Финален настан „ИМАМ СТАВ“ за ученици од средните училишта


 Во Собранието денеска ќе се одржи Финален настан „ИМАМ СТАВ“ за ученици од средните училишта, во организација на Парламентарниот институт. На темата за дискусија „Врсничко насилство“ ќе дебатираат учениците од СОУ „Раде Јовчевски“ – Корчагин од Скопје, на темата „Младинска невработеност“ учениците од СОУ „Гоце Делчев“ од  Куманово, а на темата „Лажни вести (fake news)“ …

Финален настан „ИМАМ СТАВ“ за ученици од средните училишта Read More »

Изложба по повод Светскиот ден на лицата со инвалидност


По повод Светскиот ден на лицата со инвалидност – 3 декември, во „Порта Македонија“ денеска ќе биде отворена изложба на слики од XIV-тата Mеѓународна инклузивна ликовна колонија на Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Северна Македонија – Мобилност Македонија, што од 9 до 15 октомври оваа година се одржа во Охрид, соопштија од …

Изложба по повод Светскиот ден на лицата со инвалидност Read More »

Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани


Во судницата во Идризово денеска продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, меѓу кои и деца, а над 200 беа повредени. Судењето треба да продолжи со произнесување на вина и воведни зборови на одбраната. Денешното рочиште од судењето може да се следи во живо на МИА Youtube и на МИА Facebook …

Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани Read More »

Завршна конференција од проектот „Инклузија на деца со посебни образовни потреби“


 Здружението за асистивна технологија „Отворете ги прозорците“ во партнерство со МЦГО организира завршна конференција – „Инклузија во движење: чекори кон промена“ од проектот „Инклузија на деца со посебни образовни потреби“, финансиран од Детската фондација „Песталоци“. На денешната конференција предвидени се три панели: „Национални инициjативи за подобрување на инклузивноста во образованието“, „Инклузивно образование во пракса: универзитетски …

Завршна конференција од проектот „Инклузија на деца со посебни образовни потреби“ Read More »

Облачно со утринска магла, приквечер локални врнежи од дожд


Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Според Управата за хидрометеоролошки работи, претпладне по одделни котлини ќе има појава на слаба магла. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до …

Облачно со утринска магла, приквечер локални врнежи од дожд Read More »

Освен во „Димо Хаџи Димов“, во друго училиште во Карпош не се најдени патогени бактерии


Освен во „Димо Хаџи Димов“, во друго училиште во Карпош не се најдени патогени бактерии, соопштија вечерва од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). – На 27 ноември, Агенцијата за храна и ветеринарство заедно со службени лица од ИЈЗ направи вонредна контрола во девет основни училишта во рамките на општина Карпош. Од секое училиште беа земени …

Освен во „Димо Хаџи Димов“, во друго училиште во Карпош не се најдени патогени бактерии Read More »

Почна метеоролошката зима, календарската доаѓа за дваесет дена


Денеска, 1 декември, според пресметките на метеоролозите, започна зимата, чиј почеток се разликува од календарскиот. Во метеорологијата и климатологијата, годишните времиња се поделени на четири квартали кои траат по три полни месеци. Оваа поделба се прави главно од статистички причини за полесно мерење и споредување на податоци. Според тоа, метеоролошкиот (климатскиот) почеток на зимата е …

Почна метеоролошката зима, календарската доаѓа за дваесет дена Read More »

За 12 часа над 65.000 сообраќајни прекршоци во Скопје регистрира „Безбеден град“


Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот, каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City), по повод почетокот на пробниот период во кој сторителите на сообраќајни прекршоци ќе добиваат известување за сторениот прекршок. Со последните измени на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, прекршоците документирани со технички средства – …

За 12 часа над 65.000 сообраќајни прекршоци во Скопје регистрира „Безбеден град“ Read More »

Уставен суд демантира дека донел одлука за линеарното зголемување на пензиите


Истиот одговор со кој реагираа на изјавата на премиерот Христијан Мицкоски на 27 ноември, Уставниот суд го упати и до пензионерите што денеска се собраа пред зградата каде што се наоѓа Судот за да протестираат против можноста од укинување на линеарното зголемување на пензиите. „Уставниот суд информира дека не е донесена конечна одлука за предметот …

Уставен суд демантира дека донел одлука за линеарното зголемување на пензиите Read More »

Stay BE од Битола се победници на првиот „Средношколец милионер“


Во организација на Бреинстер синоќа заврши првото издание на „Средношколец милионер“, најголемиот и најамбициозен натпревар за средношколски бизнис-идеи во Македонија. Натпреварот започна со визија да создаде национална платформа која ќе ги препознае, охрабри и поддржи младите луѓе со претприемачки дух. По повеќемесечна подготовка, селекции и менторства, финалето ја потврди огромната енергија и талент кај новата …

Stay BE од Битола се победници на првиот „Средношколец милионер“ Read More »

На Универзитетот „Мајка Тереза“ пристап до информации и услуги преку виртуелен асистент


 Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје денеска презентираше виртуелен асистент базиран на вештачка интелигенција – иновативна алатка за студентите и наставниот кадар која ќе им овозможи поддршка и насоки за сите академски и административни прашања поврзани со Универзитетот. Со користење на виртуелниот асистент, именуван „Мајка Тереза“ и поставен на веб-страницата на универзитетот, тие ќе имаат побрз …

На Универзитетот „Мајка Тереза“ пристап до информации и услуги преку виртуелен асистент Read More »

Охрид и Крушево го отвораат новиот циклус на ИПА III проекти за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Албанија


Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, денес во Охрид го означи почетокот на реализацијата на два нови проекти одобрени во рамките на првиот повик на ИПА III Програмата за прекугранична соработка со Република Албанија. Настанот започна со воведни обраќања на Перински, Михалис Рокас, амбасадор на Европската Унија, Еридана Чано, генерален директор на Државната агенција за …

Охрид и Крушево го отвораат новиот циклус на ИПА III проекти за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Албанија Read More »

Гостивар без вода за пиење, градежна механизација оштетила две доводни цевки на водоводната мрежа


Градежна механизација при изведување на ископ оштети две доводни цевки на водоводот кој го снабдува Гостивар и околните населби. Од ЈП „Комуналец, претпријатието кое управува со водоводниот систем информираат дека станува збор за голем дефект и не можат да кажат кога ќе се нормализира водоснабдувањето. Првично, станува оштетување на збор за едната главна цевка со …

Гостивар без вода за пиење, градежна механизација оштетила две доводни цевки на водоводната мрежа Read More »

Издадени приближно 40.000 студентски ваучери за електронски уреди, рокот за аплицирање е до 20 декември


Преку Министерството за дигитална трансформација (МДТ) досега на студенти се издадени приближно 40.000 ваучери за набавка на електронски уреди, а повеќе од половина од нив, 21.000, се веќе искористени. Рокот за аплицирање е до 20 декември, соопшти денеска министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски. На новинарско прашање Андоновски оцени дека проектот со ваучерите е успешен …

Издадени приближно 40.000 студентски ваучери за електронски уреди, рокот за аплицирање е до 20 декември Read More »

Во кафеани во Свети Николе 26 малолетници биле по полноќ, 14 од нив пијани


Вчера, во 00.10 часот, полициски службеници од СВР Штип – ОВР Свети Николе, во содејство со инспектори од Дирекција за заштита и спасување, Државен пазарен инспекторат, Управа за јавни приходи, Државен трудов инспекторат и Центар за социјални работи, извршија контрола во угостителски објект во Свети Николе. При контролата, во угостителскиот објект се затекнати 26 малолетни …

Во кафеани во Свети Николе 26 малолетници биле по полноќ, 14 од нив пијани Read More »

Нашиот глас допрва ќе се чуе: Пензионерите кои бараат линеарно зголемување на протест пред Уставен суд


  Пензионери кои се за линеарно зголемување на пензиите денеска се собраа пред Уставен Суд во Скопје давајќи поддршка за ваквиот начин на пресметување на нивните примања.   Зоран Трајков, претседател на иницијативниот одбор на групата пензионери кои се залагаат за линеарно покачување на пензиите, им порача да се запрашаат „каде е грижата за пензионерите …

Нашиот глас допрва ќе се чуе: Пензионерите кои бараат линеарно зголемување на протест пред Уставен суд Read More »

Филозофскиот факултет доби бесплатен wi-fi во дел од зградата


Зона со бесплатен интернет е отворена во внатрешноста на Филозофскиот факултет во Скопје, за што Министерството за дигитална трансформација издвои 10 милиони денари. Во наредниот период интернет треба да добијат и сите предавални, амфитеатрите, библиотеките и кабинетите.  Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска оствари работна посета на Филозофскиот факултет во Скопје, каде заедно со …

Филозофскиот факултет доби бесплатен wi-fi во дел од зградата Read More »

Кривична за директор на јавно претпријатие во Делчево – на 76 вработени не им исплатил пари што им следувале


Кривична пријава против поранешен директор на јавно претпријатие во Делчево поради „несовесно работење во службата“ и „злоупотреба на службената положба и овластување“. Како што информираат од МВР, Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево, поднесе кривична пријава против С.С. од Делчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ …

Кривична за директор на јавно претпријатие во Делчево – на 76 вработени не им исплатил пари што им следувале Read More »

Пријавување за субвенциониран студентски оброк од денес до петок


Министерството за образование и наука ги информира студентите дека рокот за пријавување за правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2025/2026 година трае од денеска до 5 декември 2025. Правото на субвенциониран студентски оброк може да го користат сите редовни студенти на додипломски студии кои имаат месечен приход помал од минималната нето плата, но и …

Пријавување за субвенциониран студентски оброк од денес до петок Read More »

Скопје заедно со граѓаните ќе го креира буџетот


Градоначалникот на Скопје, орце Ѓорѓиевски ги повика скопјани, заедно го креираат градскиот буџет за 2026 година. – Годинава го отвораме процесот на планирање на буџетот за 2026 година заедно со вас, жителите на Скопје, невладиниот сектор, бизнис заедницата и сите кои сакаат да придонесат за подобро, поуредено и пофункционално Скопје. Вашите потреби, ставови и идеи …

Скопје заедно со граѓаните ќе го креира буџетот Read More »