Затворен дел од магистралниот пат Кичево – Гостивар поради сообраќајка


Поради сообраќајна несреќа, затворен е за сообраќај дел од магистралниот пат Кичево – Гостивар, соопшти АМСМ во вонреден извештај за состојба на патиштата. Сообраќајот е во прекин од 12:45 часот кај крстосницата со патот за кичевското село Грешница. 

Над 453 илјади граѓани примиле вакцина, повеќе од 272 илјади се ревакцинирани


Вакцина заклучно со вчера примиле вкупно 453.773 граѓани, а со двете дози досега се имунизирани 272 129, соопшти Министерството за здрвство, кое информира дека  вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. -Прва доза вакцина вчера примиле 6076 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 10.817. Во државата […]

Деветнаесет новозаразени, осуммина од нив се од Скопје


 Нови 19 случаи со КОВИД-19 се регистрирани во последните 24 часа од  направени 3.667 тестирања. Оздравени се девет (пет од Тетово и четворица  од Скопје) и нема починати пациенти. Активни на вирусот се 246.   Како што информира Министерството за здравство,  согласно податоците од Институтот за јавно здравје, осуммина од новозаразените се од Скопје, пет од Тетово, […]

Пингвини од Чиле и Аргентина, најнова атракција во Зоо Скопје


Во Зоолошката градина во Скопје денеска официјално беше отворен „Заливот на пингвините“, со што прв пат Зоо Скопје е дом на овие егзотични птици, а тие се најголема атракција. Се работи за пингвини кои живеат во топли краишта и потекнуваат од Чиле и Аргентина. Моментално има девет пингвини, кои пристигнале од Италија во декември 2020 […]

На „Табановце“ и „Богородица“ зголемена фреквенција на возила


На граничниот премини „Табановце“ и „Богородица“ се бележи зголемена фреквенција на возила. На ГП „Табановце“ времето на чекање за влез и излез од државата е околу 45 минути, додека на ГП „Богородица“ времето на чекање за излез од државата е од 15 до 30 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања […]

Отворен новиот дел од бул. „Никола Карев“ во Скопје


По седум месеци Град Скопје ги заврши градежните работи на новиот бул. „Никола Карев“ во Скопје, со изградба на нови 980 метри, и денеска беше официјално пуштен во употреба. Инвестицијата на Град Скопје е околу 160 милиони денари. Булеварот има четири коловозни ленти, две комбинирани – велосипедски и пешачки патеки поради фреквентниот сообраќај, а направен […]

Пред празникот Курбан Бајрам, засилени инспекциските контроли на добиточните пазари


Пред претстојниот голем муслимански празник Курбан Бајрам, директорот на Агенција за храна и ветеринарство Николче Бабовски одржа работен состанок со претставници на Исламската верска заедница, Министерството за внатрешни работи и општинските комунални и инспектори за заштита на животната средина, со цел координирање на активностите на секоја од институциите, за контрола на безбедноста на храната и […]

Само МВР објавило годишен извештај за работењето


Отчетноста и проактивноста на властите значително се подобрени, се оценува во  Националниот монитор за реформи во јавната администрација 2019/2020 објавен од Институтот за европска политика – ЕПИ.  Според него, се зголемува процентот на граѓани кои сметаат дека имаат можност да го изнесат своето мислење за квалитетот на услугите преку административните канали, иако сметаат дека овие канали […]

Вакцинацијата во спортските сали ќе трае додека има потреба 


  Вакцинацијата во спортските сали низ државата ќе трае се додека има потреба, велат за „Локално“ од Министерството за здравство, откако беше објавена веста дека спортската сала „Борис Трајковски“ на почетокот на следниот месец повторно ќе им биде на располагање на спортистите. Во спортскиот центар се вршеше имунизација на сите оние кои се пријавија за вакцина […]

Жителите на „Јака“ со автомобили ќе го „будат“ градоначалникот на Илинден


Жителите на населба „Јака“ денеска од 11 до 13 часот  протестираат со возила во движење низ општина Илинден, во знак на револт поради тоа што општината ги игнорира проблемите со кои се соочуваат: немање канализација, непробиени и неасфалтирани улици, немање јавен превоз, немање улично осветлување… Протестот ќе почне од населба „Јака“, ќе продолжи пред зградата […]

Во 98 отсто од инцидентите поврзани со огнено оружје во регионот сторителите се мажи


Од сите пријавени инциденти со огнено оружје во регионот на Југоисточна Европа (ЈИЕ), онаму каде што е наведен и родот, во 98 отсто сторителите се мажи, се наведува  во годишниот извештај за 2020-та на Центарот за контрола на малото и лесно оружје во Југоисточна и Источна Европа (SEESAC). Станува збор за вкупно 3566 регистрирани инциденти на териториите […]

Отворање на надворешното живеалиште за пингвини во Зоо Скопје


Во Зоолошката градина – Скопје денеска ќе биде отворено надворешното живеалиште за пингвини. Зоо Скопје првпат во своето постоење од 1926 година е дом на пингвини. -Вкупно имаме девет пингвини, од кои три пристигнаа од Италија, а шест од Русија. По карантинскиот престој и адаптација првпат ќе бидат пуштени во надворешното живеалиште кое е градено […]

Јавните чешми и бунарите во руралните средини најподложни на бактерии, водата од нив се злоупотребува и за наводнување


На територија на Општина Чучер-Сандево има околу 30 јавни чешми и извори за вода кои што се наоѓаат во селата Бразда, Глуво, Чучер, Сандево, Бањани, Горњани, Мирковци, Кучевиште и Побожје и кои што не се поврзани на водоводната мрежа со која што стопанисува претпријатието од општината. Од овие чешми и извори, водата доаѓа од различни […]

Социјалните мрежи поволна почва за ширење дезинформации и лажни вести


Илјадници информации со само едно пребарување, дел од нив дезинформации, дел лажни вести, сите на штета на консументите. Дигитална ера, виртуелен свет, безброј можности на интернет-мрежата, која го олеснува секојдневниот живот правејќи со еден клик да се заврши многу работа. Истовремено, хаос од информации, кои преку, исто така, еден клик на примамливиот, најчесто сензационалистички наслов, […]

Галичка свадба викендов, Катерина и Филип – годинашни младенци


По пауза од една година поради Ковид-19 пандемијата, во Галичник викендов се одржува традиционалната манифестација Галичка свадба на која годинава по старите галички обичаи ќе се венчаат младенците Катерина Илиевска и Филип Бундески. Младоженецот Филип потекнува од Галичник и, како што рече на нивното претставување во Скопје, многу години учествувал на свадбата во Галичник во […]

Државната изборна комисија ќе информира за подготовките за локалните избори


Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски денеска ќе информира за одлуката за избор на најповолен понудувач за јавната набавка на Интегриран систем за биометриска идентификација на гласачите, како и за активностите за подготовка на локалните избори. Од Државната изборна комисија вчера за МИА потвдија дека е извршен изборот на компанијата што треба да […]

Квалитетот на подземните води сè уште е добар, но сепак е под ризик од загадување


Скопскиот регион во целина е богат со подземни води, особено во западниот дел почнувајќи од централното градско подрачје кон Аеродром, Лисиче, Кисела Вода и реонот на вливот на реката Лепенец во Вардар. Резервите на подземни води во Скопскиот регион, што можат да бидат одржливо експлоатирани повеќекратно ги надминуваат потребите, а нивната искористеност во овој регион […]

Вакцинацијата се одвива непречено, пријавени околу 1.800 деца и млади


Вакцини против Ковид-19 во земјава има доволно, а процесот на имунизација функционира одлично. За релативно краток период вакцинирани се голем број граѓани изложени на поголем ризик на компликации од болеста. Од понеделник почнува вакцинирањето на деца и млади на возраст од 12 до 17 години, а досега се пријавени вкупно 1798. Вакцинирањето за нив ќе […]

Сончево и топло , попладне нестабилно со пороен дожд 


Времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне и кон крајот на денот ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер (на места над 90км/ч.) и услови за појава […]