Рендевски за случајот „Онкологија“ разбрал од медиумите


На собраниската Анкетна комисија за скандалот во Клиниката за онкологија попладнево на прашањата на пратениците одговараа актуелната заменик-министерка за здравство Маја Манолева и поранешниот заменик-министер за здравство Владимир Рендевски. Маја Манолева, заменик министерка за здравство, која ја извршува функцијата од март годинава очекува наводите што се почнати од оваа постапка од Министерството за внатрешни работи […]

Застарува и делото „злоупотреба“ за Јанакиески во предметот „Талир“


Застарување ќе има и во предметот „Талир“ кој е поврзан со финансирањето на ВМРО-ДПМНЕ. Обвинителката Ленче Ристовска денеска предложи, а судијата ќе донесе одлука на наредното рочиште за застарување на делото „злоупотреба на службената положба“ за екс министерот Миле Јанакиески. „Со оглед на измените на Кривичниот законик од 7 септември 2023 година кои се однесуваат […]

Во Кисела Вода се гради првиот шаховски парк во нашата држава


Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, заедно со претседателот на шаховската федерација на Македонија, Саша Богдановиќ, го означија започнувањето на изградба на првиот шаховски парк во Македонија кој се гради во населбата 11 Октомври Бараки. -Со големо задоволство денес, сакам да најавам дека на оваа огромна површина од 4.000 метри квадратни започнуваме со изградба […]

Заменици министри за здравство на распит пред Анкетната комисија за онкологија


Поранешниот заменик министер за здравство Илир Хасани денеска пред членовите на Анкетната комисија за скандалот во Клиниката за онкологија истакна дека не чуствува никаква одговорност за тоа што се случи на онкологија, бидејќи тој како заменик министер имал лимитирани овластувања.  Функцијата заменик министер за здравство Хасани ја извршуваше во периодот од септември 2020 година до […]

Вакцина против сезонски грип бесплатно преку „Мој термин“ и приватно за 700 денари


Започна вакцинацијата против сезонскиот грип, граѓани се вакцинираат и бесплатно преку „Мој термин“, но и приватно, на свој трошок. Директорот на Центарот за јавно здравје – Скопје, Бесим Зеќири во изјава за медиумите рече дека од утринските часови имало пациенти коишто се вакцинирани преку „Мој термин“, како и одредена група, приватно. – Ние имаме вакцини […]

Спасовски: Инцидентот во „Ист гејт“ е криминална пресметка


По вчерашниот инцидент во „Ист Гејт“ каде од страна на вооружен напаѓач беа ранети две лица, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски истакна дека повеќе полициски тимови активно работат на случајот. Одговарајќи на прашањето, дали по настанот граѓаните би можеле да се чуствуваат безбедни и сигурни, движејќи се по јавни простори, Спасовски рече: – Што […]

Македонија падна две места на светската скала за владеење на правото


Македонија падна две места на светската скала за владеење на правото. Во најновиот извештај на Светскиот проект за правда таа е ставена на 67 место од 142 земји, а зад неа од регионот се  Србија, Албанија и БиХ, додека Косово и Црна Гора се понапред. Попрецизно, Македонија има ист број на бодови изминатите четири години, […]

(Видео) Ангелов ќе побара отстрел на мечката што нападна човек


Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов денеска на прес-конференција информира за барањето поднесено до МВР за целосно расветлување на случајот со нападот на мечка врз 76-годишно лице од с.Пласница, во Општина Пласница. Центарот за управување со кризи информираше дека поведуваат процедура пред надлежните министерства за земјоделство и за екологија, да извршат процена дали се исполнети условите […]

Општина Центар започна со редовна есенска дератизација


Општина Центар започна со есенска дератизација на сите јавни површини и јавни објекти на територијата на цела локална самоуправа. Дератизацијата се спроведува со цел уништување на штетни глодари, инсекти и превенција од заразни болести. Ова е една од општите мерки кои општината ги презема за заштита на населението од заразни болести во согласност со Програмата […]

Сезонските работници во ЈКП Гази Баба добија покачување на платата


Ново зголемување на хонорарите добија сезонските работници во ЈКП гази Баба, па сега нивната плата изнесува 19.000 денари, се пофали градоначалникот Бобан Стефковски. – Утрово имав средба со сезонските работници, ангажирани во ЈКП Гази Баба на која ги информирав за новото покачување на платите во висина од 2.000 денари.  Ова е трето покачување на платите […]

МВР доби најголема и најсовремена форензичка лабораторија на Балканот


Во просториите на Министерството за внатрешни работи, денеска свечено беше пуштен во употреба новиот објект на Одделот за форензички испитувања при МВР, капитален проект финансиран преку ИПА средства од пристапната помош на Европската Унија. Премиерот Димитар Ковачевски во обраќањето на свеченоста рече дека првпат во историјата на службата за форензички испитувања во земјава на вакво […]

Габриел од ЕИБ дојде Битиќи да го праша до каде сме со пречистителната станица во Скопје


Заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи денеска остварил средба со Бјорн Габриел, од Европската инвестициска банка (ЕИБ) во земјава, соопштија од Владата Поддршката што Европската инвестициска банка во континуитет и ја дава на Северна Македонија, преку реализација на проекти кои се од витален интерес за нашите […]

„Алкалоид“, рудник „САСА“ и „Раде Кончар“ добија награди за безбедност при работа


Тренчевска: Наградите за БЗР, се одличен пример, патоказ и инспирација и за останатите компании во државата да го следат патот на безбедни работни места По повод Европската недела на безбедност и здравје при работа, Министерството за труд и социјална политика и Советот за безбедност и здравје при работа, во партнерство со Канцеларијата на Фондацијата „Фридрих […]

Велешани револтирани заради укинувањe на два од три воза од Скопје до Битола


Велешани во голем број работници и студенти кои работат и учат во Скопје и во Битола се револтирани поради тоа што „Македонски железници“ АД Транспорт од денеска ги укина двата од три воза кои сообраќаа од Скопје преку Велес за Битола и обратно. Моника Петровска студентка која редовно патува за Скопје и обратно и има […]

Силно светна розова панделка во Скопје


Големо внимание привлече синоќешната креативна светлосна инсталација што ги “размрда“ скопјани со панделка во розова боја на деловен објект позициониран на една од најфреквентните раскрсници во градот Скопје.  Граѓаните кои поминуваа покрај објектот се фотографираа, а на социјалните мрежи се споделуваа објави со пофалби за иницијативата со розова панделка што симболизира подигнување на свеста за […]

Пунктот за нови документи без закажување во функција најдоцна од понеделник


Новиот посебен простор во Скопје во којшто граѓаните ќе можат да вадат нови лични документи без претходно јавување и закажување, најверојатно во функција ќе биде од понеделник. Министерот за внатрешни работи Оливер Спаосвски вели дека до сабота треба да заврши подготовката на прсоторијата, со електрична инсталација, опремување со компјутери и друго за да биде функционален. […]

Ловечко друштво предупредува на внимателност поради појава на мечки


Ловечкото друштво „Стогово-2“, во кое членуваат ловци од општините Дебар и Центар Жупа, денеска упати апел до жителите на двете општини да бидат многу внимателни, поради присуството на мечки во близина на населените места. – Апелираме до сите жители на Дебар и Центар Жупа, да бидат многу внимателни, особено оние кои одат на берба на […]

Мече угина на локалниот пат кон Вејце


Утрово во 8.25 часот на бројот 112 лице вработено во Национален Парк „Шар Планина” пријавило дека на локалниот пат кон село Вејце, на околу еден километар пред селото, има загинато мече кое најверојатно настрадало во сообраќајна несреќа од непознат сторител.   Како што информираа од ЦУК, екипа на МВР извршила увид на местото на несреќата, […]

За Тренчевска главна грижа е пензискиот фонд да биде стабилен, пензиите да се исплаќаат навремено и редовно


Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска на утринската емисија на телевизија Алфа зборуваше за покачувањето на пензиите согласно новата методологија за раст на пензиите и за финансиската поддршка од изминатиот период за најранливата категорија на пензионери. -Во моментот 13. 200 денари е најниската пензија. До септември оваа година имаме покачување од 24 […]

Повредените при пукањето во „Ист гејт мол“ во релативно стабилна состојба


Двајцата повредени при вчерашното пукање во скопскиот трговски центар „Ист гејт мол“, се релативно стабилни, но нивната состојба се следи будно. Информацијата за МИА ја потврдија директорот на Клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ во Скопје, Љубен Арсенков и директорот на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија, Неџати Јакупи. Арсенков во изјава за МИА […]