„НаТочак“: Планот спроти „Холидеј Ин“ е небезбеден, недемократски и автоцентричен


Планот спроти „Холидеј Ин“ мора да се стопира и да се преработи. Во спротивно ќе се поткопаат декларативните заложби за „зелен“ град, „велосипедски“ град, „град за луѓе“, „отпорно Скопје“, „Скопје со квалитетен јавен простор“ баш на најцентралната и најрепрезентативна локација, каде можеше навистина да добијат свој идеален приказ тие заложби, сметаат од иницијативата „НаТочак“. Од иницијативата […]

Пендаровски го честита Курбан бајрам: Да бидеме отворени и солидарни кон сите на кои им се потребни помош и поддршка


Претседателот Стево Пендаровски денеска по повод муслиманскиот празник Курбан бајрам, упати честитка до поглаварот на Исламската верска заедница, реис-ул-улема Шаќир Фетаху, и до сите граѓани од исламска вероисповед во државата. -Имам особено задоволство и голема чест, Вам лично, на членовите на Ријасетот, муфтиите, имамите и на сите граѓани од исламска вероисповед во Република Северна Македонија, […]

Премиерот Заев со честитки по повод празникот Курбан Бајрам


Премиерот Зоран Заев, по повод празникот Курбан Бајрам, упати телеграма со честитки до поглаварот на Исламската верска заедница, Реисул Улема хаџи Шаќир ефенди Фетаи, до членовите на Ријасетот и до сите припадници на исламската вероисповед. -Во име на Владата на Република Северна Македонија и во мое лично име, на Вам, на членовите на Ријасетот на […]

Спа-уживање со пет ѕвездички: Лимак Хотел Скопје има уникатна турска бања и масерки од Бали


Звучи скапо, ама разгалувањето на душата и на телото нема цена Мини тропска џунгла ве дочекува на влезот во Спа центарот од новиот Лимак Хотел Скопје со пет ѕведички, тивка ориентална музика, турско кафе или чај и насмеани масерки од Бали со мирис на цимет и ванила-и знаете дека ќе бидете во рајот еден час. […]

Скопје и Тетово со најмногу активни и нови ковид-случаи, нема дополнителни рестрикции


Нема потреба од нови дополнителни рестриктивни мерки бидејќи епидемиолошката состојба е стабилна, оцени вчера на состанок Комисијата за заштита од заразни болести, која констатирала лесно зголемување на нови ковид-случаи во Скопје и Тетово. Според анализите на Комисијата, ширењето на вирусот во Тетово е поради непочитување на препораките и протоколите при организирање семејни и друг тип […]

Верниците од исламска вероисповед го слават Курбан Бајрам


Верниците од исламска вероисповед денеска го слават празникот Курбан Бајрам, вториот најголем празник на муслиманите по Фитр Бајрам. На првиот ден од празникот се изведува молитвата за Бајрам – Бајрам намаз, со која верниците бараат милост од Алах. Карактеристично за овој празник е принесувањето жртва – курбан, која има симболика на приближување кон Бога. Како […]

Почнува изградба на клучка кај Момин поток


Град Скопје денеска ги почнува најавените активности за изградба на клучка помеѓу булеварите „Никола Карев“ и „8 Септември“ кај Момин поток. По повод означувањето на почетокот на работите на кружните сообраќајни решенија кај Момин Поток заедничка прес-конференција ќе одржат премиерот Зоран Заев и градоначалниците на Град Скопје, Петре Шилегов и на Општина Карпош, Стефан Богоев. […]

Посебен сообраќаен режим во центарот на Скопје поради протестен марш


Посебен сообраќаен режим  ќе се спроведува денеска во центарот на Скопје поради протестен марш, во oрганизација на здруженијата на граѓани – коалиција „Менуваме“. Како што најави Министерството за внатрешни работи, протестот ќе започне во 18:00 часот пред Владата, а потоа ќе продолжи до Собранието. Од тие причини, Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе […]

Променливо облачно со сончеви периоди, наместа краткотраен пороен дожд


Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со изолирана појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а во вечерните часови вдолж Повардарието засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 21 а максималната од 26 до 35 степени. УВ-индексот со […]

Фабриката за зелена енергија во Неготино со статус на стратешки инвестициски проект


Владата денеска на седница донесе Одлука за утврдување  статус на стратешки инвестициски проект на Друштво за трговија и услуги „Зока енерџи солушн увоз“ од Неготино. -Одлуката е донесена врз основа на предлогот на Комисијата за стратешки инвестициски проекти која што го разгледа целокупното барање и документација и изврши техничка, финансиска и правна процена на досието […]

Буџетот ќе се полни со пари од канабисот


Владата денеска на седница го утврди текстот на Предлог-законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции, кој е усогласен со повеќе меѓународни акти.  Една од новините е формирање Агенцијата за контрола на одгледувањето и екстракцијата на канабис и производство на канабис и препарати од канабис за медицински и научни цели, која работите од својата […]

Владата со препорака пензиите да се исплатат од 27 до 30 јули


Владата им препорачува на деловните банки да обезбедат пензионерите да може да располагаат со јулските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 27-ми месецов, како и да обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, во четири групи по распоред составен според висината на пензијата, соопшти владината прес-служба. На […]

Здравствените власти ќе одлучат дали градинките од септември ќе работат со полн капацитет


Останува да процениме дали градинките ќе работат со полн капацитет од септември. Ќе го почитуваме мислењето на здравствените власти, на Комисијата за заразни болести која будно ја следи епидемиолошката состојба, рече вечерва министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска. Сепак, таа е оптимист и, како што истакна во гостувањето на ТВ Сител, очекува мирна […]

Поради протест утре посебен сообраќаен режим во центарот на Скопје


Министерството за внатрешни работи најави дека утре  ќе има посебен сообраќаен режим во сообраќајот во центарот на Скопје поради протестен марш во oрганизација на здруженијата на граѓани – коалиција „Менуваме“. -Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје  утре ќе преземе посебни мерки за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот. Протестот ќе започне во […]

На аеродромот „Свети Апостол Павле“ пристигнаа првите туристи од Холандија кои организирано ќе летуваат во Охрид


Со чартер-лет на туроператорот „ТУИ“ денеска на охридскиот аеродром „Свети Апсотол Павле“ од Ајндховен пристигнаа првите туристи од земјите на Бенелукс кои организирано преку агенција ќе летуваат на Охридското Езеро. Со тоа после подолг период наметнат поради епидемијата на корона-вирусот повторно се воспоставуваат редовните сезонски линии од Холандија до Охрид. Предвидено е оваа сезона туроператорот […]

Негуватели ќе се грижат за 60 лица над 65 години во Карпош


Општина Карпош е првата во која започна реализацијата на Проектот за подобрување на социјалните услуги. Со Проектот 20 негуватели ќе се грижат за 60 лица над 65 години на која им е потребна поддршка во одржување на личната хигиена и во домот и обезбедување на потребни намирници, до 80 часа месечно. Министерката за труд и […]

Кафулињата „Мош“ и „Макка“ предупредени за гласна музика


Секторот за инспекциски работи на Општина Центар од почетокот на јули започна со акција за мерење на бучавата од гласна музика на угостителските објекти кои се наоѓаат на територија на општината. Изминатите два викенди овластените инспектори за животна средина беа на терен и заедно со претставници на овластена лабораторија за мерење на бучавата, вршеа засилени […]

Северна Македонија од четврток на зелената листа на Кипар, патување без тест или карантин


Северна Македонија, од четврток ќе биде преместена од портокаловата во зелената листа за патување на Кипар, што значи дека македонските државјани ќе можат да патуваат на островот без никакви ограничувања, односно без тест или карантин, јави дописничката на МИА од Атина. Согласно новата категоризација на земјите, односно „Процената на епидемиолошкиот ризик на земјите во врска […]

Макрадули: Имаме потреба од 50-тина вработувања, но не планираме толку да реализираме


Мој, а и приоритет на Управниот одбор е да го подобриме технолошкиот процес во Пошта, кој има потреба од 50-тина нови вработувања, но не планираме толку во овој период и ги чекаме согласностите кои ќе ги добиеме, потврди денеска генералниот директор на АД „Пошта на Северна Македонија“, Јани Макрадули. -Како компанија имаме потреба од нови […]

Теренската вакцинација против КовидД-19 продолжува утре во повеќе населени места низ државата


Министерството за здравство ги објави населените места на кои утре, вторник 20 јули 2021 година ќе се одвива теренската вакцинација. Теренската вакцинација ќе се одвива во следните населени места: Делчево – Саса1, Саса2; Ресен – Наколец, Штрбово Штип – Шашаварлија, Кошево, Почивало Свети Николе – Немањеци, Ранченци Демир Хисар – Слоештица, Мренога, Вирово Берово – Владимирово Струга – Драслајца Струмица – Добрејци, […]