуски траљнспорт во Скопје (БРТ).   -Шилегов ја замајува јавноста, едно зборува друго прави. Прво рече дека ќе ги сечат дрвјата долж средишното зеленило заради БРТ превозот, сега дека нема. Прво едно зборуваше за кејот, сега друго испадна…Идејата на Шилегов дека ќе го сочува […]

Издадена градежна дозвола за првата висококатница кај „Холидеј ин“


Нема правна пречка да почне да се гради на паркингот спроти „Холидеј Ин“, вели градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ со чиј потпис на дозволата за градба, инвеститорите – фирмата „Фешн груп“ и Македонската православна црква немаат пречки да почнат со градба. Богдановиќ  не сакаше да каже да прецизира дали веќе го ставил својот потпис […]

Нов инспекциски надзор во Пејпар Мил – ставија филтри, но ги оштетиле


Државниот инспекторат за животна средина на 7-ми јули спроведе вонреден инспекциски надзор во Пејпар Мил, за да утврди зошто има видлив чад и повремен мирис од согорувањето на пелети од котелот, на што однеодамна се жалат граѓани што живеат во близина на фабриката. Во текот на надзорот се извршија и мерења на емисиите на прашина […]

Македонија се приклучи на кампањата на ОН „Сино срце“


Македонија се придружува на кампањата на Обединетите нации наречена „Сино срце“, која се стреми кон подигнување на свеста за проблемите и страдањата на жртвите на трговија со луѓе, објави на неговиот ФБ профил министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Тој информира дека денеска се обратил на состанокот во рамки на Националната комисија за борба против […]

Бројот на вакцинирани во земјава надмина 400 илјади


На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 400.235 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 9.377 граѓани, а вкупно се вакцинирале 12.590 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 640.886 дози вакцини, а ревакцинирани се 240.651 граѓани, соопшти Министерството за здравство. Вакцинацијата, додаваат, се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Интересот за […]

Регистрирани 19 нови случаи со Ковид-19, четири оздравени, нема починати


Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени 2.518 тестирања, а регистрирани се 19 нови случаи со Ковид-19: Тетово – 11, Скопје – 8. Регистрирани се четири оздравени пациенти од: Скопје – 2, Прилеп и Тетово – по 1. Не се регистрирани починати пациенти, соопшти Министерството за здравство. Направени се […]

Филипче: Вакцинацијата на децата против Ковид-19 нема да биде задолжителна


Некои земји го воведуваат вакцинирањето на децата против Ковид-19 како задолжително односно тие нема да ги примаат децата на училиште доколку не се вакцинирани. Кај нас нема да биде задолжителна вакцината против Ковид-19 за децата, истакна денеска министерот за здравство Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање по посетата на болницата „Свети Еразмо“ во Охрид. Тој […]

Засега нема рестриктивни мерки на границите


Засега нема најава за рестриктивни мерки на границите. За конкретни наши евентуално препораки ќе разговараме оваа недела на состанот на Комисијата за заразни болести. Тоа што се уште не се знае, а чекаме да излезат публикации се информациите кои ни требаат во врска со тежината на клиничката слика односно да видиме како се однесува овој […]

Со Бас рапид системот Скопје ќе види и двојно зглобни автобуси (видео)


Бас рапид транспорт системот, кој Град Скопје планира да го воведе, треба да овозможи брз превоз на патници од Ново Лисиче до Ѓорче Петров. За постигнување на таа цел, во Скопје треба да се изгради трасата за БРТ системот, со 23 станици, вклучително и двата терминали на крајните точки, а автобусите ќе сообраќаат на секои […]

Забрчанец: Владата ја прифати листата на професионални портали произлезена од саморегулацијата


„Владата го прифати и призна регистарот на веб портали изработен од медиумски заедници во процесот на саморегулација како валиден. Листата од стотина портали кои беа препознаени како професионални, беше листата на која им беше дозволено да ги следи во живо прес-конференциите за време на пандемијата“, рече националниот координатор за комуникации, Марјан Забрчанец на регионалната конференција […]

Се бара јавна расправа во Собранието за законите за отпад


Граѓански организации и високообразовни институции денеска преку соопштение бараат да се одложи второто читање на Законот за управување со отпад и Законот за управување со пакување и отпад од пакување, закажано за утре во собраниската Комисија за европски прашања и претходно да се организира јавна расправа. Јавната расправа да биде закажана по завршување на периодот […]

Филипче: Ситуацијата е мирна, во моментов нема потреба од рестриктивни мерки


Министерот за задравство Венко Филипче смета дека епидемиолошката состојба во земјава е мирна и дека нема портеба од воведување на нови рестрикции. -На состанокот со Комисијата за заразни болети ќе се зборува за тоа дали треба нешто да се препорача во однос на критериумите за влез, на границите, иако гледаме дека многу земји во регионот […]

УХМР за викендот најавува нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер


Во поголемиот дел од земјата денеска и утре ќе се задржи многу топло време. Максималната температура денеска ќе достигне до 40-от степен, а утре до 39. Ув индексот ќе биде 9. Утре кон крајот на денот наместа ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Нестабилно на повеќе места ќе биде во […]

Запалена депонијата во Берово


Четврти ден како гори депонијата во Берово. Директорот на Јавното претпријатие за комунални работи „Услуга“ Берово, потврди дека депонијата е опожарена и екипи на ТППЕ Берово заедно со тим од комуналното претпријатие се на терен. – Зафатена е голема површина, изјави директорот Илија Рунтевски и додаде дека е направен пресек за понатамошно проширување на пожарот […]