Од понеделник градскиот јавен превоз со редовен режим, денеска метеж


Со почетокот на учебната година, средношколците, кои користат јавен градски превоз, ги преполнија автобусите во Скопје.  Дел од нив и без маски, а возачите немаат право да ги симнат од автобусот.  – Во моментов само дел од приградските линии се придржуваат до саботен возен ред, вели градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов во одговор на […]

Нуредини: Ја усвоивме првата долгорочна климатска стратегија со која го трасиравме патот за нискојаглероден развој до 2050 година


Првата долгорочна стратегија за климатска акција на Република Северна Македонија, со која се дефинира придонесот на државата кон глобалните напори, преку патот кон зелен, ниско јаглероден и климатски отпорен развој, заснован на најдобрите достапни информации и во контекст на пристапувањето на земјата во ЕУ, н а предлог на Министерството за животна средина и просторно планирање, […]

МЗ: Вчера аплицирани 13.037 вакцини, 53 отсто од населението над 40 години има примено барем една доза


Министерството за здравство соопшти дека вчера се аплицирани 13.037 вакцини. -Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 728.628 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 5.486 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 13.037 […]

Од денеска по 25 деца по групите во градинките


Градинките се подготвени за поголемо присуство на децата од 1 септември, меѓутоа и понатаму почитувањето на мерките претставува врвен приоритет. Согласно последниот пресек 71 процент од вработените во градинките се веќе вакцинирани, истакна министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска при денешната посета на клонот „Сончогледи“ во склоп на градинката „Весели цветови“ во Општина […]

Отворена првата билингвална паралелка на италијански јазик во нашата земја


За првпат во нашата држава од оваа учебна година во средното училиште „Никола Карев“ во Скопје почнува со работа билингвална паралелка на италијански јазик, каде учениците италијанскиот јазик ќе го изучуваат во шест часа неделен фонд и на крајот од четиригодишното школување ќе добијат сертификат Б2 за познавање на италијанскиот јазик. Министерката за образование и […]

Тестирање против Ковид-19 на самите граници нема да има


Мерката за приложување на сертификат за вакцинација или потврда за прележан Ковид-19, Владата ја усвои со единствена цел земјата да не се препознае како извозник на вирусот. На денешната прес конференција на портпаролите на Владата, беше истакнато дека оваа мерка е придонес за поддршката на масовната имунизација како најсоодветен одговор на спречување на ширење на […]

Од корона почина и 15-годишно девојче


Короната зема жртви и кај најмладата популација – почина и 15-годишно девојче од тетовското село Селце. Министерството за здравство соопшти девојчето било донесено на Клиниката за инфективни болести со многу тешка клиничка слика, откако 13 дена претходно била со симптоми на болеста. Пред да биде болнички лекувана, пациентката имала тегоби 10 дена. Да биде ситуацијата […]

Нова генерација ученици во дуално стручно образование по германски модел


Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија ја поздравува четвртата генерација ученците кои се одлучија за дуално стручно образование по германски модел. -Ја поздравуваме четвртата генерација ученици кои се одлучија за дуално стручно образование по германски модел и кои ќе се посветат на четиригодишна едукација во новите образовни профили „Техничар за индустриска мехатроника“ и „Техничар […]

Државниот обвинител Јовески во посета на Касациониот суд во Турција​


Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески во следните неколку дена ќе учествува на отворање на Судската година во Република Турција. Традиционалната прослава на која по покана од претседателот на Касациониот суд, Мехмед Акарча учествува делегацијата од македонското обвинителство, се одржува повеќе од 150 години во Турција. Годинава е во знак на отворање на […]

Бесплатна настава по математика за сите третоодделенци


Учениците од трето одделение може да посетуваат бесплатна онлајн настава по математика, благодарение на хуманитарните активности на Лајонсите во Северна Македонија. „Лајонс клубот Охрид и образовниот центар ПИСИ, повторно, го спроведуваат проектот „МАТЕматика3МК“ како помош за децата и нивните семејства. Секој понеделник и среда, наставник ќе реализира предавање во времетраење од 30 минути, на која […]

УНИЦЕФ на сите ученици, наставници и училиштен кадар им посакува безбедна и успешна училишна година


Првиот училиштен ден е возбудлив ден за учениците. Возбудата се должи на отпочнувањето нова фаза во нивните животи, фаза во која откриваат нови знаења и вештини, но и сопствените бескрајни можности. Училиштето не е само зграда. Тоа е место за учење, место во кое децата стекнуваат независност, се прилагодуваат на нова рутина и развиваат значајни релации со наставниците […]

МЗ: Во тек е трансплантација на бубрег од починат донор, експлантирани се коскени ткива


На Клиниката за урологија утрово во осум часот по раководство на доктор Сашо Дохчев, започна трансплантацијата на бубрег, откако доцна ноќеска беше направена експлантацијата од починат донор, информираат од Министерството за здравство. – Тимовите на доктор Сотир Ставридис и доктор Александар Трајановски после полноќ завршија со експлантација на бубрег и коскени ткива од 28-годишен починат […]

Протоколите за в училиште ги следат децата, не и возрасните


Со посебни протоколи за заштита од Ковид-19, маски, дистанца, дезинфекција на раце, почна учебната година. Илјадници ученици денеска, на првиот ден од учебната година седнуваат во училишните клупи, година и пол по затворањето што следеше по прогласувањето епидемија од корона вирус. Во „Лазо Ангеловски“ се влегува низ четири влеза Во ООУ „Лазо Ангеловски“ учениците влегуваат […]

Царовска: Образовниот систем е целосно подготвен, бидете одговорни, заштитете го личното здравје


Министерката за образование и наука Мила Царовска денеска на првиот ден од новата учебна година во видео обраќање им посака успешен почеток на сите ученици и наставници, притоа нагласувајќи дека образовниот систем е целосно подготвен за почеток со физичко присуство. – Новата учебна 2021-2022 година започнува на 1 септември со отворени училишта за сите ученици. […]

Училишното ѕвонче повторно заѕвони – почнува учебната година со физичко присуство на учениците


Новата учебна година за сите ученици од основните и средните училишта започнува денеска со физичко присуство и со посебни здравствени протоколи. Исклучок ќе бидат средните училишта во Тетово и Гостивар каде наставата ќе се одвива онлајн во првите 14 дена од почетокот на учебната година, а во Кичево и Струга во првите седум дена. По […]

Од денеска и за влез и за излез од државата само со доказ за вакцинација, за прележан ковид или негативен тест


Од денеска стапуваат на сила мерките што Владата ги воведе на граничните премини. За влез и за излез од земјава ќе се бара сертификат за извршена вакцинација односно примени две дози на вакцина, потврда за прележан Ковид во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето, негативен ПЦР тест не постар од 72 часа или […]

Во болниците има околу 1.000 лица со Ковид-19, најмногу се на возраст над 60 години


Во државата има вкупно хоспитализирани околу 1.000 пациенти. Најоптоварени и понатаму се болниците во Тетово, Гостивар, делумно во Кичево, Струга и Охрид. Во последните 24 часа здравствените власти регистрираа нови 870 случаи на Ковид-19 од направени 5.844 тестирања. Починаа 37 пациенти, а најмладиот има 22 години. Бројот на активни случаи изнесува 14.249. Министерот за здравство […]

Целта на ЕУ со вакцинацијата е постигната, некои земји размислуваат за задолжителна имунизација


Кампањата за вакцинација против коронавирусот во Европската унија започна кон крајот на 2020 година, а целта беше до крајот на септември 2021 година да се вакцинираат 70 проценти од луѓето постари од 18 години. Европската унија ја постигна својата прва цел за масовна вакцинација против Ковид-19 во голема симболична пресвртница, изјави претседателката на Европската комисија, […]

Сончево со умерена облачност, попладне услови за дожд и грмежи


Времето во земјава ќе биде сончево со умерена облачност, попладне претежно во северните делови облачноста ќе се зголеми и ќе има појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен, а вдолж Поварадарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се движи од 8 до 18, а максималната ќе достигне од […]

Владата донесе мерки и за излез од државата – потврда за вакцинација, прележан ковид или ПЦР тест


Владата на денешната седница ги дополни мерките за спречување на проширувањето на вирусот што ја предизвикува заразната болест КОВИД-19 со кои од 1 септември 2021 година домашните и странски државјани и за излез од територијата на Република Северна Македонија на граничните премини ќе мора да приложат: – Сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, […]